IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАШАЊА ЗА РЕЛИГИИТЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАШАЊА ЗА РЕЛИГИИТЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7879808182 98>
Автор
Порака
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 00:19
Дали ќе сакаш еднаш да ми одговориш на следното прашање
Павле ништо не рекол за ИКОНИТЕ на СВЕТИТЕЛИТЕ,
ниту за свеќи да не палиме
И ништо не кажал за крштевање бебиња
Но јасно кажува за жените, да се молат со ШАМИЈА
А ти ги затвораш ушите
ИСУС ВИКА: ИМАТЕ УШИ А НЕ САКАТЕ ДА СЛУШАТЕ

... a, pak, sekoja zena, koja se moli ili
prorokuva gologlava, ja sramoti glavata
svoja, zasto toa e isto kako da e
istrizena.

Ako zenata ne saka da se pokriva,
togas neka se strize; ako, pak, e grdo
za zena da se strize ili brici, togas
neka se pokriva.

.. Prosudete sami vo sebe: dolikuva
li zena da Mu se moli na Boga gologlava?

А ТИ по 10 пат не сакаш да одговориш
Значи дека не сакаш га го слушаш ПАВЛЕ
Он ти вика едно, а ти друго
РАЗБУДИ СЕ ОД СОНОТ
ПРОЧИТАЈ ШТИ ТИ ЗАПОВЕДУВА ПАВЛЕ
НЕ ЈАС; ТУКУ ПАВЛЕ

Богородица е најчиста, бидејќи го родила ЧИСТИОТ
Најсветла, бидејќи ја родила СВЕТЛИНАТААА
Најсилна, бидејќи го родила СИЛНИОТ
Најпослушна, бидејќи рече: Ете ја слугинката Господова

Никаде во Библијата не пишува да не ја повикуваме да се моли за нас

Павле Никаде не кажал да не се пуши цигари, па во црква никој не пуши
Никаде не рекол да не се дрогираш, па сите ние имаме безброј нови закони
Никаде не рекол да не возиш брзо кола, па сите хр. возат полека

Никаде не рекол да не се цртаат икони, па ние си цртаме
Бидејќи тоа е медено за нашата душа




Изменето од Nikki - 17.Февруари.2008 во 00:36
Кон врв
hr.lucky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 505
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hr.lucky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 00:30
ikonite se postaveni od edna pricina koga paganite go prifacale hristijanstvoto prodolzuvale da se molat na nekoja nivna statuetka sto im bila boginja na smrtta pa im gi servirale ikonite kako zamena za nea io ni edna druga pricina ne se izmisleni ikonite
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 00:36
Nikki, никаде во Библијата не пишува да не го повикуваш и ѓаволот да се моли за тебе. Па зошто тогаш не го повикаш и него? голема%20насмевка
Дали Исус, кога беше искушуван од сатаната, велеше: "Не е напишано!" или велеше: "Напишано е!".
Епа зошто тогаш се повикуваш на тоа што не е напишано, кога Христос се повикувал на напишаното.
 
Nikki, дали Марија е најголема бидејќи го родила НАЈГОЛЕМИОТ?


Изменето од EvAngelos - 17.Февруари.2008 во 00:37
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 00:42
Јас се повикувам на ПРЕДАНИЈАТА и Искуството на Црквата

А ти се повикуваш на БИБЛИЈАТА
Но сакам да ти кажам дека не ја слушаш библијата

... a, pak, sekoja zena, koja se moli ili
prorokuva gologlava, ja sramoti glavata
svoja, zasto toa e isto kako da e
istrizena.

Ako zenata ne saka da se pokriva,
togas neka se strize; ako, pak, e grdo
za zena da se strize ili brici, togas
neka se pokriva.

.. Prosudete sami vo sebe: dolikuva
li zena da Mu se moli na Boga gologlava?
Кон врв
hr.lucky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 505
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hr.lucky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 00:52
ima nekoi interesni obredi sto se odnesuva do krstenjeto na bebinja i vodicka pa i isus bil krsten od sv.jovan a toa so mostite i mene kako pravoslaven po obicaj hristijanin po vera ne mi odi nekako
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 01:01
За моштите во Библија4 Цар 13
(Низ историјата покрај гробовите на светителите, се случувале големи исцеленија)
** И ете кога погребуваа еден човек оние што го погребуваа таму ги видоа тие луѓе
** Го фрлија тој човек во елисеевиот гроб и тој падна се допре до елисеевите коски, оживе и се исправи на нозете свои
Кон врв
hr.lucky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 505
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hr.lucky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 01:08
dobro neznam ne sum videl isceluvanje niti cul mada mosti ima kade sakas i mnogu lud'e gi posetile za isceluvanje no slabo nekako sum bil i vo sv.vasilie ostroski pa ne otidov do mostite.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 01:10
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Јас се повикувам на ПРЕДАНИЈАТА и Искуството на Црквата

А ти се повикуваш на БИБЛИЈАТА
 
Главна и основна разлика меѓу мене и тебе. Јас се повикувам на Божјиот Збор, а ти на човечките преданија.
 
"А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?
...и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”
(Матеј 15:3-9)
 
"Во определениот ден Ирод, облечен во царска облека, седна на престолот пред народот и одржа говор пред нив. А народот извика: „Глас Божји, а не човечки!” Тогаш веднаш, Господов ангел го удри, зашто не му воздаде слава на Бога"
(Дела 12:21-23)
 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Но сакам да ти кажам дека не ја слушаш библијата
 
Точно, јас не ја слушам Библијата, туку ги слушам преданијата на старците и искуството на официјалната црква во мрачните векови на инквизициите, крстоносните војни, палењето на оние кои не и се потчинувале, давењето на кутрите луѓе кои предходно биле прогласувани за "вештери" итн. интересно искуство зарем не?
 
А за жените, ти кажав на кој начин ќе ти одговорам, залудно се обидуваш да ме испровицираш. Јас одговарам и јас го поставувам услловите. Ако не ти чини, прашај си некој од твоите таму попчиња со брадичиња.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 01:12
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

За моштите во Библија4 Цар 13
(Низ историјата покрај гробовите на светителите, се случувале големи исцеленија)
** И ете кога погребуваа еден човек оние што го погребуваа таму ги видоа тие луѓе
** Го фрлија тој човек во елисеевиот гроб и тој падна се допре до елисеевите коски, оживе и се исправи на нозете свои
 
Коските на Елисеј не биле никакви мошти во православна смисла на зборот. Зборот мошти во оригиналното значење значи "остатоци" и во оваа дефиниција на зборот, да тие биле мошти т.е. остатоци, ама согласно православната дефиниција на мошти (обожавање на телото на покојниот, поклонување пред него, мирисање на неговото тело и сл) Елисеевите коски не биле мошти.
Во Библијата нема да најдете ниту еден стих каде се вели дека некој им оддавал посебна почит на Елисеевите коски, дека некој го шетал по "манастири", дека телото не му се распаѓало, дека неговите коски испуштале некакво миро итн, освен чудото наведено од Nikki погоре.
 
Елисеј бил пророк, наследник на Илија кој примил двојно од Илиевиот дух. Елисеј и Илија биле пророци кои вршеле многу силни чуда и имале силна благонаклонетост од Бог. Илија со молба кон Бог воскреснал едно девојче. Тој, слично на Мојсеј, има направено пат преку река со разделување на водите. Илија се има помолено кон Бог да не паѓа дожд од небото и 3.5 години нема паднато дожд. Илија нема доживеано физичка смрт, туку Бог го земал на небо. Тој се појавува на гората каде што Христос се преобразил во Своето славно тело. За Јован Крстител ангелот Гавриел рече дека ќе оди во силата на Илиевиот дух итн. Очигледно е дека Илиевиот дух бил посебен пророчки дух даден од Бога за Божјата служба.
Ако земеме предвид дека Елисеј примил двојно од духот кој бил во Илија(2 Царства 2:9) тогаш воопшто не е за чудење зошто покојниот се вратил во живот кога ги допрел коските на Елисеј.
 
Сепак вредно е да се напомене дека ова чудо е спомнато само во една реченица и веќе наредната воопшто не збори ништо за коските на Елисеј. Приказната не продолжува дека некој ги земал коските па ги подарил на некој новоизграден манастир или сл. Тие коски си останале во гробот како и сечии други и верно ќе го чекаат своето воскресение.
 
Апостолите во Новиот Завет исто така не обрувале внимание кон починатите останки од покојните свои браќа и сестри. Кога маченикот Стефан умрел со каменување, тие го закопале како и секој друг починат, иако овој бил полн со благодат и сила и правел големи чуда и знаци меѓу народот (Дела 6:8).
Исто така не е спомнато дека апостолите покажале некој посебен интерес кон останките на Јован Крстителот, за кого Исус рече дека најголемиот меѓу родените од жена.
 
Заклучок е дека апостолската црква од 1век воопшто не негувала некаква пракса каква што негуваат денес православните со мртвите тела на покојните, идолопоклонство, трговија со нив, туристички атракции, национални богатства итн итн.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 01:15
Еве ти уште еднаш на КИРИЛИЦА

Следниот дел од СВ ПИСМО е доказ дека Протестантските Цркви не се еднакви со Апостолската Црква
Тоа е нивното главно учење, дека, се исти во се, како што учат АПОСТОЛИТЕ

За Жените Во Црква

1 Кој 11
... а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја
зашто тоа е исто како да е истрижена.
Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо
за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива.
... Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава?

1 Кор 14
Жените ваши по црквите да молчат: Ним не им е допуштено да зборуваат
Туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.
Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
Зар од вас излезе словото Божјо?
Или, пак, само до вас стигна?


ЗА СВЕТИИТЕ ДЕКА СЕ МОЛАТ НА НЕБОТО

И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старешини
Паднаа пред Јагнето, држејки секој од нив харфа и златни часи, полни со темјан
Кои се молитвите на светиите;
Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот;
И му беше даден многу темјан
Та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.
Димот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.

ЕВЕ ДЕКА ИСУС СЕ МОЛИ ЗА НАС НА НЕБОТО
Евр 7
Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доагаат кон Бога
Бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.
Таков Првосвештеник и ни требаше: свет, непорочен, неосквернет, одвоен од грешниците и возвишен над небесата. ...

Ова е доказ дека Светиите На Небесата заедно со Исус се Молат

   Конечно за ДЕВА МАРИЈА
ЛУКА 1 *** Од сега ќе ме ублажуваат сите родови.
Кој друг човек се осмелил да каже вакво пророштво ?
Кој друг човек е ублажуван од СИТЕ РОДОВИ ?
Тоа значи дека е далеку поголема од сите луѓе

Еве јасен доказ дека Марија немала Други Деца
- Ако Марија имаше други деца, Исус на крстот, нема да му кажеше на Ап. Јован да ја чува како Мајка
Ако Исус имал браќа од Марија, тие ќе ја чуваа својата мајка, а не Ап. Јован




Очекувам Одговор

Изменето од Nikki - 17.Февруари.2008 во 01:31
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 01:46
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Еве ти уште еднаш на КИРИЛИЦА

За Жените Во Црква

 
Ти кажав како ќе ти одговорам на ова прашање. My game, my rules намигнување

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

ЗА СВЕТИИТЕ ДЕКА СЕ МОЛАТ НА НЕБОТО

И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старешини
Паднаа пред Јагнето, држејки секој од нив харфа и златни часи, полни со темјан
Кои се молитвите на светиите;
Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот;
И му беше даден многу темјан
Та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.
Димот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.


Во текстов нема никакви индикации дека некакви светители на Небото се молат за нас. Таму не пишува дека тие молитви биле упатени од Небото. Стихот само кажува дека тоа биле молитви на светите, а не пишува кога, ниту пак од каде биле упатени.
 
Само во православниот превод на Библијата стои тоа "светители" или "светии", додека во сите други преводи (па и во оригиналот) пишува "светите" и се мисли на христијаните, а не на некои посебно назначени светци со ореоли на главите на кои ние треба да им се клањаме и да ги молиме. Библијата учи дека сите кои веруваме во Христос сме осветени преку Неговата крв, а не само некои поединци.
Павле ги нарекува "осветени" дури и оние од Коринтската црква, оние кои потоа во цело писмо ги укорува.
 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

ЕВЕ ДЕКА ИСУС СЕ МОЛИ ЗА НАС НА НЕБОТО
Евр 7
Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доагаат кон Бога
Бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.
Таков Првосвештеник и ни требаше: свет, непорочен, неосквернет, одвоен од грешниците и возвишен над небесата. ...
  
Се работи за грешка во преводот. Спореди со други посериозни преводи и ќе видиш дека таму не стои глаголот "моли", туку "посредува".
Во оригиналот на тоа место стои зборечето: "εντυγχάνω"  (ентугчано), со значење: "врши посредништво".
 
Додека глаголот "моли" на старогрчки е "προσεύχομαι" (просеучомаи) и е сосема различен од предходниот глагол.
Не сум проверил дали во ревидираната Библија на МПЦ е поправена оваа грешка, ама ќе проверам.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

   Конечно за ДЕВА МАРИЈА
ЛУКА 1 *** Од сега ќе ме ублажуваат сите родови.
 
Не сфаќам што сакаш да ми кажеш со овој стих? Каде тука се вели дека Марија останала вечна девица?
Или пак сакаш да ми дадеш до знаење дека е блажена? Па јас никогаш не сум го спорел тој епитет на Марија. Тоа е сосема библиски, да се нарекува блажена, но не е библиски да се нарекува вечна девица, пресвета, спасителка и сл.
Туку не ми одговори...
Дали Марија е најголема меѓу луѓето затоа што го родила НАЈГОЛЕМИОТ?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 02:12
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

   Конечно за ДЕВА МАРИЈА
ЛУКА 1 *** Од сега ќе ме ублажуваат сите родови.
Кој друг човек се осмелил да каже вакво пророштво ?
 
Елисавета е првата која ја нарекува блажена Марија. (Лука 1:42)
 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Кој друг човек е ублажуван од СИТЕ РОДОВИ ?
 
Христос рече дека поблагословени се оние кои го слушаат Божјото Слово и го пазат.
 
"А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!” А Он рече: “Уште повеќе се блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат. "
(Лука 11:27-28)

 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Тоа значи дека е далеку поголема од сите луѓе

 
Дали е поголема и од Јован Крстителот? збунетост
 

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Еве јасен доказ дека Марија немала Други Деца
- Ако Марија имаше други деца, Исус на крстот, нема да му кажеше на Ап. Јован да ја чува како Мајка
Ако Исус имал браќа од Марија, тие ќе ја чуваа својата мајка, а не Ап. Јован
 
Исус имал браќа и сестри од Марија. Тој ја оставил Марија кај Својот брат по вера и омилен ученик Јован затоа што Неговите браќа сеуште не верувале во Него. Исус во една прилика рекол: "Кој не е со Мене, тој е против Мене" и таман работа Тој да ја оставел Марија на некој кој е против Него.
 
Еве еден библиски стих каде се спомнуваат браќата на Исус дури и по име:
 
"Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?"
(Матеј 13:55-56)
 
Пред да речеш дека овие биле законски браќа на Исус од некаков си историски и библиски недокажан предходен брак на Јосиф, запрашај се дали овие законски браќа на Исус не би биле и законски деца на Марија? Тогаш зошто Исус не ја оставил Марија на нив, туку на Јован?
Гледаш, твојот "против аргумент" се свртува во еднаква мера и против тебе.
Затоа не вади догми од молк. Тоа погоре се крвни браќа на Исус и за Марија е јасно кажано дека си имала односи со Јосиф после Христовото раѓање:
 
"И (Јосиф) не ја позна, додека таа не Го роди нејзиниот Син, Првородениот; и тој Го нарече Исус."
(Матеј 1:25)
 
Стихот јасно вели дека Јосиф и Марија немале односи ДОДЕКА таа не го родила Исус, а потоа се разбира, како секој нормален брак, си имале.
Исто така стихот јасно потенцира "Првородениот", што единствено има смисла доколку после Него следеле: второродениот, третародената итн.
 


Изменето од EvAngelos - 17.Февруари.2008 во 03:02
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 11:12
Ап Павле не сакал да се случи мнозина да доаѓаат во Црква, со единствена цел, да се насладуваат на убави жени
Тоа е во ред, но таквото дружење треба да биде надвор од Храмот, кога ќе заврши Богослужението

Заповедите на Ап Павле за жените не се привремени, не се само за она време
Ап Павле не е моден креатор, но воден од Св Дух, ја поучува Црквата како да го гради своето Спасение
Пример, често Ап. Павле вели: Ќе дојде време кога ... Пазете се, ќе се појаватат ....
Ако денешната Црква и е дозволено жените да се молат и да проповедаат без да си ја покријат главата
Апостолот би кажал: Ќе дојде време кога жената ќе се моли без да си ја покрие главата, и ќе проповеда во Црквата

Сите жени во нововрските заедници се молат без да си ја покријат главата
Само во Православна Црква и Римокатоличка Црква, жените се молат со Покриена Глава
Така, ако се случи да разговарате со било кои нововерци
Прашајте ги зошто жените во нивните цркви се молат и проповедаат без шамија ?
Павле, строго забранува, жена, да проповеда, и да збори во Црква
Бидејќи, сексуалниот нагон е многу силен и експлозивен кај мажите
Мажите не можат да останат рамнодуши кога ќе видат убава женска коса, и нежен женски глас
Црквата, Храмот Божји, е место за молитва, за духовни поуки, и тука не треба човек да изгуби контрола

1 Кој 11
... а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја
зашто тоа е исто како да е истрижена.
Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо
за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива.
... Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава?

1 Кор 14
Жените ваши по црквите да молчат: Ним не им е допуштено да зборуваат
Туку да се потчинуваат, како што вели и Законот.
Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува.
Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна?

Каде вие протестанти ја ублажувате Дева Марија
Еве Ние како ја ублажуваме

Достојно е навистина да те ублажуваме Богородице секогаш блажена и пренепорочна и мајка на нашиот Бог, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, нераспадливо Бог Словото што го роди, вистинска Богородице, тебе ние те величаме.

Ние кои херувимите таинствено ги претставуваме и на животворната троица трисвета песна и пееме, сега секоја животна грижа да оставиме за да го примиме царот на сите кого Ангелските чинови невидливо го внесуваат со голема слава.

Свети се свети се нов Јерусалим зашто славата Господова на тебе блесна. Ликувај сега и веселисе Сион, а ти чиста, весели се Богородице за воскресението на твојот Род. О Пасхо, голема и најсветла, Христе. О Мудрост и Слово Божјо и Сила. Дај ни вечно да се причестуваме со тебе во незалезниот ден на твоето царство.

Тебе Војвотке која се бориш за нас, Победоносна, ние твоите слуги откако се избавивме од зло, ти принесуваме победна и благодарна песна Богородице. Бидејќи имаш сила непобедлива ослободи не од секакви опасности за да ти пееме, Радувај се Невесто Неневесна.

Богородице дева радувај се благодатна Марија, Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба зашто си го родила спасителот на нашите души.

Ев Јован 15 - Исус при крајот на својот живот на земјата вели:
Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.
А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина;
Но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ви ја најави иднината
Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави.
Се што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“
„Уште малку, и нема да Ме гледате, и по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам кај Отецот.“

Исус јасно им кажува на Апостолите дека Св Дух ќе продолжи да ги води по патот на спасението
Така следните три векови, Црквата Христова, водена од Св Дух, ја изобрази Ангелската Богослужба
- Тоа се Икони, Архитектура, Одежди, Пеење, Молитви, Толкувања, Орнаменти, Крстови, Манастири ..




Изменето од Nikki - 17.Февруари.2008 во 12:12
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 12:59
Еве дел од небесната Богослужба
Од Душите заклани заради словото
И од 24 Старешини
Овие, и сите светии на небесата постојано се молат

Откр 4
„Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал се
И според Твојата волја постои се и е создадено!“

Откр 5
„Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати,
Зашто Ти беше заклан и со Својата крв не откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе
И не направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата!“

Откр 6
„До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата

Откр 7
За спасението наше, слава на нашиот Бог кој седи на Престолот и на Агнецот
Амин, благослов и слава, премудрост и благодарност, чест и сила, и моќ, на нашиот Бог, во сите векови Амин

Откр 11
Царството на Светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос
И Он ќе царува во сите векови
Ти благодариме Господи, Боже седржителу, кој си, кој беше и кој ќе бидеш
Затоа што ја прими својата голема сила, и се зацари

Откр 12
Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос
Бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши кој ги клеветеше пред нашиот Бог, дење и ноќе
Тие го победија со крвта на Ангецот и со Словото на своето сведоштво и не се грижеа за живото свој дури до самата смрт
Затоа, веселете се небеса и вие кои живеете на нив, тешко вам кои живеете на земјата и морето
Зошто, ѓаволот слегнал при вас, со голем гнев, оти знае дека му останува малку време


Изменето од Nikki - 17.Февруари.2008 во 13:16
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7879808182 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.