ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=5879
Датум на принтање: 18.Декември.2024 во 05:25 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
Постирано од: rice
Наслов: ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 16:30
DRAGI BRAKJA I SESTRI VO HRISTA VOSKRESNATIOT.
NA OVAA POTTEMA KE MOZETE DA PROCITATE KRATKI ZITIA OD SVETITE OTCI I SV. MACENICI CIJ POMEN SE PRAZNUVA NA TOJ DEN.
HRISTOS POSREDI NAS!
-------------
|
Коментари:
Постирано од: rice
Датум на внесување: 09.Декември.2006 во 16:33
Преподобен Алимпиј Столпник
Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше
предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот
Теодор во тој град. Но желен за осаменички живот, молитва и богомислие,
Алимпиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои
заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта.
Таму тој забоди крст, па изгради храм во чест на Света Ефимија, којашто
му се јави во сон. Крај храмот подигна висок столб, се качи на него и
помина таму во пост и во молитва цели педесет и три години. Ни
потсмевот на луѓето ни злобата на демоните не можеа да го оддалечат
оттаму ниту да го поколебаат во неговата намера. Особено од демоните
овој светител претрпе безброј маки. Не само што го застрашуваа со разни
привиденија туку и го маваа со камења, не давајќи му мир ни дење ни
ноќе долго време. Но Алимпиј мажествено се оградуваше себеси против
силата демонска со знакот на крстот и со името Исусово. Најпосле
демоните победени го оставија, а луѓето почнаа да го почитуваат и да му
доаѓаат барајќи ги неговите молитви, утеха, поуки и исцеленија. Околу
неговиот столб се подигнаа два манастири: од едната страна машки, а од
другата женски. Во женскиот манастир живееја мајка му и сестра му. Св.
Алимпиј ги раководеше монасите и монахињите од својот столб преку
сопствениот пример и слово, а им блескаше на сите како небесна
светилка, укажувајќи им го патот кон спасението. Овој Божји угодник
имаше толкава благодат, што често го озаруваше небесна светлина и над
него се креваше светлосен столб до небото. Беше прекрасен и силен
чудотворец за време на животот и после смртта. Поживеа повеќе од сто
години и се упокои во Господ во 640 година, во времето на царот
Ираклиј. Од неговите Свети мошти се чува главата во Кутлумушкиот
манастир на Света Гора. Преподобен Јован Отшелник
Од Сирија. Ученик на Св. Марон (под 14 февруари) и современик на Св.
Симеон Столпник. Се подвизуваше под отворено небо, се хранеше со
наквасена леќа. Правеше големи чуда, со името Христово дури и мртви
воскреснуваше. Царот Лав го праша за мислење за Халкидонскиот Собор. Се
упокои мирно во 457 година
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 10.Декември.2006 во 09:52
Светиот маченик Јаков Персијанец
Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански
родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка.
Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и
спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од
царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот
им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа
прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен
мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да се покае и да Му се
врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно
ја исповеда пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен царот
го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден
по еден сè додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа
заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на
рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле
главата. При секое сечење маченикот најпрво Му оддаваше благодарност на
Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така
овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред
својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година.
Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што
се празнува на 22 мај.
Преподобен Пинуфриј
Тој е современик на Св. Касијан (29 февруари) и голем мисирски
подвижник. Живееше во 4 век и се подвизуваше на разни места, сè бегајќи
од човечките пофалби. Имаше многу ученици, коишто се трудеа да го
подражаваат возвишениот пример на својот учител.
Преподобен Натанаил
Монах нитриски. Деноноќно Му се молеше на Бога и се просветуваше со
размислување за Божествените нешта. Не излегуваше од својата келија ни
преку нејзиниот праг полни триесет и осум години. Се упокои во Господ
во втората половина на 6 век.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 10.Декември.2006 во 22:24
neka ne ima vo molitvite.
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 11.Декември.2006 во 13:15
Преподобна Ана
Благородна жена. По смртта на својот маж прими потстриг од Св.
Стефан Нови. Царот Копроним ја наговараше да рече дека имала
недозволени односи со Св. Стефан за да може да го унижи пред народот.
Но оваа света жена никако не сакаше да влезе во таа царева сплетка
против Светителот когошто го почитуваше како свој духовен отец. Заради
ова ја биеја, а потоа ја фрлија во затвор, каде што ја предаде душата
на Бога.
-------------
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 11.Декември.2006 во 13:17
rice напиша:
Преподобна Ана
Благородна жена. По смртта на својот маж прими потстриг од Св. Стефан Нови. Царот Копроним ја наговараше да рече дека имала недозволени односи со Св. Стефан за да може да го унижи пред народот. Но оваа света жена никако не сакаше да влезе во таа царева сплетка против Светителот когошто го почитуваше како свој духовен отец. Заради ова ја биеја, а потоа ја фрлија во затвор, каде што ја предаде душата на Бога. |
Преподобна АНА моли Господа за нас Грешне
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 11.Декември.2006 во 20:39
Постирано од: rice
Датум на внесување: 12.Декември.2006 во 14:18
Преподобен Акакиј Синајски
Во својата славна книга Лествица Св.Јован Лествичник известува за
житието на овој светител. Младиот Акакиј бил искушеник кај еден зол
старец во Синајскиот манастир. Гневниот Сатрец везден го укорувал и го
навредувал Акакиј, а често и го тепал, и на сите начини го измачувал и
малтретирал. Но Акакиј не се жалел и сето тоа го поднесувал трпеливо,
со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го
запрашал некој како живее, одговарал: „Добро, како пред Господ Бог!“
После девет години послушание и мачење Акакиј умрел. Старецот го
закопал и отишол да му се пожали на еден свет Старец, велејќи: „Акакиј,
мојот ученик, умре.“ „Не верувам, “ одговорил Светиот Старец. Акакиј не
умре.“ Тогаш обајцата отишле на гробот на умрениот и оној свет Старец
повикал: „Брате, Акакиј, умре ли?“ А послушниот Акакиј и по смртта
послушен, одговорил: „Не, оче, не може да умре оној што е послушен“.
Тогаш оној зол Старец се покајал, се затворил во една келија близу
гробот Акакиев, каде што остатокот од животот го поминал во покајание и
во молитва.
Свети Тиридат цар ерменски
Современик на Диоклецијан. Најпрво страшно ги гонеше христијаните.
Но го постигна Божја казна и тој полуде и стана сличен на скот, како
некогаш Навуходоносор. Од лудилото го исцели чудесно Св. Григориј (под
30 септември). Оттогаш па до смртта Тиридат поживеа во покајание и
благочестие. Се упокои мирно во 6 век.
ВО СЛАВА НА ХРИСТА НАШИОТ БОГ
-------------
|
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 12.Декември.2006 во 18:23
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 12.Декември.2006 во 18:46
rice напиша:
Свети Тиридат цар ерменски
Современик на Диоклецијан. Најпрво страшно ги гонеше христијаните.
Но го постигна Божја казна и тој полуде и стана сличен на скот, како
некогаш Навуходоносор. Од лудилото го исцели чудесно Св. Григориј (под
30 септември). Оттогаш па до смртта Тиридат поживеа во покајание и
благочестие. Се упокои мирно во 6 век.
|
Ова мора да е некоја грешка... Тиридат живеел во 3-4 век, не во 6-ти...
Тој е познат како воспоставувач на првата држава каде христијанството
било прогласено за официјална религија во 301 г., една деценија пред
сличниот проглас на Константин.
Друго прашање е колку овој човек
заслужува да биде светец, заради крвта на многубројни пагани што ја
пролеаал во името на ширење на христијанската вера... Но, ај да не ви
кварам тема...
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 13.Декември.2006 во 17:22
Светиот апостол Андреј Првоповикан
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање.
Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа
со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36),
тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го
приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух
на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието
во Византија и Тракија, потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу
Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и
пострада. Во Византија постави прв епископ во лицето на Св. Стахиј; во
Киев забоди крст на високо и прорече блескава христијанска иднина за
рускиот народ; во Тракија, Епир, Грција и Пелопонез преведе во верата
мноштво народ и им постави епископи и свештеници. Во градот Патрас
изврши многу чуда со името на Христа и придоби многумина за Господ,
меѓу кои беа братот и жената на царскиот намесник Егеат. Разјарен
заради ова Егеат го подложи Свети Андреј на маки, а потоа го распна на
крст. Додека беше жив на крстот, апостолот им кажуваше на христијаните
што се беа собрале околу неговиот крст корисни поуки. Народот сакаше да
го симне од крстот, но тој се спротивстави на тоа. Најпосле апостолот
почна да Му се моли на Бога и притоа некоја необична светлина го
заблесна целиот. Тоа светло озарување траеше околу половина час, а кога
исчезна апостолот Му ја предаде својата душа на Господ. Така го заврши
својот земен век првоповиканиот апостол, којшто прв од Дванаесетте
големи апостоли Го позна Господа и тргна по Него. Пострада за својот
Господ во 62 година. Неговите мошти беа пренесени во Цариград. Подоцна
главата му ја пренесоа во Рим, а едната рака во Москва.
Свети Фрументиј, просветител на Абисинија
Во времето на царот Константин Велики патуваше за Индија еден учен
човек од Тир, по име Меропиј. Со себе ги беше зел двајцата млади браќа
христијани, Едесиј и Фрументиј. По патот им се разби коработ од бурата
на бреговите на Абисинија и дивите Абисинци ги убија сите луѓе од
коработ, освен овие двајца браќа, Едесиј и Фрументиј. Тие проживеаја во
Абисинија неколку години и успеаја да влезат во служба на дворецот на
абисинскиот цар. Фрументиј почна да ј проповеда христијанската вера, но
многу внимателно, и се увери дека почвата за оваа проповед е многу
погодна и плодна. Тогаш двајцата браќа седнаа на кораб и тргнаа: Едесиј
во Тир кај своите родители, а Фрументиј кај Св. Атанасиј Велики, којшто
беше патријарх во Александрија. Фрументиј му ја изолжи на патријархот
положбата во Абисинија и побара пастири за новообратените во верата.
Св. Атанасиј го ракоположи Фрументиј за епископ. Св. Фрументиј се врати
во Абисинија, каде што со својата ревност и со многубројни чуда успеа
да ја обрати цела Абисинија во христијанската вера. Овој голем пастир
на Христовото стадо и просветител на Абисинија се упокои мирно во 370
година, кога се пресели во Царството на својот Господ.
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 13.Декември.2006 во 23:07
Нашата „религија“ потекнува 1000 години пред вашата ВДАП, само што толку си ограничен во разбирање што ниту тоа не го знаеш...
А од каде знаеме, знаеме затоа што си постои историја, наука, итн., и не веруваме во се што ќе ни каже локалното попче за да ни ги земе парите... Отвори, било која енциклопедија, да не зборувам на памет, ќе прочиташ работи што не си ги знаел.
Мали симо, повели и другпат.
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 14.Декември.2006 во 11:10
Светиот пророк Наум
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на
Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот
Јона и ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона
Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби.
Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија.
Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не
беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град,
така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет
и пет години и се упокои во Господ оставајќи ја малечката книга со
неговите вистинити пророштва. Свети Филарет Милостив
Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне
имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу
осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во
Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат
помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на
негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива,
му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во
јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден
вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на
некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на
последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното
теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И
остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се
молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да
биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот
млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по
целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со
којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе
дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија,
ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во
Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а
Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде
голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна
среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште
повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта
година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога
и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече
на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот
Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му
заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен
благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји
праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите
негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа.
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 15.Декември.2006 во 12:11
Светиот пророк Авакум
Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред
Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на
Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим, Авакум
се засолни во Исмаилќанската земја, откаде што потоа повторно се врати
и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на
нива, кога одеднаш му се јави ангел Господов и му рече: „Однеси го
ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум
му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е “
(Даниил 14 - 33). Тогаш ангелот го зеде за косата и моментално го
пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто
беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на
идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“,
возвикна Авакум. И Даниил прими и јадеше. Потоа ангелот Божји повторно
го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум
пророкуваше за ослободувањето на Ерусалим и за времето Христово. Се
упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела. Моштите му ги
открија во времето на царот Теодосиј Велики.
Светата маченичка Миропија
Родена е во Ефес од родители христијани. По смртта на татко и со
мајка и се преселија на островот Хиос, каде што пострада за Христа.
Страдањето на оваа Света девица стана наскоро после страдањето и смртта
на славниот маченик Исидор војник (под 14 мај). Кога мачителите го
убија Исидор, храбрата Миропија тајно го зеде неговото тело, го покади
и чесно го погреба на едно посебно место. Свирепиот кнез Нумеријан
слушна дека телото на маченикот е украдено, па сакаше да ги погуби
стражарите. Кога дозна дека невини луѓе ќе страдаат заради нејзиното
дело, блажената Миропија се пријави сама пред власта и призна дека таа
го украде и го погреба телото на маченикот. По наредба на кнезот ја
биеја по целото тело и најпосле сета во рани ја фрлија во затвор. Но
Господ не ја остави Својата маченичка без утеха. На полноќ затворот го
осветли небесна светлина и и се јави мнозинство ангели со Св. Исидор
среде нив. „Мир на тебе, Миропијо,“ и рече Св. Исидор, „дојде
молитвата твоја пред Бога и наскоро ќе бидеш со нас и ќе го примиш
венецот што е за тебе подготвен“. Светата страдалница се израдува и во
тој миг Му го предаде својот дух на Бога. Од нејзиното тело излезе
благоухан мирис, којшто го исполни сиот затвор. Еден од стражарите го
виде и го почувствува сево ова, поверува во Христа, се крсти и наскоро
и самиот прими маченичка смрт. Света Миропија се пресели во вечноста во
251 година.
Свети Иса, епископ Циклански
Еден од тринаесеттемина Сириски отци (под 7 мај). Голем чудотворец.
Реката од далечина ја наврте во близина на градот Циклан со молитва.
Моштите му почиваат во црквата со негово име во градот Циклан во Сирија.
-------------
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 16.Декември.2006 во 13:08
Светиот пророк Софониј
Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше
во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик
на Пророкот Еремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон
Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот
Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Нинивија, Ерусалим,
Египет. Ерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички,
во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни;
пророците - фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го
изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на
Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле;
радувај се и весели се со сето срце, ќерко ерусалимска!“ Овој
тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото
воскресение и наградата од Бога. Преподобен Теодул
Угледен патрициј на дворецот на Теодосиј Велики. По смртта на
својата жена ја остави суетата на светот, се повлече од Цариград на
еден столб кај Ефес, каде што се подвизуваше цели триесет години. Свети Јован Молчалник
Родум од Никопол Ерменски, од татко Евкратиј и мајка Ефимија. Во
неговата осумнаесетта година стана монах и се подвизуваше тврдо и
одлучно чистејќи си го срцето со многу солзи, постејќи и молејќи се.
После десет години беше поставен за епископ Колониски. Со својот пример
кон богоугоден живот го привлече и својот брат Пергамиј и чичко му
Теодор, коишто беа луѓе угледни на дворецот на царевите Зинон и
Јустинијан. Гледајќи ги злобата и метежот на овој свет коишто тој не
можеше да ги излечи, го напушти епископскиот престол и преоблечен во
прост монах дојде во обителта на Св. Сава кај Ерусалим, каде што остана
непознат многу години, вршејќи усрдно и совесно секакво послушание на
коешто беше одредуван од игуменот. Заради ова Св. Сава му предложи на
патријархот Илија да го ракоположи за презвитер. Кога патријархот
сакаше да го ракоположи Јован, Јован му призна дека е веќе посветен во
епископскиот чин. Тогаш Св. Јован се затвори во келија, и години и
години помина во молчење и молитва. Потоа мина девет години во пустина,
хранејќи се само со диво зелје, па повторно се врати во манастирот. Ги
одвраќаше верните од Оригеновата ерес и многу придонесе за таа ерес да
се сотре и осуди. Проѕираше јасно во духовниот свет и ги исцелуваше
луѓето од болести. Откако се победи самиот себеси, лесно ги победуваше
демоните. Голем во смирението, во Божествената сила и мудрост, овој
Христов слуга мирно се упокои во 558 година, во сто и четвртата година
од својот живот.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 16.Декември.2006 во 19:50
Не ја реметам. Дебатирам за православниот календар.
Во овој број, на пример, имаме човеко што се прославил со борба против „еретикот“ Ориген.
Кој е тој Ориген ќе се прашаме? Тој е најголемиот ЦРКОВЕН Отец и учител во првите 3 века. Умира 254 г., и неговото влијание е огромно. Василиј Велики и Григориј Богослов, на пример, толку ги ценеле неговите писанија што ја собрале целата колекција во нивниот манастир. Овој Отец бил почитуван цели 300 години и изичуван низ целата империја.
Е сега, одеднаш, некој во 553, се сетил да го осуди за еретик. Тоа е се во ред, освен, да немаме друг проблем со ова...
Како тоа официјален Отец и толку почитуван христијанин, да биде осуден за еретик после тек 300 години? Ако го земем Сардовото тврдење дека официјалната црква е носител на христијанската вистина, тогаш од каде знаеме дека некој после 300 години нема да го анатемиса Господин Господин Стефан, и целата МПЦ???
Значи паѓа во вода сето тврдење дека официјалната црква е чувар на правоверноста. Чувар на правоверноста е Св. Писмо.
Уживајте во вашиот „светец“...
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 17.Декември.2006 во 10:19
аџија напиша:
Не ја реметам. Дебатирам за православниот календар.
Во овој број, на пример, имаме човеко што се прославил со борба против „еретикот“ Ориген.
Кој е тој Ориген ќе се прашаме? Тој е најголемиот ЦРКОВЕН Отец и учител во првите 3 века. Умира 254 г., и неговото влијание е огромно. Василиј Велики и Григориј Богослов, на пример, толку ги ценеле неговите писанија што ја собрале целата колекција во нивниот манастир. Овој Отец бил почитуван цели 300 години и изичуван низ целата империја.
Е сега, одеднаш, некој во 553, се сетил да го осуди за еретик. Тоа е се во ред, освен, да немаме друг проблем со ова...
Како тоа официјален Отец и толку почитуван христијанин, да биде осуден за еретик после тек 300 години? Ако го земем Сардовото тврдење дека официјалната црква е носител на христијанската вистина, тогаш од каде знаеме дека некој после 300 години нема да го анатемиса Господин Господин Стефан, и целата МПЦ???
Значи паѓа во вода сето тврдење дека официјалната црква е чувар на правоверноста. Чувар на правоверноста е Св. Писмо.
Уживајте во вашиот „светец“...
|
Сард или Православие, може ли да одговорите на горниов парадокс? Ме интересира како го објаснувате...
-------------
|
Постирано од: vd
Датум на внесување: 17.Декември.2006 во 16:49
Прашувам, дали некој друг треба да се слави Освен Господ? Ако НЕ,тогаш затворете ја темата, ако ДА тогаш кажете каде го пишува тоа во Библијата да се слави ова што славите!
-------------
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 17.Декември.2006 во 21:27
Ние ги почитуваме оние што Господ ги прославил како негови најблиски и најсвети луѓе! како пример за да ги следиме и се поучуваме од нивниот свет и побожен живот.
ако ти се чита темава читај ја ако не бркај работа, и не не учи во сто да веруваме ! ова е православие дечко а не ислам ако си побркал случајно.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 18.Декември.2006 во 12:04
Свети Сава Осветен
Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова
големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка
Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се
замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години
премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во
обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист.
Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и
наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на
сите времиња. По смртта на Св. Ефтимиј Сава се оддалечи во пустина,
каде што во една пештера, којашто му ја покажа ангел Божји, помина како
отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла
околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот
живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да гради и
црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им
одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко
му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја
замонаши и и даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа
се подвизуваше до крајот на животот. Овој Свет отец претрпе многу
напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но тој сите ги
победуваше, и тоа: блиските со благост и попустливост, еретиците со
непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и
повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на
гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот
сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на
Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во
верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на
чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот Св. Сава
се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот
живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење,
којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како
Ерусалимски устав.
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 19.Декември.2006 во 09:52
Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски
Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им
беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона,
жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван
од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар.
Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко
Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“,
основан од тој негов чичко. По смртта на родителите Николај им го
раздаде наследениот имот на сиромасите и ништо не задржа за себе.
Додека беше свештеник во Патара тој многу се прочу со делата на својата
милостиња, иако ги криеше грижливо, за да го исполни зборот Господов:
„Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6,
3). Кога се предаде на самотност и на безмолвие, мислејќи така да
проживее до смртта, му дојде глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу
народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според
чудесната Божја Промисла беше избран за епископ на градот Мир во
Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив. Св. Николај му беше вистински
добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под
Диоклецијан и Максимијан го фрлија во затвор, но тој и во затворот ги
поучуваше луѓето на законот Божји. Присуствуваше на Првиот Вселенски
Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј.
За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, сè
додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија
Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето
благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен
Божји светител беше и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На
двапати спаси по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив,
вистинољубив и праведен, одеше меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за
време на животот луѓето го сметаа за светител и го повикуваа на помош
во маки и неволји и им се јавуваше во сон и на јаве на тие што го
повикуваа, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагаше. Од
неговото лице блескаше светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата
своја појава им носеше на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост
малку се разболе и се упокои во Господа, многустрадален и многуплоден,
за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори
на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се
упокои на 6 декември 343 година.
Свети Николај, епископ Патарски
Тој е чичкото на големиот светител Николај. Го поучи во духовниот живот и го ракоположи за свештеник.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 19.Декември.2006 во 10:09
rice напиша:
Присуствуваше на Првиот Вселенски
Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удри еретикот Ариј.
За ова дело го отстранија од Соборот и од архиерејската служба, сè
додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавија
Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавија своето
благоволение кон Николај.
|
МОЛАМ???
-------------
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 19.Декември.2006 во 13:12
Светог оца Николаја
Четир' стране света славе
Ко витеза силне вере.
Вере Божје, вере праве.
Од колевке Богу предан,
Од колевке све до краја;
Па прослави и Бог њега —
Свога верног Николаја.
За живота славан беше,
A пo смрти још славнији,
Моћан беше и на земљи,
A ca неба још моћнији.
Светла духа, чиста срца,
Он храм беше живог Бога:
Народи га зато славе
Kao свеца чудеснога.
Богат славом Николаје.
Он свечаре своје воли,
Пред престолом вечног Бога
За њихно се добро моли.
Благослови, Николаје,
Благослови људе твоје,
Што пред Богом и пред тобом
На молитви смерно стоје.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 20.Декември.2006 во 09:38
Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)
Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род;
татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера
незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како
малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излејаа мед на неговата
уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше:
„Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“. По смртта на својот татко царот
го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен
град беше Медиолан. Кога умре епископот на тој град, падна голема
расправија меѓу православните и еретиците аријанци околу изборот на
новиот епископ. Според должноста Амвросиј влезе в црква заради
одржување на редот. Притоа едно дете возвикна на мајчините гради:
„Амвросиј - епископ!“ Сиот народ ова го прими како глас Божји и
наспроти волјата на Амвросиј, него го избраа едногласно за епископ. Тој
се крсти и за една недела ги помина сите претходечки чинови и беше
ракоположен за епископ. Како епископ Амвросиј ја утврди православната
вера, ги потисна еретиците, ги украси црквите, ја распростре верата
меѓу незнабожците, напиша многу поучни книги и послужи како пример на
вистински христијанин и христијански пастир. Тој ја состави и
благодарствената песна: „Тебе Бога Те фалам“. Овој славен јерарх, кого
заради неговата мудрост и слаткоречивост го посетуваа и луѓе од далечни
земји, беше мошне воздржлив, трудољубив и бодар. Спиеше малку, работеше
и Му се молеше на Бога непрестајно, постеше во сите денови освен во
сабота и недела. Затоа Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот
да чудотвори. Ги откри моштите на Светите Протасиј, Гервасиј, Назариј и
Келсиј (под 14 октомври). Кроток кон малите луѓе, пред големите беше
неустрашлив. Ја изобличи царицата Јустина како еретичка, тиранининот и
убиецот Максим го проколна, на царот Теодосиј му забрани пристап во
храмот сè додека не си го покаја гревот, со насилниот и самонаречен цар
Евгениј не сакаше ни да се сретне. Овој богоугоден маж Бог го дарува со
толку благодат, што и мртви воскреснуваше, демони од луѓето изгонуваше,
болни од секаква болест исцелуваше и проѕираше во иднината. Се упокои
мирно во мугрите на Воскресение во 397 година.
Преподобен Григориј Молчалник
По потекло Србин. Основач на светогорскиот манастир на Св. Николај,
наречен според него Григоријат. Неговата келија се наоѓа на четврт час
одење од манастирот. Во 1761 година во манастирот имаше голем пожар и
притоа некои монаси ги зедоа неговите мошти и ги пренесоа во Србија.
Овој Божји човек се упокои мирно во 1406 година.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 20.Декември.2006 во 23:31
Постирано од: rice
Датум на внесување: 21.Декември.2006 во 11:34
Светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар
Сите тие се празнуваат на 4 јануари со останатите помали апостоли.
Св. Аполос се празнува посебно на 10 септември, Кифа и Кесар на 30
март. Св. Состен беше епископ во Кесарија. Тихик му беше наследник на
истото место, Епафродит во Адријанија Памфилиска, Кифа во Иконија, а
Кесар во Корона Пелопонеска. Сите го проповедаа Евангелието со пламена
љубов и претрпеа маки за Христовото име, па преминаа во царството на
вечната радост.
Преподобен Патапиј
Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од
благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и
се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на
очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради
љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето,
почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките.
Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и
одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто
овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето
во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата
Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот
испоснички подвиг. Но таа светлина не може да се скрие. Едно момче,
слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Св. Патапиј и го
замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието
Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на
страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа. Ова чудо го
откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по
лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена
болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи
од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот. Демонот
излезе од човекот како дим, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше
рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу
други чуда пројави Св. Патапиј со молитва, со името Христово и со
знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното
Царство во 7 век.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: V.D.A.P.
Датум на внесување: 22.Декември.2006 во 09:56
Зачнувањето на Света Ана
Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември).
Света Ана, мајката на Пророкот Самуил
Жена на Елкан, од Арматем или Ариматеја (1 Сам. 1). Немаше деца бидејќи беше неплодна, заради што горко плачеше и тагуваше. Но милостивиот Бог се смилува на неа и ја разреши нејзината неплодност заради нејзините непрестајни воздишки и молитви. Ана го роди синот Самуил и Му го посвети на Бога уште од неговото детство. Тој беше голем водач на Израилскиот народ и Пророк, помаза два цара, Саул и Давид. А Св. Ана Му испеа на Бога благодарствена песна, чудесна според мудроста и убавината, па нејзе и ден денес ја пеат во богослужбите на Црквата (1 Сам. 2, 1).
Преподобен Стефан Новосјаен
Овој Божји угодник е роден и воспитан во Цариград, во домот на неговите родители Захарија и Теофанија. Татко му беше свештеник во Големата Црква во времето на патријархот Методиј. Кога го носеше зачнат во нејзината утроба мајка му се хранеше само со леб и вода. Кога се роди младенецот, на неговите гради сјаеше крст од светлина. Заради ова, а и заради неговиот чист и богоугоден живот, наречен е Новосјаен. Во осумнаесеттата година од животот Стефан се затвори при црквата на Св. апостол Петар и таму се предаде на подвиг на пост и молитва. Еднаш му се јави Св. Петар и му рече: „Мир на тебе, чедо, добро започна, Господ да те укрепи!“ Потоа поживеа многу години при црквата на Св. маченик Антипа. Нему овој светител му се јави и го укрепи со зборовите: „Знај дека нема да те оставам“. Стефан си налагаше сѐ поглеми подвизи. Се хранеше со несолено зелје двапати неделно. Се подвизуваше заради Небесното Царство педесет и пет годни и се упокои во Господ во 829 година, во седумдесет и третата година од својот овоземен живот.
Свети Софрониј, архиепископ Кипарски
Тој е роден и воспитан на Кипар. Заради неговата голема духовна ученост и многубројните добродетели, особено милосрдноста, го поставија за архиепископ после Св. Дамјан. Откако верно ѝ послужи на Црквата се упокои мирно во 6 век.
|
Постирано од: V.D.A.P.
Датум на внесување: 23.Декември.2006 во 12:03
Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф
Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и краснозборливост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабожците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град. Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабожци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор. Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера. Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Св. Мина, возвикнувајќи му на царот: „И јас сум христијанин!“ Царот збесна, го исука мечот и го уби Св. Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Светите Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и ги погреба.
Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот
Ќерка на албанскиот кнез Ѓорѓи Скендербег и жена на српскиот деспот Стефан. Заедно со нејзиниот маж претрпе прогонство и секаква горчина делејќи со него во Албанија, Италија и Србија. Своите синови, Максим и Јован, ги воспита во вистински христијански дух. По смртта на нејзиниот маж се замонаши и сосема се посвети на молитвата, на милосрдието и на изградба и поправка на црковни храмови. Народот и сега ја нарекува мајка Ангелина, што произлегува од нејзиното совршенство како сопруга, мајка и христијанка. Нејзините чудотворни мошти почиваат покрај моштите на нејзиниот праведен маж Стефан во Крушедол, заедно со моштите на нивните осветени синови Максим и Јован (доколку не се уништени од Турците). Се упокои во почетокот на 16 век.
Светиот маченик Гемел
Чесен граѓанин на градот Анкира. Кога царот Јулијан Отстапник дојде во овој град, Гемел излезе пред него и јавно го изобличи за богоотстапништвото. За ова беше мачен и распнат на крст, во 361 година. Кога беше во маки на крстот, слушна глас од небото: „Блажен си ти, Гемеле!“
Преподобен Тома Дефуркин
Голем испосник, победник на демоните и проѕорливец. Царот Лав Мудриот му напиша писмо, а тој одговори без да го отвори царевото писмо. Се упокои во Господ во длабока старост во 9 век.
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 25.Декември.2006 во 13:48
Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски
Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот
Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана
прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А
кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради
неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот
Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на
живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше
самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото,
поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа
големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката,
воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги
виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките
срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот
Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на
верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број
еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога
еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот
мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив
Спиридон му го заврти и другиот образ. Откако Го прослави Бога со
многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата
Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни
мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со
многубројни чуда.
Светиот маченик Разумник
Грчкото име му е Синетос или Синезиј. Како млад чтец во Рим ја
проповедаше Христовата вистина со дерзновение и ги изобличуваше
идолопоклониците. За ова беше мачен и убиен во времето на царот
Аврелијан.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 26.Декември.2006 во 11:13
Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест
Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во
мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Свети
Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше
војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј
свештеник, а Мардариј прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи
обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола
го мачеа прво Акеснтиј, како свештеник. Кога го виде невиното страдање
на христијанинот, Евстратиј сам се пријави пред Лисиј и изјави дека е
христијанин. За време на неговото мачење истапи пред судијата и Евгениј
и возвикна: „Лисиј и јас сум христијанин!“ А на Свети Орест, кога
нишанеше пред Лисиј, му испадна крстот од под облеката на градите, по
што Лисиј го препозна дека е христијанин. Тогаш и самиот отворено
исповедаше. Орест беше млад и прекрасен војник и во растот ги
надвишуваше останатите. Аксентиј го убија со меч, Евгениј и Мардариј
завршија во маки, Орест издивна сред усвитено железо, а Евстратиј во
огнена печка. Пред смртта Св. Евстратиј се причести во затворот од Св.
Власиј (под 11 февруари). Подоцна неговите мошти беа пренесени во
Цариград и положени во црквата со името на овие Свети Петочлисленици.
Во таа црква ги видувале и живи, а Св. Орест му се јави и на Св.
Димитриј Ростовски (под 28 октомври). Од Св. Евстратиј остана една
прекрасна песна што се чита на саботната полноќница: „Величаја величају
тја, Господи!“
Светата маченичка и девица Лукија (Луција)
Со мајка и го посети гробот на Св. Агатија во Катанија, каде што и
се јави Св. Агатија. Нејзината крвоточива мајка тогаш се исцели
чудотворно во црквата. Лукија им го раздаде сиот свој имот на ништите,
што го огорчи нејзиниот вереник, којшто ја обвини како христијанка кај
судијата Пасхасиј. Злобнито судија нареди да ја одведат во блудилиште
за да ја осквернат. Но со Божјата сила таа стана неподвижна, како
закована за земјата и многубројни луѓе не можеа да ја помрднат. Тогаш
некој разјарен незнабожец и забоде меч во грлото и таа Му ја предаде
својата душа на Бога. Пострада во 304 година.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: V.D.A.P.
Датум на внесување: 26.Декември.2006 во 14:20
Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски
Во страшното време на турското владеење овој голем јерарх отиде на Московскиот Собор во 1655 година. Кога се врати го обвинија за велепредавство. Притоа неколкумина зли Евреи покренаа против него обвинение затоа што беше превел неколку Евреи во Христовата вера. Во обвинението Евреите наведоа дека тој работи на покрстувањето на Турците, а рекоа така за со тоа да ги наострат против него турските власти. Судот му пресуди да ја прими мухамеданската вера. Но бидејќи не сакаше, по извесно време поминато во затвор го осудија на смрт и го обесија во Бруса, во 1659 година. Овој Свет Гаврил од својот возљубен Христос беше даруван со два венци, на јерарх и на маченик.
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 27.Декември.2006 во 10:38
Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник
Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска,
првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше
идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна
беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот
Левкиј и изобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против
својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат
и да го мачат и најпосле да го убијат со меч. После мачењето Левкиј
одеше да прими меч весело како на свадба. Кога ја виде смртта на
храбриот Левкиј, блажениот Тирс се распали со Божествена ревност, па
исто како Левкиј истапи пред судијата и го изобличи за злосторствата и
за неверувањето во единствениот вистински Бог. И тој беше биен и фрлен
во затвор. Невидливата Божја рака го исцели од раните, му ја отвори
вратата на затворот и го изведе надвор. Тирс веднаш појде кај епископот
Кесариски Филеј и од него прими Крштение. По ова повторно го фатија и
го мачеа, но тој ги поднесуваше маките трпеливо како во сон, а не на
јаве. Од силата на неговатат молитва испопаѓаа многубројни идоли. Кога
го виде ова идолскиот жрец Калиник се обрати во Христовата вера. И тој
и Тирс беа осудени на смрт. Калиник го убија со меч, а Тирс го положија
на дрвен сандак за да го стружат со бичкија. Но Божјата сила не го
допушти ова, па бичкијата не можеше ни да го делне дрвото. Тогаш Св.
Тирс стана од ковчегот, Му се помоли на Бога благодарејќи Му за маките
и мирно Му го предаде својот дух на Господ. На крајот од 4 век кесарот
Флавиј покрај Цариград му устрои црква на Св. Тирс и во неа ги положи
неговите свети мошти. Светителот и се јави во видение на царицата
Пулхерија и и препорача да ги закопа моштите на Четириесетте маченици
до неговите.
Светите маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други
Во времето на Диоклецијан некој судија Аријан луто ги мачеше
христијаните во Мисир. Па го фати Аполониј и му се закани со маки. Овој
се исплаши од маките, па потплати еден музикант, Филимон, да оди
преправен во неговата облека и наместо него да им принесе жртва на
идолите. Но кога Филимон стапи пред идолите, одеднаш во неговото срце
заблеска светлината на христијанската вера и тој се прекрсти. Потоа
излезе и почна да вика: „Христијанин сум! Слуга на живиот Бог!“ Кога го
слушна ова судијата се насмеа, мислејќи дека Филимон им се потсмева на
христијаните. Но потоа Филимон прими страшни маки. Притоа падна дожд од
небото и го крсти. Најпосле и Филимон и Аполониј беа убиени со меч од
судијата Аријан. Само тогаш и Аријан стана христијанин, бидејќи на
гробот на Филимон на чудесен начин си го излечи слепото око. Него царот
Диоклецијан го осуди на смрт и заедно со четворица војници коишто исто
така се објавија себеси како христијани, беше маченички погубен.
-------------
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 27.Декември.2006 во 10:46
Свети маченици молете го Господа за нас грешните
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 28.Декември.2006 во 12:04
Светиот свештеномаченик Елевтериј
Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род.
Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија
го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена.
Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и
служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен
од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година
епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во
дваесеттата за епископ. Божетсвената мудрост го надополнуваше кај
Елевтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше
поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска.
Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше.
Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници
за да го фатат и доведат Елефтериј во Рим. Кога јаросен Феликс стигна
во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и
одеднаш неговото срце се измени и стана христијанин. Елевтериј го крсти
и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд
и маки. Царот му наложи лути истизавања на овој благороден Елевтериј:
биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена
печка. Но Божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни
измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека
е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот
Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на Свети
Елевтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на
нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона,
каде што Св. Елевтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото
име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година. Преподобен Павле во Латра
Родум од Пергам; се подвизуваше на гората наречена Латра во Мала
Азија. Прославен според подвизите и многубројните чуда. На старост се
упокои мирно и се пресели кај Господ во 950 година.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 28.Декември.2006 во 13:02
mali simo напиша:
Светиот свештеномаченик Елевтериј
Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род.
Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија
го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена.
Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и
служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен
од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година
епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во
дваесеттата за епископ. Божетсвената мудрост го надополнуваше кај
Елевтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше
поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска.
Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше.
Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници
за да го фатат и доведат Елефтериј во Рим. Кога јаросен Феликс стигна
во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и
одеднаш неговото срце се измени и стана христијанин. Елевтериј го крсти
и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд
и маки. Царот му наложи лути истизавања на овој благороден Елевтериј:
биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена
печка. Но Божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни
измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека
е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот
Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на Свети
Елевтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на
нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона,
каде што Св. Елевтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото
име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година. Преподобен Павле во Латра
Родум од Пергам; се подвизуваше на гората наречена Латра во Мала
Азија. Прославен според подвизите и многубројните чуда. На старост се
упокои мирно и се пресели кај Господ во 950 година.
|
ПРЕКРАСНО mali simo ПРЕКРАСНО Нека не имаат во молитвите
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 30.Декември.2006 во 17:43
Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил
Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот
Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и
Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар
Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот,
страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото
Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби
дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон
започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци,
еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана
(Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му
го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го
направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето
Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради
што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и
го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и
пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и
го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи
почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше
и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот
храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие
зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот
Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во
лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив.
Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели,
проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки
род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според
Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока
старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го
убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата
глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил.
Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги
положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во
времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина,
па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци
(Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина
милениум пред Христа.
Преподобен Даниил (Донале)
Големец и гувернер на островот Ниверте кај Кадикс во Шпанија. Штом
ја спозна суетата на овој свет ги напушти славата и богатството, па
дојде во Рим, каде што се замонаши. Потоа отиде во Цариград и таму
разговараше со царевите Константин и Роман Порфирородни, па потоа се
упати во Ерусалим. Во Ерусалим прими Голема схима од патријархот
Христодул, кој му го даде името Стефан. Мачен од Сарацените коишто го
принудуваа да си ја избриче брадата, тој се оддалечи во Мисир, каде што
за името Исусово претрпе многу маки и смрт. Во Царството Христово се
пресели на крајот од 10 век.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 31.Декември.2006 во 09:26
Светиот маченик Севастијан и другите со него
Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во
градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му
стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на
својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му
се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа
фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од
Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и
ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за
Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како
на лице на ангел Божји. Севастијан го потврди словото со чудтоворство:
ја исцели од немост Зоа, жената на затворскиот стражар Никострат, која
беше нема шест години и ја приведе кон Крштение нејзе и сиот дом на
Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го
приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од
единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и
Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата
болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги
приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Св. Зоа, којашто ја
фатија како Му се моли на Бога на гробот на Св. апостол Петар. После
мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого
судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли
темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на
жарот. Св. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана
неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап.
Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги
избодија со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан.
Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот
Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди
гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото
тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше
од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и
здрав. Тогаш незнабожците го убија со стапови. Славно пострада за
Христа во 287 година во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ
Гај.
Свети Модест, патријарх Ерусалимски
Кога му умреа родителите, тој имаше пет месеци. Но по Божја Промисла
беше воспитан во христијански дух. Кога порасна му го продадоа како роб
на некој незнабожец во Мисир. Но тој успеа да го обрати својот господар
во верата Христова. Господарот му подари слобода. Тој се повлече на
Синајската Гора и таму се подвизуваше сè до неговата педесет и деветта
година. Тогаш го избраа за ерусалимски патријарх. Го пасеше Христовото
стадо како вистински пастир и се упокои мирно во 633 година, во
деведесет и седмата година од неговиот живот на земјата.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 01.Јануари.2007 во 18:04
|
Светиот маченик Бонифациј
Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на Свети Бонифатиј. Тој најпрво ѝ беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабожци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во Азија, за да најде и да ѝ купи мошти. Бонифатиј зеде со себе неколкумина робови и доста богатство, а при разделбата ѝ рече на својата господарка: „А ако не можам да најдам никаков маченик и ако ти го донесат моето тело, госпоѓо, пострадано за Христа, ќе го примиш ли со чест?“ Аглаида се насмеа и го нарече пијаница и грешник. Така се разделија. Кога дојде во градот Тарс Бонифатиј виде мнозина христијани на маки: едни со отсечени нозе, други без раце, трети избодени, четврти на бесилки итн. Нему му се измени срцето, се покаја за својот грешен живот и заплака. И сред христијанските маченици возвикна: „И јас сум христијанин!“ Судијата го подложи на маки, нареди и грозно го биеја, потоа му истурија врело олово во устата и бидејќи тоа не го повреди - му ја отсекоа главата со меч. Робовите го зедоа неговото тело и го однесоа во Рим. Ангел Божји ѝ се јави на Аглаида и ѝ рече: „Прими го оној што некогаш ти беше слуга, а сега ни е брат и сослужител; тој ти е чувар на душата и заштитник на животот“. Ужасната, Аглаида излезе во пресрет, го прими телото на Бонифатиј, му изгради црква и во неа ги положи моштите на маченикот. Таа потоа се покаја, им го раздаде сиот свој имот на бедните, а самата се повлече од светот и поживеа уште петнаесет години во горко покајание. Свети Бонифатиј пострада во 290 година.
Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски
Најпрво беше ѓакон на медиоланската Црква и имаше многубројни виденија. По Божја Промисла беше одведен во Александрија, каде што патријархот Протериј според едно небесно откровение го ракоположи за епископ на Омиритската земја, во јужна Арабија, којашто Св. Елезвој (под 24 октомври) штотуку ја беше ослободил од тиранинот Дунаан Евреинот. Свети Григориј се памти како добар пастир и голем чудотворец. Со помош на христољубивиот цар Аврамиј ја уреди омиритската Црква, подигна многу храмови и крсти голем број Евреи. Вршеше големи и страшни чуда со молитва; на неговата молитва пред неверните Евреи се јави и Самиот Господ Христос, а тоа беше пресудно за да се крстат. Управуваше со Црквата триесет години. Се упокои мирно во 552 година.
Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски
Уште од детството беше необично милостив, а мајка му обично го прекоруваше за тоа. Од Господ преку молитвата за ова добиваше стократно. Се упокои мирно во 6 век во Италија.
Преподобен Илија Муромец
Монах киевопечерски. Се упокои во 1188 година. Неговите нетлени мошти се чудотворни. На десната рака досега му стојат трите прсти составени за молитва. Од ова се гледа дека умрел на молитва.
|
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 02.Јануари.2007 во 00:42
Св .маченик Бонофицај Моли го господа за нас грешните
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 02.Јануари.2007 во 12:24
|
Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец
Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на Св. Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Како Антиохиски епископ управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на Св. Игнатиј меѓу ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, Свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десетмина најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.
Свети Данило, архиепископ Српски
Син на богати и богољубиви родители. Во младоста беше добро воспитан. Кралот Милутин го зеде на својот дворец, но тој од голема љубов кон Бога побегна и се замонаши во Кончулскиот манастир покрај Ибар. Подоцна беше игумен на Хилендар и многу претрпе од латинските крстоносци. Беше епископ Бањски, потоа Хумски и најпосле архиепископ Српски. Беше строг подвижник за време на целиот монашки живот. Имаше особен дар на солзи. Крепко се бореше против Латините и богомилите. Под негов надѕор се изградени манастирите Бања и Дечани. Обнови и изгради многубројни цркви. Се упокои мирно во времето на цар Душан, ноќта меѓу 19 и 20 декември во 1338 година.
|
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 03.Јануари.2007 во 23:25
Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа
Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх. Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ. Јаросен татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини од машкиот и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на убиство со меч и Света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година. Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња.
Свети Петар Чудотворец, митрополит Руски
Роден е во Волинската област и монашки чин прими во дванаесеттата година од животот. Беше прекрасен подвижник и иконописец. Основа манастир на реката Рата, таму беше игумен. Наспроти неговата волја го поставија за митрополит Киевски. За митрополит беше посветен во Цариград од патријархот Атанасиј. Претрпе неволји од завидливците и од еретиците. Со Црквата управуваше осумнаесет години. Се памети како добар и ревносен пастир. Додека беше жив си направи гробница во Успенскиот храм, каде што до денес почиваат неговите Свети и чудотворни мошти. Се упокои во 1326 година.
Светиот маченик Темистокле
Како млад беше овчар и чуваше овци во некое поле близу градот Мир Ликиски. Во тоа време мачителите на христијаните го гонеа Св. Диоскорид, па наидоа во полето на Темистокле и го прашаа дали го видел гонетиот и знае ли каде се крие. Иако знаеше, Темистокле не сакаше да признае, но им рече за себе дека е христијанин. Го мачеа и го убија во времето на Декиј, во 251 година.
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 04.Јануари.2007 во 14:58
Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа
Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом
богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како
млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја
раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко и стапи
во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на
женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За
ова мажот и горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки и
наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по
затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува
јажињата. По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж. Царот го
испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш Св.
Анастасија почна слбодно да им служи на мачените христијани и своето
големо наследство да го троши делејќи им милостиња на сиромасите. Еднаш
царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат
Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше Св.
Анастасија. На заповед од царот на светиот Хрисогон му ја отсекоа
главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под
16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со
стрела. Нивните тела ги зеде Света Анастасија, ги завитка во бело
платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа
отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде
ја препознаа како христијанка и за ова ја фатија и ја водеа на
сослушување и мачење кај разни судии. Сакајќи да умре за возљубениот
Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден
началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но
одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад Света Анастасија
прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со
солзи и молитва. Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина
христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт.
Најпосле ја положија над оган да виси приврзана со рацете и нозете со
четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и
премина во Христовото Царство во 304 година.
Светата маченичка Теодотија со трите деца
Кога остана млада вдовица со три деца Теодотија целосно се предаде
на служба на Бога. Децата ги воспита благочестиво. Кај неа живееше
Света Анастасија кога беше во Македонија и заедно со неа ги обиколуваше
Христовите заробеници по затворите. Кога ја изведоа на суд Света
Теодотија неустрашливо Го исповедаше Господ Исус Христос. Тогаш ја
испратија кај антипатот витиниски Никитиј. Еден бесрамен незнабожец
сакаше да и го допре телото, но одеднаш здогледа пред неа ангел Божји,
којшто го удри и не му дозволи. Света Теодотија беше осудена на смрт и
фрлена во вжарена печка заедно со нејзините три деца. Чесно го завршија
животот на земјата и отидоа во Царството на вечната слава.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 05.Јануари.2007 во 11:09
Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто
најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше
во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост.
Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од
Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети
Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше
манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси
брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на
словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила
и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра
мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен
раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и
духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на
другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за
време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес
восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки
болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.
------------- Јас сум мајстор!
http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 05.Јануари.2007 во 11:28
Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто
најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше
во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост.
Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од
Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети
Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше
манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси
брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на
словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила
и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра
мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен
раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и
духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на
другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за
време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес
восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки
болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.
Свети Нифонт Чудотворец
Роден е во Пафлагонија, воспитан во Цариград на дворецот на еден
војвода. Како млад западна во лошо друштво и се расипа, се предаде на
мноштво гревови и порорци. Заради гревовите не можеше да Го моли ни
Бога. По милоста на Пресвета Богородица се врати на патот на правдата и
се замонаши. Имаше безброј виденија од небесниот свет. Четири години
водеше тешка борба со демонот којшто постојано му шепотеше: „Не постои
Бог! Не постои Бог!“ Но кога му се јави Самиот Господ Исус како жив на
иконата, Нифонт стекна голема сила над злите духови и се ослободи од
тешките искушенија. Беше толку проѕорлив што ги гледаше ангелите и
демоните околу луѓето исто како што ги гледаше луѓето и ги распознаваше
човечките помисли. Со ангелите разговараше често, а со демоните се
препираше. И подигна црква на Пресвета Богородица во Цариград, собра
монаси и мнозина ги спасуваше. Александрискиот архиепископ Александар
по откровение од небото го посвети за епископ на градот Констанциј на
Кипар. Во тоа време Свети Нифонт беше веќе стар. Добро управуваше со
Црквата некое време, па се пресели во Царството Христово. Пред смртта
го посети Св. Атанасиј Велики, архиѓаконот на александриската Црква и
му го виде лицето после смртта осветлено како сонце.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 06.Јануари.2007 во 16:15
Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа
Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Мисир. Родена е во Рим.
Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја
надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше христијаните и со
сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои
верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека
стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти
своето срце со доброволен подвиг, што од Бога прими благодат на
исцелување на болните. Така ја исцели една богата жена Мелантија. Но
потоа истата жена сакаше, мислејќи дека е машко, да ја навлече на
телесен грев. Па бидејќи Евгенија одлучно ја одби, оваа зла жена за
одмазда отиде кај епархот и ја наклевети Евгенија исто онака како што
некогаш Петефриевата жена го обвини целомудрениот Јосиф. Епархот нареди
и сите монаси ги оковаа и ги фрлија во затвор заедно со Евгенија. Но
кога ја изведоа на суд, Света Евгенија му се покажа на татко и како
негова ќерка. Израдуван, Филип се крсти заедно со сиот негов дом. По
ова беше избран за епископ на Александрија. Кога слушна за ова римскиот
цар, испрати еден свиреп војвода Теренциј, којшто дојде во Александрија
и тајно го уби Филип. Тогаш Света Евгенија заедно со мајка и и со
браќата се пресели во Рим. Таму храбро и ревносно ги обраќаше
незнабожците во вистинската вера, особено девојките. Така ја обрати и
некоја прекрасна девојка Василија. Наскоро оваа беше убиена за Христа,
како што и прорече Света Евгенија. Тогаш ги убија и оние двајца евнуси,
Прот и Јакинт. Најпосле дојде и маченичкиот крај на Света Евгенија. Од
нејзиното присуство падна идолскиот храм на Дијана и се разурна.
Мачителите најпрво ја фрлија во вода, а потоа во оган, но Бог ја спаси.
Во затворот и се јави Самиот Господ Исус и и рече дека ќе пострада на
самиот ден на Неговото Рождество. Така и стана. Ја убија со меч на 25
декември 262 година во Рим. После својата смрт Света Евгенија и се јави
на својата мајка во голема слава и ја утеши.
Преподобен Никола војвода
Некои мислат дека овој голем светител по потекол бил од балканските
Словени. Во времето на царот Никифор Никола беше војвода и заповедаше
над еден дел од војската којашто тргна во војна против Бугарите. Патем
Никола ноќеваше во една крчма во којашто имаше големо искушение и
сонуваше чуден сон. Во војната, во којашто Грците беа сосем поразени од
Бугарите во 811 година, тој сон наполно се обвистини. Никола се спаси,
па од благодарност кон Божјата Промисла го остави војничкиот чин и се
замонаши. Се подвизуваше долго време и толку се восоврши со подвигот,
што стана голем Божји угодник и проѕорливец. Се упокои мирно и се
пресели во блаженото Царство на Господ Христос во 11 век.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 07.Јануари.2007 во 14:11
Рождество Господа и Бога и Спаса нашега Исуса Христа
| http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/i7p5a.jpg -
|
"А кад се наврши вријеме, посла Бог Сина својега јединороднога" (Гал 4, 4), да спасе род људски. И кад се испуни девет месеци од благовести, коју јави архангел Гаврил Пресветој Деви у Назарету, говорећи: "Радуј се, благодатна... ево зачећеш и родићеш сина, и надјени му име Исус" (Лк 1, 18 и 31). У то време изиђе заповест од кесара Августа, да се попише сав народ у Царевини римској. Сходно тој заповести требаше свако да иде у свој град и тамо се упише. Зато Јосиф Праведни дође с Пресветом Девом у Витлејем, град Давидов, јер обоје беху од царског колена Давидова. Па како се у тај малени град слеже много народа ради пописа, не могоше Јосиф и Марија наћи конака ни у једној кући, због чега се склонише у једну пећину овчарску, где пастири овце своје затвараху. У тој пећини, а у ноћи између суботе и недеље, 25. децембра роди Пресвета Дева Спаситеља света, Господа Исуса Христа. И родивши Га без бола, као што Га је и зачела без греха, од Духа Светога, а не од човека, она Га сама пови у ланене пелене, поклони Му се као Богу и положи Га у јасле. Потом приђе и праведни Јосиф, и он Му се поклони као божанском плоду девичанске утробе. Тада дођоше и пастири из поља, упућени од ангела Божјег, и поклонише Му се као Месији и Спаситељу. И чуше пастири мноштво ангела Божјих где поју: "Слава на висини Богу и на земљи мир, међу људима добра воља" (Лк 2, 14). У то време стигоше и три мудраца с Истока вођени чудесном звездом, са даровима својим: златом, ливаном и измирном, и поклонише Му се као Цару над царевима, и дариваше Га даровима својим (Мт 2). Тако дође у свет Онај, чији долазак би проречен од пророка, роди се онако како би проречено: од Пречисте Деве, у граду Витлејему, од колена Давидова по телу, у време када више не беше у Јерусалиму цара од рода Јудина, него цароваше Ирод туђин. После многих Својих праобраза и наговештења, изасланика и весника, пророка и праведника, мудраца и царева, најзад се јави Он, Господар света и Цар над царевима, да изврши дело спасења људског, које не могоше извршити слуге Његове. Њему нека је вечна слава и хвала. Амин. |
-------------
|
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 07.Јануари.2007 во 14:13
Рождественское послание Святейшего Патриарха Московского и всея Руси Алексия II архипастырям, пастырям, монашествующим и всем верным чадам Русской Православной Церкви
Простре земля плещи своя, и приемлет приемлющаго Зиждителя, славу от ангел, от небес же звезду; от пастырей хваление, от волхвов же дары, и от всего мира познание.
(Тропарь 3-й песни канона на повечерии предпразднства Рождества Христова)
Возлюбленные о Господе Преосвященные архипастыри, боголюбивые пресвитеры и диаконы, честные иноки и инокини, подвигом добрым подвизающиеся (2 Тим. 4. 7), и все в ограде церковной пребывающие православные христиане! «Благодать и мир вам да умножится в познании Бога и Христа Иисуса, Господа нашего» (2 Пет. 1. 2).
С сердечной радостью поздравляю всех вас с великим праздником — Рождеством по плоти Господа Бога и Спаса нашего Иисуса Христа!
В эти святые дни мы вновь молитвенно переживаем величайшее событие человеческой истории. В великом смирении Своем Господь пожелал прийти на землю в образе человеческом, и родился Он не в богатом дворце, не в жилище сильных мира сего, но в убогом вертепе посреди пустыни. Первыми узнали о Рождестве Христовом не цари и вельможи, но простые пастухи, которые пасли стада неподалеку от Вифлеемской пещеры. Именно к ним, простецам, были обращены ангельские слова, возвестившие миру о начале новой, христианской эры: «Не бойтесь, я возвещаю вам великую радость, которая будет всем людям, ибо ныне родился вам в городе Давидове Спаситель, Который есть Христос Господь» (Лк. 2. 10—11).
Дорогие мои! Вслушаемся в ангельское благовестие: «Я возвещаю вам великую радость!» (Лк. 2. 10). Мы часто забываем об этой вечной, нетленной радости, ибо живем в мире, пораженном грехом и смертью, в котором мы страдаем от болезней и немощей, подчас переживаем разлуку и горе, сталкиваемся с насилием и жестокостью. Но вера наша научает нас даже посреди житейской скорби хранить в сердцах своих и возвещать всем людям ту радость, которая пришла к нам Свыше и о которой в Евангелии сказано, что никто ее не отнимет у нас (Ин. 16. 22).
Бог, пришедший к нам в образе младенца, желает, чтобы сердце наше стало пещерой и яслями, где Он почивает, а в душе вечно раздавалось ангельское славословие: «Слава в вышних Богу, и на земле мир, в человеках благоволение!» (Лк. 2. 14). Чудо и сила христианской веры в том, что эта «радость великая» даруется нам сегодня во всей своей полноте, так же, как и две тысячи лет тому назад. Мы не вспоминаем — мы празднуем Рождество Христово, потому что оно, совершившись однажды, вечно наполняет людей миром и радостью!
Господь Иисус Христос — всегда в центре нашей жизни и нашего свидетельства миру. И Церковь наша не перестает идти путем, начертанным ей Самим Богом, проповедуя спасительное учение Христово, «да уверует мир» (Ин. 17. 21).
Наша радость, наша вера, наша молитва, наши добрые дела — все, что должно составлять жизненный подвиг православного человека,— пусть свидетельствует о Христе ближним и дальним, пусть делает нас солью земли и светом мира (Мф. 5. 13,14), просвещающим всех, кто ищет истины, любви и чистоты.
Возлюбленные! Прошедший год стал для нас годом благости Господней. Милостию Божией продолжилось успешное устроение церковной жизни в России и иных странах, куда простираются забота и пастырская ответственность нашей Церкви. Наш народ все больше возвращается к отеческой вере. Во многих городах и весях дети и отроки постигают знания о православной вере и культуре. Храмы наполняются прихожанами всех возрастов и родов деятельности. Миллионы людей молятся Богу, читают духовную литературу, участвуют в делах церковных. Всему этому я стал свидетелем, посетив в нынешнем году Владимирскую, Калининградскую, Нижегородскую, Санкт-Петербургскую и Саранскую епархии. Очень важным для поддержания единства чад церковных стал наш визит в Латвийскую Православную Церковь, встречи и беседы с государственными деятелями Латвии, молитвенное общение с православным народом.
Видимым знаком благоволения Божия к нашей Церкви стало принесение в ее пределы десницы святого Пророка, Предтечи и Крестителя Господня Иоанна. Многие чада церковные получили благословение от руки, некогда возложенной на главу Спасителя при Его Крещении. Нашу страну посетили и великие святыни, хранящиеся на Святой Горе Афон,— честная рука святой равноапостольной Марии Магдалины, частицы Животворящего Креста Господня и мощей святого мученика Кирика. Множество верующих, поклонившихся этим святыням, получили от них помощь и утешение.
Важной вехой церковной жизни стало празднование в прошедшем году 300-летия Успенской Саровской пустыни — места подвигов преподобного Серафима Саровского. Юбилей был ознаменован восстановлением монашеской жизни в этой прославленной обители. Отныне под сводами некогда разоренных, а теперь восстановленных храмов вновь будет приноситься Бескровная Жертва «о всех и за вся».
В завершившемся году Господь сподобил меня вновь побывать на дорогом моему сердцу Валааме. Отрадно, что в древней северной обители возрождается скитская жизнь. Новым свидетельством этого возрождения стали совершенная нами закладка камня в основание храма во имя святого равноапостольного князя Владимира во Владимирском скиту и освящение храма Воскресения Христова в Воскресенском скиту.
Не могут не радовать всех верных успехи в деле сближения между Церковью в Отечестве и нашими собратьями, объединенными в Русскую Зарубежную Церковь. Единство и общение, прервавшиеся в результате трагических событий более восьмидесяти лет назад, сегодня восстанавливаются, в чем мы видим благоволение Божие.
Огромную боль сердцам всех верующих причинили трагические события на Святой Земле. Там, где две тысячи лет назад ангелы возвестили: «Слава в вышних Богу, и на земле мир» (Лк. 2. 14), вновь пролилась кровь невинных людей. Молим Бога, чтобы земля, освященная рождением, жизнью, страданиями и Воскресением Спасителя нашего, стала, наконец, местом, где «правда и мир облобызаются» (Пс. 84. 11).
Недопустимо оправдание зла ссылками на веру. Участники состоявшейся этим летом в Москве встречи духовных лидеров мировых религий, обращаясь ко всем верующим людям планеты, призвали их «уважать и принимать друг друга, невзирая на религиозные, национальные и иные различия». Церковь наша, как и во все времена, служит благу людей, объединяя усилия с государством и светским обществом, христианами иных исповеданий, людьми других вер и убеждений. Через совместные труды, через участие в общественных делах и дискуссиях мы должны свидетельствовать о Христе Воплотившемся, проповедуя Его не только словом, но и всей своей жизнью.
Возлюбленные о Господе братья и сестры! Обращаю к вам слова апостола: «Духа не угашайте. Пророчества не уничижайте. Всё испытывайте, хорошего держитесь. Удерживайтесь от всякого рода зла. Сам же Бог мира да освятит вас во всей полноте, и ваш дух и душа и тело во всей целости да сохранится без порока в пришествие Господа нашего Иисуса Христа» (1 Фес. 5. 19—23).
Еще раз поздравляю всех вас с великим, мироспасительным праздником Рождества Христова и Новым, 2007 годом. Да подаст всем вам Господь Спаситель Свою милость, да спасет и сохранит Он всех в земном странствовании и удостоит радости общения с Ним в жизни будущего века. «И да владычествует в сердцах ваших мир Божий, к которому вы и призваны» (Кол. 3. 15).
+АЛЕКСИЙ, ПАТРИАРХ МОСКОВСКИЙ И ВСЕЯ РУСИ
Рождество Христово 2006/2007 года Град Москва |
|
-------------
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 07.Јануари.2007 во 14:23
Christmas 2006
THEODOROS II
BY THE GRACE OF GOD,
POPE AND PATRIARCH OF ALEXANDRIA AND ALL AFRICA, TO THE FAITHFUL OF THE
CHURCH IN AFRICA, ON THE OCCASION OF THE DIVINE EPIPHANY
“And the Word became
flesh and dwelt among us, and we beheld His glory, glory as of the
only-begotten of the Father, full of grace and truth.”
My beloved brethren
in Christ and blessed, beloved children in the Lord,
The Word of God,
having authority over everything and being the pre-existing,
only-begotten Son, God the Word receives flesh and becomes man. He
dwells among us. He dwells among humankind so that we may see and
comprehend the radiant grandeur of God.
Divine Revelation
through the Person of our Lord Jesus Christ, the second Person of the
Holy Trinity, is accomplished for the rebirth and salvation of
humankind. It is accomplished so as to assist in humankind’s return to
God’s embrace and the discovery and comprehension of the true aim of our
creation. Because God is love, God calls humankind to participate in
this love. But does humankind today search for, and accept this love of
God? How does humankind perceive this love to be expressed through
one’s love for fellow-man? Unfortunately, in the 21st
century, a great number of people, instead of feeling this love, feel
alienation, loneliness, egotism. It is even within the most important
nuclear unit of society, the family – the Blessed Sacrament of Marriage,
that we observe rifts and alienation, spiritual emptiness and
disintegration of the relationships between the members. Separations,
fighting, egotistical inclinations, selfish motives – all contribute to
creating real misery in the family members, especially the young
children in whose soul pessimism and a negative image of life takes
root. The workplace too, is characterized by unjust competition,
slander, extreme individualism and egotism, vain ambition, instead of
noble co-operation and meritocracy. Generally speaking, the whole of
humankind’s social life and activity is characterized by anxiety. This
is the result of humankind distancing itself from God’s love. Misery,
poverty and misfortune, violence and wars are not condemned outright but
are even excused in the name of freedom. Very often they are even
excused in the name of God – as protector of wars and violence.
Humankind searches
in vain for the solution to this chaotic situation in social and
economic advancement, in the cure of the soul by psychologists,
psychoanalysts and medication. Tranquillity of soul and true happiness
are to be found where there is love in the hearts of people. Peace and
concord are not to be achieved with treaties, agreements and signatures,
but with their establishment deep within the soul of each of us. The
Birth of the God-Man offers us this love, sealed with His own precious
Blood. We become communicants of this precious Body and Blood through
the Common Cup and it unites us in the Life in Christ.
This Life in Christ
characterized by humility, self-denial and the selfless and continuous
service towards our brother and fellow man.
We, on the African
Continent, the spiritual jurisdiction of the Patriarchate of Alexandria,
have close to us numerous suffering brethren. They await love and
comfort from us. They await for every Orthodox Christian to show them
why Christ was born, why He voluntarily sacrificed Himself, why He was
resurrected and how His great teaching “Love one another” can be put
into action.
Beloved brethren,
beloved children in the Lord,
We pray always for
peace everywhere and for the health of all. We wish you all, from the
depths of our heart, that the Divine Infant of Bethlehem lead you on the
path of His will and grant you all grace and rich mercy in the New Year
of His goodness.
THEODOROS II
POPE AND PATRIARCH
OF ALEXANDRIA AND ALL AFRICA
IN THE GREAT CITY OF
ALEXANDRIA
CHRISTMAS 2006
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: belichka
Датум на внесување: 07.Јануари.2007 во 15:27
Постирано од: aladin
Датум на внесување: 07.Јануари.2007 во 17:40
bravo be orto! taka bidi konstruktiven!
neka vidat sto e pravoslavie!
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 09.Јануари.2007 во 10:09
Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските
области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги
ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во
Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера
вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но
беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух
Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на
измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против
невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на
Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го
потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето
негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како
што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите
усни и ги пореди многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од
Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства
и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за
убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници. И
додека тие чкрипеа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено
и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги
гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на
Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го
убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле,
подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше
Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на
првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за
Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на
апостолите. Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот
имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во
слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството
на Господ Исус Христос.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 10.Јануари.2007 во 13:12
Светите Дваесет илјади никомидиски маченици
Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул христијанската вера во
Никомидија цветаше и се умножужваше секојдневно. Еднаш царот бавејќи се
во тој град дозна за христијанското мноштво и за напредокот на
Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби
сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот
дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди
на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде
запалена. Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено
го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не
пуштајќи никого надвор, а царски пратеник влезе во црквата и им ја
објави царската заповед: или веднаш да им принесат жртва на идолите или
да бидат изгорени сите. Тогаш со Божествена ревност се распали
архиѓаконот и почна да го потсетува христијанското собрание на Тројцата
младенци во печката Вавилонска. „Погледнете, браќа, кон жртвеникот на
Господовиот олтар и разберете дека на него сега за нас се жртвуваше
нашиот Господ Кој е вистински Бог; зарем ние да не ги положиме за Него
нашите души на ова свето место?“ Народот се возбуди да умре за Христа,
а сите огласени се крстија и се миропомазаа. Тогаш војниците ја
потпалија црквата од сите страни, а христијаните, на број дваесет
илјади, изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога. Пет дена по
ова црквата гореше, а од неа се креваше чад со неопислив опоен мирис и
на она место се покажуваше необична златозарна светлина. Така славно
завршија многубројни мажи и жени, девојки и деца, примија венец на
вечна слава во Царството Господово. Пострадаа и се прославија во 302
година.
Преподобен Симеон Мироточив
Основач на светогорскиот манастир Симоно-Петра. Прославен низ
подвизи, виденија и чуда. Се упокои мирно и премина кај Господ во 1257
година.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 11.Јануари.2007 во 13:12
Светите четиринаест илјади младенци во Витлеем
Бидејќи Мудреците од исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за
да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по
друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута
ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во
Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше
извршена буквално. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други
ги разбиваа врз камења, трети ги гмечеа со нозе, четврти со рацете ги
задавија. И се крена плач и лелек на мајките до небесата; пискот и
горко плачење, „Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши за
нив, зашто ги нема“ , како што е и пророкувано (Еремија 31, 15; Матеј
2, 18). Ова злосторство над многубројните невини деца се изврши една
година по раѓањето на Исус Христос, на 29 декември. За ова време Ирод
трагаше за да Го пронајде Божествениот Малденец. Му го бараше на
Захарија син му Јован, се разбира за да го убие, зашто мислеше дека
Јован е тој нов Цар. Па бидејќи Захарија не го даде Јован, по наредба
на Ирод самиот Захарија го убија во храмот. Ќе го убиеја и Св. Симеон
Богопримец, ако после Сретение не се упокоеше во Господа. Откако ги уби
витлеемските деца Ирод се наврте на еврејските старешини коишто му
толкуваа каде треба да се роди Месијата. Го уби првосвештеникот Иркан и
други седумдесет старци од Синедрионот. Така зло завршија и оние коишто
се согласуваа со Ирод дека новиот Цар Младенец треба да биде убиен.
Потоа ги уби своите - брат му, сестра му и жена му и тројцата свои
синови. Најпосле и него го постигна Божја казна: почна сиот да се
тресе, нозете му потекоа, долниот дел од телото му загнои, а од гнојот
потекоа црви, носот му се затвори и од него се ширеше неподнослива
смрдеа. Пред да издивне се сети дека во затворот има многумина Евреи
коишто би се израдувале на неговата смрт, па заради тоа нареди сите да
ги убијат. Така ја испушти својата нечовечна душа овој грозен владетел
и им ја предаде во вечна сопственост на демоните.
Преподобен Маркел
Од Апамија Сириска. Игумен на обителта на Неусипајуштите во
Цариград. Проѕорливец, исцелител и голем чудотворец. Разговараше со
ангелите, лесно ги победуваше и ги изгонуваше демоните. По смртта му се
јави на својот собрат Св. Лукијан и му рече дека Го измолил Бога и него
да го земе наскоро во Царството Небесно. Овој свет и славен маж се
упокои во 486 година.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 12.Јануари.2007 во 14:06
Светата маченичка Анисија
Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во
Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и
на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов често велеше:
„О лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш.
Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето
коешто ме дели од небесните“. Потоа сиот свој имот го продаде и им го
раздаде на ништите, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше
строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва.
Кога ќе ја совладаше сон, си велеше себеси: „Опасно е да се спие кога
мојот непријател бдее“. Во тоа време свирепиот цар Максимијан издаде
проглас дека секој може да убие христијанин кога ќе го сретне, без суд
и осуда. Еднаш оваа света девојка излезе за да оди в црква. Тој ден
беше незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја виде убава во
лицето, па и пријде со нечиста желба и ја праша за името. Таа се
прекрсти и му рече: „Јас сум слугинка Христова и одам в црква“. Кога
дрскиот војник и пријде поблиску и почна да и зборува безумни нешта,
таа го оттурна и му плукна во лицето. Војникот ја удри со меч под
ребрата и ја прободе. Оваа Света девица пострада во 298 година.
Христијаните ја погребаа чесно, а Бог ја овенча со маченички венец во
Своето Царство. Над нејзиниот гроб подигнаа црква
Преподобна Теодора Цариградска
Монахиња и послушничка на Св. Василиј Нови (под 26 март). По смртта
му се јави на Св. Григориј, ученик на Василиј, и му ги опиша дваесетте
митарства што ги минала нејзината душа дури со помошта на молитвите на
Св. Василиј не влегла во вечниот спокој. Се престави кај Господ на 30
декември 940 година. VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 13.Јануари.2007 во 12:03
Преподобна Меланија Римјанка
Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите
ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек Апинијан.
Кога го роди второто дете таа се разболе и му рече на мажот и дека ќе
може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе
живее со неа како брат со сестра. Мажот и се заколна, а таа од духовна
радост и телесно оздраве. Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде
двете деца, а тие се решија да го распродадат сиот свој имот и да им го
раздадат на сиромасите, на црквите и на манастирите. Многу патуваа по
странските земји и градови вршејќи добри дела од своето богатство. Ги
посетија прочуените духовници во Горен и Долен Мисир и од нив многу се
научија и се вдахновија. За сето време Меланија се подвзиуваше во строг
пост, срдечна молитва и читање на Светото Писмо. Имаше обичај секоја
година трипати да го прочита целото Свето Писмо, Стариот и Новиот
Завет. Со мажот живееше како со свој брат и соподвижник. Кога дојдоа во
Александрија, зедоа благослов од Св. патријарх Кирил. Потоа заминаа за
Ерусалим и се населија на гората Елеонска. Овде Меланија се затвори и
целата се предаде на богомислие, пост и молитва. И така проживеа
четиринаесет години. Потоа излезе да им послужи на другите на патот кон
спасението. Основа машки и женски манастир. На покана од својот роднина
сенаторот Волусијан, незнабожец, појде во Цариград и го обрати овој во
верата Христова (иако претходно блажениот Августин не успеа во тоа).
Потоа повторно се врати на Елеонската Гора и таму се упокои во Господа
во 439 година, во педесет и седмата година од нејзиниот живот.
Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски
Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај
најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и
наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид,
каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до
1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со
огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски
вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт
се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал „Толкувања“ на сите
четири Евангелија и на другите книги на Новиот Завет. Тие се најдобро
дело од тој вид после оние на Св. Јован Златоуст, па денес се мошне
драгоцени и корисни. Од останатите негови дела уште се познати „Писмата
“ и „Животот на Св. Климент Охридски“. На старост Теофилакт се повлече
од Охрид во Солун, каде, како што се мисли, го завршил животот и
преминал во блажената вечност.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 14.Јануари.2007 во 10:27
Обрезание на Господ Исус Христос
Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот
и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на
Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што и
благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното
обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ
покажува дека Он на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно,
како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што
сакал да се исполни целиот Закон, којшто Он Самиот го дал преку
Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во
Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа
ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“
(Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковната богослужба овој
Господов празник нема ни претпразненство ниту попразненство). Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски
Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет
години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и
сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св.
Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години
се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше
епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен
живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник
на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност,
голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква -
Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби
најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на
верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец
на Црквата: апологетски, богословски, подвжинички и канонски; и
литургија наречена според неговото име. асилиевата литургија се служи
десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики
Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари
379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 15.Јануари.2007 во 09:36
Свети Силвестер, eпископ Римски
Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во
младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се
исползува со поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување за
верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар
и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата
година о4 животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на
христијаните. Така на пример го укина постот секоја сабота, како што
дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на
Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите
молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат
царот Константин и неговата мајка Елена. И содејствуваше на царицата
Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет
години и животот го заврши чесно.
Преподобен Амон
Голем подвижник на 5 век. Беше настојател на манастирот Тавенисиот
во Горен Мисир. Под негово раководство се подвизуваа околу три илјади
монаси. Имаше благодатен дар на чудотворство и проѕорливост. Кога еден
монах го прашал за совет, преподобниот му одговорил: „Биди сличен на
престапник во затвор и како што таквиот постојано прашува кога ќе дојде
судијата и ти така прашувај се со страв“.
Преподобен Серафим Саровски
Еден од најголемите руски подвижници, прозорливци и чудотворци.
Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со
големо смирение. Кога сиот свет го славеше, тој за себе велеше „кутриот
Серафим“. VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 16.Јануари.2007 во 08:55
Светиот пророк Малахија (03/01)
Според временскиот редослед тој е последниот од Пророците. Се роди
по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше
необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал ангел, можеби
заради неговата надворешна убавина или заради чистотата на душата или
пак затоа што се дружел со Божји ангел. Често говорел со ангелот лице в
лице. Се случувало и другите да го чујат гласот на ангелот, но не биле
достојни да му го видат лицето. Она што му го јавувал ангелот, младиот
пророк го пророкувал. Викал кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите
свештеници. Петстотини години пред Христа јасно ја прорекол појавата на
Свети Јован Крстител. Но главно тој е пророк на Страшниот Суд. Како
млад се престави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот
до Јован Крстител. Светиот маченик Гордиј (03/01)
Роден е во Кесарија Кападокиска. Беше офицер во римската војска во
времето на царот Ликиниј. Но кога настана страшно гонење на
христијаните, ја остави војската и чинот и се оддалечи во Синајската
пустина. Осамен на планината Хорив времето го поминуваше во молитва и
размислување за тајните на небото и земјата. Особено размислуваше за
суетата и ништотноста на овој свет, околу што луѓето се мачат и се
борат на земјата и најпосле посака да умре за да се пресели во
непропадливиот живот. Со таа желба тој слезе во градот во време на
некои незнабожечки трки и игри. Му се пријави на градоначалникот како
христијанин. Овој залудно го одвраќаше од верата со ласки и со закани.
Гордиј остана непоколеблив и тврд како дијамант и говореше: „Зарем не е
безумство со овој пропадлив живот да се купува вечната мака и погибел
на душата?“ Осуден на смрт радосно иташе кон губилиштето и патем им
говореше на џелатите за скапоцената Христова наука. Со Исусовото име на
усните го предаде своето младо тело на меч, а праведната душа на Бога
во 320 година.
Света Геновева (03/01)
Заштитничка на градот Париз. Со пост, молитва и милостиња се удостои
со Царството Божјо и се упокои на 3 јануари 512 година во осумдесет и
деветтата година од нејзиниот живот.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 17.Јануари.2007 во 09:31
Собор на Светите Седумдесет aпостоли (04/01)
Освен Дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина
други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа
двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи:
„Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 - 5). Но
како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така
и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога не со намера за
предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И
како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол така и овие
места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на
истото дело како и Дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на
Дванаесеттемина во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот.
Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда
вера и ревносна љубов кон воскреснатиот Господ ги направија победници
на светот и наследници на Небесното Царство. Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец (04/01)
Како млад им се налути на родителите и пред Турците изјави дека ќе
се потурчи. Веднаш потоа се покаја за тие зборови, отиде во Хилендар и
се замонаши. Го мачеше совеста и се одлучи за мачеништво. Со благослов
на неговиот духовник појде во Трново пред Турците и се објави како
христијанин, го исмеа Мухамед и за ова го заклаа на 4 јануари 1818
година во триесет и втората година од неговиот живот. Телото на овој
духовен витез не е сочувано, зашто Турците го фрлија во морето.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 18.Јануари.2007 во 10:37
Преподобната мајка Синклитикија (05/01)
По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и
угледна девојка многумина ја бараа заради брак, но таа сите ги одби и
побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет
години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините
поуки за монахињите се постојано сметани за вистински духовни бисери,
бидејќи Света Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку
книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно размислување и духовно
општење со Божествениот свет. Во тој возвишен свет со душата се пресели
во 350 година. Меѓу другото Св. Синклитикија велеше: „Ако е време на
пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не
постат запаѓаат во истите болести“. Уште велеше: „Како Hто изложеното
богатство брзо го раграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува,
се помрачува и се губи“. Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона (05/01)
Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот
епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред
царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа.
На оваа закана храбриот епископ одговори: „Напишано е: не бојте се од
оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару,
имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го
мачеа со глад и го истизаваа на разни начини. Најпосле царот повика
еден магионичар, Теона, да му доскокне на Божјиот човек со некои магии.
Теона раствори во вода најјак отров и му го даде на Теопемт да го
испие. Овој ја прекрсти чашата и го испи отровот. Кога виде Теона дека
неговиот отров воопшто не му наштети на Теопемт, се заврте кон царот и
возвикна: „И јас сум христијанин и Му се поклонувам на Распнатиот“.
Обајцата ги осудија на смрт. Теопемт го убија со меч, а Теона жив во
земја го закопаа, во 298 година. Чесно пострадаа и станаа граѓани на
Царството Христово.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 19.Јануари.2007 во 10:27
Богојавление (06/01)
Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го
започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со
Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата
на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица.
Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а
Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво
за Синот, Синот се крсти во водата, а Светиот Дух во вид на гулаб
лебдееше над водата. А кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за
Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“
(Јован 1, 29) и кога Го потопи и крсти Господ во Јордан, со тоа се
покажа и Христовата мисија во светот и патот на нашето спасение. Зашто
Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре
(пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да
умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и
преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението. Празникот
Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветување. Зашто
настанот на Јордан не просветлува покажувајќи ни Го Бога како Троица
еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се
просветлува со тоа што станува восиновен од Отецот на светлината, со
заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 20.Јануари.2007 во 15:47
Свети Јован Крстител (07/01)
Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на
Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на
неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот
Предвесник. Евангелистот Лука кој посака да го пренесе Јовановото тело
од Севастија во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод, во
Антиохија, родното место на Св. апостол Лука, успеа да ја пренесе само
едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век.
Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна
оттаму. Свети Јован се прославува неколку пати во годината, но народот
најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности
околу Спасителот личноста на Св. Јован Крстител зазема посебно место и
според начинот на доаѓањето во светот и според улогата на Крстител на
луѓето за покајание и како Крстител на Месијата - најпосле и според
трагичното заминување од овој живот. Тој се одликуваше со толкава
морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел
одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој
можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на
Свети Јован се раскажува дека секоја година на денот на Светителот
архиерејот ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала
раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и
богата година, а во вториот неродна и гладна.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 22.Јануари.2007 во 22:54
Свети Григориј, епископ Охридски (08/01)
Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012
година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува
Григориј премудриот.
Светите маченици Јулијан и Василиса (08/01)
Обајцата од благородни и богати родители. Венчани во брак, се
заветуваа да живеат девствено како брат и сестра. Им го раздадоа сиот
свој имот на сиромашните, а самите стапија во монаштво. Јулијан основа
машки, а Василиса женски манастир. Јулијан имаше десет илјади монаси, а
Василиса илјада монахињи. Кога настана лутото мачење на христијаните
под Диоклецијан, Василиса Го молеше Бога нидена од нејзините монахињи
да не се исплаши од маките и да не отстапи од православната вера.
Господ ја услиши молитвата на Својата достојна слугинка и за шест
месеци ги зеде кај Себе сите монахињи редум, па најпосле и нивната
игуманија Василиса. Пред смртта Василиса имаше видение за своите сестри
на оној свет: сите и се јавија светли и радосни како ангели Божји и ја
повикуваа својата духовна мајка да им дојде што побргу. Манастирот на
Јулијан беше изгорен од мачителите, а самиот Јулијан го мачеа нечовечно
и го убија во најтешки маки. Во маките го крепеше и бодреше Господ, па
се издржа јуначки, ја одржа верата и го прослави името Господово.
Заедно со Јулијан беа убиени: синот и жената на мачителот Маркијан;
Келасиј и Марионил, кои кога го видоа трпењето на маченикот и самите се
обратија во Христовата вера; дваесет римски војници; седуммина браќа од
она место; презвитерот Антониј и некој Анастасиј, кого Јулијан во
времето на мачеништвото со молитва го воскресна од мртвите. Сите чесно
пострадаа за Христа и станаа граѓани на небесното Царство околу 313
година.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 22.Јануари.2007 во 22:57
Светиот маченик Поливект (09/01)
Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и
целата земја Ерменска. Но првата крв за Христа во овој град беше на
Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година во времето на царувањето на
Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и
Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската
заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но
беше во голема тага што не успеа и својот другар Полиевкт да го обрати
во христијанската вера. Кога Полиевкт дозна за тагата на Неарх, му вети
дека ќе ја прими Христовата вера. Утредента тој му го раскажа на Неарх
овој сон: дека Господ Христос му се јавил во светлина, ја симнал од
него старата облека и го облекол во нова, пресјајна и го поставил во
седлото на крилест коњ. По ова Полиевкт отиде в град, ја искина
царската заповед за мачење на христијаните, ги искрши идолските статуи.
Го мачеа и го осудија на смрт. Кога го изведоа на губилиштето, го
здогледа Неарх сред толпата и радосно му викна: „Спасувај се, драг
пријателу! Сети се на заветот на љубовта што се утврди меѓу нас“. И
Свети Неарх подоцна заврши маченички за Христа запален во оган.
Неговиот спомен е на 22 април.
Преподобен Евстратиј (09/01)
Од Тарс. Голем испосник и молитвеник. Поминал во манастир седумдесет
и пет години и ниеднаш не легнал на левата страна. Постојано ја говорел
во себе молитвата: „Господи помилуј!“ Се упокоил во деведесет и петтата
година од животот.
Свети Филип, митрополит Московски (09/01)
Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш како млад стоејќи в црква
слушна како свештеникот чита од Еванеглието: „Никој не може да им служи
на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат
исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот
манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши.
Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна
за него. Затоа царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на
митрополитот московски во 1566 година. Но овој свет човек не можеше
рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, а го советуваше и
неустрашливо го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип,
го симна и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го
затвори во Твер, во 1569 година на 23 декември. Маљута Ск*ратов, еден
царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но
наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку
години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го
пренесоа во Соловецкиот манастир.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 23.Јануари.2007 во 15:24
Свети Григориј, епископ Ниски (10/01)
Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше
оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија
за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен
опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го
составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на
Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него,
аријанците се имаа особено настрвено против него како кон страшен
противник, па во времето на царот Валент, нивниот едномисленик, успеаа
да го симнат од епископската столица и најнакрај да го протераат во
прогонство. Во прогонство помина осум години трпејќи секакви беди и
понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост на крајот од 4 век и
се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата
низ вековите.
Преподобен Амон (10/01)
Подвижник Мисирски. Четиринаесет години се трудеше и Го молеше Бога
да го победи гневот во себе. Достигна толкаво совршенство во добрината
што повеќе не беше ни свесен дека постои злото во светот. Извонреден
познавач на Светото Писмо. Се упокои во почетокот на 5 век.
Свети Маркијан (10/01)
Роден во Рим, но како презвитер го проживеа животот до крајот на
својот век во Цариград, поголемиот дел за време на царувањето на
Маркијан и Пулхерија. Откако наследи големо богатство од родителите,
тој целото го потроши за обновување и изградба на храмови и милостињи
на сиромасите. Изгради две нови цркви во Цариград, прочуени по
убавината и светоста: на Св. Анастасија и на Св. Ирина. Кога го прашаа
зошто толку многу троши за црквите, одговори: „Кога би имал ќерка и би
сакал да ја омажам за некој благородник, зарем не би потрошил многу
злато, за да ја украсам како достојна невеста? А овде ја украсувам
Црквата, невестата Христова“. Колку пак овој прекрасен маж беше
милостив кон црквите и кон сиромасите толку беше тврд и многу тврд кон
самиот себеси, следејќи го советот апостолски: А кога имаме храна и
облека, да бидеме задоволни (1 Тимотеј 6, 8). За него пишува: „Сиот
беше во Бога и Бог беше во него и се престави кај Господа исполнет со
години и добри дела“, во 471 година.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 24.Јануари.2007 во 11:22
Преподобен Теодосиј Велики
Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во
областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители.
Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му
прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно
ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа
манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде
се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси
од странски земји. Затоа изгради по една црква за секој јазик на кој се
зборуваше во обителта и во слава Божја истовремено се служеше и пееше
на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите
браќа се собираа во големата црква во која се служеше на грчки.
Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето
заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за
живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот,
бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на
чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и
да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење
и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529
година.
Блажениот Михаил
Јуродив заради Христа. Се правеше луд за да ја скрие од светот
својата добродетел и за да не биде фален. Така си приготви себеси
пофалба од Бога. Се упокои во 1453 година во Клопскиот манастир, близу
Новгород, каде што му почиваат и моштите.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 25.Јануари.2007 во 10:27
Светата маченичка Татијана
Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По
смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Алелксандар, чија
мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во
верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на
Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните
и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа
Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија
очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа
осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа мачени и
убиени. Света Татијана продолжија да ја мачат: ја биеја, и отсекуваа
месо, ја стружеа со железо и целата накажана и ранета ја фрлија вечерта
во затворот за утредента повторно да ја удрат на маки. Но Бог ги
испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да и ги исцелат
раните, па Татијана изутрина се јави пред мачителите наполно здрава. Ја
фрлја пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не и
наштети. И ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум
дека во косата и е скриена некоја магија или волшеб=а сила. Најпосле ја
изведоа заедно со татко и и обајцата ги убија со меч. Така во 225
година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а дух
мажествен
Преподобна Теодора
Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа
изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе.
Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот
манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост,
бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа.
Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и
забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како
казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот таа седум
години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и
детето на онаа блудница. Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше
да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на
еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот и да му се врати -
зашто сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се
прекрстеше со крстот, се исчезнуваше како чад. По седум години игуменот
ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои
во Господ. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се
јави ангел и се му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до
смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора
имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести,
изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка
којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се
упокои во 490 година. VO SLAVA NA BOGA.
-------------
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 26.Јануари.2007 во 14:37
Свети Јаков, епископ Нисибиски (13/01)
Живееше како отшелник во лето на отворено поле, а зимно време во
пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата
христијанска и како живеат христијаните. Но тука го избраа за епископ.
Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од
Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијанци со војска ја
нападнаа Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми и
самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од
непријателските стрели што беа управени на него. Шетајќи така
светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така
што ќе испрати муви и комарци врз Персијанците за да ги изгонат од
нисибиските бедеми. Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел
или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму. И
Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и
комарци врз Персијанците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси.
Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои
мирно, во 350 година.
Преподобен Максим Капсокаливит (13/01)
Во 14 век се подвизуваше како монах на Света Гора на особен начин.
Имено, се правеше по малку јуродив и постојано го менуваше
престојувалиштето. А престојувалиште му беше колиба од гранки. Една по
друга колиба тој ги подигаше и ги палеше, заради што и е наречен
Капсокаливит, што значи Паликолиба. Го сметаа за луд се додека на Света
Гора не дојде Св. Григориј Синајски, којшто во Максим откри единствен
подвижник, чудотворен молитвеник и „ангел во тело“. Се престави кај
Господ во 1320 година.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 27.Јануари.2007 во 16:33
Света Нина, просветителка на Грузија
Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ,
кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на
патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ,
Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ
го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за
кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа да го покрсти
грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар,
коишто потоа ревносно ја помагаа нејзината мисионерска работа. Во текот
на животот Света Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе
главно сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на
страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од
своите многубројни трудови и се упокои во Господ во 335 година.
Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за
време на животот и после смртта.
Свети Сава, архиепископ Српски
Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад
жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што
се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања
тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се
замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај
патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ
српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и
многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати
патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа
раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се
упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после
литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот
Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го
зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.
Преподобните маченици Синајски и Раитски
Овие отци беа убиени од Сарацените едни во 4, а дурги во 5 век.
Свети Илариј, епископ Поатиски
Ревносен борец против Ариевата ерес на Запад. Многу страдаше за одбрана
на Православието. Напиша повеќе списи, од кои најважен е оној за Света
Троица. Се упокои во Господ во 362 година
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 29.Јануари.2007 во 09:45
Преподобен Павле Тивејски (15/01)
Роден од богати родители во Долна Тива (Теба) Мисирска во времето на
царот Декиј. Сиот имот на родителите Павле го наследи заедно со
неговата сестра. Неговиот зет идолопоклоник посака да го приграби и
Павловиот дел од имотот и му се закани на Павле дека ќе го даде на суд
како христијанин ако не му го отстапи својот имот. Од една страна оваа
неволја, од друга самопожртвуваниот пример на христијанските маченици
што ги виде со своите очи, го поттикнаа Павле да го отстапи својот дел
од имотот и како ништ да се оддалечи во пустината. Таму се подвизуваше
до смртта. До каква духовна височина достигна овој возвишен монах
сведочи самиот Свети Антониј Велики, којшто еднаш го посети Павла и ги
виде како му служат ѕверовите и птиците небесни. Кога се врати од таа
посета Антониј им рече на своите монаси: „Тешко мене, деца мои, кој сум
грешен и лажен монах, монах само по име. Го видов Илија, го видов Јован
во пустината и навистина го видов Павле - во Рајот!“ Св. Павле живееше
сто и тринаесет години и мирно се упокои во Господ во 342 година. Преподобен Гаврил Лесновски (15/01)
Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора
кај Кратово, каде што и го изгради храмот на Св. Архангел Михаил.
Чудотворец за време на животот и по смртта. Се упокои во Господ на
крајот од 10 век.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 29.Јануари.2007 во 09:47
Светиот апостол Петар (16/01)
Овој ден се споменува заради веригите во коишто беше окован од
беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од
него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради
споменот на великиот апостол толку и заради нивната исцелителна моќ,
зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на
апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх Св. Јувенал овие
вериги и ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот
Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина и ја испрати
на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка,
царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради
црква на Св. апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со
оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон. Преподобниот маченик Дамаскин Габровски (16/01)
Се подвизуваше во Хилендар, каде што стана и игумен. Кога на некои
Турци им го побара манастирскиот долг, овие наговорија една жена
муслиманка и таа влезе во куќата кај што живееше Дамаскин. Тогаш
Турците влегоа и ја најдоа жената, па го одвлечкаа Дамаскин кај
кадијата. Таму му беше предложено или да биде обесен или да се потурчи,
на што тој одлучно рече: „Би била лудост кога со привремениот живот би
си купувал вечна погибел“. Го обесија во 1777 година во Свиштово. Го
жртвуваше телото за да си ја спаси душата. Неговите убијци веднаш ги
постигна Божја казна. Седнаа на чун да се превезат преку Дунав, но
ненадејна бура им го преврте чунот и се удавија.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 14:54
Преподобен Антониј Велики
Мисирец; роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја.
По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели
наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини,
својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година
од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од
детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да
го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на
брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години
не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва,
богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо
демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу
него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и
слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот
подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат
да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на
повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем
и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од
животот, а зад себе остави цела војска подражавачи и ученици. Иако беше
некнижевен, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото
време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински философи
го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што
е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за
другото?“ Засрамени философите се разотидоа, зашто видоа дека самите
имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј.
Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде
достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на
учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси и само
така можеше да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години
и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година. Светиот цар Теодосиј Велики
Овој славен и во верата ревносен цар владееше од 379 до 395 година.
Константин Велики го забрани гонењето на христијаните, а Теодосиј отиде
уште еден чекор понатаму: го забрани идолското жртвопринесување во
својата држава. Многу помагаше на утврдувањето и распространувањето на
христијанската вера низ светот.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 31.Јануари.2007 во 12:47
Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски
Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон
духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го
придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На
овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност
за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за
утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на
Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран
за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над
четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол.
Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го
гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски
со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше
принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по
приватните куќи, по пустините. На двапати бегаше во Рим. Дури пред
смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо,
коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку
клеветени и толку
Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински
Син на српскиот деспот Стефан и преподобната мајка Ангелина.
Замонашен во манастирот Манасија. Притеснет од Турците побегна во
Романија, каде што го посветија на испразнетиот престол на
архиепископот Влахозадпланински. Ги измири раскараните војводи Радул и
Богдан и ја спречи војната меѓу нив. На постари години се врати во
Крушедол, каде што го подигна манастирот и после подолг подвиг се
упокои на 18 јануари 1546 година. Неговите нетлени и чудотоворни мошти
и денес почиваат во тој манастир.
VO SLAVANA BOGA.
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 02.Февруари.2007 во 11:06
Преподобен Ефтимиј Велики
Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377
година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите
на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на
Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден
град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од
животот, во пустината меѓу Ерусалим и Ерихон, наречена Фара. Деновите и
ноќите ги исполнуваше со молитва, внатрешно богомислие, созерцание и
телесен подвиг. Околу него се собраа многубројни ученици, од кои некои
станаа славни светители: Киријак Отшелник, Сава Осветен, Теоктист и др.
По Божји дар беше голем чудотворец: изгонуваше демони, лечеше од тешки
болести, изведе вода во пустината, умножи леб, пророкуваше. Монасите ги
учеше на трудољубие, велејќи: „Ако го јадете својот леб без труд, значи
дека јадете туѓ труд“. Кога некои помлади браќа сакаа да постат повеќе
од другите, тој им забрани да доаѓаат на општата трпеза за да не се
погордеат заради својот поголем пост. Уште говореше дека за монахот не
е добро да преминува од место на место, зашто: „Дрвото кое често се
пресадува не носи плодови“. Секој што сака да прави добро може да го
прави на местото каде што се наоѓа. За љубовта велеше: „Тоа што е солта
за лебот, тоа е љубовта за другите добродетели“. Првата недела од
Чесниот Пост се оддалечуваше во пустина и таму остануваше во молчание и
богомислие до пред Велигден. За време на неговиот живот во негова
близина се создаде огромна лавра, којашто после со векови беше преполна
со монаси како кошница со пчели. Неговата последна заповед беше да го
чуваат гостољубието во манастирот и манастирската порта никогаш да не
биде затворена. Се упокои во деведесет и седмата година од животот. На
погребот му беше и ерусалимскиот патријарх Анастасиј. Патријархот
чекаше цел ден додека огромната маса народ не го целиваше светителот и
дури вечерта успеа да го опее. Седмиот ден после смртта Свети Ефтимиј
му се јави на својот ученик Дометијан сиот светол и радосен. Преподобен
Ефтимиј навистина беше син на светлината. Се упокои во 473 година. Светите маченици Енен, Нирен и Пен
Се сметаат за први словенски маченици што ги спомнува историјата. Се
нарекуваат Скити и ученици на Св. Апостол Андреј. Пострадаа за верата
од своите незнабожечки соседи од десната страна на Дунав, близу Варна.
Врзани на мразот тие се смрзнаа и се упокоија во Господ.
VO SLAVA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 03.Февруари.2007 во 11:43
Преподобен Максим Исповедник
Цариграѓанин по род и најнапред висок дворјанин на дворецот на царот
Ираклиј, а потоа монах и игумен на еден манастир недалеку од
престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска
ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено: како што тврдеше
Евтихиј, дека Христос има една природа така монотелитите тврдеа дека Он
има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде
како противник на царот и патријархот. Но не се исплаши туку докрај
истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји соодветно
на двете природи. На негово настојување се одржа еден собор во
Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на
монотелитите. Страдањето на Свети Максим за Православието е неописливо:
малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните
маси, тепан од војниците, прогонуван, затваран, а најпосле му ги
отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во
земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде
својата света душа на Бога во 666 година.
Блажениот Максим Грк
Роден е во Грција, од каде што го повикаа на дворецот на рускиот цар
Василиј Јованович за царски библиотекар и преведувач. Многу работеше,
но многу и страдаше за вистината. Долго време помина во затвор, каде
што го напиша познатиот Канон кон Светиот Дух, којшто до денес се
употребува во Црквата. Се упокои во Господ во 1556 година.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 04.Февруари.2007 во 11:17
Светиот апостол Тимотеј
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од
татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги
пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 - 5). Во Листра
Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок
кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше
речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја,
Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден
беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на
христијанската вера. Павле го нарекува вистински син во верата (2, 1 -
2). По маченичката смрт на Св. апостол Павле, Тимотеј го имаше за
учител Св. Јован Богослов. Но кога царот Дометијан го прогони Јован на
островот Патмос, Тимотеј остана да епископува во Ефес наместо него. Во
времето на еден идолски празник наречен Катагогиум незнабожците, лути
на христијаните, подмолно и под маски го нападнаа Свети Тимотеј и го
убија (околу 93 година). Неговите чесни мошти подоцна се пренесени во
Цариград и погребани во црквата на Светите апостоли до гробот на Св.
евангелист Лука и на Св. Андреј Првоповикан.
Преподобниот маченик Анастасиј
Родум Персијанец. Незнабожечкото име му е Магундат. Кога царот
Ираклиј војуваше со Персијанците, Магундат пребега кај христијаните,
отиде во Ерусалим, се крсти и го доби името Анастасиј. Не му беше
доволно што се крсти, туку се замонаши за сиот да Му се предаде на
Господ. Покрај останатите подвизи постојано ги читаше житијата на
Светиите и ги натопуваше книгите со солзи и самиот топло копнеејќи по
мачеништво. Господ најпосле го овенча со венец на маченичка слава.
Долго лежеше во затвор и беше луто мачен, додека царот Хозрој не му
изрече смртна пресуда. После оваа пресуда Анастасиј го удавија во вода,
па го извадија и џелатот му ја пресече главата и му ја прати на царот.
Пострада на 22 јануари 628 година во градот Бетсалое, близу Нинива.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 05.Февруари.2007 во 10:14
Светиот свештеномаченик Климент, епсикоп Анкирски
Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка
христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на
својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на
возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент
во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во
христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот
добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата
година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо
воздржание го скроти и победи своето тело. Се хранеше само со леб и
зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше
мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во
маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и мачеа
единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и
му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест
Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ
Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот
со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим,
царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата
подароци, одликувања, облеки, пари - сe што би можел еден цар да
дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на
царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше
неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што
коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч,
во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архиереј служеше
литургија. Чудата што ги изврши Свети Климент немаат број.
Шестиот Вселенски Собор
Одржан во Цариград. Првото заседание беше во 681 година, а второто
во 691 година. Овој Собор ги осуди еретиците монотелити, коишто
погрешно учеа дека Христос имаше само Божествена волја, без човечката.
Беа донесени и неколку правила за дисциплината и редот кај
свештенството.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 06.Февруари.2007 во 12:05
Преподобна Ксенија
Родена е во Рим како единица ќерка на прочуен сенатор. Привлечена од
љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините
родители и за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно со своите
две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа
обител на девици што се подвизуваа во христовподобувањето. Иако беше
жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често
стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите
сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата.
Во мигот на смртта (+ 455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак:
венец од ѕвезди со крст во средината, посјаен од сонце. Од нејзините
мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа
примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според
нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.
Светиот маченик Вавила
Свештеник во Сицилија. Пострада за Христа со двајца свои ученици во 3 век.
Преподобен Македониј
Сириски пустиник. Дури на старост се хранеше со печен леб, а пред
тоа јадеше само јачменови зрна наквасени во вода. Се упокои во 418
година.
VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: rice
Датум на внесување: 07.Февруари.2007 во 10:22
Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски
Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението
учеше во Атина заедно со Св. Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често
му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на
Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка
Нона. Кога го заврши школувањето Григориј се крсти. Свети Василиј го
ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го
повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави
многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и
наречен Богослов. Особено значајно е неговото дело „Беседа за Света
Троица“. Пишуваше и против еретикот Македониј, којшто учеше искривено
за Светиот Дух (како Духот да е Божјо создание) и против Аполинариј,
којшто учеше искривено за Христос дека немал човечка душа, туку дека
Неговото Божество му било наместо душа. Пишуваше и против царот Јулијан
Отстапник, неговиот некогашен школски другар. Во 381 година, кога во
Соборот настана расправија околу неговиот избор за архиепископ, тој се
повлече самиот, откако рече: „Не можат да нѐ лишат од Бога оние што нѐ
лишуваат од престолот“. Потоа го напушти Цариград, отиде во Назијанз и
таму до смртта поживеа во повлеченост, молитва и пишување корисни
книги. Иако беше со слабо здравје цел живот, сепак доживеа осумдесет
години. Моштите подоцна му ги пренесоа во Рим, а главата му се наоѓа во
Успенскиот Собор во Москва. Беше и остана прекрасно светило на
Православната Црква, како по кротоста и чистотата на карактерот така и
по ненадминливо длабокиот ум. Се упокои во Господ во 390 година.
Светата маченичка Фелицита и нејзините седум синови
Како христијанка во времето на царот Антонин беше осудена на смрт
заедно со нејзините седум синови. Му се молеше на Бога само да не ја
погубат пред нејзините синови, за да може да ги храбри во маките и
страдањата и да не се одречат од Христа. Бог така и устрои. Оваа
ненадмината мајка со радост ги испраќаше синовите еден по друг додека
сите не ги виде погубени. Тогаш и таа, благодарејќи Му на Бога, прими
маченичка смрт. Сите пострадаа во Рим, каде што им се наоѓаат и моштите. VO SLAVA NA BOGA
-------------
|
Постирано од: mali simo
Датум на внесување: 12.Февруари.2007 во 12:23
Тројцата Свети архиереи
Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат
секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој
заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј
Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од
овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј
заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната
длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по Свети
Јован со неговата чудесна благоглаголливост и јасност во изложувањето
на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а
трети јованити. По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на
Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот
епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му
се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива
чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во
Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има
меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа
епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден
заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на
тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата
Свети Архиереи.
Светиот свештеномаченик Иполит
Пострада за верата во времето на Клавдиј. Кога девицата Хрисија во
Рим беше немилостиво мачена за Христа, тогаш за неа пред мачителите се
застапи Св. Иполит и ги изобличи. За овој протест го изведоа на суд и
го осудија на смрт после долги мачења. Му ги врзаа рацете и нозете и го
потопија во морето. Со него и со Хрисија пострадаа уште дваесет други
маченици. Свети Иполит пострада во 269 година.
------------- ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 16.Февруари.2007 во 07:52
Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци (31/01)
Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа
браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги
лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна
дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна
непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат
душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога
настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се
оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но како што беше прочуен во
Александрија исто така се прочу и во Арабија, па луѓето му прибегнуваа
за помош. Кога Јован, тогаш римски офицер во Едеса, слушна за Кир,
појде во Арабија за да го види. Тие кога се видоа се засакаа еден со
друг како двајца браќа и останаа заедно да се подвизуваат. Во тоа време
мачителите ја мачеа некоја маченичка Атанасија христијанка, со
нејзините три ќерки во Каноп. Штом слушнаа за ова Кир и Јован отидоа во
Каноп за да ги храбрат мајката и ќерките, та да не отпаднат од верата.
И навистина, благодарение на советите на овие светители Атанасија ги
претрпе сите маки и заедно со ќерките беше погубена за Христа. Ќерките
на Атанасија се викаа: Св. Теоктиста, која имаше петнаесет години, Св.
Теодотија на тринаесет години, а Евдокија единаесет години. Тогаш
мачителите ги фатија Кир и Јован, па после долги маки и претрпен затвор
ги убија со меч, во 311 година. Овие свети маченици извршија безбројни
чуда за време на животот и после смртта. Нивните мошти во времето на
царот Аркадиј се пренесени во Рим. Се повикуваат на помош особено при
несоница, при осветување на вода и на Маслосвет.
Светата маченичка Трифена (31/01)
Драговолно и храбро ги поднесе сите маки за Христа. Па бидејќи не
сакаше да се одрече од верата, пуштија еден бесен пес кој ја избоди и
ја уби. Тоа се случи во 1 век. Нејзе ја повикуваат на помош мајките што
не можат да ги дојат своите деца.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 16.Февруари.2007 во 07:56
Светиот маченик Трифун (01/02)
Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во
детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема
Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните
и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот
Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема
жалост. Ниеден лекар не можеше да и помогне на лудата Гордијана. Тогаш
демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може
да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја
Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја
исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на
враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да
чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј,
Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој
со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да
се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот
Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го
осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.
Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив (01/02)
Во времето на царот Септимиј Север ги фрлија во затвор зашто беа
христијани. Света Перпетуа беше по потекло благородничка и таа ги
храбреше другите затвореници да не се исплашат да пострадаат за Христа.
На сон виде лествица од земјата до небото, сета начичкана со остри
ножеви, јадици, клинци и други смртоносни оружја. А на дното од
лествицата лежеше страшна змија. И виде како Сатир прв претрча низ
лествицата до врвот неповреден, па од врвот и довикна: „Перпетуа, ајде,
те чекам! Но чувај се од змијата!“ Охрабрена од ова Перпетуа застана на
главата од змијата како на прво скалило, па брзо редум истрча до врвот.
И кога се искачи на врвот, влезе во небесата и ги виде прекрасните
дворци небесни и беше многу радосна. Кога им го раскажа овој сон,
затворениците растолкуваа дека наскоро им претстои смрт, и тоа прво на
Сатир, коешто набрзо и се исполни. Прво го убија Сатир, а потоа
Перпетуа и другите редум. Примија од Господ вечна награда во царството
на светлината. Пострадаа сите за Христа во 202 или 203 година.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 16.Февруари.2007 во 08:00
Сретение Господово (02/02)
Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот
Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го
посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2).
Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако
не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку
Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда
првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја
смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа
прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и
Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце
Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа
очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос:
„Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак,
која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и
самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на
ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни
во храмот, штом видоа и слушнаа се, се разгневија на Захарија зашто ја
постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот
Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од
Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме
Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство на
ангел Господов се упати кон Мисир. Денот Сретение меѓу христијаните се
празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој
чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот
Јустинијан. Светиот новомаченик Јордан (02/02)
Родум од Трапезунт, по занимање казанџија. Отворено ја бранеше
верата Христова и ја изобличуваше мухамеданската. За ова пострада од
Турците во 1650 година во Галата во Цариград. Исто така пострада и
монахот Гаврил, канонархот на Големата црква во Цариград во 1672 година.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 16.Февруари.2007 во 08:02
Свети Симеон Богопримец (03/02)
Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше
избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше
доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки
јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го
преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе
зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот
„девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на грчки.
Но во тој миг му се јави ангел Божји и го задржа од неговата намера,
објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно.
А дека е вистинито и точно, му кажа Божјиот известител дека ќе се увери
и самиот, зашто по Божја волја нема да умре дури не Го види Месијата
роден од девојка. Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од
небото, го остави пророштвото неизменето и Му заблагодари на Бога што
го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец
беше донесен во ерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји
му јави на старецот Симеон, којшто беше престарен и бел како лебед.
Симеон брзо отиде во храмот и таму Ја препозна Дева со Младенецот,
според светлината што зрачеше од нив како ореол. Радосен старецот Го
зеде Христа на своите раце и Го замоли Бога да го отпушти од овој
живот: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, според зборовите Твои,
зашто очите мои го видоа спасението Твое“. Овде се најде и пророчицата
Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави
на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа
Свети Симеон се престави. Праведниот старец Симеон се смета за
заштитник на малите деца. Светите маченици Адријан и Евула (03/02)
Овие две свети души дојдоа од местото Ванеја во Кесарија Кападокиска
за да ги посетат затворените христијани и да ги охрабрат и утешат. Но и
нив ги фатија и ги осудија на смрт. Адринај го убија со меч, а Евула ја
фрлија на ѕверовите во 309 година. И така, не жалејќи по овој живот,
чесно и радосно преминаа во вечниот.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 16.Февруари.2007 во 20:19
Преподобен Исидор Пелусиот (04/02)
Родум Мисирец; син на угледни родители и роднина на александриските
патријарси Теофил и Кирил. Откако ги проучи сите светски науки, се
одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на
духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и
толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот
Никифор, Св. Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во
кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги
поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот одошто на
красноречиво проповедање“, пишува тој во едно писмо. Во друго вели:
„Ако некој сака неговите добродетели да се покажат големи, нека ги
смета за мали и тие навистина ќе се покажат големи“. Прво и основно
правило за него беше: прво практикувај, па потоа поучувај, според
примерот на Господ Исус. Во времето на гонењето на Златоуст, кога сиот
свет се подели на два табори, едните за, а другите против овој голем
столб на Православието, Свети Исидор застана на страната на Златоуст.
Му пишуваше на патријархот Теофил каква голема светилка на Црквата е
Златоуст и го молеше да се одрече од ненавидноста кон него. Поживеа
долго, и многу стори прославувајќи Го Христа со живот и со перо и се
пресели во Христовото Царство во 436 година.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 16.Февруари.2007 во 20:19
Преподобен Николај Исповедник (04/02)
Овој Светител беше од островот Крит. Дојде во Цариград за да го
посети својот роднина Теодор, игуменот на Студитскиот манастир, но
остана и се замонаши. Како монах Николај ги мина сите подвизи за
спасението на душата. Во времето на гонењето на Црквата од страна на
Лав Ерменин, Теодор и Николај беа свирепо мачени, биени со воловски
жили и најпосле ги фрлија во затвор, каде останаа три години. По смртта
на Св. Теодор Николај стана игумен на Студитскиот манастир. Уште за
време на животот правеше чуда со силата на Божествената благодат. Така
ја исцели од болест Евдокија, жената на царот Василиј, а потоа и Елена,
жената на патрицијот Мануил. На угледниот благородник Теофил Мелисен,
на кого не му се држеа децата, му ја благослови новородената ќерка и за
неа му прорече дека ќе живее и ќе биде многуплодна, а тоа подоцна така
и се исполни. На денот на својата смрт Свети Николај ги повика монасите
и ги праша што им недостасува. „Жито“, одговорија. Тогаш игуменот им
рече: „Оној Којшто го нахрани Израилот среде пустината, по три дена и
вам ќе ви испрати пченица во изоблилство“. И навистина, по три дена под
манастирот доплови кораб полн со жито, испратен од царот Василиј.
Преподобниот Николај се пресели во Царството Небесно во седумдесет и
петтата година од животот, на 4 февруари 868 година.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 17.Февруари.2007 во 23:54
Светата маченичка Агатија (05/02)
Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од
сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога
царот Декиј подигна гонење на христијаните Света Агатија беше фатена и
изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице,
посака да ја има за жена. Но штом и предложи, Агатија му одговори дека
таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник.
Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно
дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се
одрече од Христа и да ги избегне натамошните маки, но на ова невестата
Христова му одговори: „Овие маки се многу корисни за мене. Како што
пченицата не може да влезе во амбарот пред да се очисти од плевата така
ни мојата душа не може да влезе во Рајот ако најнапред телото не е
скрушено со маки“. Тогаш мачителот нареди и и ги отсекоа градите, па
потоа ја фрлија во затвор. Во затворот и се јави апостолот Петар и и го
врати целото здравје на телото. Повторно ја изведоа на мачење и
повторно ја фрлија во затвор, каде што Му ја предаде својата душа на
Бога, во 251 година, во градот Катана, а во времето на царот Декиј.
После смртта на Агатија нејзиниот мачител Квинтијан појде да го
приграби нејзиниот имот, но по патот се разбеснеа коњите што ги јаваа
тој и војниците, па сиот го изгризаа по лицето, го фрлија на земја и го
изгазија со нозете намртво. Толку брзо го стигна казната од Бога за
дивото злосторство над Света Агатија.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 17.Февруари.2007 во 23:54
Светата маченичка Теодула (05/02)
Пострада за Христа во времето на нечестивиот римски цар Диоклецијан.
При мачењето Теодула го вразуми еден од мачителите, Еладиј, и го
приведе кон Христовата вера. Кога Еладиј јавно ја исповеда својата вера
во Христа, го убија со меч. На судот Теодула се држеше многу храбро, а
за ова судијата ја нарекуваше безумна. Затоа Теодула му рече: „Безумни
сте вие што го заборавивте единствениот вистинит Бог, а им се
поклонувате на мртвите камења“. Судијата ја подложи на тешки маки, а
нив Теодула ги издржа храбро и со оваа храброст во маките многумина ги
восхити и ги обрати кон Христа. Меѓу нив беа и двајца угледни граѓани,
Макариј и Евагриј. Нив двајцата и мнозина други ги фрлија заедно со
Света Теодула во усвитена печка. Така го завршија земниот живот и се
удостоија со Христовото царство.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 17.Февруари.2007 во 23:55
Свети Полиевкт, патријарх Цариградски (05/02)
Заради неговиот висок ум, набожна ревност и чесноговорливост го
нарекоа втор Златоуст. Во времето на патријархот Полиевкт и царот
Константин Порфирогенит во Цариград дојде и руската кнегиња Олга и таму
се крсти во 957 година. Патријархот ја крсти, а царот и беше кум. Свети
Полиевкт пророчки и рече: „Благословена си ти меѓу руските жени, зашто
ја засака светлината и ја отфрли темнината, ќе те благословуваат
синовите руски до последното колено“. Полиевкт беше земен за патријарх
во 946 година и остана на патријаршискиот престол до смртта во 970
година.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 18.Февруари.2007 во 00:46
ме радува тоа што се интересираш за вистинската вера, а Свети Трифун е само еден пример од многуте како се верува во Живиот Бог
Светиот маченик Трифун (01/02)
Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во
детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема
Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните
и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот
Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема
жалост. Ниеден лекар не можеше да и помогне на лудата Гордијана. Тогаш
демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може
да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја
Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја
исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на
враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да
чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј,
Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој
со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да
се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот
Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го
осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 18.Февруари.2007 во 19:52
Свети Вукол, епископ Смирненски (06/02)
Ученик на Св. Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на
градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол
блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се
одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред
смртта Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот
Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господ.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 18.Февруари.2007 во 19:52
Преподобните Варсонуфиј и Јован (06/02)
Големи подвижници од Газа, прозорливци и чудотворци. Ја составија
прочуената книга „Одговори“ за многу прашања од духовниот живот
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 19.Февруари.2007 во 22:08
prezemeno od forum Премин
Родил се како православен христијанин, во херцеговинско село Клепци,
које се наоѓа на источна обала на река Неретва. Бил роден во фамилија
Мандрапа. Роден е пред крајот на XIX век. Од својто село тргна во
Сарајево,каде работеше. Кога почна војна, врати се во село Клепци, но
римокатилчки латински усташи, и тамо дошле, побиле цел дом на старецот,
а и многи православни во село и околу. Него го нашле во шума, одкаде го
одведоја, во злогласно мачилиште Јасеновац, заедно со многумина други
православни срби.
Во јануари 1943. таму пострада од усташкиот кољач Жиле Фригановиќ, кој
видевши го Вукашин, постар селанин, како со спокојно лице и со некој
недостапен мир гледа страшно клање на своја православна браќа, побара
од него да викне „Живел Павелиќ„, па како старец ништо не одговори,
него мирно и спокојно молчи, мачитељ со кама сечеше едно по едно уво и
нос. Кога мачитељ му запрети на светиот, оти и срцето ке му ископа из
груди, ако не викне похвала на Павелиќ (кој тогаш спроводеше
неверојатен прогон и затирање на православниот народ секаде врз
Хрватска и Босна). Блажени маченик Вукашин, мирно погледа во мачитељ и
кроз него во Божја неизмерност, полако и разговетно рече: „само ти дете
ради својта работа“. Овој одговор и небескиот мир на лицето на Свети
Маченик, токлу разбесни мачитељ, оти од бесот ископа очи, исече срцето,
прекла светиот и го баци во јама. Потоа, мачитељ полуде и се ова рече
во болница, пред лицето на доктро Недо Зец кој подоцна ово и запиша.
Фреска на маченик Вукашин постоји во манастирот Свети Архангели во
Белград, потоа бил насликан во Манастир Јовандол, а потоа во многу
други цркви и манастири.
Сведочење на мачитељ:
... усташа кој ни говореше, поново заста испи чаша на ракија и настави:
...се сеќаваш, кога во август месец, бил голем настап во логор,
кога и Јере Маричиќ посла околу 3000 во Градина на клање. Тогаш, Перо
Брица, Зринушиќ, Шипка и јас, сме се кладиле, кој ќе таа ноќ, да побие
повеќе логораши. Отпоче клање, и јас после еден саат, по број на
поклани луѓе одмакна подалеку од други. Ме обузе тоа вече некој
необичен занос, ми се чинеше оти сум на 9то небо, никогаш во животот
несум осетил толко блаженство, и веќе после неколку саати заклал сум
повеќе од 1.100 луѓе, док остали ако се заклале и око 300, 400.
И тогаш, кога бев во најголем занос, случајно бацив поглед на
страна, и таму видев еден старец, селанин, со некој несхватлив мир на
лицето, како стоеше и спокојно гледа како јас кољем жртви и како се во
најголеми маки претураат телата. Тој негов поглед, некако ме пресече,
ми се учини како да сум се од оној најголемиот занос од еднаш скаменил
и едно време не могов да се макнем.
Потоа отидов до селанин и од него сазнав оти тој е некој Вукашин,
од село Клепци кај Чапљина, чији цел дом пострада док него го нашле во
шума и го послале во Јасеновац. Он се тоа говореше, со некој недостапен
мир кој мене ме веќе нервираше но цело кукање око мене. Гледајќи и
слушајќи овој старец, во мене се разбукта желба да разбием тоа
спокојство, со најсвирепо мачење и да во негови маки и со негово
стравично копрцање, повратам свој занос и блаженство на уживање бо бол
и смртта.
Оддвојил сум го, и го посадив на едно дебло. Наредил сум му да
викне: „Живел Павелиќ“. или ако нема да каже, ќе му одсечем увото.
Вукашин молчеше.
Откинул сум му увото. Он, ни еден збор не прозбори. Поново му
реков да понови „Живел Павелиќ“ или ќе ти одсечам и другото уво, тој
уште еднаш молчеше. Откинул сум му и другото уво. Вичи „живел Павелиќ„
или ќе ти го откинам нос. Пак молчеше.Тогаш и нос му откинав. Кога по
последниот пат повикав да рече Живел Павелиќ, или ќе му го ишчупам
срцето из груди, тој ме погледа, и упери поглед, некако кроз мене, и
преко мене, во бескрај, во неизмереност, полако и смирено ми рече:
„само ти дете, ради својта работа“...
После се ова, овие последни зборови, потполно ме избезумија, скочил
сум на него, ископал сум му очи, му извадив срцето, прелал сум го од
уво до уво и со ноги го гурнув во јама. Но во тој момент, во мене нешто
препуче, и таа ноќ не могов више да кољем.Перо Брзица ме победи јер
закла 1350 луѓе, и јас без реч, платив опклада.
Од таа ноќ јас веќе немам го мирот. Кога год врз мачење и клање
покушам пак да ја доживим екстазата и блаженството, секогаш ме од
некаде прободе оној поглед на Вукашин и тогаш не можам веќе да убијам.
Почнал сум и да пием, но тоа ми помаже само на трен. Во пијанството,
нарочито предвечер, често ме изненади гласот: Само ти дете ради своја
работа...и тогаш избезумен, морам да тумарам наоколу, да зачепим уши,
да се мавам по глава, да вичем, да ломим се околу мене и бесомучно да
нападнем кој видим. Ноќе никаде не можам да го најдем мирот, и секој
час се тргнам од сомнеж, и тогаш го угледам продорниот поглед на
Вукашин и чујем пак оно стравично: Само ти дете ради своја работа!“
И ето, сега сум постал последниот црв, и со ништо веќе не можем да
си помогнам. Кога излезам надвор, осетим оти се будим од некој кошмар,
кога покушам да се освежим да го дишем свеж ноќен воздух, беспрекидно
ми е пред очи светлиот лик на старецот Вукашин од Клепци, и едно клуче
на јадот, јас , Жиле.
ps
браќа, простете, но го преведов текстот толку колку го знаем македонски јазик.
Екли.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: orto
Датум на внесување: 20.Февруари.2007 во 06:59
Свети Партениј, епископ Лампсакиски (07/02)
Син на некој ѓакон од
градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на
Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро
каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја
Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од
незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу
цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а
особено имаше власт над злите духови. Еднаш кога сакаше да изгони зол
дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти
дадам друг човек; во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој
човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј
во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај
можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и
својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во
вечниот покој на Христос се пресели во 6 век.
Преподобен Лука Еладски (07/02)
�Pодум од Касторија. Уште
како дете никогаш не сакаше да вкуси месо и сиот живот го минуваше во
чистота и молитва. Еднаш појде на нива со семе жито за да сее. Но патем
поголемиот дел им го раздаде на сиромасите, а помалиот што му преостана
го посеа. Даде Бог и од тоа малку семе се собра поголем род одошто
порано кога го сееше целото количество. Потоа Лука побегна од својата
мајка вдовица во манастир. Нажалена мајка му Го молеше Бога да и ја
објави тајната каде и се наоѓа синот. И Бог ја услиши нејзината
молитва. Игуменот на оној манастир три ноќи едно по друго ја сонуваше
една жена како остро го напаѓа што и го зеде синот единец. Тогаш
игуменот му нареди на Лука веднаш да оди кај мајка му. Лука отиде, се
виде со мајка му, но пак си замина, овој пат бесповратно. Живееше во
покајание на т.н. Јованова Гора. Ноќе Му се молеше на Бога, а дење
работеше во градината и на нивата не заради себеси, туку за сиромасите
и посетителите. Се хранеше само со леб од јачмен. Бог му даде дар на
чудотоворство. Се упокои мирно во Господ во 946 година. Од неговите
мошти одвреме навреме течеше миро.
------------- (kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 21.Февруари.2007 во 15:00
Светиот пророк Захарија (08/02)
Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го
поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го
прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим на младенче од
ослица; и предавството на Јуда за триесет сребреници; и бегањето на
апостолите од Христа во времето на Неговото страдање - ќе удрат по
пастирот и овците ќе се разбегаат (13, 7). Пророкот Захариј се нарекува
и Срповидец, зашто во визија виде срп како слегува од небото за да ги
покоси неправедните, особено крадците и хулителите на Божјото име. Се
упокои во последната година од царувањето на Дариј Хистасп, околу 520
година пред Христа.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 21.Февруари.2007 во 15:00
Светиот великомаченик Теодор Стратилат (08/02)
Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на
богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо
тоа богатство; и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради
Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и
градоначалник на градот Хераклеја, ја презре својата младост и убавина
и војводскиот чин и царската милост и наместо тоа на себе прими страшни
маки заради Христа. Најпосле беше биен, прими шестотини удари по грбот
и петстотини по стомакот; потоа го подигнаа на крст и го издупчија со
стрели. На крајот го убија со меч. Сето тоа го претрпе зашто Свети
Теодор Го љубеше Христа над се на светот. Го презре глупавото суеверие
на царот Ликиниј, ги урна сребрените и златни идоли и парчињата од нив
им ги раздаде на сиромасите; мнозина ги обрати во верата Христова и го
повика самиот цар Ликиниј да се одрече од идолите и да поверува во
единствениот жив Бог. За време на мачењето Свети Теодор непрестајно
говореше: „Слава Ти, Боже мој, слава Ти!“ Пострада на 8 февруари 319
година во три часот попладне и се пресели во Царството Христово. Се
смета за заштитник на војниците што го повикуваат на помош. Неговите
чудотворни мошти ги пренесоа од Евхаити во Цариград и ги погребаа во
црквата Влахерна.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 23.Февруари.2007 во 14:52
Светиот свештеномаченик Харалампиј (10/02)
Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и
тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на
христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не
се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата
вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја
дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви
благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го
обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во
верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти
незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и
изведен на губилиштето Св. Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и
Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и
спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш
дека луѓето се месо и крв; прости им ги гревовите и излеј ја Твојата
благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата
душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат.
Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 23.Февруари.2007 во 14:53
Преподобен Прохор Лободник (10/02)
Чудотоворец печерски. Лободник е наречен зашто за цело време додека
живееше во Печерскиот манастир не вкуси леб, туку се хранеше со лобода,
месејќи ја на свој начин и правејќи од неа некаков леб. Кога ќе му
дадеше некому од тој свој леб, лебот стануваше сладок како да е од мед;
а кога некој ќе му украдеше, му стануваше горчлив како пелин. Едно
време кога снема сол во Русија Прохор му ја раздаваше на народот
пепелта како сол. Пепелта што ја раздаваше со благослов стануваше сол;
а онаа пепел која некој ќе си ја земеш сам си остануваше обична. Кнезот
Свјатополк нареди и во неговиот дворец ја пренесоа целата пепел од
келијата на Прохор без прашање и благослов на монахот. Но кога ја
пренесоа, тие што вкусија од неа се уверија дека е пепел а не сол.
Тогаш Прохор му рече на народот што доаѓаше кај него по сол да одат
сите кај дворецот на кнезот, па кога кнезот ќе ја исфрли онаа сол од
дома, тие да си ја земат и ќе им биде сол. Народот така направи и
пепелта повторно се претвори во сол. Откако се у2ери во ова самиот кнез
се исполни со почит и љубов кон Св. Прохор, а кога овој умре во 1107
година, тој со своите раце го положи во гробот крај големите руски
светители Антониј и Теодосиј.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 24.Февруари.2007 во 10:16
Светиот маченик Георгиј Кратовски (11/02)
Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета
душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го
потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш
Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада
за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот
Селим и се прослави со невенлива небесна слава.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 24.Февруари.2007 во 10:16
Светиот свештеномаченик Власиј (11/02)
Родум од кападокиската област. Богобојазлив и кроток уште од раното
детство. Заради своите големи добродетели беше избран за епископ на
градот Севастија. Во тој незнабожечки град Св. Власиј беше големо
духовно светило. Во времето на тешкото гонење на христијаните Св.
Власиј го храбреше своето стадо и ги посетуваше Христовите маченици по
затворите, меѓу кои особено се истакнуваше славниот Евстратиј. Кога
градот Севастија остана сосем без христијани - едни пострадаа, други
побегнаа - тогаш старецот Власиј се повлече во планината Аргеос и таму
се насели во една пештера. Дивите ѕверови го познаа светиот човек и се
приклонија кон него и ги милуваше. Но гонителите го најдоа светителот и
во неговото скривалиште и го поведоа да му судат. Патем Власиј исцели
едно момче на кое му беше застанала коска во грлото; и на поплаката на
една вдовица дека волкот и го грабнал прасето направи со силата на
својата молитва и волкот го врати украденото. Мрачните судии го мачеа
жестоко, го биеја и го стружеа. Со својата непоколебливост во верата
Свети Власиј многумина ги обрати кон Христа. Заедно со него беа
затворени седум жени и две деца. Прво ги заклаа жените, а потоа и
чудесниот Власиј со децата. Пострадаа и се прославија во 316 година.
Народот му се моли на Св. Власиј за напредувањето на добиците и за
заштита од ѕверовите.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|