IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 32>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:01
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Originally posted by MOYA MOYA напиша:

„Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе. помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт.“ (Свети Јован Златоуст)


Зошто би барале од Бога уште милост? Зар не ни укажува доволно? Зар не ни ја искажа најголемата љубов и милост на крстот на Голгота?


Имаш некоја поука да пишеш? Ако имаш прашање за нешто префрли го на општо и неврзано.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:11
А ти имаш одговор? Па дај ми го. Напиши го каде сакаш. Навистина сакам да знам по која логика се молите постојано Бог да биде милостив кон вас.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 16:48
Свети Нил Мудриот

Секогаш сеќавај се на Бога и твојот ум ќе се претвори во небо
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 16:49
Свети Ефрем Сирин

Човекот кој трпеливо поднесува кога го озборуваат или навредуваат личи на оној кој го заклучил лавот во кафез, а оној кој одговара со озборување и со навреди, личи на човек којшто самиот себеси се удира (со оружје).
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 16:49
Преподобен Пимен Велики

Во оној миг кога ние го покриваме гревот на ближниот и Бог го покрива нашиот, а кога ние го откриваме гревот на ближниот и Бог го открива нашиот.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:38
Прашале некој атонски пустиник…

…„Штo треба да правиме кога сме фалени и ни даваат комплименти?” Со смирение и самопознание, тој одговори: „Ќе ви дадам еден пример: Кога на парче дрво го резбав лицето на еден светец, откако завршив мислев дека е добро. По некое време повторно го погледнав и открив дека некои работи не се сосема доработени. Ако користев лупа, гледав дека не е некое мајсторско ремек-дело. Такво нешто може да се направи со една рака. Сметаме дека тие се чисти. Но, ако ако ги испитаме под лупа, ќе видиме дека постојат некои дамки и бактерии. Така би требало да се испитуваме себеси темелно и тогаш ќе сфатиме дека сме ништо наспроти многуте пофалби.”
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:49
Старечник

Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 06:50
Старечник

Благодатта таинствено се дава со крштевањето во Христа, се разоткрива според мерата на исполнувањето на заповедите. Таа не престанува да ни помага, но од нас зависи дали ќе твориме добро или
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 07:03
Совршено смирение

    Имаше двајца браќа кои делеа една келија. Нивното трпение и смирение беа ценети од многу отци. Некој свет човек, кога слушнал за тоа, посакал да ги провери и да види дали имаат совршено смирение. Тој отишол да ги посети. Тие го примиле со радост и заедно ги кажале нивните вообичаени молитви и псалми. Потоа посетителот излегол од келијата и ја видел нивната мала градина. Зграбувајќи го својот стап, тој започнал со сета сила да ги уништува сите плодови што ги здогледал и наскоро ништо не останало. Гледајќи го, двајцата браќа − не кажале ни збор. Тие дури не покажале ни натажено или вознемирено лице. Кога се вратиле во келијата, ги завршиле своите молитви на Вечерната и му платиле за честа, велејќи: „Авва, ако сакаш, може да ја земеме едната зелка што остана и да ја свариме, зашто, време е за јадење.” Потоа старецот се поклонил пред нив и рекол: „Му благодарам на мојот Бог, оти гледам дека Светиот Дух почива на вас.”
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 12:20
Старец Ефрем Филотејски

Ревносната молитва е непосредна духовна должност за зачувување на круната на добродетелите – љубовта. Подвизувајте се во молитвата доколку сакате во вас да престојува Христос и Тој, како најопитен војсководец, ќе се бори заедно со вас. Ќе се бори со вас и ќе ви ја подари победата.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 12:21
Свети Исаак Сирин

Кој верува дека во рацете на неговиот духовен отец се наоѓа неговиот живот и неговата смрт никогаш нема да му противречи на својот пастир. Незнаењето за истото раѓа противење што ја предизвикува духовната и вечна смрт.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 11:14
Свети Иринеј Лионски

Како што сувата земја, не примајќи влага, не може да донесе плод, така и ние како суви дрвја никогаш не би можеле да принесеме плод на животот без благодатниот дожд одозгора... заради тоа неопходна ни е Божјата роса, за да не изгориме и не останеме бесплодни.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 11:21
Свети Никита Ститат

Ако не се познаваме себеси, не знаеме што е смирение, ниту се приближуваме кон вистинското остварување и чување на заповедите. Познанието на длабочините на своето битие е целта на стекнувањето добродетели.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 16:30
Авва Марко

И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите. Но ти, со големо внимание и настојување на умот, во содејство одозгора од кога еднаш ќе ги пронајдеш овие невидливи дивови на злото, потоа лесно ќе можеш да се избавиш од нив, пак, со внимание и молитва. Тогаш од твојата ревност за вистинското знаење, за паметењето на Божјото слово и согласувањето на твојата волја и живот при состојба на внимание во срцето и постојано чување на силата на дејствената благодат – заборавноста, незнеањето и мрзливоста ќе бидат истребени и ќе исчезнат.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.