![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8485868788 98> |
Автор | |
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве нешто што долго време го кажувам, а тоа е дека само мал дел од Македонците биле про-бугарски настроени, а и дека имало процес на нивна бугаризација, додека пак, оние кои најмногу агитирале за истата не биле Македонците, туку оние кои претходно избегале во Бугарија, за со војската да се вратат во Македонија во 1941 година.
Особено е интересен делот каде што стои дека повеќето од населението се сметало за македонско, а дека бугарската војска била исто што и српската кралска војска за нив. Војната и револуцијата во Југославија од 1941 до 1945 година (на англиски) |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Образложувањето е од Борче Синадиновски. Јас покажав што напишал амбасадорот. Важни се документите, а кој што сака, нека си образложува.
|
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пропушташ нешто цинцератор
ОБРАЗЛОЖУВАЊЕ Откога Бугарија и официјално станала сојузник на Германија, бугарскиот министер за надворешни работи Иван Попов на 11 април 1941 година му го образложил на амбасадорот Ерл германско-бугарскиот окупаторски план за Балканот и за Македонија. Амбасадорот Ерл со телеграмата од истиот ден веднаш го известил американскиот државен секретар со содржината на тој план која гласела: |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Амбасадорот Ерл со телеграмата од истиот ден веднаш го известил американскиот државен секретар со содржината на тој план која гласела:
1 Југославија, како една мала земја уште еднаш ја докажа својата самоубиствена тензија, спротивставувајќи се на една голема и тешко механизирана армија. 2 Германија нема територијални претензии на Балканот. 3 На Хрватска и Словенија ќе им се даде независност. 4 Бугарија го третираше македонското прашање како свршен чин, но германската инвазија на Југославија повторно го отвори тоа прашање. 5 Бугарија беше подготвена да и' се даде независност на Македонија, но затоа што Италија ја бараше Македонија, заедно со Солун, за себе и бидејќи Македонците се Словени, од кои најголем дел од нив се Бугари, штом не им е дозволено да бидат независни, тогаш подобро е тие да бидат Бугари отколку Италијанци. 6 Германија апсолутно нема желба да биде во војна или да војува со Турците, ниту пак да поминува низ Турција. 7 Русија е без специфичен воен план за Истанбул и Босфорот, но само нејзиниот страв од германската офанзива на Украина ја попречија да ги окупира овие делови. 8 Ниту Британија, ниту пак Германија треба да го сносат товарот на вината за избивањето на војната на Балканот - единствениот човек кој за тоа е исклучиво одговорен е Мусолини. САД БИЛЕ ПРОТИВ БУГАРСКАТА ИНВАЗИЈА НА МАКЕДОНИЈА |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Востанието е повикано со проглас а Кумановскиот го энам бидејки сум го видел во Кумановскиот муэеј,на него е датата 11 Октомври 1941 - па сега можеби не ти се верува ама црно на бело си е црно на бело
![]() |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не се гордејам, секое убиство за мене е неприфатливо. Вчера реков - минатото не може да се врати.
Изнесувам информации и проверувам дали се достоверни и дали има некаква митологизација околу настаните. Јас не сум како тебе да држам една теза и да ја застапувам само неа. Гледам од сите страни. Последната информација ја пуштив заради ВОСТАНАТИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД. За мене тогаш (1942) востание немало. Подврдување на таа ТЕЗА се сеќавањата на Темпо за положбата во Македонија кога дошол (мислам март 1943) Изменето од cercetator - 16.Август.2009 во 19:02 |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Makedonec_MKD 06. XII.1942 год. – кај селото Папрадиште, Велешкиот партизански одред "Димитар Влахов", беше нападнат од бугарските окупаторски сили. Во борбите загина Невена Георгиева - Дуња, која се бореше во првите борбени редови. Окупаторската бугарска камарила наоѓајќи го нејзиното тело, ѕверски го измасакрира а нејзината глава ја наби на кол и така ја шеташе низ Велешките села за да се заплаши востанатиот македонскиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставија во еден централен излог. Невена Георгиева -Дуња е родена во Скопје на 25.VII.1925 год. |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Токму на тој 22 јуни 1941 година, во раните утрински часови, во Козле во Скопје, на партиското советување под раководство на Перо Ивановски - Тиквар, триесетината учесници дознаа дека фашистичка Германија подмолно го нападна СССР. Тиквар го смени дневниот ред и за новонастанатата ситуација одлучи: да не се чека директива - во борба (или, како што објави Шарло: "Чукна часот!"). А за оружена борба требаат подготовки (секако, повеќе отколку за свадба во тоа време). Веднаш е формирана е Воена комисија на чело со Шарло, формирани се диверзантски групи (за Ацо:"нужно прифаќање на директивата од СССР, по говорот на Сталин на 4.7.1941"?!), извршени се диверзии и саботажи, формирани се два партизански одреди - Скопскиот и т.н. Прилепска чета итн. На годишнината од одржувањето на Првата покраинска конференција (8.09.1940) на која е избран ПК и се донесени историски одлуки за создавање на самостојна и независна Македонија со право на отцепување. На годишнината од тој настан, на 8.09.1941 година т.н. Прилепска чета изврши акција со голем симболичен ефект - во вооружениот напад врз железничкиот тунел Богомила е убиен бугарски војник и со одземената пушка е пукано против другите окупаторски војници. Скопскиот одред е растурен на 3 октомври, една недела пред 11 октомври, а т.н. Прилепска чета не доби одзив на јавката за да учествува во нападот на Прилеп. Се запрашал ли некогаш Ацо Спасовски од кои причини се избришани двата први одреди за акција на 11 октомври (не се срами ли во улога на предавник етикетиран од оној кого сега го брани?), а брзоплето е формиран Кумановскиот одред од кој ненужно загинаа 10-мина најнеопходни за идните задачи на борбата.
Празникот 8 Септември, освен за референдумското изјаснување, треба да се слави и поради 8 септември 1940 и настанот од 1941 година, како троен празник. http://217.16.70.245/?pBroj=1880&stID=43349&pR=9 Значи не е 11 октомври, туку 8 септември кога пукнала првата пушка и бил убиен војник на окупаторот? Изменето од cercetator - 16.Август.2009 во 17:59 |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Па штом се предале, нормално дека ќе се борат, за да преживеат. |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да се вратиме на НОБ. Интересно на ВИКИПЕДИЈА
На 30 октомври е формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона со 113 борци. За командант е назначен Тихомир Милошевски - Тико, заменик, Пандил Николовски, политички комесар Коле Тодоровски, заменик политички комесар Киро Спанџов - Коста. Националниот состав на Вториот баталјон бил: 31 Македонец, 28 Италијанци, осуммина Словенци, 29 Срби, осум Бугари, тројца Турци, а другите биле работници од пиротскиот крај. На 18 декември 1943 година од заробените и доброволно дојдени бугарски војници од караулите Конско, Лукар и други во село Фуштани, Егејска Македонија бил формиран бугарскиот баталјон "Христо Ботев". Фактички тоа бил Третиот баталјон на Третата оперативна зона. За командант бил поставен поручникот од каруалата Конско, Дичо Петров, заменик Никола Пеев Груев, политички комесар Ристо Бајалски - Савата, и заменик политички комесар Мито Мицајков - Слободан. Бугарски баталјон во македонската борба против бугарските окупатори? |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Секако дека има да се истражува, за тоа збор нема. За тебе ако нема среќа-несреќа, тоа си е твоја работа, гледај си како што си сакаш. Јас за разлика од тебе, правам муабет со живи луѓе, се интересирам како било, не само со мртвите документи. Ако мислиш за емоционално доживување, се сложувам донекаде дека некои работи се доживуваат така, па и јас, меѓутоа тоа не е поврзано со идентитетот, туку со некои немили фамилијарни настани, за кои се одговорни "ослободителите" наши. За Владимир, заборави дека и воопшто сум го споменал. П.С. Мојата роднина е женско, не е машко, значи ја нема на сликата. Изменето од macedon_alex - 15.Август.2009 во 21:59 |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Odredot "Dimitar Vlahov" Koja e tvojata rodnina? Ili ja nema? Kamka Изменето од cercetator - 15.Август.2009 во 21:51 |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ako te interesira istorijata treba da znaesh deka vo sekoj eden istoriski period ima shto da se istrazhuva i najmnogu vo ponovata istorija.
Jas gledam na istorijata chisto istoriski i za mene nema srekja - nesrekja. Shto bilo - bilo. Nema vrakjanje. Toa shto se sluchilo treba da se istrazhuva objektivno. Da nema temi tabu. Kaj vas se ushte nema objektivnost, bidejki ste i emocionalno povrzani i nekoi temi ne gi kopate, za da ne vi se odrazi na identitetot. I koj e Vladimir, koj vtor pat mi go spomenuvash? |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Черчетатор,
за страната можеби се голи фрази, ама за одредот Димитар Влахов, за моја среќа, а ваша несреќа, имам жив сведок на сите бугарски ѕверства, за убиството на Маца Овчарова ( многу убаво Буги ти кажа како што се квалификува тоа ѕверство, а јас комплетно се сложувам со тоа ). Меѓутоа, како што кажав, на тоа и ќе застанам, според дамнешниот совет на Владимир, нема фајде од понатамошно трошење на времето. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8485868788 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |