|
Дали треба да се исповедаме? |
Внеси реплика | страница <1 7891011 20> |
Автор | ||
ASTRIX
Сениор OBSESSIVE DREAMS Регистриран: 18.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
титулите ги даваат луѓето...
на крај молитвата пак ке стигне до Бога. колку е чудноо вака испаѓа дека ни една обична исповед или молитва не можеме да упатиме кон Отецот.. епа не е Он толку недостапен!!! |
||
begu
Сениор Регистриран: 30.Август.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Епа затоа немој многу да грешиш, за полесни фрази |
||
begu
Сениор Регистриран: 30.Август.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам зошто би бил сигурен дека ќе му биде простено, преку свештено лице а не преку директна молба односно обраќање |
||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од ACELERA - 14.Декември.2009 во 02:12 |
||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Исповедта е најдлабока потреба на секој човек.
Затоа и во секојдневниот живот луѓето често ги кажуваат своите „тежини“ на своите блиски, но тоа не е исто. Човек не може да биде спасен од обичен човек. Раната треба да се отвори од искусен лекар, да се очисти од гнојот, да се лекува и да се исцели. Така и исповедта. Исповедта направена преку духовниот отец е Света Тајна и како таква е наше отворање кон Бога. Наше барање помош и прифаќање на Божјата интервенција во нашиот живот преку словото (советите), молитвите и благословот на духовниот отец. Гревовите не смееме свесно да ги прикриваме, да се самооправдуваме, или да ги прикажуваме поблаго. Од таква исповед нема никаква полза. Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно. За сите проблеми во духовниот живот, пак, треба да се советуваме со нашиот свештеник, а не да посетуваме бајачи и гледачи, бидејќи тоа е голем грев, со кој си нанесуваме огромна духовна штета, а создаваме и можност за душевно заболување. Нема никаква заедница помеѓу светлината и темнината. Изменето од belichka - 21.Февруари.2007 во 11:58 |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Исповедта пред духовен отец, нема никаква библиска основа. Напротив, сите примери што ги имаме за вистинско покајание се случувале преку молитва директно до Бога.
За мене е недозволиво, на обични луѓе, а клерот не е ништо друго туку обични луѓе, да им се дава таква духовна моќ, која единствено Господ ја има. Особено што Господовиот дух не делува механички, па така ни клерот само затоа што некој го облекол во некакви си мантии, да има посебна власт над душите. Нивната задача е чисто пастирска - да се грижат за храната и безбедноста на стадото, а не да изиграваат некакви судии. Всушност, исповедта пред отец, е понижување и омаловажување на Христовата жртва, која овозможи да се раскине завесата која го одвојуваше Господовото пребивалиште во Светињата над Светињите. Одтогаш, како што не учи Новиот Завет, нема веќе посредници меѓу нас и Отецот, и можеме директно, како на Татко, да му се обраќаме... Оваа аналогија на Родител и Дете е многу интересна. Замислете си детето да не сака да оди директно кај таткото или мајката, туку да си наоѓа некој адвокат или што ти јас знам што, што ќе оди после кај родителот. Нема ли родителот да се најде навреден од таквата постапка? Нема ли тоа да е знак на понижување за родителот, што ете детето не може директно да му се обрати? |
||
begu
Сениор Регистриран: 30.Август.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас за себе секогаш директно се обраќам до бога со молитва и се надевам дека ќе биде услишена.
Се гледа дека во христијанството има доста разлика во ова насока односно посредник или не. Свештено лице или директно обраќање. Иако суштината би требала да е иста барање на опрост . |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе во христијанството нема забуна... Св. Писмо е јасно... Ама шо да праиме кога некои се заробени во формата, наместо во суштината... |
||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Adzija koga sme telesno bolni ne odime kaj roditelite da ne lecat, tuku odime kaj doktor,
taka e i so duhovnosta, koga sme bolni duhovno odime kaj duhovnik,
koj e na duhovno povisko nivo od nas,
i toj znae kako da ne nasoci, vo koj pravec da ziveeme
a seto toa e sekkao samo kon Boga,
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па да, точно, јас не велам дека не треба да се оди кај лекар, ниту тоа дека не треба да се оди кај пастирските службеници. Се разбира тие имаат многу добри совети кои можат да ни ги дадат.
НО, и ова е големо и многу важно НО, кога сум болен, не одам кај чистачката во болница, за да го праша лекарот што да правам, така? Значи зошто да се оди кај лице кое не е лекарот, туку е само тука да ја опслужува болницата. Второ, зар не е наивно, кога некој ти згрешил, ти да одиш кај некој друг, да молиш за прошка? Зошто да бараш прошка кај свештеник, кога НЕ Е ТОЈ ТОЈ ШТО ТРЕБА ДА ПРОСТИ. Кога човек ќе згреши, треба да оди кај тој на кого му згрешил. |
||
begu
Сениор Регистриран: 30.Август.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали можеби тука и лежи основата на појавата на секташки групи преку некој гуру како единствена врска според нив меѓу бога и верникот .
Значи исповест само преку посредник . |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па не си далеку од вистината бегу... Всушност, посредништвото е само уште едно потпаѓање кон првиот Адамов грев, кој како што знаеме, беше желбата да бидат богови...
Затоа и толку силно човештвото се обидува да го замени Бога, и да го завземе Неговото место. Толку силно се обидува да го оддалечи од обичниот човек. Затоа нон-стоп се појавуваат секакви луѓе кои тврдат дека ТИЕ се вистинските посредници, демек тие зборуваат во Божјото име. Господ не е НЕМ, нема потреба од адвокати, извршители, и судии. Тој е БОГ. |
||
begu
Сениор Регистриран: 30.Август.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
аџија, во целост се сложувам со тебе во однос на посредништвото.
Во крајна линија господ знае какви сме и што бараме од него без да го искажеме со збор . |
||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
смешно е да се мисли дека само свештеникот е тој кој го има магичното стапче...
го имаме СИТЕ ние кои искрено жалиме. |
||
Внеси реплика | страница <1 7891011 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |