IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9091929394 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 00:13
Мацоооооооо    
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 00:29

ДОСТОЈНИ ЗА ВОСХИТ

ТЕ ДОСТИГНАВ ВО ВСЕЛЕНАТА.

ДОПИРОТ СО РАСТРЕПЕРЕНИ КРИЛЦА

БЕШЕ...ТОПОЛ...НЕЖЕН...

ТЕ ОПСИПАВ СО МОЈАТА СВЕТКАВА ПРАШИНКА.

СЕ ПРЕЛЕВАШ СЕГА ВО СЈАЈОТ НА МОИТЕ БОИ,

КОИ ТЕ ПОНЕСОА ДАЛЕКУ,МНОГУ ПОДАЛЕКУ

ОД МЕСТОТО НА МОЈОТ ДОПИР.

СЕГА БРЗАМ ДА ТЕ СТИГНАМ,ДА ДОЈДАМ ДО ТЕБЕ.

ДА СЕ НАСИТУВАМ СО ДОПИРОТ ТВОЈ.

ДА СЕ СЛАДАМ СО БАКНЕЖИ ТВОИ.

ДА ГИ ИЗМЕШАМЕ БОИТЕ МОИ И СЈАЈОТ ТВОЈ.

ДА СЕ СТОПИМЕ ВО ПРОСТОРОТ СИН

И СИЛНО ДА БЛЕСНЕМЕ НА НЕБЕСНИОТ СВОД.

ДА БИДЕМЕ ЕДНА ГОЛЕМА,НАЈСВЕТЛА ЅВЕЗДА
ДОСТОЈНА ЗА ВОСХИТ.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 11:24
Ако те подигнам во висини
на моите раце
те завртам околу мене
бакнувам
гушкам
од раце не те испуштам
долго
се до предолго.
Дали некогаш
ќе се заситиш
и млитава станеш
заради истиот што ќе бидам
секогаш обземен со тебе
друга цел немам
сем светот единствен да ми бидеш
низ кој ќе живеам
преку тебе
за себе да знам.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 23:34
Bерувам


Верувам во вистината за љубовта,
дека е некаде е во овој свет,
мислејќи си дека секој сон пропаѓа,
тогаш ќе те најдам тебе.

Веруваш дека срцето твое е изгубено во мрак,
трудејќи се да ја најде светол премин,
мислејќи си дека небото е далеку,
тогаш ќе ме најдеш мене.

Верувам дека кога ќе те најдам,
ќе сум поблизу до рајот,
те молам верувај дека е така,
зашто тогаш се наоѓам себе.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 23:35
Разделба

Остави ме сам,со моите чувства ,
гледам во тебе,се молам
Господе дај ми сила,
пропаѓам,се губам..

Престани да ги слушаш другите,
не се се што имаш ти,
не разделија, во солзи не оставија,
зошто не престаниш,умирам.

Сам останав,ти замина,
секого го слушаше,не престана,
солзите се тие што останаа,
само споменот не умира...

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 23:36
Сенка

Телото топло е,а ти не дишиш,
се во сенка остана,ти замина,
солзите во мене не ги пуштам,
зошто баш мене несреќа ме погоди.

Спомен е се што сега остана,
трага во срце длабока зарежа,
ликот твој не се бриши,
во сенка ме обвитка,
гледајќи како исчезнуваш....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 23:37
мечтаење                            мечтаење                                                мечтаење                                           мечтаење                                   мечтаење
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 23:40
Дадиноооооизненадување.........аплаузголемо%20гушкање
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 23:41
црвенеењеголемо%20гушкање
големо%20гушкање
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 03:05
Feelings

Се разбудив од соништата,
Наоѓајќи се себе флиртувајќи со друга,
Во непознат простор изграден од мене,
Заминат во местото каде се опушам...

Не сакам да објаснувам ништо оваа вечер,
Сум ти згрешил признавам,и тоа многу,да,
Но мора да се променам,морам да сум хај,
Сакам да летам пак,тоа не е грев,признај...
 
Зашто така се најдов себе,иако не си ти тука,
Повторно го откривам вистинскиот јас,
со допир на иглата во моите раце....

Се чувствувам мало,мало како капка вода,
Заљубен во тебе,со голем грев во себе,
Никој не ме сваќа,така нека биде,
нема да оставам ништо,дур ни тебе...

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 03:16
Седам сам,сосема сам,во ладната соба,
гледајќи те тебе и прашувајќи се каде,
каде згрешив,обидувајќи се да сватам,
дека некој над нас така сакал,така нека биде...

Еден ќе е среќен,друг не,така и ќе биде,
на еден да е ден,на друг ноќ,
еден да плачи,друг да се смее,
ама некој над нас така сакал,така нека биде...

Можеби нема да молам,молена нема да бидеш,
друга ќе најдам,друг маж ќе ти биде,
Радост на некого ќе носиш,јас несреќа ќе ширам,
тоа е некој над нас така сакал,така нека биде...

Ќе помине време,ќе заборавиме се,
и солзи ќе пресушат,и лаги ќе се трупаат,
бакнежи ќе делиме, задоволни нема да бидеме,
заради некој над нас кој така сакал,така нека биде...
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 03:30
Земи ме за рака,подсети ме,
Која ли беше,непознатата ти,
Љубов ли имаме или пак сум се забркал...

Секогаш ќе полетам,од бакнежи облеан,
Но паѓам на земјата,оти заборавам,
Ќе се засрамам, в земја ќе пропаднам...

Ќе те погледнам, не те познавам,
А лицето твое ме гони,повторно измама,
Ќе поверувам,дека пак си дошла...

Но ќе заплачам, ќе заврнам,
Прости ми не те познавам,
Слабоста ме исмејува,ме изигрува,
Но знам дека повторно ќе се пронајдам...
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 03:56
За тебе

Ми велат не си за мене,ама не слушам,
Далеку си ми,ама ќе долетам,
Сакам да те имам,да те бакнувам,
Иако не те познавам,мечтаам,
Ноќите во ден ги претварам...

Сакам од тебе да слушнам,да разберам,
Да се израдувам или растажам,
Да скокнам в небо или да потонам,
Да се испофалам или да заќутам...

Ако се најдеш во песнава,или ти подкажат,
Коментар ќе очекувам,па било само збор-два,
Но сепак сакам да знајш,дека се затрескав,
Во тебе,моја форумџивко најмила.....љубовљубовљубов
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2009 во 04:31
Се родив како осмо дете во фамилијата.... Потекнував од сиромашно семејство... Никогаш не сум добил доволно љубов од никого.... Ни мама, ни тато, никого... Ех можеби и многу барав не знам, секој си ја гледаше работата, мораше да заработуваат за парче леб... Помнам настариот брат, секогаш ми носеше поклонче, дали било некое бомбонче премногу тврдо за моите мали забчиња, или некое чоколадце,сепак тоа мене ме радуваше... Ке се сокриев во ќошот од страв да не ми го земе некој, а сестра ми редовно го правеше тоа, па и ќотек добивав, и ке го ставев во уста, шмукајќи и радувајќи се на вкусот...

Годините поминуваа.... Веќе станав маже, така ме фалеше тате.... Р’мбав секој ден... Ме користеа кој како ќе стасаше... А ако малку,само малку закаснев во нешто добивав склоци... А тие толку ме болеа,солзи ми протекуваа...

Одкако станав полнолетен, дојде тате и ми рече, дека од денес морам сам да го заработувам лебот... Ако заработувам чесно секогаш ке има место во куќата, во која тој беше главата... Пробав ама некако не идеше... Работев како месар, ама се гадев од крвта и газдата ме отпушти... Пробав како чирак ама и за тоа не ме бидуваше... Едноставно како да немав талент за ништо...

Отидов кај тате да се позајмам за пари,ама ми ја бапна вратата пред нос.. Ми рече дека никогаш за ништо не ме бивало, па ни некогаш ќе бидам нешто... Заминав со солзите во очи...

По некој ден собрав парталите и фатив патот за во град, со надеж дека таму ќе ја пронајдам среќата... Отидов и поработив како чистач на брод, ама и од таму ми го дадоа патот одкако пробив едно фрижидерче и се очукав како никогаш до тогаш...
Водата многу ме влечеше... Работев и како рибар, ма подобро речено помошник, и толкава ми била среќата па само по втора недела само што ни тргна работата, доживеавме бродолом... Едвај спасивме глави, половина од моите пријатели кои ги стекнав со мојата нова работа се исподавија... Тогаш сватив дека можеби и не сум роден под среќна ѕвезда...

Помина време, барајќи нова работа... Пробав каде не,ама секаде ми ги дадоа склоците... Во тоа време популарна беше Америка... Велеа од толку многу пари што се заработувало, по улиците имало злато ама никој не го збирал... Се излакомив и заминав.... Ама сватив дека само празни зборови биле тоа... Еден златник не засјаи...

Почнав повторно да работам како рибар,ми тргна работичката,па и почнав и англискиот да го учам... Тенкју, ок, но, еее куп зборови научив....

Еден ден дојде главниот шеф каде што работев и ме викна во неговата канцеларија... Ми кажа дека и не сум толку прост колку што ме мислел.... Ми понуди да ме запиши во ноќно школо, да изучам и во шала ми рече дека можеби и некогаш ќе го заземам и неговото место...
Отидов, пробав... Беше многу тешко, заостанував зад сите... Ееее до ден денес се смеам кога ќе помислам дека не знаев ни 2+2 колку е.... Ама се трудев, многу се трудев... Секоја вечер на свеќа, во собчето во кое живеев под кирија учев работи кои после тоа многу ми се најдоа....

Научив и да пишувам, да читам, а науката почна да ми се вгнездува в срце... Им пишав на моите писмо, фалејќи се како ми е добро, но никогаш не добив одговор...

Времето леташе... Стасав на 26 години,време кога морав и фамилија да правам... Ама како кога имав пари колку месецот да го истуркам.... Школото одамна заврши... Пробав многу работи,ама никаде не се најдов себе си...

Златниците доаѓаа,ама ништо не остануваше за мене... Секогаш одев по кафеани и тие девојки како магнет ми ги земаа сите парите...

Комарот и алкохолот ми станаа големи пороци... Пријателите се губеа,на никој не му беше гајле за мене... Од последната работа газдата ме избрка, велејќи ми дека иако сум интелегентен секогаш ќе бидам магаре...

Си ги собрав парталите и заминав дома,в село со надеж дека тате ќе ме прими повторно назад.... Стасав ама јако се зафркнав... Не сакаше ни да ме ислуша... Ми рече дека кога повторно ке заличам на човек тогаш да се обратам кај него...

Повторно заминав назад,во Америка... Скитав по улиците,молејќи за некој цент,колку да купам леб... Никој не се сожали на мене... Прегладнет изгубив свест... Се рабудив во некоја болница за скитници... Негата на сестите беше за никаде... Само за нешто се дереа,па не можев да преќутам и отерав се у п.м.
Ме пријавија кај управникот на болницата,попрво би ја нарекол санаторуим,па тој ме повика да разговараме за мојот проблем... Се погоди човек од мајка роден, ме ислуша и ми даде неколку долари,додека се снајдам....

Отидов и решив да почнам да се одвикнувам од тоа што ми го расипува животот... Отидов и со тие пари купив една кифла и весник... Најдов нешто што ќе биде добро за почеток... Поработив и веќе полека,пополека почнав да станувам човек...

Си живеев под кирија со една бабичка и нејзината ќерка... Плаќав минимално,па пари остануваа секогаш и за мене... Секој ден ги изненадував тие две жени кои сега беа моја фамилија... Им купував разни поклони... Па почнав и на моите в село да им праќам по некој долар,знаејќи дека имаат претежок живот...

На мојот 27 роденден добив поклон каков што никогаш не би помислил... Дојдоа мама и тате... Тој ме прегрна и падна на колена,молејќи за прошка и плачејќи како дете... Се засрамив и веднаш го замолив да стане... Ги примив во мојот дом... Им раскажував сите експресии од тука, и им кажав дека можеби ја пронајдов и мојата идна жена, ќерката на милата бабичка со која одавна негувавме некои чувства... Тој ми кажа за браќата и сестрите како секој заминал по својот пат,секој станал човек...Кога разбрав дека имам и мали внучиња,скокав од радост...
После сите тие изненадувања, отидов во тоалетот, и гледајќи се во огледало почнав да плачам,да се смеам, мислејќи колку можев да го уништам животот...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9091929394 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.