![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 9091929394 98> |
Автор | |||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ајде прочитај тоа, па кажи што разбра од комунистичките пишувања.
„Август 1944 година ВМРО-вците во Битола и нивните акции Додека партизанските и другите единици на НОВЈ во Македонија и Битолско вршеле големи воорушени акции, во исто време една група, т.е ВМРО-вци се обидувале да се активизира особено да најде приврзаници меѓу населението во Битолско. Така на пример ВМРО-вците ги посетиле селата Добромири, Новаци, Дедебалци, Трап и други каде се обиделе да го организираат населението, но никаде не наишле на подршка. Во ова време ВМРО-вците во Битола почнале се почесто да се состануваат и станале мошне активни. Еден од нивните состаноци се одржал кај Д-р Туџаровски на кого присуствувале Димко Василев, Туџаровски, Светиев, Цане Костов и други. ВМРО-вците од Битола ја прошириле својата активност во Мариово и Битолското поле. Меѓутоа, нивните приврзаници биле истовремено и агенти на бугарската власт, па населението не ги прифаќало.“ Значи ВМРОвците немале никаде подршка, па имале приврзаници. Дали и други Борци, освен битолските имаат сајт? Интересно е за читање. ПС Или пак „7 Март 1944 година Дводневниот штрајк на работниците на „Момирок“ Во Битола за време на окупацијата постоело претпријатие за обработка на лискум, т.е момирок. Повеќе од политички, а помалку од економски причини, околу 300 работници организирани од членови на илегалните КПЈ стапиле во дводневен штрајк, т.е се дотогаш не им биле исполнети барањата. Тоа биле редовна исплата и зголемување на надниците.“ Само не гледам некое политичко барање, а и се сомневам дека од КПЈ биле организатори на штрајкот. Изменето од cercetator - 15.Јули.2009 во 22:21 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да, германски трупи со остатоци од бугарските фашистички трупи, меѓутоа во 1943 година и порано трупите во овој дел биле бугарски. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Сега значи комунизмот е виновен за тоа што Македонците се бореле против "Охрана" и бугарските трупи? Извини Лавче, ама борбата е доста масовна за да се обвини само пропаганда,а во неа учествувале и богати луѓе. Македонците биле сплотени од идејата за слободна и обединета Македонија на македонскиот народ како посебен, а не од идеолошки причини. А ако гледаш за економски причини, тогаш не заборавај дека Охрана делела храна,облека и слично па одвај собрала 3000 луѓе, додека партизаните без да нудат ништо собрале повеќе од 20 000 луѓе. ![]() |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Нели денот на ослободувањето на Битола е 4 ноември? Какви бугарски трупи тогаш? Да не биле германски? |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Алекс, не забораваj колку силна била комунистичката пропаганда во тие години, особено после победите на Црвената армиja на Источниот фронт.
Идеите на комунизмот биле во своjот апогеj токму во тоj период,среди сиромашниот и безимотен народ(инаку богатиот и интелигентен човек тешко ке поверва на приказните за диктатурата на пролетариатот). Според други источници подржувачите на Охрана се 12000. In the summer of 1944, Ohrana constituted some 12,000 local fighters and volunteers from Bulgaria charged with protection of the local population. The Bulgarians occupied the whole of Eastern Macedonia and Western Thrace, where they were greeted from the greather part of a Slav-speekers as liberators. At that time most of them felt themselves to be Bulgarians ОХРАНА Изменето од lav4eto - 15.Јули.2009 во 21:27 |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
„Инаку, според спомените на Методија Андонов - Ченто, злосторствата во Македонија почнуваат откако на 28 декември 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ означено како вонредно, присуствувал Едвард Кардељ.
На заминување тој му спомнал на Лазар Колишевски дека Македонија има неколку минуси кај КПЈ - последна почнала со востанието, имала најмалку жртви, нејзиното население удобно ја поминало војната, имала најмалку разурнувања и нејзината војска не учествувала во ослободувањето на Југославија“ Кога започнало востанието? Дали се совпаѓа со времето кога и Ванчо Михајлов, гледајќи дека Германија ќе ја загуби војната, започнал да прави сондажи за Независима Македонија? |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Па дај ми доказ дека во Кавала и Драма, каде имало мало бугарско население, биле дочекани како ослободители. Има или нема? И зошто Македонците, кои биле дел од партизанските трупи се бореле против "Охрана" ако таа не била окупаторска. Според ова што досега и јас и ти го приложивме, зошто доаѓале доброволци од Бугарија? Зар од 80 000 народ не можеле да соберат доброволци па морале да земаат од Бугарија? Зошто ли само 3000 одвај се собрале, иако и тие ја напуштиле подоцна истата? Нешто не ќе да ја чувствувале за ослободителна, зар не? ![]() |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Населението се борело во рамките на ЕЛАС, заедно со грчките партизани, во рамки на посебни македонски бригади. Дури и во бугарската википедија има за судири на партизаните против Охрана. Во тоа време, македонските партизани дејствуваат во рамките на грчките партизански единици, меѓутоа организирани во посебни единици од етнички Македонци. Спореди ја бројката на оние кои дејствувале во Охрана, кои 90% се праќани од Бугарија, со оние кои биле дел од партизаните. Македонските партизани во Грција се бореле и против бугарските трупи во Вардарска Македонија. Како што кажав, доказ за тоа е влезот на "Првата егејска ударна бригада" во слободна Битола, заедно со бригадата "Гоце" и други егејски бридаги. ![]() Борци на Првата егејска ударна бригада во Слободна Битола. Во Драма и Кавала имало останато бугарско население, не биле многу, но биле останати некои. Бараше факти- повели факти! Еве и повеќе за Народно-ослободителната борба на Македонија: http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%9E%D0%92#.D0.91.D0.BE.D1.80.D0.B1.D0.B8_.D0.B2.D0.BE_.D0.95.D0.B3.D0.B5.D1.98.D1.81.D0.BA.D0.B8.D0.BE.D1.82_.D0.B4.D0.B5.D0.BB_.D0.BD.D0.B0_.D0.9C.D0.B0.D0.BA.D0.B5.D0.B4.D0.BE.D0.BD.D0.B8.D1.98.D0.B0 |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Значи на твоите реченици, кои мора да се константни вистини, ти сакаш од мене докази?
Jас не видов твоj доказ,освема преразказ. Доказ (многу пати сум пишал)-ако е можно од независен источник-како што jас гледам да не ставам бугарски, кои по дефолт сметате за фалсификати. Во периодот 1942-1944 г. во десетина села во Костурско и Воденско (како и во самиот град Воден) оперира паравоената организација ОХРАНА. Вооружените припадници на ОХРАНАТА себе си се нарекуваат комити или комитаџии, а амблеми им се знамињата од Илинденското востание во Костурско. Центарот на ОХРАНА за Костурско е селото Загоричани, а за Воденско е градот Воден. Организатор на ОХРАНАТА е Костурчанецот Андон Калчев. После создавањето на НОФ на Македонците од Егејска Македонија, скоро 90% од бившите Охраниоти се приклучија во редовите на НОФ-ДАГ. Официјалната Македонска историја ретко ја спомнува ОХРАНАТА, и ја смета за реакционерна, антиреволуционерна организација која војува против ЕЛАС и му служи на германскиот и италијалнскиот окупатор, а комитите ги смета за орудие на бугарската воена агентура. После 1992 дел од Македонските борци во Граѓанската Војна во Грција започнаа да пишуваат на таа тема и понудија друга гледна точка, која ги окфалификува комитите на ОХРАНАТА како борци против грчкиот гнет и заштитници на достоинството на Македонскиот народ во Егејска Македонија. Еве ги зоните: ![]() Каде освем во Западна Тракиjа има бугарски воjски, кои мора да бидат пречекани? Изменето од lav4eto - 15.Јули.2009 во 20:55 |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Дај да видиме дали се борело населението против „Охрана“, тоа некој ти го кажал, си го прочитал или го измисли? Како им помагале на луѓето во Вардарска Македонија против бугарските трупи? Кој да ги пречека бугарските војници во Драма и Кавала? Грците, кои биле доселени на местото на Бугарите? Дај малку факти, остај ги општите прикаски. За минусите на Македонија (според Ченто) пред КПЈ не се искажа. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Па дај ми доказ каде бугарската војска е дочекана некаде во Егејот? Истотака чекам доказ дека населението од Кавала и Драма масовно се вклучувало во вашата војска. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Затоа што таму биле најмоќни партиските организации, населението таму било најорганизирано, а од таму и врските со Вардарска Македонија. Истите тие партизански организации малку се бореле против Италијанците, повеќе против "Охрана" и бугарските војски во Вардарска Македонија. И тоа што прееска го напишав, не е од македонската википедија, туку од вашата. Ти не ми одговори. Зошто масовно Македонците се бореле против Охрана заедно со партизаните? Зошто тие Македонци им помагале на луѓето во Вардарска Македонија против бугарските трупи? И дали имало дочек на бугарските трупи во Егејска Македонија? Одговорот на ова ќе ти одговори и на тоа дали бугарската војска била окупаторска или не. |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Интересни факти... (само декла доказ не видов)-како бе тоа бугарско население се бори против бугарски воjски-зар грците биле поблиски? Вековна љубов помеѓу палачот и жртвата? Имаш ли читано нешто за Бугарскиот беломорски флот(морнарница)?Jас доста имам,имам и слики од Кавала, Тасос, Самотраки, документи и спомени на учесници од тие години. Нема случаj во историjата кога бугари да воjуваат против бугарски воjски. Изменето од lav4eto - 15.Јули.2009 во 20:35 |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 9091929394 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |