IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 138>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 11:00
НАЈЛЕСНО

Најлесно ти е да ме убиеш,
да ме исецкаш на парчиња
и спакуван во најлон кесиња
да ме расфрлаш по контејнерите,
ноќта пред да ги испразнат
чистачите на комуналец,
и да предизвикаш војна
на пците со свињите од Дризла.

Други побрзи биле од тебе
па те убива гневот од немоќта
да убиеш дух на дух
и ти доаѓа да се отруеш со сопствениот отров
па да се исецкаш на парчиња
и самоспакувана во најлон ќесиња
да се расфрлаш по контејнерите
оти знаеш дека само тие,
чистачите на комуналец,
можат да ти го покажат патот до мене.

Волшебно е чувството
кога си воздух
а некои те погребуваат
после сто години самотија…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 16:09
Браво, браво,,, секоја чест за поетите на форумот аплауз

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

milata moja  бакнеж големо%20гушкање


срцушка најмилаголемо%20гушкањеголемо%20гушкањебакнеж
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 16:26
JOS TE VOLIM
JOS SI MI U MOM SRCU
JOS NISAM NICIJA
JOS MI ZNACIS
JOS JE U MENI
LJUBAV KO EXPLOZIJA.......
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 10:04

......поглед на мазната површина на течноста ,додека вонеа се гледа отсјајот на срамежливата месечина како во ченгена тепсија,кoја сака да се огледа во неа како мома со нацрвени усни.И ете го фрленото сплоснато камче ,фрлено од чврста рака ,кое неколку пати потскокнува по површината ,правејки кружни бесцелни бранови.Желбата да го почувствувам галењето на таа чудна течност ,таа чудно-магична мешавина , по мојата кожа станува се поголема.Ја подигам раката,онака несигурно,кон нештото кое ме прекрива сакајки да ги откопчам копчињата,кои како сигуросен штит го кријат тоа малку што останало од мене.....Гле!? првото копче само се откопчало,бидејки свилените конци на страста попуштиле.Нема веке несигурност во движењата,се станало така јасно и едноставно,додека тенките бели прсти ги отпетлуваат дугите копчиња ,кои попуштаат на нежниот допир ,полн со невидена суптилност и нежност.......И тогаш ,како огнена стрела пратена од небесата,една мисла го распара магичниот момент........што кога ке се открие голата вистина?!.........



Изменето од marija1000 - 30.Април.2009 во 10:06
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 11:34

" Blago onom ko te ima,
ko te ljubi,
dok ja lutam nočima
blago onom ko te ljubi,
neka bude,
bolji čovjek nego ja. " мечтаење 

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 13:14
ТОЈ САКАЛ

Тој сакал, ден сончев сакал
А ветер дувал, а ветер дувал
Фиууууууууу, фиуууууууууууу
Ветер дувал, ветер дувал.

Тој сакал да напише бајка
И да ја римува со збор мајка
Бајка за мајка, бајка за мајка
А Лајка никогаш не станала мајка
И никој за неа не пишал бајка.

Тој сакал од дождот да украде песна
И ритам следел со клопени очи
Кап – кап, кап – кап,
кап-кап – кап, кап – кап
А ноќта мириси божествени точи
Кап –кап, кап – кап,
кап – кап – кап, кап-кап.

Тој сакал да сака ко секој што сака
А имал мака, а имал мака
Во книги, ука од кои што збирал,
Најважно прескокнал за љубовта страсна
- не научил кутриот, леле, не научил
единствено човек може да сака...

Фиууууууууу, фиууууууууууу
Ветрот дувал, во гранките дувал
Кап – кап, кап –кап,
Кап-кап-кап, кап-кап,
Дождот капел, на прозорец капел....


     Поетот се поклони. Никој не ја забележа насмевката на неговото лице, оти поклонот беше длабок, всушност тој се свитка како кифла, допирајќи ги колената со челото. Беше преполн со задовослство – па тој успеа да го смести ветрот во своите стихови, да го украде ритамот на дождот за нив... Успеа нешто што ниту на најголемите мајстори на версот не им успеало.
     Публиката силно аплаудираше. На некои, кои во восхитот заборавија дека ги извадиле од уста, им паднаа од раце лижалките со кои што што поетот ги намами на неговиот поетски митинг.
     - Уаааааауууууууу! – извика поетот и сите очекуваа тој во стил на величина да се исправи и да ги крене тримфално рацете, но никој не знаеше дека тоа е само извик на силна болка, па удрија уште еден аплауз, подолг и посилен од првиот, па се разотидоа.
     А, поетот... Поетот остана така, свиткан како ќифла на импровизираниот подиум од гајба за пивски шишиња и никогаш не се исправи. Времето го скамени, направи од него смешна биста, на која слетуваа врапчињата и наслушнуваа во каменот како завива ветрот и како капат капките дожд...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 00:10
Не барај
да те засакам премногу
не барај
да ми бидеш сиот свет
внимавај што посакуваш
нема ништо друго
да посакаш
ќе заборавиш
дека постоше пред мене
на високиот осамен врв
понекогаш
носталгија ќе те влече
да бидеш она што беше
нема да знаеш како беше
да се биде без мене
празнина и студ
ќе гледаш
онаму каде ме нема
откако ќе те изменам.
 - Ама си самоуверен !
велиш ти
 - Се зезам ма па ти !
велам ја
Не ти е смешно
си велиш ти,
но што ако вистина збори тој ?
Да дадам и примам спремна ли сум
колку ќе побара и понуди ?
Нешто во него
сигурно не е
нејасно е
а знае што во мене е
или се зеза само тој ?

Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 05:11
Седам сама
во полутемнината
на собава празна.
Ја склопувам полека
сложувалката на
мојот живот.
Делче по делче
ги вртам парчињата.
Превртува...мозгам...
Некако...не ми оди,
ама не се откажувам.
Ма и така немам што
друго да правам
во овие доцни часови.
Минатото полека го сложив.
Слика јасна како ден.
Го тргам настрана
и пробам нешто да склопам
од расфрланите делчиња
на сегашноста.
Премногу делови,
а просторот е мал.
Премногу шаренила
кои никако
не се вклопуваат
еден со друг.
Ги гледам...
Превртувам пак...
Некако...не чини...
Незнам.Се прашувам.
А да си легнам?
Па утре можеби
и ќе склопам нешто.
Да...можеби...
Па џабе старите
не кажале дека
утрото е
помудро од ноќта.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 05:27
Додека голтав
парчиња од храната
пред мене,
онака навидум
незаинтересирана
за тебе,чекав само
да слушнам убав збор
од твојата уста.
И додека глумев
дека ми е сеедно
дали си тука или не,
длабоко во себе
го слушав крикот
од душата моја,
која само сакаше
да те погледне.
Да те види со очи
полни љубов,
и да ти каже
со поглед
колку те сакам.
А погледот не го кренав.
Само немарно ти кажав
оди....
Гордост пуста.
Се додека не ја победиме
гордоста во нас.
Се додека не го потиснеме
болот од претходните рани,
нема да го имаме
тоа што посакуваме.
Само ќе продолжиме
да се повредуваме
и да ја убиваме полека
љубовта во нас.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 05:34
Јас и ти сме како
плус и минус.
Нездраво се привлекуваме
се доближуваме
еден до друг
за веднаш потоа
со вртоглава брзина
да се одбиеме и одделиме
се до повторното
зближување.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Marx_Junior Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Мај.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marx_Junior Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 17:07

Сега кога се смеам, ништо не е како порано
Сега кога се смеам , ти ми доаѓаш и ме гребеш по очите
Сега кога се смеам, доагаш и чукаш на портата на мојата душа
Сега кога се смеам, сфакам колку ми недостигаш
Сега кога се смееш, јас плачам, крварам, се тресам
ти си се што сум јас, а јас сум ништо
тресни ме од земјата, згази ме под себе
не ми дозволувај да бидам човек, зошто тоа и не го заслужувам
Искриви ме за да не стојам право, легни врз мене за да не станам
Плукни ме, а потоа избриши ме како свештеникот гревот на исповедникот, но само за да ме плукнеш пак, зошто се што доага од твоите усни за мене е свето,
Искриви ми го патот за да се изгубам, и да го најдам твојот дом
A покрај тој темен пат ќе престанат да никнуваат сенки на оваа бледа месечина,
и ќе никне црна роза, семе на мојата болка, симбол на моето страдање,
Твоите очи се мојот прогон, мојот огнен мраз, мојата болна темнина
Би ослепел, за да не ги гледам твоите очи, и за да не ја гледам твојата насмевка
Која ме голта како бездна, паѓам но не го допирам дното,
Зошто исто како и твојата убавина, твојата насмевка нема крај
А немаат крај ни
Мојата болка
Мојот оган
Мојот јад
Мојата агонија
Мојата надеж
Мојата амброзија на горчина
Те имам во моето срце, барем толку, и ништо повеќе од тоа,, никаде и никогаш.
Мислев дека те сакам, но згрешив, страшно згрешив
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 17:07
Грижи ме гризат
и нокти од прсти од нозе
ги започнав
јас, ти, ова, она
низ густа магла чекорам
ако зацмиздрам
ќе помогне ?
Ма јок
баш му е гајле
на некој одозгора
конци што влече
ме игра, ме шета
онака како не сакам
он имал план,
а ја сум малоумен
он знае
ја сум глуп.
Зејтин и утеха наведната
некој ќе намине
и ќе си замине
смеј се
може некој искрен ќе биде
за рака ќе те земе
до прва провалија
пријател ќе имаш.
Кон врв
Marx_Junior Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Мај.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marx_Junior Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 17:12
                                                                         My Guardian



Somewhere in this world of endless suffering and eternal pain
i was lost, and i saw that every hope is spend in wein
my heart was filled with dissapointment, hate, blackness ,grief
the only exit of that emphaty seemed going to the closest reef
to end my exsisting called life, without a sound or any gesture
so i can buy the peace that was forbiden to me in life ,in hell.
there was not a glimpse of hope of salvation. i knew i fell
i had nothing except my ruined and dark soul to sell
oh my god, i knew this was the beggining of the end.



And in that black moment of bitterness and sorrow
i saw a silluete of a woman in the darkness
what is she doing in my world i asked myself
is she gods or even devils messenger?
is she the ilussion of the world i never had?
is that the beuty of the other side, the side i never saw?
is she the missing piece of my puzzle like soul?
is she the answer of my long prayers?
I was really confused so i dont know.


She came close to me looking with those brown eyes of hers
she stood in front of me smiling like the most beutyfull angels do
saying nothing, not a word, she took me by the hand and embraced me
for the first time in my life i knew what is someone to care about you
we were together, bond by something unfamiliar to me.
so different and so simmilar, so far and so close
in that moment i wanted to live, so i rose
from my own ashes and there was no more pain
i started to cry and it was like joy, joy with rain


and then, suddenly dissapiared in the cold fog
i was alone again, sentenced to ethernal solitude
dark cloud again covered my soul and heart
is god that cruel to send angel for a second
and then i prayed for her to return
and in the embrace of the dark and cold night i fell asleep
and in my dream i saw her again even more beutyfull then the last time
i couldn speak , i just looked at her white dress and her eyes which touched my very soul
she came to me and whispered in my ear the most beutyfull name,
the name that brought me back to life,
the name that echoed inside my heart , soul and mind
the name of my angel guardian that i was blessed to find
and now, when she came to me, the worst fear started to boil
what if one day i dont feel her warm wings around me
what if god decides i am not worthy of her care
what if, what if, was the thorn in my chest that went deeper and deeper with every moment without her,
if only there was an artist, mortal artist so good to catch her face in a picture,
but who would be worthy of that kind of task, but another angel.
and there are none of them on this world...


Изменето од Marx_Junior - 02.Мај.2009 во 17:13
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 00:38
Мазохистичко танго,
не уништува бавно,
додека секој чекор
обид прави
на танцот крај да стави,
волшебна музика,
чудесна моќ има,
секој твој потег
совршено го следам,
секое свртување
со восхит го чекам,
спонтано и лесно
секој следен чекор го гледам,
маестрална изведба,
како долги години вежбана,
а да танцувам мислев не можам.
Го слушнав срцето твое
го има ритамот
на срцето мое,
тоа е,
тоа е изворот
на музиката мистериозна
што совршени форми создава,
бескрајно танго,
а убедени бевме
секој танц дека кратко трае,
но на овој,
крај да ставиме
безуспешно се обидуваме
и со мазохистичка игра
се осудуваме.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.