Испечати | Затвори го прозорот

Поуки од Светите Отци

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15763
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 16:23
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Поуки од Светите Отци
Постирано од: Опитен
Наслов: Поуки од Светите Отци
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 08:40
Во Египетската пустина, некој манихеј (припадник на манихејската ерес) го стемнило па морал некаде да преноќи и си рекол дека бидејќи го знаеле дека не е Православен нема да го примат, но сепак се решил да тропне на вратата од ќелија.

Тогаш излегол еден монах, го познал и со радост го примил. Го поканил на молитва, и откако му угодил и самиот си легнал да се одмори. А манихејот, ноќта, кога си дошол на себе, се зачудил и самиот си рекол:


Зашто овој не покажа никаков презир кон мене? Навистина овој човек е Божји. И како дошол, му се поклонил и му рекол: Од сега и јас сум православен. И останал со него.

Бог е љубов



Коментари:
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 09:06
На барање на Опитен, отворам ваква тема и го префрлам текстот од темата за монаштвото тука.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 15:17
Си идел еднаш ава Макариј од езерото кон својата ќелија. Носел палмини гранки и на патот, ете го ѓаволот со коса. Ѓаволот сакал да го удри Макариј, но не можел. Му рекол ѓаволот *Многу сила имаш Макариј, не можам против тебе. Се што правиш ти, правам и јас. Ти постиш, а јас сосема не јадам, ти бдееш, а јас воопшто не спијам, со едно само ме победуваш*. *Со што?*, го прашал ава Макариј. Ѓаволот му одговорил *Со смирението, ете зашто ништо не ти можам*.

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 22:25
ПРЕКРАСНО!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 03:46
Мајка Синклитикија говорела
*Опасно е да поучува оној што нема искуство во дејствителниот живот. Како што може оној што живее во трошна куќа, ако прими кај себе туѓинци, да ги погуби - во случај да падне куќата, така можат и тие што претходно не се научиле на доброто, да ги погубат оние што доаѓаат кај нив да добијат поука. Зашто, со зборови тие навистина ги повикувале кон спасение, но со лошиот живот повеќе им наштетиле на своите следбеници*.

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 04:21
Св. Августин напишал:
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!"


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 10:13
Еден мудар старец духовно го поучувал еден горделив брат, но тој заслепен, му рекол *Прости ми, оче, јас не сум горд.* Мудриот старец одговорил *А со што, сине мој, можеш појасно да докажеш дека си горд, ако не со тоа што велиш
- Јас не сум горд?*

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 16:28
Покрај управување со умот, потребо е и управување со волјата.
Не дозволувај ì на волјата да се мотивира од своите желби, туку секогаш нека биде една со волјата Божја. Притоа секогаш имај на ум дека не е доволно само да го сакаш тоа што Му е угодно на Бога, туку треба да Му служиш со чисто срце и без желба да си угодуваш себеси. За да се успее во тоа, мора да се издржи борбата со својата природа, пострашна од која било друга борба до тогаш. Зашто, нашата природа е толку наклонета кон самата себе, што во сите, па дури и во најдобрите духовни дела е подготвена да се задоволи самата себеси и со тоа неприметно и похотливо да се храни.

Свети Никодим Светогорец

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 19:04
Ве молам без непотребни препукувања и префрлања. Во конкретнава тема, останете само на пренесување на поуки од Светите Отци. Доколку имате забелешки и коментари - има друга тема со иста содржина за тоа...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 27.Септември.2008 во 23:27
Еден (за милиони луѓе) Свет Отец, го рекол следново:
Неможам да спречам едно врапче да ми се “исплука “ на глава –
Но можам да го спречам на неа да ми направи гнездо.
(Мартин Лутер)       



-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: belichka
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 10:45
nemozeme da e podvizuvame ako pred toa ne sme se naucile na poslushanie,

-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 11:02
БрАВО, прекрасна тема
Срцето ми заигра, душата ми се стопли од радост

Еден Ава бил посетен од Ангел, со порака дека е многу добар
А Авата му одговорил на Ангелот дека на погрешна врата затропал.


Постирано од: bile_teo
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 11:13
Авва Антониј            

Авва Антониј рекол:

„Бог не допушта да дејствуваат искушенијата во овој род како во старите, затоа што знае дека луѓето се слаби и дека нема да издржат.“

Уште рекол:

Ќе дојде време кога луѓето ќе станат безумни, и секој пат кога ќе видат некој словесен, ќе се дигнат против него говорејќи: „Ти си безумен“, бидејќи не е како нив.






Тројца отци имаа обичај секоја година да одат кај блажениот Антониј. И додека двајцата го прашуваа за помислите и за спасението на душата, третиот секогаш молчеше ништо не прашувајќи. А после некое време му рече авва Антониј:

- Зар имаш толку многу време да доаѓаш до тука и ништо да не ме прашаш?

А тој одговори:

- Доволно ми е да те гледам, отец.

Го посетија монаси авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме.“
Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“
А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“
А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот.“
Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“
Старецот им рече: „Ако не можете да го свртите другиот, барем едниот истрпете го.“
Му рекоа: „Не можеме ни тоа.“
А Старецот рече: „Ако не можете ни тоа, не возвраќајте на истиот начин.“
Рекоа: „Ни тоа не го можеме.“
Му рече Старецот на својот ученик: „Направи им малку каша, тие се болни.“
А ним им рече: „Ако ова не можете, а она не сакате, што да ви правам? Треба да се молите.“





За покајанието - св. Јован Златоуст            


Свети Јован Златоуст


Бог е брз да спаси, а бавен да казни

Секогаш кога свети апостол Павле со Божествен и небесен јазик поучуваше на евангелската наука, тоа го правеше со големо внимание. Бидејќи она за што зборува тој не е според неговиот разум, туку според дадената власт од небесниот Цар. Толкаво внимание покажува особено тогаш кога грешниците ги учи на покајание, за што и јас сега сакам да ви зборувам.
Сите слушнавте дека истиот тој голем и прекрасен маж пишувајќи им на Коринтјаните рече: Да не би пак, кога ќе дојдам при вас, да ме унизи мојот Бог, и да плачам за мнозина, кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамотата што ги направиле (2 Кор. 12, 21).
Овој голем учител според својата природа беше човек, но како ревносен слуга Божји зборуваше со небесен јазик и од самото небо ги земаше зборовите, така што на грешниците им ветуваше страв, а на покајаните простување. А додека ова го зборувам за него, оваа власт не ја припишувам на Павловиот јазик, туку сето тоа го припишувам на Божјата благодат, бидејќи и тој самиот тоа го потврди кога рече: „Сакате ли доказ дека Христос зборува преку мене?“ Само заради тоа тој можеше да им го проповеда лековитиот мелем и спасоносното покајание на грешниците.
Но, покајанието е и дар небесен и чудесна сила, која соединета со милоста Божја ја надминува и силата на законот, па затоа и не го одбива блудникот, не го одбива прељубодеецот, не се одвраќа од пијаницата, не се гади од незнабожецот, не го отфрла оној кој осудува, а ни хулникот, па ни горделивиот не го презира, но сите ги прима. Бидејќи, покајанието го спалува гревот.
Иако, пред сѐ, треба да зборуваме за намерата Божја, која се пројавува во покајанието, нема да се поведеме по своите мисли, туку ќе ја изнесеме вистината онака како што е посведочена во Светото Писмо.
Кога милостивиот Бог долго го трпи грешникот, тогаш има двострука спасоносна намера т.е. промислува за неговото спасение по пат на покајание и на неговото потомството, коешто ќе расте во добродетели, им подготвува благочестивост. Повторно ќе го потврдам ова што го кажав.
Бог долго трпи за да се покае оној кој греши, а на оние коишто после него ќе се родат да не им биде ускратено спасението. Па, иако оној кој згрешил не сака да се покае, Бог и тогаш го чува коренот за да ги сочува неговите идни плодови. Покрај тоа го исправува и самиот корен, како што порано кажав, па кога грешникот ќе западне и во крајна злоба, Бог повторно заради неговата полза одлага да го казни очекувајќи спасение на другите коишто ќе се покајат. А како тоа?
Слушај! Тара, таткото на Аврам, беше незнабожец, но за своето неверие не беше казнет. А и тоа е праведно. Бидејќи, ако Бог го пресечеше коренот, како тогаш истиот би дал плод на толкава вера? А кој беше позлобен од Исав? Погледни, те молам и на друг пример на човекољубието. Кој од неговите пороци беше посрамотен? Зарем не беше тој и блудник и осквернител, како што и Апостолот вели за него (Евреи 12, 16)? А кога тој беше и блудник, и братоубиец, и осквернител, и мерзост пред Бога зошто не беше истребен? Зошто не беше посечен? Зошто токму во тој момент не го стигна достојна казна? Зошто прашуваш?
Бидејќи, треба да ја кажеме вистината. Да беше истребен, светот би го немал големиот плод на вистината. А како тоа?
Слушај! Исав го роди Рагуил, Рагуил го роди Зар, а Зар го роди Јов. Приметуваш ли колкав плод на трпението би загинал ако Бог претходно го отстранеше коренот? Па и во другите случаеви расудувај вака.
Затоа Бог и Мисирците, како хулници долго ги трпеше, бидејќи во Мисир во најрано време се основани цркви и манастири. И Мисир меѓу првите се исполни со оние коишто тежнееле кон ангелскиот живот. Исто така говорат и оние коишто се запознаени со граѓанскиот закон, а така вели и римскиот закон: „Жена, која направила престап, а која се казнува со смрт, не треба да биде казнета пред да се породи.“ А тоа и е единствено праведно, бидејќи оние кои го донеле законот не сакале со онаа која згрешила, да биде погубено и невиното дете. А кога човечките закони ги штедат оние кои ништо не згрешиле, колку повеќе Бог ќе го чува коренот кој во своите плодови ја сокрива благодатта на покајанието.
Меѓутоа, да го погледнеме дејството на благодатта на покајанието над оние кои грешат, бидејќи и кај нив може да се воочи истоветна причина на Божјото човекољубие.
Казната да не го чекаше поправувањето, светот сосема би бил истребен и би изгинал. Бог да брзаше со казнувањето, Црквата ќе го немаше Павле и не ќе добиеше толку голем маж. Затоа Бог го трпеше хулникот за да го покаже покајникот.
Долготрпението Божјо, значи, направи гонителот да стане проповедник, долготрпението Божјо го претвори волкот во пастир, долготрпението Божјо направи од цариникот евангелист, а со истото долготрпение Божјо сите сме помилувани бидејќи се променивме, сите се обративме. Па кога ќе видиш дека и пијаницата станал испосник, кога ќе видиш дека и оној што хулеше станал богослов, и кога ќе видиш дека оној што со гнасни песни си ја валкал устата со божествени песни ја чисти својата душа, прославувај го долготрпението Божјо, фали го покајанието и за преображението расудувајќи говори: Ова е промена од десницата на Севишниот (Пс. 76, 11).
И навистина! Бог спрема сите е милостив, а долготрпението го покажува најмногу кон грешниците. И ако сакаш да слушнеш тврдење, непознато на вообичаеното расудување, но вистинито и кое за благочестивоста говори, слушни го ова што ќе ти го кажам.
На праведните Бог секогаш им се јавува како страшен, а на грешниците како благ и брз за нивно помилување. Грешникот кој паднал го подига и говори: зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат? (Јер. 8, 4-5). И повторно: Обрнете се кон Мене ... и Јас ќе се обрнам кон вас (Зах. 1, 3).
На друго, пак, место со своето големо човекољубие и со заклетва потврдува дека спасението може да се здобие со покајанието: Жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив (Јез. 33, 11).   
Спротивно, за праведникот вака говори: И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги врши грешникот, ќе биде ли жив? (Јез. 18, 24).
О, колку е голема строгоста кон праведникот и колку е големо милосрдието кон грешникот!
Бог, значи, различно постапува и разновидни мерки употребува, но не затоа што е непостојан, туку затоа што Својата милост ја насочува исклучиво на полза. А зошто тоа?
Слушај! Ако Бог би го плашел грешникот кој неотстапно пребива во гревови, би го навел на очајување, па и на сомнеж во надежта, а ако праведникот би го пофалил, би го направил небрежен во добродетелниот труд, така што истиот и понатаму, веќе како блажен, не би ја практикувал добродетелта. Па затоа грешникот го милува, а праведникот го укорува. (Затоа Он е) Старшен за сите што Го опкружуваат (Пс. 88, 7) и добар... кон сите (Пс. 85, 5), како што е напишано.
Старшен за сите што Го опкружуваат. А кои се тие што Го опкружуваат, ако не светиите? Бидејќи кој ќе Му се вподоби на Господ меѓу синовите Божји? Велик е и страшен за сите што Го опкружуваат (Пс. 88, 7-8) и ако види некого да паѓа, му ја подава раката на милосрдието, а ако го види другиот сѐ уште да стои, го укорува, и сето тоа го прави со праведен суд. Праведникот, значи, со стравот го зацврстува, а грешникот со милоста го подига.
Сакаш ли пак да видиш дека Он правовремено ја покажува Својата милост и дека со она што е полезно истовремено покажува и строгост, со внимание послушај за да можеш да ја разбереш длабоката смисла на ова.
Онаа грешна жена (а тоа на сите им е познато), која се наоѓала во секој грев и беззаконие, и која многу згрешила и многу грешни дела правела, кога го посакала спасението и се покајала, дошла на гозбата на светиите (тој собир гозба го нарекувам затоа што на неа беше присутен и Светиот над Светиите). И додека Исус престојувал во куќата на Симон фарисејот, дошла жената, познатата грешница и се допрела до нозете на Спасителот и со солзи ги облила и со косата ги избршала, па иако со толку гревови била умртвена, Човекољубецот ја подигнал говорејќи ѝ: Ти се простуваат гревовите (Лука 7, 48).
Немам намера целата приказна да ја толкувам, но само заради сведоштво ќе го наведам и ова: Затоа ти велам: нејзе ѝ се простуваат многу гревови, оти ме возљуби многу. (Лука 7, 47). И за толкуте гревови грешната жена доби простување, додека Марија, Мојсеевата сестра, поради некое мало роптање беше осудена на прогонство.
А на грешниците им вели: Гревовите ваши да се како бакам, - како снег ќе ги избелам (Ис. 1, 18). Со промена, значи, патот на покајанието темнината ја претвора во светлина и со милостив глас ги простува безбројните гревови.
А што им зборува на оние кои се праведни?
   А оној што ќе го нарече брата си „будала“, ќе биде виновен за во пеколот (Матej 5, 22). Поради еден збор покажува толкава строгост, а наспроти толкавите гревови раздава толкава обилна милост.
Погледни, те молам, уште нешто што е достојно за восхитување.
Бидејќи гревовите како и другите долгови се запишуваат, така и на оние грешници кои се каат, им се простува и тоа што некогаш им е дадено. А од праведникот се бара и камата. Читаме во Евангелието, Му пристапил должник кој Му должел многу таланти, и бидејќи за ова со големо покајание и многу молби Го молел и велел: Господаре, почекај ме, и сѐ ќе ти вратам (Матеј 18, 26), милостивиот Господ не барал од него никаков надомест, но му го прифатил неговото признание наместо долгот.
На должникот, значи, кој должел десет илјади таланти, му ја простил дури и главницата, додека на праведникот и камата му побарал. Па зошто, се вели, не го даде моето сребро на трговците, та кога ќе се вратам, да го добијам со интерес?“ (Лука 19, 23).
Ова не ви го велам за да ве убедам дека на праведниците им е непријател, бидејќи ништо не му е помило на Бог од праведен човек, но како што и претходно реков, Бог грешникот го теши, за да го подигне, а праведникот го плаши за да го зацврсти. И на грешните и на гордите, кои се како непријатели, многуте гревови им ги простува, а на праведните и за најмалку им замерува, бидејќи сака да немаат во своето совршенство ниеден недостаток.


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 14:10
Светите Отци велат дека молитвата „ Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ преставува скратено Евангелие и ако покајанието, според свети Исаак Сиријски, е „трепет на душата пред вратите на Царството“, тогаш „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ е тропањето на вратата на Неговата милост, на која ни заповеда Христос стално да чукаме. „ Чукајте и ќе ви се отвори“.


-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 14:58
Св. Василиј Велики рекол:
Од кога тоа традицијата (обичаите) треба да се земат како доказ за тоа што е правилно? Ако го отфрлате ова, не сме должни да го следиме вашето учење. Затоа Боговдахнатиот Збор нека ни биде судија!


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 14:58
http://au.youtube.com/watch?v=hagBx2v2e9A&feature=related - Поуки на старец Клеопа

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 20:38
Sveti Jovan Damaskin kazal:
 
UMRI PRED DA UMRIS, ZA DA NE UMRIS KO KE UMRIS!!!!


-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 04:00
„Природата на молитвата е да го подига човекот од земјата на Небото и надвисувајќи го секое небесно име, слава и достоинјство, го приближува човекот кон Бога, Кој е над сета творевина“

Св. Григориј Палама

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 04:33
Св. Атанасие Велики напишал:
Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 06:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Св. Атанасие Велики напишал:
Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината.



Зошто бе и овде почнуваш со твоите провокации?

Извини што ти се обраќам лично но дај имај малку респект.

пиши нешто убаво, секако дека го почитуваме и св.Атанасиј и тоа што го напишал но се гледа и дека овој твој пост има задна намера затоа те молам немој повторно да почнуваш и на оваа тема...

како брат те молам.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 10:29
Го прашаа авва Агатон: „Што е поголемо: телесниот труд или внатрешното воздржување?“ Старецот одговори: „Човекот е сличен на дрво. Значи, телесниот труд се лисјата, а внатрешното воздржание плодот. Зашто, напишано е: „секое дрво што не раѓа добар род се сече и во оган се фрла“, па јасно е дека треба да се грижиме за плодот, односно за воздржанието на умот. А потребна е и покривката и украсот на лисјата, што е телесниот труд.“

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 10:31
     

Свети Теофан Затворник

Од срцето човечко излегува и доброто и лошото. Каков си во срцето, таков си и пред лицето на Господ.



-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 10:32
     

Старец Паисиј Светогорец

Искушенијата што ги допушта Бог се соодветни на нашата издржливост. Но за жал, многу често кон нив се додаваат зајадливите шеги и безрасудните зборови на немилосрдните луѓе, така што тогаш веќе гориме. Силниот ветар вообичаено ги крши тенките дрвја и ги откорнува оние без длабоки корени, а на длабококорените им помага уште повеќе да ги продлабочат.

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 15:19
Свети Исаак Сирин

Кој верува дека во рацете на неговиот духовен отец се наоѓа неговиот живот и неговата смрт никогаш нема да му противречи на својот пастир. Незнаењето за истото раѓа противење што ја предизвикува духовната и вечна смрт.

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 17:50
Свети Симеон Нов Богослов

Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија. Ако пак, одговара со горчина и ако зборува дрско, ќе ѝ овозможи да излее отров во неговото срце и миговно да ја разјаде неговата внатрешност, така што оваа змија од ден на ден станувајќи со тоа сѐ посилна, ќе ги направи свој плен доброто расположение и силата на неговата несреќна душа, и тогаш таквиот човек ќе почне да живее за гревот и наполно ќе умре за праведноста.



-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 19:32
И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение. И сè што е потребно, ако треба да ѝ помогнеш на некоја друга душа.
(Старец Паисиј Светогорец)


-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 23:21
Св. Атанасиј Велики рекол:
"Поголемиот дел  од Светото Писмо зборува кон нас, но Псалмите зборуваат за нас."



-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: BarbB
Датум на внесување: 30.Септември.2008 во 23:55
се додека душата не е мирна, не може да има никаква визија, но кога смиреноста ќе се доведе во присуството на Бога, тишината делува. тишината на душата, која не е само смирена и собрана, туку и преплавена со стравопочитување на Божјото присуство, во чинот на обожување тишина, во која како што бележи Јулијан од Норвич,- молитвата ја соединува душата со Бога.

Антониј Блум


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 09:47
Старец Паисиј Светогорец

Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 12:43

Св. Кирил Александриски рекол:

"За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Светото Писмо"


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 15:48
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Св. Кирил Александриски рекол:


"За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Светото Писмо"


И да те потсетам што велел св Кирил Александриски (ако имаш нешто спротивно на ова, наведи го изворот)

КИРИЛОВО „ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ВЕРАТА" 433. ГОДИНА
http://www.verujem.org/sveti_oci/iiisab_iz.html

Ги прочитав овие ваши свети зборови, и најдов дека и ние не мислиме подруго, зашто „еден е Господ Една е верата Едно е крштението" (Еф 4:5), ние го прославивме Бога Спасителот на сите, поздравувајќи се еден со друг, зашто верата во нашите и ваши Цркви е сагласна со боговдахновеното Свето Писмо и Преданието на нашите Свети Отци.
Јас во сето тоа го следам учењето на Светите Отци , а особено меѓу нив блажениот и најславниот наш Атанасиј, со цел да не искривам нешто (од учењето на Христа)...
Би можел да ти соберам многу сведоштва (Отци) кои ја потврдуваат вистинитоста на тие мои зборови...
На било кој начин не можеме да трпиме некој да ни ја потресува верата, или Символот на верата, кој е издаден од нашите Свети Отци собрани во Никеа.

А ова е наменето за ЕвАнгелос од Св.Кирил Алксандриски

А на тоа што некои од оние кои имаат обичај да го искривуваат она што е право, ги извртуваат моите зборови онака како ним им одговара , нека вашата светост не се чуди, знаејќи дека сите еретици во боговдахновеното Свето Писмо наоѓаат потпора на своите заблуди, извртувајќи го со своите расипани мисли она што е право (вистинито) соопштено од Духот Свет, и на таков начин собирајќи на својата глава неугаслив пламен.

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 17:41
Еднаш, кога без оглед на сите трудови, не успевал да се моли чисто, монахот Силуан го зафатила болна тага: толку години краен напор, а возљубениот Господ сѐ уште се крие! Отец Силуан рекол во своето срце: „Господи <…> што треба да правам, за да Ти се молам со чист ум? <…> за да се смири мојата душа?.” И добил одговор од Бога во срцето: Држи го твојот ум во адот, и не очајувај.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 17:58
3) Духовната љубов е можна само при дејството на Божествената благодат. Тогаш духот се разбудува од сонот во кој го опоиле страстите, како што се разбудува земјата под зраците на пролетното сонце. Во борба со духовната љубов стапуваат страстите кои се вгнездиле во душата и телото. Затоа, духовната љубов во многу е – ослободување на духот од ропството на душевните пристрастности и емоции. Таа е установување на поредокот на силите на човечката природа. Тоа се достигнува со упорна борба. Затоа, почеток на духовната љубов е – покајанието, а почеток на слободата – христијанскиот аскетизам и потчинувањето на својата волја на Божјата благодат. Духот, откако го заземе управното место во човековата природа, со своите импулси проникнува во душата, ја одухотворува и ја очистува самата душевна љубов. Душевната љубов, без благодатта, постојано е подложена на корозија и деформација заради гревот кој длабоко е навлезен во човековата природа. Без вистината – не е можно да се добие благодатта. Без благодатта – душевната љубов преминува во страстна похот. Вистината е стражар на љубовта. Без вистината – љубовта станува блудница.

Од: Архимандрит Рафаил (Карелин), „Почему христиане теряют любовь?” и „О профанации любви”

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 01.Октомври.2008 во 18:46
Ако не умреме за светот, не можеме да стекнеме плач и солзи. Нив ги стекнуваме во онаа мера во која умираме за светот.

св.Игнатиј Брнчанинов

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 16:49
Крстот денес се издигнува, и светот се осветува, бидејќи Оној што седи заедно со Отецот, и со Светиот Дух, на него рацете ги рашири и целиот свет, Христе, го привлече кон твоето познание. Оние, пак, што се надеваат на Тебе, удостој ги со Твојата слава божествена.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 16:51
Старец Ефрем Филотејски

За да стане срцето на човекот сад способен да Го прими Бог, мора најнапред да биде очистено од нечистите помисли.



-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 16:52
Старец Ефрем Филотејски

Напредувајќи во молитвата, ќе го најдеме олеснувањето од страстите. Скриените помисли со време ќе исчезнат, нашето срце ќе стане незлобливо детско срце.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 16:56
Отец Анатолиј
Господ е мое утешение и моја награда, Благословен да е Господ Исус Христос наш

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 16:57
Старец Паисиј Светогорец

Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство.


.

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 05.Октомври.2008 во 11:01
Некој монах дојде при ава Макариј Египетски, и му рече:
– Ава, кажи ми поука како да се спасам.
А старецот му рече:
– Појди на гробиште и почни да ги кудиш умрените.
И отиде монахот на гробиштето и почна да ги куди умрените и да фрла камења по нив. Кога се врати, му раскажа на старецот. А овој му рече:
– Ти кажаа ли нешто?
Монахот одговори:
– Не.
Старецот му рече:
– Појди повторно утре, и пофали ги.
И, откако повторно отиде на гробиштето, монахот почна да ги фали, велејќи:
– Апостоли свети и праведници.
Па се врати при старецот и му рече:
– Ги фалев.
А ава Макариј го праша:
– И ништо не ти одговорија?
Монахот рече:
– Не.
Тогаш старецот му рече:
– Гледаш ли, ги навредуваше и ништо не ти рекоа, и ги фалеше и пак ништо не ти одговорија; така и ти, ако сакаш да се спасиш, биди мртов: како и овие умрени, немој да ја имаш на ум ниту неправдата ниту славата човечка, и ќе можеш да се спасиш.


-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 06.Октомври.2008 во 16:48
Старец Софрониј

Единствено што нè привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива преку Своите енергии. Христа го живееме како наш личен живот, а не само надворешно.



-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 06.Октомври.2008 во 16:49
Свети Никола Кавасила

Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух: „Се крштеваме за смртта да ја умртвиме и со воскресение да воскреснеме; се миропомазуваме за да се родиме како заедничари на даровите на царското обожение

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 20:32
Свети Василиј Велики

Постот ја зајакнува молитвата. Станува нејзино крило на патот кон небото (...) Но не ограничувај ја добродетелта на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различните јадења, тој е одрекување од страстите и од гревовите: никому да не му нанесуваш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти ја сторил, за злото што ти го направил, за долгот што ти го должи. Инаку, не јадеш месо, но го јадеш братот свој. Не пиеш, но унижуваш друг човек. (...) Оној кој сака вистински да пости, нека ја одбегнува секоја страст.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 20:55
„Отстранувањето на лукавите помисли во внатрешноста е знак на љубов спрема Бога, а не на грев, бидејќи грев не е појавувањето на помислата, туку пријателската беседа на умот со неа. Ако не ја сакаме, зошто се задржуваме на неа? Не е можно нешто што од сесрце го мразиме долготрајно да разговара со нашето срце. Доколку тоа сепак се случи, значи дека е присутно нашето лошо учество...“


(авва Марко Подвижник)


-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 08.Октомври.2008 во 00:39
Го замоли авва Сисое, авва Ор.
-Кажи ми неекоја поука авво.
А тој рече.
-Имаш ли поверение во мене.
Одговори авва Ор.
-Да
Старецот рече.
-Појди сомене, па што гледаш да правам, прави и ти!

-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 01:53
Св. Йоан Касиан Римлянин (350-360 г.)
Аскетиката е очистување на срцето од злите страсти.


Св. Тихон Задонски
Додека го читаш Евангелието самиот Христос ти говори, и додека читас се молис и разговарас со Бога.




-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 01:57
Св. Максим Изповедник (ок. 580-662)

Когато желаеш да богословстваш, не се изкушавай да разкриваш Бога в Неговата същност, защото това е непостижимо не само за човешкия, но и за всеки друг разум. По възможност размишлявай за Неговите свойства: вечност, безпределност, непостижимост, благост, премъдрост и всемогъща сила, направляваща всичко и всички с праведния си съд. Та нали сред хората вече има богослови, които, макар и малко, познават тези Божии свойства.


-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 14:42
Старец Софрониј

Световната мудрост не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно земните идеи, туку, да го следиме Христа.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 14:44
Старец Софрониј

Постојат надворешни показатели што ни овозможуваат да пресметаме на која оддалеченост се наоѓаме од Бога: го следиме ли Евангелското Слово? Го достигнавме ли совршенството, односно љубовта за целиот свет, без да правиме разлика помеѓу непријателите и пријателите?

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 15:23
Свети Антониј Велики

Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци.

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 10.Октомври.2008 во 23:08
Starec Josif Optinski: Ne go napustaj poslushanieto tuku sekogash ukoruvaj se sebesi i kje se spasish!

Nekoj mu rekol na starec josif:
-Ete pak nastapi nerodna godina!
-Da potvrdil starecot- Mal e prinosot nerodna godina,Bog kaznuva zasto lugeto sosema prestanaa da gi zapazuvaat postite, ta duri i prostodushnosta.
ZATOA NESAKAJKI DA POSTIME DOBROVOLNO, KE TREBA DA POSTIME PO NEVOLJA




-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 10.Октомври.2008 во 23:25
Starec Josif Optinski:

Kako se dobiva celosno bestrastie?-go zaprashal nekoj starecot.
A, toj odvratil: !!!So celosno smirenie

-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 10.Октомври.2008 во 23:36
Starec Leonid za osuduvanjeto:

Osuduvanjeto e toa koga ti go gledas grevot ili go gledas porokot na svojot sobrat i govoris od celoto svoe srce: ...po moe mislenje toj zasluzuva ili maki ili bolest ili kazna...
Togash ti stanuvash sudija na blizniot i sakas da sednes na prestolot na Edinstveniot sudija HRISTOS.
Za tvoeto gordo bezumie ti se prisoedinuvash kon antihristot..

Vo svoeto molcanije Otcite, zanimavajki se so vnatreshen trud, neznaele za grevovite na blizniot , tuku go gledale samo svoeto pagjanje!





-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 01:56
Свети Игнатиј Брјанчанинов

Ако не умреме за светот, не можеме да стекнеме плач и солзи. Нив ги стекнуваме во онаа мера во која умираме за светот. Трудот при самиот плач и излевањето на солзите се состои во присилувањето на плач, во великодушното поднесување на сушата и бездождието, од кои е оптоварен понекогаш блажениот подвиг, но после кои трпеливиот подвижник секогаш се наградува со обилен излив на солзи. Како што земјата која долго чека да биде оросена, конечно добива изобилство дожд и наеднаш се прекрива со нежно бујно зеленило, така и срцето истоштено од духовна суша, а потоа оживеано од солзи, шири од себе мноштво духовни мисли и чувства, украсени со заедничкиот цвет на смирението. Подвигот на плачот, бидејќи неразделен од подвигот на молитва, ги бара истите оние услови на успех кои се потребни и за молитвата. На молитвата и треба трпелив, постојан престој во неа. Истото тоа му треба и на плачот.



-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 12.Октомври.2008 во 15:42
Свети Јован Лествичник

Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа. Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа; а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство. Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9). Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно. Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува. Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?!




-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 12.Октомври.2008 во 15:47
Старец Софрониј

Што значи спасение? Дали навистина, смртта на телото е претпоставка за влезот во Царството Христово? Како можеме да ја развиеме нашата способност за да живееме согласно заповедите Христови, согласно Светиот Дух? Само едно е значајно: да го зачуваме интензитетот на молитвата и покајанието. Тогаш, смртта не ќе биде пад, туку премин во Царството, за кое ќе сме подготвени преку причестувањето со Телото и Крвта Христови, преку молитва и повикувајќи го Неговото Име: Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нè нас и Твојот свет.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 12.Октомври.2008 во 19:11
Sekjavajte se na smrtta!!!

-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 13.Октомври.2008 во 14:29
Sv.Siluan Atonski

Taguva mojata dusa za Gospod i so solzi go bara!

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 14.Октомври.2008 во 11:58
Свети Григориј Палама

Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бога.


-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 14.Октомври.2008 во 12:01
„Тешкотиите ќе постојат исто како и искушенијата и многу друго, но сето тоа ќе го надминеме со молитвата и со стравот Божји. Ѓаволот како лав збеснат трча наваму-натаму да најде некого за да го распарчи. Затоа и ние треба многу да внимаваме и постајано да се молиме на Христа и на Богородица сè додека не биде поништен и силата Божја не ја сопре неговата злоба.“ (Старец Ефрем Филотејски)




-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 14.Октомври.2008 во 14:56
"Целиот живот на човека е борба со смртта а во својата внатрешност, тој уште пред смртта го носи тоа кое е смрдеа и нечистотија...Што може да се најде понеразумно од човекот, кој бидејќи целиот покриен со зараза се гордее само затоа што носи светли и позлатени алишта....“

Св. Симеон Нов Богослов



Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога“

Св.Димитриј Ростовски




-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 14.Октомври.2008 во 18:44
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога“ Св.Димитриј Ростовски


Колку ретко се вслушуваме во ова...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 06:30
Старец Пајсиј Светогорец

Кога ќе внимаваш на својата совест и ќе пазиш што таа ти зборува, тогаш твојата исповед пред Бога и пред духовникот ќе биде постојана , вистинска и потполна; тогаш без колебање ќе можеш често да се причестуваш со Светите Тајни. Ако, пак, не внимаваш на својата совести ако не ја слушаш во сето она што го правиш, каква ќе биде тогаш твојата исповед и покајание?

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 19:13
Прифаќањето на Божјото слово за нас, прифаќањето на Божјата волја за нас и прифаќањето на Божјата промисла за нас, со смирение и благодарност, истовремено значи и наше отворање и наше прифаќање на Божјата благодат. Следувателно, тоа значи и наше исцеление, и душевно и телесно.

Митрополит Струмички Наум

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 21:46
Убаво кажано!

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 03:26
На секој од степените од духовното растење, оние што правилно се подвизуваат Го сведочат и исповедаат Христос на соодветен, различен начин. Нема иста сила на сведоштво оној што сѐ уште го чисти своето срце од страстите со оној што веќе го просветлил својот ум, а да не споредуваме со оној што се обожил. За да сфатиме како треба да Го сведочиме и исповедаме Богочовекот Христос уште додека се наоѓаме на првиот степен од духовниот раст – на степенот од очистување на срцето од страстите – (знаење што треба да ги интересира повеќето од нас), претходно треба да сфатиме како треба правилно да се подвизуваме на истиот степен. Вистинското сведоштво на Христос е неразделно од правилниот начин на подвиг.

Митрополит Струмички Наум

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 06:38
Опитен - иако е секогаш радост да се прочитаат и слушнат зборовите на Благословениот Владика - сепак - тоа е вон темава... погледни го насловот.
Бидејќи текстовите се многу интересни - можеш да ги пуштиш во нова некоја тема (не знам како би ја нарекол и во кој контекст би ја поставил) или во Општи разговори.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 09:39
Па и нашиот Владика Наум е свет, нема сомнеж

Да, размислував за тоа, но мислам дека има можност затоа што се работи сепак за Отец на Црквата, оти на пр. во оваа рубрила може да се сместат и поуки од Отци кои дале и свој допринес во Теологијата а не се свети.

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 17:58
Во ред - може да дозволиме и текстови од Црковните Отци да се објавуваат тука...

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 19:49
Благодарам

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 22:21
Необразованите и глупавите мислат дека поуките и советите се – смешни, и не сакаат да им се покоруваат, затоа што тие се огледало на нивната глупост.
(Преп. Антониј Велики)
,

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 22:32
Православна вера наша,
таа е богатство наше, таа е слава,
таа е род, таа е венец, таа е пофалба.
Нема да се откажеме љубено Православие,
нема да те предадеме Веро од Отците нам предадена,
нема да отстапиме од тебе мајко на побожноста.
Во тебе сме родени и во тебе живееме,
во тебе и ќе се упокоиме,
а ако времето побара и илјада пати за тебе ќе умреме."

Јосиф Вријениј
учител на св. Марко Ефески
ученик на св. Григориј Палама



-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 22:34
„Подобро би ти било да дадеш јазикот да ти го отсечат, отколку да молчиш кога се обидуваат вистинската вера да ја извалкаат“

св. Теодор Студит


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 23:01
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

„Подобро би ти било да дадеш јазикот да ти го отсечат, отколку да молчиш кога се обидуваат вистинската вера да ја извалкаат“

св. Теодор Студит


     Mnogu dobro kazano.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 23:17
“Ако ти самиот се фалиш, сите ќе почнат да те презираат.
А ако самиот не се фалиш-Бог и сите други ќе те пофалат.
Ако за себе молчиш, Бог ќе проговори за тебе.
Ако пак самиот се возвишуваш, Бог за тебе ќе премолчи и ќе те отфрли“

Св. Димитриј



-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 00:41
Duhoviti pouki


Govorese eden Starec:"Ako na brakjata i na svinjite im dadete se sto kje posakaat, kje imate dobri svinji i loshi brakja"


-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 01:10

Eden pocetnik velel:
-Denes site taka pravat!
Mu odgovori ucitelot:
-Maanite koga kje preminat vo moda stanuvaat kreposti


-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 01:13

Na nekoj drug koj sto mu se zalel postojano na avva Makarij mu rekol:
-Ako si nesrekjen, pomisli na zirafa so vospaleno grlo ili na stonogalka so pluskavici.


-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 01:16
Go poseti ednas eden monah avva Ilija i mu rece: Poznavam eden covek kojsto ima dobro mislenje za sebe....
"Da" mu odgovori starecot, "No koga nekoj ima dobro mislenje za samio sebe toa najcesto e edinstveno dobro mislenje


-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 01:24
koga ednash brakjata go zamolile avva Pimen da zboruva za molitvata rekol:
Onoj sto ne se moli nemoze da zboruva za molitvata, a onoj sto se moli nema potreba da zboruva za nea




Za zenite nekoj dobro rekol:" Najdobriot ukras na zenatae molcenjeto...bidejki e retko



Ednas po pat go zaprashale eden pustinozitel od Nitriskata oustina:Avvo dali si srekjen" Starecot odgovoril pominuvajki ne sum imal vreme da razmisluvam za toa...?


Avva Titoj slushajki gi bogoslovite od Aleksandrija rekol: Da gi zadolzese Bog bogoslovite da gi napisat desette Bozji zapoved, kje gi imavme iljada...




-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 01:29
Sv.Siluan Atonski:

"Sekoja dusha otkako , ednash ke Go poznae Boga
vo Svetiot Duh,
a potoa ke ja izgubi blagodatta
gi prezivuva stradanjata na Adam"





-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 15:08
Onoj koj ne si gi gleda sopstvenite grevovi, stanuva sudija na tugite

otec M.

-------------
+ Љубовта покрива многу гревови +


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 15:25
„Душата не може да има мир ако не се моли за непријателите. Душата што научи да се моли од благодатта Божја, ја љуби и ја сожалува сета твар, а особено човекот, заради кого Господ пострада на Крстот, со болка во душата заради сите нас.

Ве молам, проверете сами. Ако некој ве нажалува, или ве бесчести, или ви одзема нешто, или ја прогонува Црквата, тогаш молете Му се на Господа, велејќи: “Господи, сите ние сме Твое создание. Помилуј ги слугите Твои и обрати ги кон покајание”, и тогаш во душата ќе имаш благодат.
Најнапред принуди го своето срце да ги љуби непријателите. И Господ гледајќи ја твојата добра желба, ќе ти помага во сè, и ќе се научиш преку опит. А оној што мисли лошо за непријателите, ја нема љубовта Божја, и не Го познава Бога.“ (свети Силуан Атонски)


-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: evangelist
Датум на внесување: 17.Октомври.2008 во 16:28
http://vizantia.info/docs/146.htm

интересен куср по ПАТРОЛОГИЈА...
На руски ама нема везе.


Постирано од: stevompc
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 10:06
Јас сакам мир, но сум реалист. Извесен период ќе има мир, но тоа ќе биде време за подготовки за нов конфликт, за нова војна, за нова борба.


Vladika Amfilohije
Pravoslaven Otec


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 11:52
Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Јас сакам мир, но сум реалист. Извесен период ќе има мир, но тоа ќе биде време за подготовки за нов конфликт, за нова војна, за нова борба.


Vladika Amfilohije
Pravoslaven Otec


   штета што има вакви погледи и што погледите се закачаат баш на таквите погледи.

Штета      



-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 21:35

Која добродетел е најголема?
- Онаа која се изршува тајно и никој не знае за неа!

преподобен Пајсиј Велики

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 21:41

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение. И сè што е потребно, ако треба да ѝ помогнеш на некоја друга душа.

(Старец Паисиј Светогорец)

-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 22:50
Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Јас сакам мир, но сум реалист. Извесен период ќе има мир, но тоа ќе биде време за подготовки за нов конфликт, за нова војна, за нова борба.


Vladika Amfilohije
Pravoslaven Otec



A sto ima loso vo toa da se bide realen i da se kaze vistinata koja milion pati dosega e potvrdena vo istorijata ??????????

-------------
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.


Постирано од: stevompc
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 01:19
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Јас сакам мир, но сум реалист. Извесен период ќе има мир, но тоа ќе биде време за подготовки за нов конфликт, за нова војна, за нова борба.


Vladika Amfilohije
Pravoslaven Otec



A sto ima loso vo toa da se bide realen i da se kaze vistinata koja milion pati dosega e potvrdena vo istorijata ??????????


a koj spomna loso?

eh, kako si ja imate muvata na kapata.


Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 01:47
Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Originally posted by stevompc stevompc напиша:

Јас сакам мир, но сум реалист. Извесен период ќе има мир, но тоа ќе биде време за подготовки за нов конфликт, за нова војна, за нова борба.


Vladika Amfilohije
Pravoslaven Otec



A sto ima loso vo toa da se bide realen i da se kaze vistinata koja milion pati dosega e potvrdena vo istorijata ??????????


a koj spomna loso?

eh, kako si ja imate muvata na kapata.


Nekoj ja ima muvata nekoj ima nesto drugo, nie ja imame realnosta i poukite od Svetite Otci a ti si kontradiktoren kako moze nekoj koj gi kritikuva Svetite Otci da ce povikuva na nivni zborovi - kazi mi se povikuvas na niv zasto se sl*gas so niv ili za da gi kritikuvas ????????

-------------
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 01:48
Темата е Поуки од Светите Отци. Назад на тема!

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: kat.
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 10:59
Како што огинот и водата не можат да бидат заедно, така самооправдувањето и смирението се исклучуваат едно со друго. (Св. Марко Подвижник)

-------------


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 17:13
„Кој се моли се просветлува, додека оној што не се моли се помрачува. Молитвата е дарител на Божествената светлина. Од таа причина, секој што се моли е наполно просветлен и Духот Божји престојува во него. Ако ни пристапат потиштеноста, небрежноста, унинието - да се молиме со страв, со болка и голема будност на умот и во истиот час со благодатта Божја ќе го доживееме чудото на утехата и радоста. Невозможно е оној што се моли да биде злобен кон некого или да одбие да прости некое согрешение. Сè се претвара во пепел кога ќе се пристапи кон огнот на Исусовата молитва.“ (Старец Ефрем Филотејски)

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 17:16
Да ги очистиме своите срца за да можеме во себе да Го пронајдеме сегдеприсутниот Господ. Да ги очистиме своите срца со огнот на Неговата благодат за во себе самите да ја видиме светлината на Неговото Божество.“ (Свети Симеон Нов Богослов)

-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 22:55
Стево - разликувај поуки од обраќање до народот и не спамирај непотребно.

-------------
Do what is right, come what may...


Постирано од: belichka
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 23:11
Avva Pamvo:
Ako imash srce mozes da se spasis.

Avva Grigorij:
Ova Bog bara od sekoj covek sto e primil krshtenie:
Od dushata bara ispravna vera, od ustata vistina, od teloto celomudrenost.

-------------
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo


Постирано од: Опитен
Датум на внесување: 20.Октомври.2008 во 10:16
Свети Симеон Нов Богослов

Оној којшто многу страда во срцето свое кога го срамотат и го нажалуваат, од ова нека познае дека внатре во себе ја носи древната змија. Според тоа, ако трпи молчејќи или ако одговори со многу смирение, ќе ја расслаби и ќе ја направи немоќна онаа змија. Ако пак, одговара со горчина и ако зборува дрско, ќе ѝ овозможи да излее отров во неговото срце и миговно да ја разјаде неговата внатрешност, така што оваа змија од ден на ден станувајќи со тоа сѐ посилна, ќе ги направи свој плен доброто расположение и силата на неговата несреќна душа, и тогаш таквиот човек ќе почне да живее за гревот и наполно ќе умре за праведноста.





-------------
Господи Исусе Христе помилуј не


Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 01:16
http://www.verujem.org/sveti_oci_azbucnik.html#zlatousti_na_jn - http://www.verujem.org/sveti_oci_azbucnik.html#zlatousti_na_jn
поуки беседи и “се најмило“ - кој има време нека чита

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!



Постирано од: makarios
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 01:25
Свети Јосиф Исихастот:
Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето.  Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk