IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали верувате во Митарства?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаДали верувате во Митарства?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 18>
Автор
Порака
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 13:15
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Страшна работа е ова со митарствава. А сега, по сите овосветски маки, патот на душата бил исполнет со уште поголеми страој...скелет*Дали и малите бебиња минуваат низ ова?*Дали и муслиманите минуваат низ тој пат?*Има ли shortcut?загриженост


Марија,знам дека вака нагло образложено за митарстава може да те збуни, дури и соблазни.
Но живеејќи светотаински живот во Светата Црква некои работи стануваат самите појасни со текот на времето.

Еве дури и логички гледано нели има демони кои нон стоп не напаѓаат и не клеветат(тоа значи всушност грчкиот збор Ѓавол-клевтник).Демоните се во непрестана војна со нас бидејќи се свесни дека тие се осудени и сега со неописива омраза и очај не напаѓаат нас сакајќи ако можат и нас да не одалечат од можноста за спасение.
Не е залудно кажано во посланието на светиот апостол Петар(1 Петар.5:8)"Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта;"

Друго,гревот во својата суштина значи промашување од целта а тоа е Бог.Е сега ние цел живот правиме промашувања и кога ќе се упокоиме тие наши промашување се испречуваат меѓу нас и Бога.
Е тука се појавуваат митарстава.Оние духови на поднебесјето кои неможејќи да му се спротистават на Бога целата своја омраза ја префрлаат на нас.

И сега тие исто клевтници се појавувават и почнуваат да не обвинуваат(клеветат) пред Бога дека со тие и тие наши постапки заслужуваме да бидеме осудени за во пеколот,и дека не ја заслужуваме Милоста Божја.

Работа е што кај секој човек тоа е различно.Сепак учењето(ако може така да се клацифицира) за митарстава не е догма само по себе.
Кога во Црквата нема пишани правила за многу работи кои се одесуваат на личниот живот на верникот(поради што секој човек е посебна приказна и нема во Црквата "класифицирање" на верниците)како ли ќе биде за тоа каква ќе изгледа средбата со митарствата на сите тие различни луѓе?!

Имам читано многу ама ептен многу примери на луѓе кои се вратиле од Митарствата и поенатата на сите тие сведоштва е на тоа дека се луѓе кои се вратиле во живот за да се покајат за своите гревови.

Примерот со блажената Теодора е само најилустративен и се зема како некава основа.Но многу од тие искустава се различни(суштината е таа но формата е друга).

На пример на една жена од Сахалин во 1950 ангелот чувар повеќе и покажувал што ги чека они кои прават тоа и тоа(пијаници,и коцкари во случајот)се додека не се сопнала жената на некои конци и зачудено го прашува ангелот што е ова и он и вели ..ајде сетит се како крадеше конци од фабриката за време на војната!

Или на една руска жена која откако и биле покажани сите маки на грешниците го видела својот покоен син како од некој брод и викал растурија ја пченицата мајко.
И она целата почнала да растура пченица која се појавила покрај нејзе но синот и довикал не таа пченица мајко него кажи им на сите што се случува тука за да се покајат!

Значи многу експлицитно е дека виденијата за митарствата ни се дадени за да ние живите се покаеме на време.

Инаку сведоштва за митарстава има многу и од сите историски периоди.Како на исток така и на запад(посебно со многу вакви примери има од Православна Ирска и Британија(некаде од 5-6 век).
Mитарствата светите отци ги објаснувале со свои зборови,
некои кажувале колку се, некои какви се итн.
Bаш како што во светото писмо секој од евангелистите настаните ги опушувал со свои зборови.
Cветите отци не прават копи пејст, туку се вклопуваат, надополнуваат еден во друг, ако кај еден отец нема нешто, кај друг го има но никогаш не си контрираат.


Бебињаат не поминувата на митарствата бидејќи не се способни за грев.
Според едно видение од грција во една неверојатно прекрасна градина имало многу деца кои се смешкале и си играле и имало во далечината и свртена со грб една висока Жена.
и кога монахињата го прашала ангелот каква е ова градина он и рекол дека се ова е место каде идат малите деца кои не направиле грев,додека таа жена во далечината е Мајката Божјата која што сите упокоенио бебиња ги чува три дена во својата прегратка(како на иконите)за да се смират од разделбата со своите мајки.

Додека скратен пат има ако некој се обожил уште тука на земајат и демоните немаат ништо за што би можеле да го клеветат.

Инаку еве како изгледаат митрствата(од страна видени) од еден пример од синајскта пустина од 6 век(свето јован Лествицник го наведува).
На смрттна послет бил едне отец и одеднаш почнал да се врти настрана лево десно и да вели:

не!,не е тоа точно...лажете не сум го направил тоа.....да признам за тоа но се надевам на Божјта милост.....назнам што да кажам,виновен сум за тоа...

И по ова се упокоил пред очите на преплашените монаси околу него!!
Инаку вакво "бранење" или велење "бегајте од мене" на некој како да е присутен до човекот кој е на смрттна постела ,но кој е невидлив за неговите ближни)се случува и ден денес!


Изменето од ahmar1 - 24.Септември.2009 во 13:24
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 13:20
Ахмар1, благодарам за убавото и опширно објаснување.

Всушност, тие наведени митарства се секако смртните гревови за кои секој треба да размисли и да се покае пред да биде доцна.

Инаку језив ми е малку тој пат на душата...Како да не е фер после сите овоземни тешкотии.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 13:34
Мариа, што се измачуваш вака? Батали тоа митарствата. Господ е посилен од луѓе, демони, па и од самиот црн ѓавол! Ако веруваш во Него искрено, се покаеш и промениш, никој ништо нема да ти може. Бог ќе биде на твоја страна (или ти на Негова, зависи од кој аспект гледаш).

Псалм 91:11 вели: "Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта." Кое големо ветување! На СИТЕ твои патишта!
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 13:45

Овде дискутираме, не се измачуваме...

Си бил некој човек, Перо. Цел живот живеел богоугодно, нит се коцкал, нит пиел, нит блуд, ни крадел...Со други зборови нашиов Перо вегетирал (нели, сепак, каков е тој живот ако не украдеш нешто макар од самопослуга, ако не погледаш некој-а со желба, ако не пивнеш, кснеш...).

Но нашиов Перо бил токму таков.

Имал една маана-имал некој неодреден став за Бог, ни верувал, ни не верувал, просто не се замарал со Бог. Доаѓале да му кажуваат за Исус, за Бог, но Перо немал време.
Едино на некој погреб ќе отидел и едино тогаш ќе чуел нешто од Јован...и од 1 Мојсеева, па знаел само дека од прав е и во земја ќе се врати.
Си ја гледал жената (имал 4-5 деца бидејќи имал секс само кога требало да има деца), си ја работел нивата чесно...

Еден ден Перо ненадејно го чукнал инфаркт, додека по жештината работел на нивата.

Прашање:

1. Дали Перо ќе се задржи на царините со оглед на тоа што немал никаде направено “долг“?

2.Дали на Перо ќе му се суди?

3. Кај ќе го пратат Перо?

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 13:47
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ајде цитирај ми каде Нифонт зборува за бројот на митарствата, за секое митарство пооделно?


За овие нешта не зборува никој ваш "свет отец" пред 10 век, значи дури тогаш се воведени митарствата во вашата вера.


Дете, дете... според тебе ниту Евангелијата не се веродостојни. Да земеме само еден пример. Во Евангелието по Лука, апостолот вели дека еден од разбојниците го искарал другиот разбојник кој Го хулел Господа и го замолил Христа да си спомне за него кога ќе биде во Своето Царство, додека, пак, во Евангелието по Марко тоа воопшто не се спомнува, а во Евангелието по Матеј се вели дека и распнатите со Него Го хулеле.

Изгледа и апостолите не се разбирале меѓу себе, според тебе, а? Кој си додавал, кој си одземал...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 14:10
Марија Магдалина, судот е Божји, а не наш. Господ е тој што ќе одреди кој каде ќе оди.

Има интересна случка со Чаушеско од Романија (мислам дека ви е познат). Во кратки црти, тој за да го изгради својот плоштад во Бук*решт по урнекот на Сан Желизе, има рушено голем број православни храмови. Инаку, Романците се навистина верен народ. Во тоа време, за да се спасат некои од црквите, народот ги копал темелите, ги кревале црквите на ниски даски на тркала (нешто како колички, само ниски) и по малку по малку ги тргале од планираниот простор за плоштадот. Таму е изградена и палатата на Чаушеско. И што е најапсурдно, ја изградил палатата со толкава посветеност, а не успеал да влезе во неа, затоа што умрел. Првиот човек кој влегол во неа бил Мајкл Џексон, кој наместо да го поздрави народот од Бук*решт со: „Добар ден (или вечер, не се сеќавам, а и не е битно за поентата), Бук*решт“, тој ги поздравил со „Добар ден, Будимпешта“.

Значи, Чаушеско си ги гледал своите интереси само, ама еден од законите кои ги вовел во Романија е забраната за абортус.

Откако умрел, новинарите го прашале некој монах каде мисли дека е душата на Чаушеско, а тој одговорил: „Во пеколот“. Истиот ден тој монах имал видение во кое Бог го предупредил да не суди со човечки суд и да одредува дали некоја душа е во пеколот, затоа што конкретно Чаушеско и покрај тоа што има рушено многу храмови, сепак има спасено многу души на деца кои би биле убиени, како и многу души на родители кои сакале да си ги убијат своите деца. А дел од тие деца кои биле спасени, кога пораснале станале монаси и монахини кои целиот свој живот го посветиле на Бога.

Но, треба да се забележи дека Господ преку виденија и откровенија некој пат им открива на луѓето дали некој е во пеколот. Се’ е со Божја Промисла, Тој знае кога треба да се открие нешто, а кога не, но судење од памет не само што се смета како грев, туку со тоа и се седнува на Божјиот Престол за Суд.

Господи помилуј...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 14:32
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Но, треба да се забележи дека Господ преку виденија и откровенија некој пат им открива на луѓето дали некој е во пеколот. Се’ е со Божја Промисла, Тој знае кога треба да се открие нешто, а кога не, но судење од памет не само што се смета како грев, туку со тоа и се седнува на Божјиот Престол за Суд.

Господи помилуј...



И денеска некои христијани кажуваат дека имаат виденија по овие прашања.

Според ова што си го напишала треба да се земат во предвид и нивните виденија и да се направи една кармакаша во однос на животот после смртта.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 14:47
Originally posted by izvoren izvoren напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Но, треба да се забележи дека Господ преку виденија и откровенија некој пат им открива на луѓето дали некој е во пеколот. Се’ е со Божја Промисла, Тој знае кога треба да се открие нешто, а кога не, но судење од памет не само што се смета како грев, туку со тоа и се седнува на Божјиот Престол за Суд.

Господи помилуј...
И денеска некои христијани кажуваат дека имаат виденија по овие прашања.Според ова што си го напишала треба да се земат во предвид и нивните виденија и да се направи една кармакаша во однос на животот после смртта.


Кои христијани, мил мој? Секое видение на православни христијани е во согласност едно со друго. А за какви христијани ми зборуваш? Или тебе ти одговара да седнеш на Судскиот Престол на Господ и да судиш дали некој ќе оди во пеколот, па сега бараш некој „екскјуз“?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 15:05
Originally posted by izvoren izvoren напиша:


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Но, треба да се забележи дека Господ преку виденија и откровенија некој пат им открива на луѓето дали некој е во пеколот. Се’ е со Божја Промисла, Тој знае кога треба да се открие нешто, а кога не, но судење од памет не само што се смета како грев, туку со тоа и се седнува на Божјиот Престол за Суд.

Господи помилуј...
И денеска некои христијани кажуваат дека имаат виденија по овие прашања.Според ова што си го напишала треба да се земат во предвид и нивните виденија и да се направи една кармакаша во однос на животот после смртта.



Prv pat zabelezhuvam neposredno napishana politika na odnesuvanje koja do sega beshe sekogash prikazhuvana posredno.

Ne mi e zborot konkretno za mitarstvata, tuku za nachinot na razmisluvanje koj e diktiran od teoloshkata dogma i ja pothranuva istata.

Imeno, prashanjeto e dali da gi udostojuvame so vnimanie praktichnite chovechki isksutva dokolku za niv ne e pishuvano vo pisanijata sto gi poseduvame ili vekje e zemen nekakov stav/dogma/mislenje koe indirektno gi negira tie iskustva?

Dali vo interes na doktrinata i dogmite kje se pravime deka takvite iskustva ne postojat ili deka se gjavolska rabota/iluzii/lagi i kje gi negirame/kritikuvame/potsmevame za da ne napravime karmakasha od vekje establiranata teologija ili kje se soochime so niv po cena na menuvanje na nash*te razbiranja soodvetno so nash*te iskustva?

Dali celta na nasheto bituvanje e neprekinatoto osoznavanje ili neprekinatoto odrzhuvanje na nekakvo teoloshko status quo ?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 00:29
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Имам читано многу ама ептен многу примери на луѓе кои се вратиле од Митарствата....
На пример на една жена од Сахалин...
Или на една руска жена....
Според едно видение од грција...
...еден пример од синајскта пустина од 6 век...
 
А од Светото Писмо некој пример да ни наведеше? трепкање Од рекла-казала муабети и од бабини деветини човек може да се изнаслуша се и сешто. Прашај некој антрополог и ќе ти каже дека во светот постојат илјадници прикаски за она што се случува после смртта и секој разкажувач на тие прикаски си верува дека неговата верзија е онаа вистинската.
Но христијаните не се заведуваат по прикаски, туку верно го следат Божјиот Збор.
 
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Инаку сведоштва за митарстава има многу и од сите историски периоди. Како на исток така и на запад
 
Да да, сведоштва има од сите историски периоди низ целата земја, освен од периодот од 15 век п.н.е до 1 век н.е. (кога се пишувани библиските книги) и освен во деловите на Европа, Азија и Африка (каде што се пишувани библиските книги) среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 01:50
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Imeno, prashanjeto e dali da gi udostojuvame so vnimanie praktichnite chovechki isksutva dokolku za niv ne e pishuvano vo pisanijata sto gi poseduvame ili vekje e zemen nekakov stav/dogma/mislenje koe indirektno gi negira tie iskustva?


Не.Нема да ги удостојуваме со внимание практичните човечки искуства.

Затоашто секој човек има по некое искуство и кај ке им биде крајот.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 02:27
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Од рекла-казала муабети и од бабини деветини човек може да се изнаслуша се и сешто. Прашај некој антрополог и ќе ти каже дека во светот постојат илјадници прикаски за она што се случува после смртта и секој разкажувач на тие прикаски си верува дека неговата верзија е онаа вистинската.


Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Не.Нема да ги удостојуваме со внимание практичните човечки искуства.


Нееее... немојте да ги удостојувате со внимание. Па какви се тие виденија, Бог да чува! Господ ако рекол дека ќе имаат виденија и следните генерации, ама вие ич ништо да не признавате од тоа. И ако рекол дека ќе Го остави Светот Дух на Црквата за тој да ја води во тоа што е точно а што не, сепак, вие ни Свет Дух ни виденија да не признавате. Само „придржувајте“ се кон Божјиот Збор... идолопоклонички однос кон Боблијата.

Дела Ап.: 2:17 И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Но христијаните не се заведуваат по прикаски, туку верно го следат Божјиот Збор.


Верно? Божји Збор?    Мислиш – твојот збор?


Изменето од Maran Ata - 25.Септември.2009 во 02:28
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 02:35
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:



Нееее... немојте да ги удостојувате со внимание. Па какви се тие виденија, Бог да чува! Господ ако рекол дека ќе имаат виденија и следните генерации, ама вие ич ништо да не признавате од тоа. И ако рекол дека ќе Го остави Светот Дух на Црквата за тој да ја води во тоа што е точно а што не, сепак, вие ни Свет Дух ни виденија да не признавате. Само „придржувајте“ се кон Божјиот Збор... идолопоклонички однос кон Боблијата.

Дела Ап.: 2:17 И ете во последните дни, рече Бог, ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа.



Ке се случуваат и други работи не само виденија.Малку поопширно е објаснето.

17 ’Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат, и вашите младинци ќе гледаат виденија, а вашите старци ќе сонуваат соништа.

18 Исто така, во тоа време, и на Своите слуги и на Своите слугинки ќе излеам од Мојот Дух и ќе пророкуваат.

19 Ќе направам чудеса горе на небото, а знаци долу на земјата; крв и оган и пареа од дим.

20 Сонцето ќе се претвори во темнина, и месечината во крв, пред да дојде великиот и славен Господов ден.



Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 02:43
И? Што ти значи објаснувањето? Демек со тоа што си ги пастирал сите стихови треба да сфатиме дека виденијата не се од Бога или?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.