|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1 7891011 68> |
Автор | ||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Преподобен Евсевиј (15/02)Сириски пустиник. Најпрво се подвизуваше под раководство на свети мажи, а подоцна се оддалечи и се осами во пустина. Се хранеше исклучиво со растителна храна. Дури ни овошје не вкусуваше. Целото време го минуваше под ведро небо во молитва, трпејќи секаква временска непогодност. Доживеа старост од деведесет и пет години и мирно се упокои во Господ во 440 година. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Лав I, папа Pимски (17/02)
Pоден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу �Pим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од �Pим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси �Pим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва се додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година. Свети Флавијан (17/02) Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година |
||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија (18/02)Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостол Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го нарекуваше Св. Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и и служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Вака ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадоа од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодија со ножеви. Така овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот и се престави кај Господа. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Преподобен Доситеј (18/02)Ученик на славниот авва Доротеј, којшто живееше во киновијата на Преподобните Серид, Јован и Варсонуфиј Велики. Доситеј беше роднина на еден војвода и во Ерусалим дојде да ги види Светите места. Еднаш додека гледаше во сликата на Страшниот Суд во една црква, му се приближи една жена во порфирен фустан и му објаснуваше. А најпосле, при разделбата му рече дека ако сака да се спаси треба да пости и често да Му се моли на Бога. Ова беше Пресвета Богородица. Срцето на младиот Доситеј се разгоре и посака монашки живот. Доротеј го прими за негов ученик и му нареди наполно да ја отсече сопствената волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му даваше да јаде колку што сака, по извесно време му скратуваше по една четвртина, по некое време уште по една, се дури не го навикна на најмало количество храна, постојано велејќи му: „Јадењето е навика и кој колку ќе навикне толку и јаде“. Свети Доситеј се спаси и се прослави преку послушанието. Остана засекогаш за пример на монашкото послушание и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живееше во 6 век. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нека не спомне , нас ГРЕШНИТЕ ,во своите молитви пред Бога |
||
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Амин од твоја уста у Божји уши |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Лав, епсикоп Катански (19/02)Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младежта во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшебствува. Свети Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а Свети Лав остана неначнат од огнот. Од ова сите што беа замајани од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето. По неговата смрт од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Светиот свештеномаченик Садок (19/02)Беше епископ во Персија после Св. Симеон. Еднаш во сон му се јави Св. Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови Св. Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“ И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуборен клир и народ и ги изведе на суд. Прво им нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества. Садок одговори: „Ние сме од сесрце подготвени да умреме за нашиот Бог, но на сонцето и на огнот нема да им се поклониме“. По ова беа мачени и осудени на смрт со меч. Пред смртта Св. Садок Му ја вознесе на Бога оваа молитва: „Измиј не, Боже, во нашата крв од нашите гревови!“ Неговите свештеници и верни заедно со него ги предадоа телата на смрт, а душите на Бога бесмртниот. Пострадаа во 342 или во 344 година. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Захариј, патријарх Ерусалимски (20/02)Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го нападна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги убија. Стариот патријарх остана во ропство четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Подоцна Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот Св. Захариј ги помина во мир и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше Св. Софрониј (11 март). |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски (20/02)Голем ревнител и заштитник на Православието. Како таков особено се истакна на Првиот Вселенски Собор, каде што мудро и разумно го поби учењето на Ариј. Заедно со останатите Свети отци Евстатиј правилно исповедаше дека според Божествената суштина Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух. После смртта на Св. цар Константин ариевците повторно некако претегнаа и почнаа немилосрдно да го гонат Православието. Свети Евстатиј беше симнат од неговиот престол и протеран најпрво во Тракија, а потоа во Македонија. Многу и долго страдаше, додека најпосле не Му ја предаде својата света душа на Бога, во 345 година. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници (21/02)Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа изведени и седумдесетмина војници христијани, меѓу кои и Маврикиевиот син Фотин. Овие јунаци не можеа да ги поколебаат ниту ласкањата ниту заканите на царот. На заканите му одговорија: „О цару, нема страв во доброумната и моќна душа на оние што Го љубат Господа!“ Кога царот нареди и им ги соблекоа војничките појаси и облеката, тие рекоа: „Нашиот Бог ќе не облече во облеки и појаси нераспадливи и со вечна слава!“ Кога царот ги укоруваше затоа што ги презреа војничките почести што им ги беше дал, одговорија: „Твоите почести се бесчестење, зашто заборави на Бога Кој ти ја даде царската власт! Тогаш царот нареди, па пред очите на Маврикиј го убија син му Фотин за со ова да го исплашат таткото и останатите. Но Маврикиј рече: „Ни ја исполни желбата наш мачителу и го испрати пред нас Христовиот војник Фотин“. Тогаш царот ги осуди на најнечовечна смрт - ги одведоа во една кал, ги разголеа, ги врзаа за дрвјата, ги намачкаа со мед за да ги испокасаат комарци, стршени и оси. Дури десеттиот ден во страшни маки Му ги предадоа своите души на Бога, за вечно да се радуваат со светите ангели на небото. Христијаните тајно ги зедоа нивните тела и чесно ги погребаа. Овие храбри Христови војници пострадаа околу 305 година. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград (21/02)Во времето на царот Аркадиј беа откопани мошти на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на Светиот апостол Андроник и оние на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на Св. апостол Андроник во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм. |
||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
||
Sulltan Murad
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Захариј, патријарх Ерусалимски 06/03/2007 Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го нападна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги убија. Стариот патријарх остана во ропство четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Подоцна Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот Св. Захариј ги помина во мир и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше Св. Софрониј (11 март). Изменето од Sulltan Murad - 06.Март.2007 во 05:39 |
||
Sulltan Murad
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски 06/03/2007 Голем ревнител и заштитник на Православието. Како таков особено се истакна на Првиот Вселенски Собор, каде што мудро и разумно го поби учењето на Ариј. Заедно со останатите Свети отци Евстатиј правилно исповедаше дека според Божествената суштина Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух. После смртта на Св. цар Константин ариевците повторно некако претегнаа и почнаа немилосрдно да го гонат Православието. Свети Евстатиј беше симнат од неговиот престол и протеран најпрво во Тракија, а потоа во Македонија. Многу и долго страдаше, додека најпосле не Му ја предаде својата света душа на Бога, во 345 година. Изменето од Sulltan Murad - 06.Март.2007 во 05:39 |
||
Внеси реплика | страница <1 7891011 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |