|
X Фактор |
Внеси реплика | страница <1 678910 65> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Даниел број 1 за публиката на X Factor!По долги тестирања и елиминации, за некои тажни за други среќни, конечно дојде и полуфиналето на X Factor. И додека има уште долги 10 недели до финалето на шоуто, сепак оваа
прва вечер, нашите Даниел Кајмакоски и Филип Јаневски – Фифи успеаа да
ги освојат и жирито и публиката. Фифи заедно со Маринела, односно дуетот H2O ја испеаа познатата песна од Кристина Агилера - Beautiful. Фифи пееше со целосни чувства, можеби токму поради тоа што се пронаоѓа во зборовите од песната. Додека таа пееше публиката ракоплескаше, а двете беа навистина возбудени. Гласовите на Фифи и Маринела мошне добро се совпаднаа и имаа прекрасна интонација. Кристина Ковач избрала навистина добра песна за овој дует, што дури сите членови од жирито ја пофалија. Фифи и Маринела ќе треба повеќе да се потрудат за следниот настап, бидејќи беа предпоследни во овој избор. За жал, најмалку гласови имаа Александра Брковиќ, која ја исполни You've Got the Love и Младен Лукич, кој ја испеа легендарната Bacila je sve niz rijeku. Овие кандидати по гласањето пееа уште две песни, па на крај жирито одлучи дека Младен треба да излезе од шоуто. Гости на X Factor беа неверојатните 2Chellos, кои исполнија неколку познати хитови на нивен начин. Како и да е на нашите кандидати им посакуваме исто волку голем успех и следната недела! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маринела појма си нема од пеење...
не ми се допаѓа и девојкава што отиде понатаму сепак бев за Младен, подобар беше.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првото Live Show на „Х-фактор“ беше отворено со заеднички настап на сите кандидати кои ја испеаја „Za million godina“ од Yu rock misija. Она што беше најголема тајна и најголемо изненадување изминатите денови, се откри. Новиот водител на шоуто е Славко Калезиќ, кој беше претходно во улога на натпреварувач во групата на Жељко Јоксимовиќ. Откако не помина во следната фаза, а со оглед на неговиот талент и актерската професија, одлично се снајде и во оваа улога. Прва натпреварувачка која го отвори првото Live Show беше Александра Брковиќ од групата на Кики Лесендриќ. Со изведбата на „You’ve got the love“ од Florence and the Machine, изразувајќи ги сите емоции, во нејзин стил го освои жирито. Тие го препознаа нејзиниот напредок и оригинален печат. Вториот настап беше на Младен Лукиќ од групата на Жељко Јоксимовиќ. Емотивна и импресивна изведба на тешката балада „Bacila je sve niz reku“ од групата Индекси. Со својата специфична боја на гласот, премногу емоции и авторската преработка, без разлика на тремата, сите беа допрени. Пофални зборови имаше дури и од Кристина за Жељко, како негов ментор кој му помогнал да блесне на сцената. Женскиот бенд „4U“ под менторство на Кристина Ковач во оригинален стил и одлично согласени ја изведоа „Roar“ од Кети Пери. Слатки, нежни и оригинални, вистинска женска сензација која може да биде балканска атракција. За нив и Жељко упати пофалби кон Кристина и нејзината работа. Еден од најмладите натпреварувачи Харис Ќато (14) од групата на Емина Јаховиќ настапи четврти со песната „Stay“ од Ријана. Одлична изведба со соодветен зрел глас кои веќе ги има освоено симпатиите на неговите врснички. Талентирано дете кое може уште многу да покаже. Ги заслужи сите пофалби од жирито. Втората најмлада натпреварувачка која настапи како петта е Илма Карахмет (13) од групата на Кики. Малото девојче со феноменален глас кое прво ги освои симпатиите и ја крена публиката на нозе уште на првата аудиција. Настапи со песната „Sve će to o mila moja“ од Bijelo Dugme, која не ѝ била по желба, бидејќи не можела да се пронајде во текстот. Сепак, како што искоментира и Жељко, дури и текстот да е од мени, таа знае да го отпее на врвно ниво. Не е важно што пее, таа ја внесува сета душа и сиот талент. Алкса Петровиќ во шпански стил со изведба на „А mi manera“ од Gipsy Kings, пренесе вистински латино емоции. Како еден од најзгодните натпреварувачи со исклучителен глас и настап, знае како да ја освои публиката. Вистинска женска енергија и емоција покажа седмата натпреварувачка, Маја Новаковиќ од групата на Жељко. Емотивна изведба на песната „Ako je vrijedilo išta“ од Vanne која уште еднаш ја отвори нејзината душа и ги покажа најдлабоките емоции кои таа најдобро знае да ги сподели кога е на сцена. Со специфичната боја на глас и настапот, допира до сите. Осмиот настап беше на женското најсјајно и најконтраверзно дуо „H2O“ составено од нашата Фифи и Маринела Џогани. Одлично согласени ја изведоа моќната песна на Криситина Агилера „You’re beautiful“. Без посебни забелешки и само со пофалби од сите членови на жирито. Покажаа навистина што знаат и умеат. На сцената делуваа моќно и самоуверено, како веќе докажани ѕвезди. Машкиот бенд „Доктори“ се вистинска атракција и музичка сензација. Потсетуваат на убавите времиња и популарните „boy бендови“, но се сосем оригинални и свои. Доволно симпатични и слатки и особено многу талентирани за да освојат огромна публика и да доживеат слава за која не сонувале. Песната „Osloni se na mene“ од Оливер Мандиќ ја испеаја навистина „докторски“. Тамара Милановиќ, која на првата аудиција речиси сите ги расплака, овојпат со широка насмевка и многу самодоверба ја испеа познатата „Dodirni mi koljena“ од група Zana. Жирито само со пофални зборови за нејзиниот настап, сигурноста и преубавиот глас, но со мали забелешки за изборот на песната. Уште еден натпреварувач од групата на Емина, како единаесетти настапи Лукијан Ивановиќ со преубавата балада на Blue „Sorry seems to be the hardest word“. Талентиран и вреден, после многу промени на песната за овој прв настап во живо, преполн со емоции ја изведе баладата баш како поп ѕвезда. Тој е уште еден од милениците на женската публика. Последното и веројатно најдоброто за самиот крај беше настапот на нашиот Даниел Кајмакоски. Светска изведба на одличната „One Love“ од U2 . Како вистинска ѕвезда од глава до пети, македонска и балканска гордост, најголемо откритие на ова шоу се дел од коментарите на жирито. Бура од емоции и овации низ публиката, Данил знае на вистински начин да ги освои сите симпатии. По настапите на сите 12 натпреварувачи започна гласањето со испраќање СМС - пораки со впишување на редниот број на кандидатот. Во меѓувреме, додека сите ги средуваа впечатоците и емоциите во бекстејџот, на сцената свој настап имаше светското дуо „2 Cellos“. Откако беа познати гласовите се прогласија оние кои поминуваат во следното Live Show: Даниел Кајмакоски, бендот „Доктори“, Лукијан Ивановиќ, Илма Карахмет, Алекса Петровиќ, Тамара Милановиќ, Харис Ќато, женскиот бенд „4U“, Маја Новаковиќ и дуото „H2O“. Младен Лукиќ и Александра Брковиќ беа натпреварувачите со најмалку гласови кои веднаш беа поставени во следната фаза за елиминација, односно дуел, каде пееја уште по една песна. Двајцата на свој начин, многу емотивно и точно ги испеаја избраните песни. Александра со „Nobody’s perfect“ и Младен со „Rijeka suza i na njoj lađa“ повторно покажаа дека е тешко да се отфрли кој и да е. Бидејќи и жирито беше со поделени и изедначени гласови, изборот остана на публиката, односно соопштување на оној кој добил најмал број гласови од СМС-пораките. Според пристигнатите гласови од публиката првиот исфрлен од првото Live Show на „Х-фактор Адриа“ е Младен Лукиќ. Наскоро веројатно ќе постои нова можност и бараж натпреварување за сите отпаднати, при што ќе може да се вратат некои од натпреварувачите. Оваа можност засега е отворена само за оние кои излегоа од куќите на судиите: Александра Секулиќ, Маид Хеќимовиќ ,Лука и Јана и Милош Бајат, за кои досега публиката најмногу гласаше за да влезат на настапите во живо. Следете ги настапите во живо секој вторник, на Сител Телевизија од 21:00 часот и гласајте за нашите натпреварувачи Даниел и Фифи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Типчињата како Лукијан,Алекса ,Докторчињата ќе се провлекуваат и понатаму од едноставна причина што тие се интересни за победа во очите на женската публика која е присутна во голем број и нормално гласа за нив.Девојките не се замараат дали Алекса или Лукијан имаат добар или лош тоналитет ,за нив е пресуден физикусот и имиџот на момчињата:)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исто така и за оној ненормалниот гејо Фифи кој пее ужасно ,ЛГБТ само за него ке гласа ,моментално за нив е како МАРТИН ЛУТЕР КИНГ со ај хав а дрим
|
|
Train hard,Fight easy !
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РЕТРО-ПРЕДРАСУДИ СПАКУВАНИ ВО „Х-ФАКТОР“
Времето лета, но некои работи остануваат исти. Или состојбите. Дури и една забавна емисија како што е „Х-фактор“ може да биде добар показател дека многу работи не се помрднале во последниот четвртина век на овие балкански простори. Лилјана ГРЏО ДАМОВСКА |
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Даниел или Тамара ... еден од нив победник ... се друго за мене ќе е неуспешно шоу
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фифи проаѓа само затоа што е дует со Џогани
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Леле Санти Тамара?
се извлекува од првиот впечаток од Адел инаку слабо се покажа после тоа |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да другар Тамара ... Навивав за неа и на Ја имам талент
Чек ... че мајџепса она пак Ех ... |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и јас сум за
|
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според мене само Даниел ја заслужува победата!
Многу се провлекоа на стара слава! Даниел е оригинален и без импровизации! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kisserboy
Нов член Регистриран: 10.Јануари.2014 Локација: Битола Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мои фаворити се Дание,Лукијан и Тамара
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 65> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |