|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 8586878889 138> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Писма долги
во мисли пишувам ги читаш ме сакаш да заменам сакам она кратко и брзо што ни се случува за она споро што се искажува се трупа се надополнува а толку малку истекува ќе има време се надеваме. Денови ко к*ршуми поминуваат не погаѓаат не промашуваат сеќавања искривуваат ние мислиме исти сме но не сме. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми се нана
си зевам се тегнам мор ќе спијам нишо друго не праам нек ме моли не даам перница ќе си гушнам врз неа ќе се лигавам ма гола нека игра нема да ја изневерам карактер сум ја нек ме чешка под појас не даам нек вика шо сака не верувам ќе спијам сигурно знам. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оној ден моја кога ќе станеш
на оној начин каков знам да бидам онаков целосно твој низ прозор завеси навлечи се од тебе соблечи со се будилник фрли ги. Кревет до купатило ќе преместам нешто тешко на врата ќе поставам ѕвоно ќе искорнам фрижидер ќе наполнам телефони ќе искрш... не, само батерии ќе извадам. Да излегуваме долго нема се што ќе се случи внатре ќе остане нема вадење нема изговор така да си знаеш дека не сум те опоменал нема да кажеш. |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ммммм..... да ја испиеш во една голтка
преубаво
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пишувам зборови
од душава откинати. Секој од нив е зрак од топлината во мене. Се надевав долго, ќе прочиташ,ќе разбереш. Можеби и ме читаш, но незнам колку разбираш. Само едно знам. Секој нов збор напишан од ракава моја, тебе те носи далеку некаде во хоризонтот, невидлив за моите очи, недопирлив за моите раце. Да знаев само.... Ех само да знаев дека ќе тргнеш наназад. Никогаш немаше да ти покажам колкава е мојата љубов за тебе. Никогаш немаше да видиш колку умирам во ноките за еден топол бакнеж од тие слатки усни. Ехххх....само да знаев... ќе те сакав тивко.... нечујно... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oh kolku me boli dusava... Sekoe utro se obiduvam da te pogalam po liceto,da te baknam,da te pocuvstvuvam,no samo zaludno svakjajki deka se bilo samo son... Ti veke ne postoish... Kosmarite i solzite sekoja vecer mi go kratat zivotot ,a i sto ke mi e zivotov proklet, bez tebe i nasiot svet koj go sozdadovme samo jas i ti i naseto angelce... Zosto nikogas ne gi slusase moite soveti,zosto??? Kolku samo go molam Gospod samo uste ednas da te vidam na son, tie prokleti nokni kosmari samo ednas da isceznat i cela nok da bidam so tebe...
Se budam nautro,vozdivnuvam. Veke ja nema taa aroma na zagoren sekjer,koja ja cuvstuvav sekoe utro, moja nesmasna srno,obiduvajki se da go napravis prvoto kafe....Placot na nasiot angel se vpil vo zidovite... Sobata nikogas ne bila potivka... Prisustvoto na tvojata sestra koja saka nekako da me vrati vo zivot e se sto mi ostana.... Veke prestanav da pusam,cigarata go nema toj vkus na koj nekogas se sladev.... Se oblakam i zaminuvam na rabota,sam sosema sam....Te nema poveke tebe i taa muzika koja me izluduvase sekoe utro vo kolata..... Veke mi e smaceno od pogledite na kolegite koi sakaat da pokazat nekoe socuvstvo kon mene, a ironijata im iskri od ocite.... Tie nekogas prekrasni 6 saati pominati so tebe, sega vrvat kako godini... Kakva ironija na zivotot, od nekogas na se sto se sladev,sega ednostavno go snema... |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Den kako i sekoj drug... Se sobraa i resia da odat tamu kade sto nikoj normalen covek ne bi posol...Go viknaa i nego...Toj plasliv i so astma ne sakase da otide...Ma go molea i na kraj se resi...Se sobraa i rano izutrinata trgnaa...Po nekolku casa pat,izmoreni i ispeceni od sonceto,stasaa na Kolnatoto ezero,ezeroto so najmnogu legendi,ezeroto od koe se izlezeni naj strasnite prikazni raskazuvani od nasite babi...Se raspostelija po trevata koja vriese pod sonceto,gladni i umorni.Se raskomotija,jadea,a vremeto letna... Mesecinata se iscrta po modroto nebo i po nekoj oblak koj od vreme na vreme ja kriese taa svetla ubavica...Nastapi mrtva tisina...I mladi kako mladi,go raspalija oginot i pocnaa da gi raskazuvaat legendite koi gi slusale kako mali,smeejki se i plasejki go "NEGO" deteto koe imase strav od se,ama bukvalno od se. Toa samo stoese do ognot gledajki vo zeskata svetlina,vrtejki go inhalatorot vo racete i nabrzina nekolku pati spricajki vo ustata.Ne bese toj vinoven,site znaea,sto imase takva bolest,sepak kriva bese negovata majka,koja bese golem hipohondrik,ne dozvoluvajki mu da ima normalen zivot...Magepsani od prikaznite,raskljavteni i moze i malku podnapieni slusnaa sustenje vo nivna blizina,no sepak nisto ne se gledase,bese crna temnica..."TOJ" pocna da panici i da se gusi,pa nekolku pati silno povlece od taa bela supstanca so cel da se smiri...Pocnaa site da se smeat na negova smetka...Deteto se pocuvstvuva mnogu nisko vo toj moment i pocna da placi,lipajki i gusejki se vo solzite...Znaese deka solzite vo toj moment nema da pomognat, sobra hrabrost i so cel da pokazi deka vsusnost ima edna ronka hrabost vo nego,stana i otide vo temnicata... Site go gledaa so ogromna zacudenost, poglednuvajki se eden so drug,nemozejki da objasnat sto se slucuva so deteto...Vo toj moment se slusna samo silen vresok,edno silno AAAAAAA i sledniot mig tisina,mrtva tisina...Se krena ogromna panika,sto li se sluci??? Vikaa po nego,devojcinjata pistea, no odgovor nemase.... Se protrkala nokta i veke bese maglivo utro...Site stoea taka vo mrtvata tisina so eden ogromen prasalnik pred niv, kade li iscezna "TOJ"... Ne mozea da poveruvaat deka od edna obicna vecer ispolneta so smea se pretvori vo nesto koe nikoj ne mozese da dade odgovor... Otidoa doma i togas se krena uzasna panika...Baraa nasekade,no od deteto ni traga,ni glas...Pominaa nedeli,meseci koga oddednas se pojavi, toj koj tolku vreme site go bara...Nesto bese mnogu cudno,nesto se slucilo so nego,no sto???Bese samo edno retorsko prasanje...Po nekolku nedeli deteto pocina...Pricinitelot za preranata smrt bese toa plaslivo srce koe ne go istrpi stravot i "pukna"... Go pogrebaa...Nad negoviot vecen dom bea proleani mnogu solzi, no sto li promeni toa??? Pominaa godini,veke i celiot nastan pocna da bledee...Kolku li ne prikazni se raskazaa,kolku li ne filmovi se snimija vo umovite na lugjeto bolni za vnimanie...Legendite za ezeroto oziveaa povtorno...Gradot stana popularen na smetka na preranata smrt na deteto...Mediumite crpea informacii i se pravea bolni storii...
Pominaa 15 godini od misterijata za smrtta na deteto...Retko veke se zboruvase za toa,ednostavno lugjeto bea preokupirani so sekojdnevnite obvrski,ziveejki so tempoto na zivot koe togas se barase,ziveea od denes za utre.Ednostavno tie mladi umovi koi nikogas ne sozreea,kolku i da sakaa ne mozea da go izbrisat toa na koe bea direktni svedoci...Kosamrite bea vinovnicite,koi gi izmacuvaa sekoja vecer,15 godini cicajki im ja energijata od niv,ostavajki gi bez son,i solzite koi se leea zaradi toa cuvstvo na vina...Na 15 godininata od smrtta se sobraa i so toj pogled na strav znaea deka site go videle istiot son,vsushnost vistinata za toj proklet nastan,za vrisokot koj im vpi strav vo koskite...Legendata sepak bila vistina...Proleanata krv na toa mesto "oziveala"...Potoa se stanalo jasno...15 mladi vojnici pred mnogu godini bile pogubeni na toa mesto,a nivnite tela nikogas ne bile pronajdeni...Senistata za koi se kazuvalo,legendie raskazuvani so godini,sepak bile vistina....Site mislele deka toa bilo igra na svetlinata,koj li sakal da veruva vo nadpriridnoto...Po nekolku meseci gradot dobil nevidena svetlina na popularnost,posetenost koja go spasila od bavnoto izumiranje.... |
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Топла јулска приквечерина.Небото повторно магепсува со својата како мастило сина боја.Црвенкаст пламен се надѕира на запад.Зајдисонцето сигурно изгледа како пламена топка,прекрасно и моќно...можам само да претпоставам зашто високиот сив бетон не ми дозволува да се восхитувам на таа убавина...Проклетство,се би урнала и би забранила градење на живеалишта повисоки од 2 ката,а високи кули би биле поставени на прецизно одредени места од чиј агол сонцето фрла најубава слика.Свежо ветре ме погали по лицето,како благодарност за моите мисли и восхитот упатен кон небото.Се наведнувам над оградата од терасата со поглед вперен кон улицата.Како и секогаш во овој период од годината,градот е полупразен.Ја нема бучавата на која мојот слух принудно се адаптираше и престана да ја забележува,а сега сфаќам на колкав стрес бил изложен,додека ја чувствувам оваа опуштеност на сетилата кога природата ја презема власта над урбаниот град и нејзината мелодија превладува.Тука-таму некој силен звук на брз мотор или гласна музика од отворен покрив на автомобил,како со остра секира ја испрекинуваат песната на природата и ја делкаат на парчиња. Истите минувачи се шетаат горе-долу по улицита,задлабочени во своите разговори.Одам да прошетам и јас.Целата оваа убавина ме исполни со енергија и чувствувам дека во моментов би можела да се искачам на Хималаите.Ми помина мисла да повикам некоја пријателка со мене,но решително ме напушти за миг.Предвидливите,постојани теми на разговор,истите приказни чиј зборовен редослед веќе го знаеме напамет,ќе го уништат блаженото чувство на некакво единство со универзумот кое го имам во моментов.Не,нема да го дозволам тоа.Го облекувам набрзина долгото,широко здолниште и ниските чевли,мојата омилена летна комбинација која ми овозможува лесен и брз чекор како летот на пеперутката,истрчувам сама на улицата и уживам во секој бран од воздух што ми го испраќа летното ветре,вдишувајќи ја секоја честичка од посебната арома која единствено летото може да ја понуди.Талкам бесцелно по сеуште топлиот асфалт испечен од жешкото пладневно сонце.Со ваква душевна исполнетост,самотијата дури изгледа прекрасно и незаменливо.Се прашувам дали уште некој,некаде ги дели истиве мои мисли и дали може на истиот начин со истово виножито од бои да ја гледа оваа убавина.Од некаде се појавуваш во мојата летна фотографија.Скиташ бос по песочно пространство со потемнета кожа,а прамените од косата ти добиле златест сјај.Зајдисонцето изгледа уште попрекрасно од твојата перспектива,фрлајќи златници врз пространата морска површина.Илјадници километри оддалечени,а сепак имаме нешто заедничко во нашето видно поле и тоа токму оној дел кој не фасцинира,не воодушевува,делот кој ни дарува живот.Забележи го и запомни го секој детал од таа разгледница.Можеби некогаш ќе ни се соедини видното поле и можеби ќе сакаш да ми го опишеш зајдисонцето гледано од тој дел на планетата...ќе сакам да ја чујам и замислам и најмалата честица од таа слика.
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... yes !
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Низ ливада трчам
сам сум дете сум на кого помислам со мене е тука е нови правам подвриснуваат по мене армија сме цела битки водиме принцезата ми ја грабнаа против змејови се бориме со мачови дрвени победуваме се дур огладнуваме не ми се иде сабота е и да се капам е ден мајка ми ме чека ене ја ми мафта крај тебе минувам не ме погледнуваш на чергиче седната лута си оти со кукли не играм ја јунак сум и лут сум ти за принцеза моја ти кажа дека смотана била |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Отвори ги очите кукло
тие твоите крупните погледни ме макар и со солзи нека само ме гледаат за никој друг ионака не постојам не ми давај да исчезнам во облак да се претворам издуван изветреан. Немам причина поинаку да постојам далеку од твоите очи заминат никаде никој не ме чека да одам немам каде ниту сакам да има очи поинакви и поситни од твоите само делови од мене што би гледале. |
|
Внеси реплика | страница <1 8586878889 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |