|
Марксизам |
Внеси реплика | страница <1 789 |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам дека ова кое го говориш често било повторувано на часовите по марксизам, но тоа ниту оддалеку не е точно. Можеби гледано од економски аспект и постоела некаква еднаквост меѓу раните Христијани, но во се друго раното Христијанство се разликува од марксизмот. Пред се се разликува од политички аспект. За тоа треба само да се видат посланијата на апостолите до раните Христијани: 1 Петар: 2:17 Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот! ПОСЛАНИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО РИМЈАНИТЕ Глава 13 1 Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени. 2 Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда. 3 Зашто владетелите не се страв за добро дело, туку за зло. Сакаш ли пак да не се боиш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа. 4 Таа Му служи на Бога за твое добро. Но, ако правиш зло, бој се; зашто не носи напразно меч. Таа е во служба на Бога, гневен одмаздник за оној, кој прави зло. Веднаш може да се види дека раните Христијани не се бореле за укинување на државата како политичка творба и воспоставување на некакви комуни или нешто слично. Раните Христијани и самите беа дел од институција-Црквата. Таа институција се одликуваше со власт меѓу нив самите. Епископите имаа голема улога во рамки на таа институција. Впрочем и самото Свето Писмо сведочи за влијанието на Апостолит, а и историските извори говорат за влијанитее на ранохристијанските епископи како што биле Клемент, Ирениј и другите епископи од тој период. Истотака, никаде во Светото Писмо не може да се најде цитат кој поткрепува некаква создавање некаква униформна материјална еднаквост. Поврзаноста меѓу Христијанството и Марксизмот во основа е само површен и неточен поглед на работите и нешто што било експлоатирано од приврзаниците на таа идеологија за постигнување на одредени цели. Изменето од Македон - 17.Август.2011 во 01:53 |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
идеологија и верба......
материја наспроти духовно |
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
vanesa
Сениор Регистриран: 19.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 1588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
marksistichka filozofija 9
|
|
Внеси реплика | страница <1 789 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |