|
Студентски Марш |
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Автор | ||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ех Евангелине, се бунеле луѓето или не што нивната влада рекламриа ефтина работна сила, не променува ништо. Тоа е факт кој странците го знаат, работеле на таа проблематика со години. Она што Хилтер сакал да го постигне со сила, овие неоколионалисти го постигнаа на легитимен, демократски начин. Источна Европа требаше да преставува извор на ефтини човечки ресурси, нели?
Велиш немаме сопствен збор за Front Desk Officer?! Имаме, имаме....додуша и тој збор не е наш, ама е одомаќен, РЕЦЕПЦИОНЕР! За жал квалитетот и вредносоните критериуми се паднати во обарзованието, а тоа се одсликува во севкупните општествени активности! |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Види, така ако гледаш јазиков ни бил многу сиромашен
Сега гледам во огласите за денес, се бараат: Production Manager - Gentherm, Прилеп, Chief Accountant - Gentherm, Прилеп, Sales Manager - GES GmbH, Скопје, Department Leader QM Audits and Standards Dräxlmaier, Кавадарци, Product / Brand Manager Жито Лукс АД Скопје, Скопје и така натаму и така наваму. Ти звучи познато ова? Да кај тебе преку 7 планини и долини, каде што англискиот е мајчин јазик. Да му предложам на министеров да воведе задолжително тестирање по македонски пред дипломирање, затоа што се срамам од севкупната слика. Србите како - така се побунија за потценувањето, мене ме интересира ние што направивме и што правиме? Додека тие шетаат по Саудиска Арабија и не промовираат како инвеститорски рај, ние седиме и се молиме да не вработи некој макар и за 150 евра. Џабе работи, џабе не седи, нели? Така велиш за Источна Европа, ама и сам велиш - требаше. Епа од тоа остана само Балканов, само дел од екс Ју земјите, затоа што сите останати се светлосни години пред нас. Во контекст.. Се прашувам дали и платите ќе ги покачат, за да можат родителите да си ги пратат децата на факултет или работава ќе биде - кој ќе преживее ќе раскажува. Мене ме интересира како можат пет прашања да ја скројат судбината на студентите?! Знам дека сите се однесени со ветерот таму, ама како може тука да читам поддржувачи на вакви глупави закони? Луѓе бе, барем вие сте образовани (според фалбите) и свесни дека со пет прашања не можеш да му го кроиш животот на еден 20 годишен студент!!! "Доколку студентот не успее да го положи државниот испит двапати по ред, наредните пријавувања за полагање се на товар на студентот, и тоа за трет пат 1.000,00 денари, за четврт пат 6.000,00 денари и за секое наредно пријавување 12.000,00 денари" Изменето од evangeline - 17.Декември.2014 во 13:04 |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не знам колку си навистина далеку, но јас сум доволно блиску од повеќе аспекти за да имам добра слика што се случува во Македонија. Велиш "да нема попуштање, нема непотизам, нема одговарање во четири очи…" зарем може да се постави некаква државна стратегија за моралните човекови квалитети ? Навистина ме интересира дали државна стратегијата на пропагирање морал, непоткупување, нелажење, некрадење и некорумпирање некогаш и некаде ги искоренила овие нешта? Помогнало до некаде само кога директно се мешала со употреба на кривичниот законик и полицијска интервенција. Но тогаш веднаш ќе ја осудат за диктаторство, одземање на универзитетската слобода, за владино пресметување со партијски неподобните професори ... Велиш "понатаму да се изготват правилни смерници и критериуми за се што е потребно за да може да постои една висока образовна институција. Од книги, простории, нагледни помагал, лабаротрии, број на доктори, професори, доценти, асистенти......Неможе да му се дозволи на секој еден да држи образовна институција, без да го обезбеди минимумот од зацртаните( ако треба и со закон) критеримуми." Правилата и смерниците се позајмени и поставени како стандарди онака како што постојат и во најразвиените држави во светот. Уште повеќе, имаме и странски приватни училишта на кои не може да им се забележи дека не пратат токму такви највисоки стандарди на школување. И колку вреди тоа кога зад катедрите стојат наши менталитети на професори и на клупите седат наши менталитети на студенти ? И токму затоа постои ова професорско-студентско движење за оневозможување контрола на квалитетот на предавањето и добиеното знаење. Секакво контролирање на квалитетот, секое проверување на работата и учењето, секоја евалуација на начинот на предавањето, испитувањето и оценувањето ќе биде осудено како мешање во независноста на школските установи и професорскиот кадар, како и преоценување на веќе оценетото студентско знаење. На сите им е јасно дека школството ни е циркус, на сите им е јасно дека тоа мора да се ревидира и да се стокми како што треба, но никој не сака истото да се случи преку неговиот грб. ПС. Од многуте нешта што ги знам од прва рака за школството во Македонија да ти предодачам само две работи. Првата е од мои блиски роднини. Детето им заврши средно училиште без никакво учење, со огромен број изостаноци и со буквално спиење на часовите. Одеше во познато приватно училиште и бидејќи родителите плаќаа детето беше толерирано преку сите можни норми. Им беше речено дека тоa успешно ќе го заврши школувањето и покрај сите отсуствувања и незанење, само да внимава да не спие на клупа додека се одвиваат часовите бидејќи тоа ептен не изгледа убаво. Вториот случај е примерот со синот на еден мој добар пријател. Ми покажа видео снимка направена од самите ученици која мислам дека ја објавиле и на Youtube, на која се гледа дека за време на часот сите ученици се шетаат по училницата, се бркаат меѓу клупи и прават с'е и сешто додека професорот си говори самиот на себе. И сега ние треба да очекуваме професорите од училиштето, учениците како наведениве деца и родителите кои давале пари за нивното школување да се сложат со екстерно тестирање ??? Најдов една друга снимка од помалите класови во која нештата се многу подобри од онаа што ја видов. Други снимки Од ова поблизу… амин. И сега очекуваме реално и непристрасно коментирање за екстерен или државен испит ??? Кој би подржал нешто такво ??? Изменето од Messenger - 17.Декември.2014 во 21:09 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Оф! „Како је лепо бити глуп“Пред две или три години, по повод 8 Март, млада активистка на СДСМ пред новинарите ја објасни акцијата на својата партија на битолчанките да им подари по еден цвет со следниве две бистри констатации „сите мајки се жени“ и „ние не ги делиме жените по пол“. И по толку време, мене не ми избледува чувството на ужасеност и неверица со кое го проследив настанот. До толку повеќе што чупето овие мудрости ги читаше пред своите партиски колеги, наредени зад неа за групна слика. Сакам да кажам, никој не ѝ го покри микрофонот, никој батка не ѝ го грабна листот на кој некој ги запишал научниве откритија. Се сеќавам дека се прашував како дотичната стигнала до факултет. Како му успеало на образовниот систем, сосе сите наставници и професори вградени филтри, непречено да му се протне еден ваков дипломец. Да беше водовод, ќе го креневме во воздух досега. Се вика Наташа Струмениковска и е пратеничка во Собранието на Република Македонија. Кажете ми еден филозоф од Македонија што ги поминал државните граници откако бил објективно вреднуван. Дајте му по едно парче хартија на кој било студент од кој било факултет со задача да напише есеј од дваесет реда за значењето на „мислам, значи постојам“ и ќе ги видите резултатите. Сетете се на три имиња на судии, адвокати, правници, експерти што биле регионално, европски, па и светски цитирани или публикувани (со исклучок на академикот Ефремов, проф. Гордана Силјановска и одвај дали двајца без тројца професори од Медицинскиот или на Природно-математичкиот факултет). Кој од нашите фамозни правници успеал да ги прочита, критички изанализира и издебатира законите во ЕУ? Кој од студентските форуми, пленуми им нарипа на политичките перјаници на СДСМ, Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска, кои храбро се бореа за рамноправност на шестките со десетките при изборот на судии и правото на стручно незнаење странски јазик. Сето тоа во името на уставно загарантираната рамноправност и желбата да се стане европска држава. Мене сега веќе не ме чуди што македонските универзитети со одбивност ја дочекаа иницијативата на Владата на студиите да се користат светски вреднувани автори. Ректоратот долго ги чуваше во бункери преводите. Сега го разбрав грандиозниот отпор кон компјутеризацијата или евалуацијата на факултетите, оти, како што објасни деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, фала на прашање, ама македонските факултети одамна интерно, демек автономно си се оцениле. Сетете се само на отпорот кон екстерното во средните училишта, кога Министерството за образование попи илјадници јајца од идните академци, на кои им асистираа наставниците и родителите. Па на сквернавењето на студентската химна, кога се бранеше автономијата на фалсификуваните факултетски дипломи. Повеќе тука: |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
меси, зошто мислиш дека тоа во видеата се поправа со државен испит? и како професорите се регулираат со таков испит? и зошто би бил потребен испит ако си постои законска регулација на образованието и се што е потребно една инспекција да ги чешла факултетите и средните школи?
и зошто, толку морално гледаш на испитот и веруваш дека нема да биде злоупотребуван, и дека дупките кои постоеле во образовниот систем ќе се поправат? како божем митото, корупцијата и партиските врски магично ќе исчезнат еве дај ми е дна причина зошто треба да верувам во тој испит? не која е целта на испитот, туку зошто треба да верувам во него, за да го поддржам? еве кажи ми дали вреди и е морално шефот на работа постојано да те тестира и малтретира со работа, а ти да не добиваш ништо од тоа? Изменето од zabegan - 18.Декември.2014 во 00:11 |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Се изначитав се и сешто
Сакав да дополнам нешто како на пример денешното бегање на министерот за образование од студентите и уште еден куп глупоштини кои се случуваа деновиве. Некако не ми се објаснува оти гледам дека ние кои сме овде и нашите деца кои учат тука и сега не сме знаеле ништо. Ете некој од надвор е поупатен од нас. Тој сите информации ги има од прва рака,од детето на комшијата,од детето на другарот на комшијата. ..ние пустите никако да разбереме дека сето ова е за наше добро,за да се одвојат лошите ученици од добрите...па уште ко јагода на шлагот колумната од Мирка... |
||||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Има начин Меси и никој нема да се повикува на партиски чистки, посебно кога смерниците и критериумите ќе бидат јасно зацртани. Никој нема илузии дека непотизмот и попуштањето ќе се искорени комплетно, ама верувам дека ќе може да се довед под контрола! Неверувам дека професорско-студенското движение постои за да се спречи проверката на квалитетот, туку напротив да се укаже на аномалиите и недовербата во системот кој самата админситрација го креира. Македонија нема човечки, економски и интелектуален потенцијал да создава високо образовни институции на секое ќоше. Биле тие државни или приватни. Треба да се постават високи критериуми за некој да може да се бави со оваа општествена дејност. Меѓу другото ќе треба да биде и капитало нтензивна, за некој да може двапати да помисли пред да се впушти во овај БИЗНИС. Едноставно ќе треба да се затворат неквалитетните, неекипираните и неопремените образовни институции. Ајде да небидам толку директен, да создадеш улови сами да се одкажат. Баш тоа и го зборувам дека правилата и смерницте се поставени онака како и во најразвиентие држави, па затоа и ги постигнуваме нивните резултати. Беа усогласени, нели?! Тебе треба да ти биде јасно каков е образовниот систем во САД, како што мене ми познат во Австралија и квалитетот кој се произведува. Само рековме, големи земји, големи економии, па можат да трпат. Прашање е до кога! Да почнам ли да постирам видео клипови, од образовните системи во развиените земји? Ќе се вчудоневидиме! Туку да си признаеме дека и ние сме дел од глобалните трендови! Изменето од Platenik - 18.Декември.2014 во 04:04 |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
zabegan, верувањето е за религија. Зошто треба да веруваш или да не веруваш во нешто што практично се спроведува и практично се гледа дали дава резултати ? Ако работи ќе се одржува и ќе се модифицира најдобро што се може. Ако се покаже дека е тотално промашување ќе се тргне и ќе се проба нешто друго. Ако сите нешта идеално се стокмуваа уште од појдовната точка на идеја, до сега во светов ќе беше Рај. Патем, убеден сум дека никој не тврди дека eкстерни и државни испити ќе ги решат СИТЕ проблеми во образованието, но факт е дека ваквите и слични испити се покажале како многу добри показатели за квалитетот на студентското знаење и професорската работа. Ајде, да беа некаква денешна новотарија, па да се мислевме што е тоа, но тие не се скорешна измислица туку во разни варијанти се практикувале уште од создавањето на образовните системи. Во својот живот сум ги минал тие нешта и иако сметам дека не се идеални, сепак претставуваат добра појдовна точка. Изменето од Messenger - 18.Декември.2014 во 05:22 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е па една од главните работи против која се протестира е токму тоа што го кажуваш и што го предложуваш - поставање државни критерујуми и евалуирање на професори и образовни институции, како и нивно дозволување и затворање. Демек тоа било флагрантното мешање на државата во слободата на академското образование, арбитрарното проценување на квалитетот на професорите, начинот на наставата и испитните критеријуми. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не можи да има добро образование без спој на теорија и пракса.
Тука е главниот проблем и тука треба да се бара решение. Со некој екстерен тест проблемот не се решава бидејки со дисперзираните студии се продлабочија проблемите и за тоа си е крива самата власт. Да не почниме само да пишуваме за начинот на издавање на титули магистри или доктори на науки особено во државните компании ,и за начинот како лица со трет степен на образование стигнаа до втор циклус на студии бидејки тоа е една од причините за суфицит на дипломирани лица за кој факт сите добро знаеме мегутоа проблемот го лоцираме на друго место бидејки најлесно ни е така. Ако се носи реформа со тоа што ке се полагаат екстерни испити за наредните студенти исправно е да се воведат нови дополнителни предмети за сите лица кој имаме дипломирано ,повторно да полагаме за да го потврдиме нашето знаење и да ја поткрепиме издадената диплома ,мегутоа ова да биди за сите вклучувајки ги и државните службеници - задолжително. |
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
нека се одлучат што ќе прават, еве веќе се одлучиле за ЕКТС системот, нека го тераат, ама нека го стегнат и усовршат и него, поврзано со пазарот на труд и средното образование, како и, се разбира, правниот систем кој ја контролира легитимноста на образовните институции и постои без додатни испити ова екстерново како идеја, отвара само повеќе простор за заебанција и контрола на тоа кој ќе предава и кој ќе завршува високо образование, ама не според потребите на општествово... нема абер од било каква поврзаност со глобално подобрување на работите во земјава и за крај, можеби те вреѓа тоа, ама тебе ти е многу полесно да веруваш од далеку, во реформа која директно не те засега, отколку што ми е на мене или било кој што живее во земјава... извини, може тоа те нервира, ама ќе те гони на форумов секогаш кога ќе поддржиш некој безвезно од џеб извадена реформа на тукашната политика... и патем, ми кажуваш да верувам во луѓе кои бегаат од својата обврска да ја оправдаат својата идеја и да ја подложат на измени... министерството одбива да седне на маса со оние кои протестираат Изменето од zabegan - 18.Декември.2014 во 18:36 |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не ме нервира, научив дека кога не се сложувам со било какви мислења на некои луѓе од земјата на крајот да ја добијам таа реплика во недостаток на факти и аргументи. Треба уште да ја дознаам коресподентната реплика наменета за оние кои исто така не се сложуваат, а сепак живеат во земјата. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
за оваа работа еднаш најубаво и концизно ти објасни Анастеа во темата за гласање на дијаспората јас барем во темава зборам како човек што бил и средношколец и студент за време на „реформацијата“ на образованието... ти како што влегуваш во дискусијава? и кој е тука тој што треба да ги дава аргументите? за да очекуваш некој да се согласи со нешто, треба да му го презентираш и арументираш... ја од кого треба да прифатам предлог-реформа, од МОН што бега од студентиве како од чума? и на суд обвинетиот се брани, а не тужителот а и плус да не збориме што сите даваат аргументи зошто го одбиваат системот... а до сега аргумент за легитимност и логичност на системот не видов... од сите коментари најчест е оној „ништо не шкоди ако полагаш уште еден испит“ и тоа е отприлика се |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |