|
Преговори и за идентитетот? |
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Автор | ||||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мислам дека преговори за идентитетот нема,или барем сеуште не се започнати.Иако рака на срце,морам да напоменам дека Македонскиот идентитет е нераскинливо поврзан со самото име Македонија,како и кај најголем број народи во светот.
Благодарение на досегашните раководства во Македонија,се дојде на дереџе да се прави “разумен компромис“ за нешто што никому нормален на светот не би му ни паднало на памет,а тоа е промена на името од сопствената држава,со што се прави директен атак кон промена и на самиот идентитет на народот. Е сега колку е тоа јасно за релевантните фактори кој во дискреција ги водат преговорите што не засегаат сите,како непринципиелен и неморален чин,исполнет со перверзија на моментална политичка доминација,останува да видиме во следниот период кој немилосрдно настапува пред Македонскиот народ. |
||||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ти каков патриот си ако си патриот придружи ни се на нас и заедно да одиме да ги убедиме Грците да си го сменат идентитетот?
а може ли да знам кој се тие НАС и ВАС? на кого треба да се придружиме ние непатриотиве? и како ќе одиме во грција? колективно,сите патриоти заедно, ќе одиме со организиран превоз...кој ќе не води? Грујо? по стапките на “Гемиџиите“ или онака стихијно,секој на различна страна по Солунон ќе ги убедуваме индивидуално Грчињата? не бидете смешни,работава е-нож до грло |
||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||||
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Дај, те молам, па ако тек сега треба да се соединуваме и да градиме став за идентитетот, ја „оплескавме“работата комплетно...
Став за идентитет не се гради, изграден ти е од моментот кога ќе излезеш од утробата и прв пат ќе викнеш...Тој си...
Можеш да земеш било кое државјанство, да се пишеш ова или она, ама потеклото и твојот генетски код не можеш да го смениш, ни ти ни некој друг, со арно или со лошо..
Врежан ти е длабоко во душата....
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
... a Grcite sakaat da ne nateraat javno formalno da si ja promenime nacionalnosta prifakjajki nekoe drugo ime koi nim bi im odgovaralo.
Zoshto? Zatoa sto ne samo sto so toa definitivno se otkazhuvame od svojata teritorija okupirana od Grcija (se seto onoa sto taa go nosi materijalno i istorijski), tuku se otkazhuvame i od nacionalnosta na svojot narod sto zhivee na taa teritorija. Taa nacionalnost Grcija e spremna vednash da ja absorbira kako nejzina. Togash samo vo Grcija kje zhiveat makedonci i teritorijata Makedonija kje bide grchka. Drugite teritorii i drugite nacionalnosti nadovor od Grcija kje bidat neshto drugo. Kako nie samite, megju nas, kje si se chuvtsvuvame posle toa, nim voopshto ne im e gajle. Niv im e vazhno kako kje ne prifatat site drugi nacii vo svetot. Oti site megjunarodni odnosi i dogovori se temelat tokmu na toa. Anglichanite znae deka indijancite ne se sopstvenici na teritoriite na koi zhiveeja, no im beshe vazhno formalno javno (so dokument) da se otkazhat od niv so dogovorot koj mu go ponudija na poglavicata Seattle. Tie znaeja deka site natamoshni dogovori kje se temelat na nego. Mislite deka na anglichanite im beshe vazhno dali indijancite i natamu mislea oti zemjata mu pripagja na Boga? Изменето од Messenger - 12.Јули.2009 во 19:57 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Апсолутно така..Грците точно знаат дека Македонците не се дел од Грчката славна историја (знаат дека Македонската окупација всушност е нивниот најцрн антички период).
Името Македонија и идентитетот го присвојуваат наменски, да се оправда МЕГАЛИ ИДЕА. Геноцидот врз Македонците да биде романтично ослободување...
Германос Каравангелис и Павлос Мелас знеаја дека Македонците не се Грци. Затоа Македонците не беа ослободувани, туку масакрирани, да ги снема од лицето на земјата.Мртвите не зборуваат....
Да беа Македонците Грци, немаше да трпат страшен терор....
Го знаат тоа и големите сили, ама молчат, зашто и нивните раце се крвави до лакти со Македонска крв...
Кога Британците 1948 ги бришеа Македонските борци и им помагаа на монархофашистите, очекувате сега да не признаат нас, т.е да признаат дека учествувале во геноцид?
Кој беше најгласен за промена на името - Лисабонската декларација?
Како тоа имаме ксмет, посредници во спорот да ни бидат секогаш Британци или Англо- Саксонци?
Коинциденција?Не верувам..
Некој едноставно сака до крај да ја заврши работата...
|
||||
Neptun74
Сениор Orbiter Регистриран: 23.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 2643 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Bravo Diogen, Messenger...
Kavi pregovori, kakvo menuvanje nesto... Koj si ima problem so nas, neka si ostane negov problem... A za onie neodlucnite, ili veke "zavedenite": Iako imeto i identitetot ne vi se naogjaat na vaseto konto vo banka ili na popisot na licniot imot, sepak toa vi e najgolemoto bogatstvo sto go imate! Nie sme Makedonci od Makedonija! Изменето од Neptun74 - 12.Јули.2009 во 20:29 |
||||
DeepBlue
|
||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Диоген, точно во сржта
Името е само еден лост преку кој ќе се постигнат целите на подолгорочната грчка политика во однос на македонското прашање: од нас да направат некои други Македонци, северни, различни од тоа што некогаш биле Македонците за нив - поробувачи и окупатори. Нешто кое го признаваат грчките историчари (се разбира не сите), а го негираат политичарите (примерот со непоставувањето на споменикот на Александар Македонски, поради противењето на грчките историчари, од причина што тие не можеа да го преголтаат фактот дека тој бил нивниот окупатор). Со промената на името, во пакет оди и промена на нашиот идентитет (зборувам за правен идентитет, оној кој ќе ни биде запишан во државната лична карта), се разбира преименување и на нашиот јазик... Тогаш ќе можат историјата целосно да ја прекројат по свој терк, а ние како северно-горни-долни-скопски-македонци сакале нејќеле ќе мора да се откажеме од тој дел од нашата историја, оти ќе го немаме веќе правото на неа, како некои нови Македонци, тукушто родени... Се разбира, под услов самите тоа да го дозволиме... |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Како што можеш да приметиш, постот е тука (додуша незнам што имало претходно пишано, бидејќи гледам, имаш правено
некаква корекција во него но, нема врска), нема кој да се штити, а уште повеќе ако се
работи за модератор. Но, да продолжиме.
Дали ова е реакција на некакво незадоволство од твоја страна? Дали си се запрашал зошто Златников вака пишал? Но, штом реагираш и поставуваш прашање, очигледно дека не си очекувал некаква реакција на твојот пост, па затоа сега велиш дека ова се инсинуации. Што велиш ти таму? Дали ова што следи се инсиуации или е навистина речено од тебе?
Значи, со други зборови кажано, според тебе, во МК има луѓе без мозок (или имаат ама не знаат да го користат), кои никако да разберат дека за Македонија е подобро да си го смени името, идентитетот, јазикот и сите други македонски обележја! И, тоа за тебе е во ред, а ова моево не е? Мислеше дека само ти (и твоите истомисленици) сте нај паметни, а сите други неможат да разберат? И што очекуваше после едно вакво твое пишување? Да ти ракоплескаат? Додуша, има и такви - да! Не те разбирам, што има навредливо кон тебе во цитатот кој го наведуваш, кога велам дека си за „пакт“? Па зарем НАТО не е пакт? А ти јасно и гласно кажуваш дека си за да влеземе во него! И тоа да влеземе со променето име (и се друго) на државава. Значи да бидеш „роб“, послушник, да правиш тоа што (ЕУ и САД) ќе ти се рече, без никаков поговор! А, кој прави така? Убаво си кажуваш самиот. Јас само ја потврдувам и преформулирам таа твоја констатација за твоите идеи, согледувања, намери ...!
Дали ти, некаде околу 1980 година, си предвидел дека ќе се распадне Варшавскиот пакт? Кој тогаш помислуваше на такво нешто? Соодветно на ова, дали ти си цврсто убеден дека НАТО ќе постои за 10 години? Па и ЕУ? Добро, можеби не за 10, еве нека се 20, 30 па и 50 години. Што потоа? Или мислиш дека тие ќе бидат вечни? Колку царства, колку империи се промениле на овие простори? Што станало со римското, византиското, турското, српското, бугарското, германското, југословенското? Сите тие биле и поминале, но името Македонија опстоило. Со илјадници години. Се до денешни дни, кога некои „македонци“ сакаат, заради својата голема далекувидост (која досега дури до 10 години нанапред), да го променат? Меѓу другото и заради некои црни сценарија! Да, можни се и тие случувања, кога во македонското ткиво нема единство по така суштествено прашање. Кога внатрешните но и надворешните непријатели гледаат дека ние меѓу себе сме поделени, тогаш ним им е многу лесно. За да ги остварат тие свои замисли ќе се обидат да не’ заплашат, да ни’ инсценираат разни кризи (економски, политички, па и воени ако треба)! А доколку сме единствени во ставот за непромена на името и се што тоа повлекува, не би имале таква комоција да ни’ командуваат и од нас да прават послушни робови! И на крај, за твојата реакција за мојот предлог да го промениш никот. Не ти одговара предлогов? Се чувствуваш повреден? Зошто не сакаш да го промениш никот? Ајде, ако не сакаш милум, да викнеме некој посредник кој ќе се обиде да најде решение за проблемот со твојот ник. Во спротивно, ќе го искористам моето членство во Значи, за да бидам јасен, како можеш да си дозволиш од македонците да бараш да си го променат името и идентитетот, а ти не сакаш да го промениш само твојот ник, да не зборуваме за промена на личното име! Р.Ѕ. Се надевам дека нема да се најде таков кој сериозно ќе ја сфати „заканата“ упатена кон Марко ск (кој не сака да си го смени никот во Маркос РСМ ) и ќе реагира за злоупотребувањето на модераторската функција од моја страна. Изменето од Zlatnik - 13.Јули.2009 во 00:54 |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Само кратко и јасно: КОЈА Е ТВОЈАТА ОПЦИЈА; ЈАС МОЈАТА ЈА КАЖАВ, гледам кај тебе пак нема ОПЦИА ?
ОК, да прекинеме со преговорите, да тие од морален аспект се непристојни за нас, тоа е јасно, и ...ајде, цело време тоа го прашувам ? Еве бонус водич : Кој ја сфаќа атмосферата, сфаќа се. Стварноста е руда од која со испирање се добива сон! (фрагмент од манифестите на В. Пиштало) А ова е чист `дестилат` многу популарен во последно време: Во демократијата секој има право да биде глупав. Ханс Магнус Енцесбергер - Издржи, (Carrs on, Two Cheers for Minority, 1994) Изменето од Marko sk - 13.Јули.2009 во 01:37 |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да, од твоите постови јас (како и секој друг) можам да видам дека ти си за веднаш и безусловно да се промени името на државава. Само ме буни тоа што ти не си разбрал ништо од моите постови, која е мојата опција! Во ред, едноставно ќе ти кажам, јас сум да не се променува името на нашава држава. Да си го зачуваме името Република Македонија. Е сега, како тоа ќе се направи завси од нас, односно од капацитетите на нашите политичари (ако можат така да се наречат тие кои ја водат државава). Тие пред се треба да го променат примарниот став за политиката, дека тоа не е начин, инструмент за нивно лично богатење. Ако ова се разбреше на почетокот, ние немаше да бидеме во ситуација сега да расправаме за ова прашање на форумов. Ако „меѓународната“ види единство на сите во МК по однос на ова прашање, за непроменување на името, и притисокот од нивна страна ќе се намали. (освен ако веќе не е доцна за тоа!)
Со Х.М. Енцесбергер имаме речиси исти ставови во однос на глупавоста, само што јас тоа го искажувам со други зборови кои можат да се прочитаат во мојот потпис. Р.Ѕ. Не ми одговори, дали „кандисуваш“ да го промениш твојот ник! И, ако не, зошто? |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Kaj vide deka sum za bezuslovno menuvanje na imeto a? A gledam nosish zakljuchoci i za site drugi....more moderatore, neshto ne e vred izgleda kaj tebe, epten gledash. Kaj napishav bezuslovno, izgleda imash navistina problemi, izvini vaka , ama po vtor pat te opomenuvam ! SEKADE PISHUVAM DEKA KOGA VEKJE SME STAVENI NA TAKOV PRITISOK I DOSTA IZVESNATA MOZHNOST DA TRGNE BRODOT VO USHTE PONEPOVOLEN SMER, IMETO R.SEVERNA MAKEDONIJA SO ZACHUVUVANJE NA IDENTITETOT I JAZIKOT I ISTORIJATA E SEPAK PODOBRA OPCIJA OTKOLKU DA OSTANEME KAKO FYROM , ILI RM SKOPJE. KAJ VIDE BEZUSLOVNOS TUKA A ? ...ajde posochi kade imam napishano bezuslovno menuvanje na imeto, HMMMM, OK. IMASH DEFINITIVNO PROBLEM ! A NA MOETO PRASHANJE KOJA E TVOJATA OIPCIJA
,te razbrav OK E. vrti suchi ne odgovarash na prashanjeto ... Kazhuvash vo drugite postovi shto kje se sluchi ako se promeni imeto, ( i ok, toa e tvoe mislenje ) ama nishto ne kazhuavsh shto ne cheka ako ostaneme nadvor od evro integraciite, izolirtani kako shto sme sega, blagodarenie na nepopustliviot stav za nepromenlivost na segashnoto ime. ok, ajde malku so "poshirok iskop" da objasnam: Poagjash od moralniot aspekt i od chuvstvata( shto e ok, no kolku vo momentov toj aspekt e produktiven ?), a vakvite pojdovni premisi se poznati kako 'pogled vo retrovizor', t.e. stavovi bazirani samo vrz osnova na pogledite vo retroviozr. OK, ajde eve filozovsko - konceptualno - parabolichno kje se obidam da se izrazam belkim taka kje bide jasno: Jas gledam pred se napred i samo koga treba da preteknam poglednuvam vo retrovizor, a vo opservacijata na problemi od ovoj vid, povekje go preferiram pogledot preku prizmata koja kaj mene vo maalo ja vikaat REALNOST ( koj ja svakja atmosverata svakja se') I odluchnost vo pravenje pretpazliv ( zachuvuvanje na identitetot ) ISCHEKOR KON EVROATLANSKIRE STRUKTURI.
Koga ja raskazhav sluchakata so hirurgot i lekarot, ne me razbra , a bogami i ubavo se 'mestish' i za prashanjeto za nikot, iako nema vrska samoto prashanje, sepak i vo ovoj sluchaj, sakash bukvalno, sakash metaforichno razberigo, pak si greshka, jas sum toj istiot....ok, za nikot obratise kaj Messenger kje ti se razjasni. Изменето од Marko sk - 13.Јули.2009 во 23:23 |
||||
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Sakam da kazam deka Anestea e vo pravo sto go veli toa i treba site da se pridrzuvame do pravilata.Inaku za identitetot da kazam uste nesto deka nasiot identitet si e makedonski i ne smeeme da go menuvame ovoj nas identitet.Sto ke se sluci sega ako nastan promena na pr na Amerikanskiot identitet pa i tie se podeleni na Severni i Juzni a nie ne smeeme taka da napravime.
|
||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ти па намери баш со американскиот идентитет
|
||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |