![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 98> |
Автор | ||||
Persej7 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ами не е дупка де! ![]() ![]() Кога сме кај не-дупките, еве уште пример за не-дупка. Коста Црнушанов, кој бил во служба на бугарската фашистичка власт (подоцнежен фолклорист и публицист), испратил протесно писмо до бугарскиот Министер за просвета во 1941 година. Писмото е официјален бугарски документ од тоа време, во кое сликовито се опишани мерките што бугарската фашистичка полиција и војска ги презела против прилепчани непосредно по нападот од 11 октомври. Дел од своето писмо Црнушанов го објави во 1996 година: „Очевидците и настраданите ми раскажуваа низ плач: Ако некој има видено глутница од волци како напаѓа стадо, тогаш може да си претстави како изгледаше апсењето и претепувањето на прилепските граѓани. Луѓето беа апсени каде и да се наоѓаа: дома, на кино, во кафеана и на други места. Беа водени во участокот, а оттаму во затвор. По патот кон участокот тие беа тепани до бесвест и им беше пцуена „мајката македонска"! Кои беа тепачите? Тоа беа полицајците, војниците и некои од началството, вклучувајќи го и бившиот полициски началник на областа. Тепаа со стапови, маваа со цевките од пушките, удираа со греди и клоцаа со нозете. Удираа каде што ќе стигнат: по главата, по грбот, насекаде... Од околу 300 претепани граѓани, во затворот беа задржани 70... Претепаните се од најразлична возраст: од млади, па се до 70-годишни старци, каков што е случајот со Митре Мазарот... Притоа не било вршено само малтретирање и тепање на лицата, туку истите биле и ограбувани. Им биле крадени парите и другите вредности, пенкала, часовници и друго. Ограбувањето го вршеле полицајците и војниците." (ИЗВОР:Коста Црнушанов: „Принос кон историјата на ММТРО“, Софија, 1996 год.) Изменето од Persej7 - 06.Ноември.2011 во 04:23 |
||||
![]() |
||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Те разбирам јас, ама некој или некои други не те разбираат. Овде правниците веќе неможат да помогнат. Потребни се совети од некои други видови на стучњаци. Пред се мислам на професиите од медицинската струка. |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Пријателе, доколку некој можеше, верувај ми, досега сето ова ќе го оспореше пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Едноставно, не може. Овие прашања имаат правен завршеток се затворени и решени одамна. Можеби некому некои нешта не му се допаѓааат, но тоа не е ничиј проблем, освен на оној кому не му се допаѓаат. Тоа што го пишуваат некои бугарски историчари е само за внатрешна употреба. Нема никаква вредност, најмалку правна. Да бидам искрен, јас дури и не сум видел или слушнал сериозен бугарски правник некаде да го поставува прашањето дали станува збор за окупација или ослободување. Изменето од Македон - 23.Септември.2011 во 15:08 |
||||
![]() |
||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Македон, ами, т’зи дупка, не е дупка! Чоли така ли е? Нам македонистите само ни се чини дека е дупка?! Каква дупка бре Чоли, тоа не е дупка, тоа е кратер! Се бара некој стручњак по офтомологија, помагајте луѓе! |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() Обраќање на бугарскиот министер Кулишев на Париската мировна конференција во кое вели дека Бугарија е подготвена да ги врати сите имоти од окупираните области и да плати воени репарации. После ова, мислам дека веќе се затвора прашањето за тоа дали Бугарија е окупатор, ослободител, или нешто друго. |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Според ова што го прочитав, партизаните биле изведувани пред воен суд поради тоа што ги извршиле во месност каде што е прогласена воена состојба. Друга основа за стварна надлежност на воените судови на делата сторени од цивили јас не гледам. Дури и да се согласиме дека навистина воените судови биле надлежни поради тоа, сепак, останува фактот дека таквите судии не биле независни, ниту пак биле непристрасни. Впрочем, кога станува збор за нелегална окупација, прашање е дали воопшто може да говориме за непристрасност и независност на било кој државен орган. Сепак, не станува збор за окупација од демократска, туку од фашистичка држава. Вакви пресуди носеа и воените судови во Италија, Германија, Јапонија, но меѓународната демократска заедница и сојузниците не ги признаа и по паѓањето на режимите, сите политички затвореници беа ослободени, а нивните пресуди укинати. |
||||
![]() |
||||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Во 1937 година е донесен нов Военнонаказателен закон (ДВ, бр. 290/1937 година) со првичен наслов "Военнонаказателна наредба-закон". Се менува структурата на военото правораздаване, што е предвидено да се врши од регионални воени судови, воено-полеви судови и воено-Касационен суд. Царството било поделено на 4 воени области - Софија, Пловдив, Плевен и Шумен и во секоја се формирали регионални воени судови. На воените судови били подсудни освен делата на војниците и мобилизираните (запасни), но и оние во однос волнонаемните службеници при извршени од нив злосторства за Военнонаказателниот закон, Кривичниот закон, Законот за заштита на државата, Законот за ограничување на престаплениjата против личноста и Законот за заштита безбедноста на државата. Граѓанските лица биле подсудни на воените судови за злосторства спроведени во соучество со горенаведените категории воено-функционери; злосторства во врска со воената служба и во месноста, каде што е прогласена воена состојба. http://www.smc-bg.com/bg/?itype=448 |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Никој не остава отклучени затворски ќелии. Дури и вратата од затворот да е оставена отворена, ќелиите не се. Ниту пак клучевите се кај затворениците. |
||||
![]() |
||||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Баш така е станало ![]() |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
![]() |
||||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Знаеш во затворите информациите стигнуваат пред време , и за да си сигурен 100% слободно одиш на стража и велиш : „Имам информација дека Бугарија и Германија ќе капитулира и ако сакате пуштете ме да си одам дома„ |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Сите тие пресуди сами по себе се проблематични. Веднаш се поставува прашање зошто цивилни лица се судени од воени судови, независноста на истите тие судови со оглед на начинот на поставувањето на судиите, а и самите закони, кои иако се донесени во соодветна постапка од страна на соодветно тело, се спротивни на низа начела на меѓународното право, на кое се обврзале сите сили на оската. Како за пример, сите постапки со кои се затвораше, убиваше и уништуваше еврејското население и демократските дисиденти во фашистичките држави, се базирани на закон, кој беше донесен во согласност со Уставите на државите, од страна на соодветно тело, во соодветна постапка. На таквите закони се базираа судските постапки и пресуди. Но, тоа не го спречи Меѓународниот Кривичен суд да ги обеси оние кои ги спроведуваа таквите нешта. |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Значи на 06.09.1944 година пристигнала наредбата, а се прашуваш што се правело до 06.09.1944? Не станува збор само за битолскиот затвор, тука е и скопскиот затвор, кој, чинам, важел за многу полош и тежок од битолскиот затвор. Не случајно и во скопските затвори и се елиминирани доста народни херои. |
||||
![]() |
||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Изречени биле 250 пресуди од кои, 50 на смрт со бесење, 20 на доживотен затвор, а останатите биле затворски казни со времетраење од 1 до 20 години!
Ало, што не е јасно?! Бугарскиот фашистички затвор бил ставен во функција во 1942 година. Изменето од Platenik - 07.Септември.2011 во 15:32 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
![]() |
||||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На 6 септември 1944 година, добивме наредба од привремениот командант на 15-та пешадиска одринска дивизија во Битола: сите дивизии од Охрид, Ресен и Битола да се соберат на 9 септември во Прилеп и заедно со Прилепскиот гарнизон да се разположат источно од реката Вардар и реката Пчиња на линијата Штип-Джумали-Хаџи Реџепи. На овој начин нашата дивизија заедно со другите дивизии на петата армија фактички требаше да се вклучи во повлекувањите веќе од Грција и егејските острови елитни германски воjски и да не им дозволат тие да се насочат кон старите предели на Бугарија и да ја претворат во бојно поле за борби со Црвената армија.
Спомени на фелдфебел Борис Раjнов |
||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7891011 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |