|
Претседателот уценува и прети! |
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно така беше и тоа не е спорно! Доста беше само марионета во рацете на Бранко. Му ја исполни задачата што и беше поставена, он со тоа си постигна тоа што го постигна (тоа беше предвечерјето на терористичките напади од 2001, да не го заборавиме овој податок)... И после оп аболиција, и никому ништо... Како со волшебно стапче...
Јас од тие причини ја осудувам и оваа аболиција. Требаше да се истераат работите до крај на суд, па да се види колку им е валкан вешот на некои политичари (иако тоа не би била ни малку пријатна глетка за очи)...
|
|
Јордан Шумарот
Сениор Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 230 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Невесто морам да признам дека многу си жустра...
Ко ке видам жени и војни лица во политика ми се кревет сафриве.. амор сеј си умна. биди си домакинка... или нешо си неисполнета па се нервираш по форуми.. ела малку на сек подфорум... за релаксација... те читам, многу си ми оф д хук со политикиве... ке станиш политик...лол Изменето од moira - 10.Август.2008 во 18:17 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домаќинка сум си бе јас... исполнета... ич да не ти се креваат сафри... затоа и не идам на секс... подфорумот ...
Мина времето кога политиката беше ексклузивно право на мажите...
И не туку се гушкај, и така моира ќе не брише...
Ај оди таму на музика тури некоја добра песна... релаксирај се малку...
Изменето од moira - 10.Август.2008 во 18:17 |
|
Јордан Шумарот
Сениор Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 230 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
гледам дека си музикална.. по потписот долу...Ч)
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Претседателот на премиерот на јавно му порачува:
Дали ова преседателот заборавил на која функција е и од која позиција ја испраќа оваа порака, која има јасен повик на партиски двобој? Срамота, дали сите не мисли за извеани и недоветни и си дозволува овакви екск*рзии? Зарем еден "татко" на нацијата на овој начин се обраќа и прети, притоа заборавајки дека додека е на функцијата Претседател на Македонија, ги замрзнува сите функции на политичката партија од која произлегува?Што уште нема да дочекаме од вечниот наш папа!!! |
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БОРБА ЗА ВЛАСТ, И ЕГОИЗАМ, НЕЛИ.
ШТЕТА... |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
lajac
Нов член Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Претседателот Бранко Црвенковски денеска излезе со одговор на обвинувањата од страна на Владата на неговите одлуки за аболиција на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и непотпишувањето на шесте закони, истакнувајќи дека се неосновани оти тој единствено го почитувал Уставот, од кој произлегува неговото право да помилува обвинети. Црвенковски истакна дека неговиот единствен и примарен мотив, и покрај, како што рече крупните морални дилеми, за овие одлуки било нормализирање на парламентарната демократија во земјава и враќање на опозицијата во Собранието.
“Секој оној кој не гледа на ова како на проблем кој треба да се реши, не знае што е демократија и не сака да ја види Македонија во ЕУ и НАТО. Зошто премиерот Никола Груевски не покрена никаква иницијатива и не покажа елементарна загриженост за ваквата состојба“, рече претседателот Црвенковски на денешната прес конференција. Во однос на обвинувањата за преседани од страна на Црвенковски, претседателот на државата јавно му упати прашање на премиерот Груевски, зошто не го споменува “најголемиот преседан во историјата на македонското судство кога Судскиот кривичен совет во два наврати преиначи одлука на надлежниот истражен судија?“. “Господине Груевски, еден поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 1998 изјави: ’Сега кога конечно ја грабнавме власта, никој никогаш нема да ни ја земе и ќе владееме во следните 100 години’. Топло ви препорачувам да не влегувате и вие во таков филм, бидејќи бидете уверени дека и вашиот ќе заврши исто како и претходниот“, рече Црвенковски. Во контекст на јавниот повик од Груевски до Црвенковски да се кандидира на претседателските избори за да се соочат, претседателот истакна дека ќе му ја исполни желбата, но не на претседателски, туку на парламентарни избори. “Ќе се соочиме на парламентарни избори кога и да се одржат. Ви ветувам дека вистинската политичка битка за вас, допрва почнува “, му порача претседателот Црвенковски на премиерот Груевски. Тој воедно потврди дека по истекување на неговиот претседателски мандат се враќа и активно ќе учествува СДСМ и ќе стори се што е во негова моќ да ја афирмира политиката на партијата, без неговото враќање во редовите на СДСМ да го условува со раководна функција во партијата. Во однос на можноста за надминување на блокадата во Собранието, Црвенковски рече дека спикерот Вељановски на првата наредна седница да ги стави петте спорни закони (Указот за законот за јазици вчера веќе претседателот го потпишал) и парламентарното мнозинство да ги изгласа повторно. “Истиот ден јас ќе ги потпишам указите“, рече Црвенковски. Тој и спикерот на Собранието денеска ќе одржат средба на оваа тема, но претседателот на државата не сакаше однапред да дава коментар. Во врска со, како што рече, медиумската кампања против него и хистеријата во изминатите две недели од страна на досега непознати т.н. невладини организации, претседателот порача: “Ако имате намера да ме уплашите, ако имате намера со ваков притисок да ме замолчите се обраќате на погрешна адреса. Баталете ја таа работа, не губете време, не трошете пари и енергија залудно. Оваа политика која ја спроведувам е политика во која верувам и од која јас нема да отстапам“. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па зар те чуди. Штом дете сме избрале за татко така ти е. А, секое дете се сили кога некој стои зад него. Така и Б/Ц. Повикува на партиски двобој, но тој нема да биде на двобојот. Тој ќе командува некаде од далеку. Бар тебе тоа ти е јасно. Стварно, не е во ред но кога другиот во него зборува не се може ништо. Жално но вистинито. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pretsedatelot
nas e se posmesen i posmesen ima li toj sovetnici za KONTRA BLAMAZA?????? |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
lajac
Нов член Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некохабитацијата, тензиите и затегнатите односи меѓу претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска кулминираа до крајни граници.
Црвенковски на прес-конференција оцени дека обвинувањата од „Груевски и неговите медиумски мегафони“ во врска со одлуките за аболиција и за непотпишување на законите, претставуваат „хистерична кампања“ и „невидени притисоци“. Во изјавата Црвеновски повтори дека мотив за одлуката за аболиција на струмичкиот градоначалник и за непотпишување на законите било враќањето на опозицијата во парламентот. Притоа, го обвини премиерот дека ништо не презел да се реши овој проблем. Оној кој не го согледува проблемот на отсуството на опозицијата „ниту разбира што е демократија, ниту сака да ја види Македонија во ЕУ и НАТО“, му порача претседателот на премиерот. Отфрлајќи ги обвинувањата дека со непотпишувањето на законите сторил „државен удар“, шефот на државата таквите наводи ги оцени како „евтин популизам и свесно манипулирање со јавноста“, како и „хистерична кампања“и “обид за државен удар и ставање на Уставот вон сила“. Црвенковски на прес-конференцијата одговори и на други обвинувања повторувајќи дека бил цела „на невидена медиумска кампања“, во која „се живо, што се мрда, а е под контрола на Груевски се стави во функција“. Шефот на државата повторувајќи дека нема да се кандира на претседателските избори, најави дека ќе се врати во СДСМ и ќе се соочи со премиерот на парламентарни избори. |
|
lajac
Нов член Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
boze prostimu neznae sto pravi veke go gubi tloto pod nozete i neznae sto zboruva
|
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Б.Ц. знае што прави, не е глуп..
Утре ако му речат од ВМРО момаци како Бичиклиски на пример дека не си стоел на зборот(нели даде збор дека нема да се кандидира за претседател), он ќе рече Па вие ме предизвикавте..... Паметен си е човекот, само прашањето е дали за тоа се договорил со Груевски? |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...еве, јас доброволно се пријавувам...:)))) |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повеќе би важеле заклучоците..а кои неодамна ги искажа еден политички аналитицар на ТВ...дека посочениот е како ранет ѕвер...и дека сака „борби„..за што во последно време и јавно зборува..наверојатно заборавајќи каде е и што е ...во мигов...нели!!!!
Еден добар третман е неопходен во мигов...ама кој ќе го побара но и спроведе???
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |