|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 7891011 23> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕСЕЧИНА
На Пенелопа.. Тивка и понизна месечино, црн облак ти ја распорил насмевката а јас чекам да наполнам со дождот од твоите свенати радости до врв... Не, не бил сонот за нас засонет на мека перница од златни музики -во црната кула на столчените надежи чекаме да не убие ножот на немоќта како двајца танчери во окото на времето со чекор свикнат на ритамот на болката... Ќе не пресоздаде дуго време, велам, времето не е толку големо тројцата да не пресоздаде, одговараш... Кафезот е сплетен од мисли што сечат а јас те имам само тебе. тивка и понизна месечино моја... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕСЕНСКИ СУШИ
Се распослале жолти по полињата на моите недореци есенските суши на зборот, а нивите - несозреани та неожнеани останеле - семе запечено... Печат прегорените мисли, мирис на немирен спомен погледот им го замаглува, раскроено време си го бара теркот да исчезне од него... Во сенка( на дрвја без плод ) ги мислам румените дождови, што ме измамија со песната на животот да си ја расечам душата - да те затворам во неа за да изжртиш... По полињата на болните недореци се распослале жолти есенските суши на зборот - црни кукавици ... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕКРШЕНА МИСЛА
Јас не помнам,веќе, кога ја прекршив мислата за тебе со препечен стап од смешна урамнотеженост на стивнатиот пој на птиците на чувствата и заспаната жед за крв на скриените волци на гордоста, но ја прекршив, баш така, како змија што се прекршува - притаена осојница во камарката на умот што сака срцето да го затруе... Ја прекршив на распаќето на ноќта и денот кога мракот и светлината се препознаваа еден во друг а жуборот на крвта се одбои од бојата на соковите на прецветаните илузии дека небото може да се допре со обично поткревање на прсти а зенјата е привремено свратилиште на плашливите смртници што се плашат да летаат... Ја прекршив, а сеуште стравот ми рие дека ќе се исправи и ќе ме касне... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕСТРОЈУВАЊЕ
Моите години се престројуваат на боиште без фортификации во сосема нов ешалон од десеткувани амбиции... Некаде далеку рикаат црните витези на стравот оти сите претходни битки биле генерална проба и ниедна победа нема да влезе во историјата по сценариото што го пишувавме заедно кога верувавме дека сме посилни: и од мечот на времето и од забите на болката и од тајфуните на животот... Можеби последната битка ќе биде вистинска - ме плаши исходот... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОЈАТА НА СЕЌАВАЊЕТО
Се развлекувам со тешки чекори по тротоарот што не завршува никаде... Црвени и жолти лисја ми шумолат во очите со прелив од песна на задоцнето будење... Мирисаат есенски дождови со мирисот на последните солзи од твоите очи со боја на сеќавање... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАДОЦНЕТА ПЕСНА
Го побарав твоето име на картата на моите патешествија - шифрирана кота со кодот на првиот бакнеж, прв грев без покајание... Го побарав и твојот мирис во крошната на моите прецветени липи, мирис на вознемирени пеперутки во ноќта кога луната личеше на сребрено око а ѕвездите се облекоа во кристалната музика на твоите солзи од седеф, како огледала... Црвените калинки на твоите насмевки распукаа веднаш под правта по сокачињата на мојата младост како задоцнето ехо на воздишки на стара мома што ги испуштила сите возови на среќата, чекајќи на друг перон, со поништен билет за патување во еден правец, да се разбуди... Тогаш, се побарав сам себе во приказната за проколнатиот Нарцис и си ги видов очите побелени од гордост во раце на дете што плаче по изгубените џамлии … |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РЕПРОДУКЦИЈА
И јас можам од пресончана кожа на спомен да ги извадам сите диви влакна, како со цедалка од млеко за потсирување, и да направам репродукција на твојот портрет со интервенции што ќе откријат носталгичен поет од школата на последните талкачи низ времето... Запомнив скоро се така ко што сакав да биде: и тивката тагата во кротките ти очи, и жуборот меден на гласот ти ѕвонлив, и здивот со боја на пролетна зора од душата твоја... Скоро се така ко што сакав да биде, запомнив... Но кој ќе те препознае таква освен јас самиот кога есента ќе зашумоли во сувото лисје на староста... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАРАСНАТИ ПАТИШТА
Влегов во сите тунели на твојот страв и од очи на крт ти направив фенер за да ме препознаеш и тогаш кога не ќе личам воопшто на човекот што ти плетеше топли несоници од преѓата на својот искинат сон… Можеби сеуште одмораш на перница од облак што го фатив со мрежа од обична насмевка во бескрајната стреа на твојата осаменост но јас веќе ги фрлив од себе очите на едноставноста среде густ метеж од автомобили, кога сите ме гледаа низ очила конструирани да ја разголат душата сосем… И што сега да направам кога патиштата по кои заминав од тебе си ги зараснала со тревите на омразата а јас, самоуверен. одбив да ги нацртам на мапата безгрижно верувајќи дека се само мои... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА НЕСКРШЕНИТЕ
Во каменот се обликувани времињата со душите на нескршените, и секој камен приказна е проста за победите – недопишаните... Со заби на сура волчица мракот снагата им ја кинел во занданите... а тие светлини станувале... Исти ко нив коските им ги собрале да ги премостат времињата и себе си во нив да се втемелат... Во ист иконостаст ист сон сите ги изрезбал - вино и нафора за света причесна... од циклусот „ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА“ |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА КОДОШИТЕ
Девет круга, девет чуми, девет колена сотрени и девет суши настрвени над девет сеидби непркнати, девет сонца гламјосани на девет неба затворени девет века разнебидени - уше колку ли ги има пред нас, во недогледот, борчевите нивни неодборчени... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА МОГИЛИТЕ
Во крвта ни се испишани сите имиња и презимиња на црните скокачи во небото кога стравот се чичкосувал меѓу пршлените а на очите помила прашината им била... А не биле многу, таман толку колку што могили имало низ планините, крај полињата, од дедовците ископани место ниви бериќетни... Сека могила триш појќе раѓала од клетата иловица... Во ноќ со полна месечина тропаат коските на безимените во могилите - затревените... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА ВОДАЧИТЕ
Во очите копја огнени носеле, овде – онде мракот да го раскинат, видот да ни пролета... А видот птица ни бил во примка лесно што се намамува... Две торби на рамо, велат, носеле, во едната - смрта презрена, во другата - сонцето неогреано... На починка од двете залак каснувале со вкус на мисла за семето непосеано... Уште велат: чекорот на нас им мирисал и можеле: низ крошна од даб во ѕвездите да не видат ноќе, кога уморот во тревата им истекувал... Кај ли ги загубивме, кај ли ги избришавме, водачите наши, светлоносците..... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТОСИНТЕЗА
Го пиеш сонцето од моите зборови, со примитивно чувство за опстанок во разбудените вулкани на животот, како единствена да си после потопот... Во здивот ти чувствувам како ги разложувам минералите на твојата радост, а малку ти е... Никогаш не ја спомнавме бајката за зрното грашкок под перницата на заспаната принцеза, но зарем мораше... Секоја педа од твоето надраснување е две мисли подолга од мојата намера да се избришам од иконата на светлозрачните во иконостасот што ти го подарив без повод... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АПСОЛУТНА ВИСТИНА
Ја избришав од очите на неродените утра песната на прегладнетите пци... Со чекорот можам да ја растргнам мислата и да ги најдам старите насмевки под балконот... Сепак, еден е возот што не носи до целта и вагоните се полни со проценки од око... А, секогаш сме таму кај што не сме и секогаш со ист сон го премостуваме времето... Можеш ли да го прескликаш вчера во утре а дa не личи на слика на врзулче со поцрнети бисери во зашиен џеб од износени пантaлони Да, сета вистина е собрана мудро во крајот во кој сите исчезнуваме како неодговорено прашање „Зошто го минав сиот пат...„ ? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |