IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9293949596 138>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 22:50
svrti se i podadi raka...nekogas minatoto e podobro od idninata...
a moze da bide idnina ako ti toa go sakas i mi podades raka....
da te vodam kade sto nikoj ne te vodel. kade sto magijata na
ljubovta ne znae za kraj...kade sto magijata na ljubovta e pomalku
od nas...


..u maski rod...vajda sakam nekoj da mi go rece ova плазење
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 22:52
wow blue dade me iznenadi... sovrseno se vklopuva vo mojot obid.... големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 22:53
 големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 23:31
САМ

Грабни ме и фрли ме,
долу во пеколот,темно е,
ако ме мислиш за наивен,
па и ако играш со мене...

И душа и срце ми предаде,
кога ти зборувам,разбери ме,
не тропај на врата,кај мене,
одамна ја затворив за тебе...

По мирисот те познавам,
одот ти го осеќам,те чувствувам,
сам пак ќе останам,се ќе заборавам,
на лошо ќе се навлечам....

Ќе шмркам,ќе се опијам,
во темнина ќе заминам,
на друга ќе се предадам,
пак ќе те надитрам....

Иако цело време негираш,
пат до мене нов одкриваш,
крила насилно забодуваш,
мориња да прелеташ....

Секогаш ќе ме посакуваш,
со принцеви ќе ме споредуваш,
бели коњи ќе сонуваш,
потна ќе се разбудуваш....

Во кошмар ќе ме наоѓаш,
од мене ќе се спасуваш,
ќе бегаш и бегаш,
пак во стапица ќе се наоѓаш...

Ноќта пак поминала,
повторно се будам сам,
само се прашувам,
дали се било вистина....
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 03:13
Поглед

Сакам да си тука,до мене да стоиш,
во ноќите безсони со месечини полни,
гледајќи ги ѕвездите,безгрижно лежејќи,
редејќи бакнежи сочни и прегратки топли,
имајќи чувства за тебе злато,
возвратен поглед кој многу ми значи,
од прв пат кога те видов,рај во срце ме обли,
ја видов вистината во твоите очи ...

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 03:40
Знам дека младост губам трудејќи се,
но храброста е посилна,до сега најсилна,
ќе се обидам, ќе направам, ќе успеам,
затоа те молам пушти ме и сослушај....

Иако секој на патот ме подкошнува,
како дете кое никогаш не дораснува,
се ќе биде во ред,ветувам,душа во заклетва оставам,
само ќе те допрам на рака,ќе те погалам,
сакам да ја докажам,да ја покажам,
моќта што ја добивам од овој темен свет.

Тврдоглавоста очи ми наквасила,
ушите ми ги потопила,ги сокрила,
но сепак јас ќе успеам,ќе се истакнам,
под нозе ќе ги заземам,силно ќе ги исцапам,
в лице ќе се насмеам,нема заплачам....

Роб и ќе постанам,во ладната пустина,
сите ќе ги веселам,очи ќе им варосам,
секој ќе ме засака,покаение ќе побара,
во чело бакнеж ќе подарам,пот да почувствувам,
солта и вода ќе побара,но бунари ќе пресушам,
жеддта ќе ги исцица,јас ќе се наситам.....

Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 09:25

ЉУБОВ   
УРАГАНОТ ВО ТЕБЕ
ГО РЕМЕТИ МИРОТ ВО МЕНЕ.
ХАОТИЧНИ.....
НЕВРЗАНИ СЛУЧУВАЊА.....
РАЗГОВОРИ.............
НА РАБОТ НА БЕЗДНАТА НА ЛУДИЛОТО СИ.
ЧЕКОР ТЕ ДЕЛИ ОД ПАДОТ ВО ВРТЛОГОТ
НА БЕЗИЗЛЕЗНО ПАЃАЊЕ ВО ХАОСОТ.
БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ ТИ ПОДАДОВ РАКА
ДА ГО СМИРАМ ТОА НАВОДНО ЛУДИЛО
КОЕ ЗРАЧЕШЕ ОД ТЕБЕ НАСЕКАДЕ.
А ТИ КАКО ДАВЕНИК КОЈ СЕ ФАЌА ЗА СЛАМКА,
ЈА ПРИФАТИ РАКАТА НА ТВОЕТО ВТОРО ЈАС.
СЕ ФАТИВМЕ ВО ЗАМКАТА
КОЈА САМО СЕ ЗАТВОРИ СО СИЛЕН ТРЕСОК.
И СЕГА САМО ГЛЕДАМЕ ЕДЕН ВО ДРУГ
БЕЗ ГЛАС......
БЕЗ ЗБОР........
САМО НЕМО ГО ГЛЕДАМЕ ОДРАЗОТ НА ДРУГИОТ.
А ТАМУ.........
ОДРАЗ НА ДУША КОЈА СЕ ОГЛЕДУВА ВО ОГЛЕДАЛО.
ГО ДОСТИГНАВМЕ ВРВОТ НА ПРЕКРАСНОТО
ИАКО НЕ ЗНАЕМЕ КАДЕ ЌЕ НЕ ОДВЕДЕ.
НО НЕМОЌНИ СМЕ ДА СЕ РАЗДЕЛИМЕ
ЗАТОА ШТО ВЕЌЕ СМЕ СЛЕАНИ
ВО МОДРИНАТА НА РАНИТЕ УТРА
ВО ЗЛАТНИОТ СЈАЈ НА БЛЕСКАВИОТ ДЕН
ВО ЅВЕЗДЕНИОТ ДОЖД НА ТИВКИТЕ НОЌИ
И САМО ПЛОВИМЕ ПО БЕСКРАЈОТ
ОТКРИВАЈЌИ НОВИ ПРЕДЕЛИ НА НАШЕТО ЦАРСТВО
НА ОНА ШТО НИЕ СИ ГО СОЗДАВАМЕ ЗА НАС.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 09:26
АКО СЕ СРЕТНАТ НЕКОГАШ
ОЧИТЕ НАШИ
ВО ИСКРИЧАВ ПОГЛЕД
И АКО ПОГЛЕДОТ МОЈ
ТИ ПОБЕГНЕ ОД ВИДИК
И ПРИБЕЖИШТЕ ПОБАРА
НЕКАДЕ НАДОЛУ ,
НЕКА ТИ БИДЕ ЈАСНО ДЕКА
МОИТЕ ОЧИ ТЕ САКААТ.
ТЕ БРКАМ ОД СЕБЕ
САМА СО СЕБЕ СЕ БОРАМ
И ПОСАКУВАМ ДА ТЕ МРАЗАМ АМА....
ПРОКЛЕТО ТЕ САКАМ.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 09:26

ТЕШКО Е....
КОГА ВО ДУШАТА ВРНАТ ДОЖДОВИ
КОГА ПОРОЈНИ ВОДИ ЈА КРШАТ.
КОГА САКАШ НЕШТО ДА КАЖЕШ,
ДА СЕ ПОВЕРИШ НЕКОМУ.
КОГА ОД САМОТИЈАТА СТРАВОТ ТЕ ГРИЗЕ
И КОГА НЕ ТИ ДАВА МИР МИСЛАТА
ДЕКА НЕ СИ СО ТОЈ
КОЈ ИСКРЕНО ГО САКАШ.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 09:27
ТВОЈАТА НАСМЕВКА САМО ТАГА МИ ДАРУВА.
ПОТОНУВАШ ВО СОНОВИ СЛАТКИ
И НЕЧИЕ ИМЕ НА СОН ИЗГОВАРАШ,
НО ТОА НЕ Е ИМЕТО МОЕ.
ПА И КОГА БИ ЗНАЕЛА КАДЕ ТЕ ВОДИ СОНОТ,
ДУРИ И КОГА БИ ЗНАЕЛА КОЈ ЈА КРАДЕ ЉУБОВТА ТВОЈА,
ПАК ГРЕВОВИТЕ ТВОИ БИ ГИ ПРОСТИЛА.
ГРАДАМ МОСТОВИ ДО ТЕБЕ,
НЕ РУШИ ГИ СЕГА,ТИЕ МЕ ВОДАТ ДО ТЕБЕ.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 21:26
МАМА

Во косите црни јас да се допрам,
прегратка топла со восхит да дарам,
бакнеж на образ,мајчин да примам,
солза да пуштам,среќен да бидам...

Мама е таа,ангел од небо симнат,
и кога ме кори и кога ме фали,
со очите светли радост да дари,
рацете мали на лице да ги стави....

Иако болно ми фали,ми треба,
мама до мене ќе е,оганот ќе жари,
моментот светол на замин го чекам,
нетрпението ме дави,срце ми вади...

Мајчина љубов на секој му треба,
моментот на дете секој го слави,
мама е таа која ме бодри,ме храбри,
темните дни во сино ги бои.....

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 01:22
АНГЕЛ

Небо отвори уста огромна,џиновска,
ме плукна,ме исфрли на земјата,
во падот крилава ми изгореа,ќумуросаа,
болката ме сви,ме засака,пријателка ми постана.....

Осаменоста ме убива,ме дотолчува,
секој ден се обидувам да летнам,да полетам,
но паѓам, се струполувам,
се смалувам,од срам умирам,
се молам во некој што не ме слуша....

Шетам во ноќта,се сокривам,
зли усти да не ме видат,да не се смеат,
во темна мантија завиткан,заплашувам,
никој не ме прашал како се чувствувам...

Паднат ангел сум јас,од небото избришан,
Господ ме исфрли,не ме сака,
гревта ми гризна од душава,ме залажа,
во црната книга ме запиша,ме зарежа...

Молам да се вратам јас,гревови да исшистам,
од црнила да се исчистам,да исповратам,
душава ми се смалува и таа тагува,
јадната таа со мене се фатила.....

Ангелски глас од небо наслушав,
среќата повторно оживеала,живнала,
крилава растат,со небени пердуви се одредуваат,
моќта повтрно се вратила,полетувам.....

На секого му простувам,пак грев не правам,
шамар сум добил,сум вратил насмевка,
лузна по лузна исчезнува,со рака се забришува,
црната наметка изгнијува,бела боја ја покрива....

Летам и се воситувам,се радувам,
планини и мориња прелетувам,посетувам,
со рибките повторно разговарам,оговарам,
насмевката в уста се закачила,забодила,
белината на забите одблеснува......

Рајската врата пак ми се отвара,ме дочекува,
во неа поносно влегувам,се поклонувам,
секој со насмевка ми возвраќа,им недостигав,
шала и смеа се разврзала како ортома,
а таа до поглед ме довикува,ме посакува....

Црнилата гледаам од страна ѕиркаат,
на искушение пак ме ставаат,ме зезаат,
со неа да заминам,да ме заробат,
само ја гледам, со поглет ја пресекувам,
а таа засекогаш исчезнува,заминува....

Пријателите ме поздравуваат, дочекуваат,
солзите од очи им бегаат,се тркалаат,
моментите на самост и слабост завршуваат,
честа на ангел пак ја добивам,заслушувам,
ама мал црв ме јаде,се прашувам каде е таа,
проколнатата убавина ме напушти,замина....

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 18:31
Заборав
изгубен меѓу простори
и залудни надежи
вене р’кулец
во затворот кој чека
нанижан со години
со мирис на трулеж
од празни души одвратни
ни за презир достојни.
Слика бледа
со стиснати усни сиви
некако вклопена
во пустош и безнадие
кон небо поглед колеблив
враќаат одговор
дождот и ветрот заедно
молњите ги бараат
во очи замижани,
грмотевици
крикот ги заменува.




Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 19:53
РОДЕНА ЗА КАВГА
(нешто како песна, а не е песна)

Кој ги расклокотува вулканите во тебе
пред секој мој обид да те налутам
па си ги повлекувам зборовите
како гладна волчја сурија во шумата
да вијат и кога не е полна месечината...

Знам, сладоледот беше многу скап...

Кој ги сподивува реките во тебе
пред секој обид да донесам дожд
па си ги диплам облаците непрокиснати
какао кошули неизносени, мемлосани
под сувото лије на глувите насмевки...

Знам, сладоледот беше многу скап...

Еј, ги снемало волците - не завиваат,
се исушиле облаците - не прокиснуваат,
зар се помни само цената на сладоледот
што остана непробан во чашата на гордоста...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9293949596 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.