IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 16:55
ЛЕТНИ ШПАГЕТИ СО ТУНА

Олеинска киселина, омега 3 масни киселини и ликопен, се состојки кои треба да ги имаме на трпезата повеќе пати неделно.

Еве еден лесен и вкусен рецепт со состојки кои можеби веќе ги имате во вашиот дом.

Потребно:
● 1 конзерва туна на парчиња
● 1 кромид
● 300 г сецкани домати
● 50г зелени маслинки со пиперка
● 350г шпагети
● Сол и бибер
● Рендан кашкавал


Подготовка:
● Во зовриена вода во која сте додале сол сварете ги шпагетите, а во меѓувреме подготвувајте го и сосот.

● Кромидот ситно исецкајте го, па ставете го во тава со малку загреано масло за јадење. Кромидот малку посолете го, пржете го кратко, па додајте ги сецканите домати. Промешајте и оставете сосот да се згусне.

● Во меѓувреме, маслинките со пиперка исецкајте ги и додајте ги во сосот, полијте со виното и оставете да се вари уште малку.

Совет: Виното секогаш се додава пред кај на јадењето, па се готви додека да испари киселината, а да остане фината арома.

● Кога сосот ќе се згусне додајте ја туната, промешајте и додајте ги исцедените шпагети. Одозгора изрендајте малку кашкавал.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 16:56
ПИКАНТНИ МАКАРОНИ СО БРОКУЛА

На овие високи температури на никој не му се готви, а самата помисла да стоите до шпорет ви ја убаива и таа малку желба за подготовка на ручек или вечера.

Еве еден брз рецепт кој можете да го подготвите денес.

Потребно:

 400 г макарони
 1 главица брокула разделена на мали цветови
 Пола мала црвена лута пиперка
 Маслиново масло
 1 лажичка бел лук во прав
Сол и бибер


Подготовка:

 Во зовриена вода на оган ставете малку сол и ставете ја брокулата кратко да се вари. По 3-4 минути извадете ја брокулата и процедете ја.

 Во друго тенџере на оган исто ставете вода, откако ќе зоврие посолете ја и ставете ги макароните да се варат.

 Во меѓувреме, во една тава ставете малку масло за јадење, брокулите, ситно исецканата пиперка и лукот во прав, па кратко пржете. На крај додајте ги сварените и процедени макарони, додајте сол и бибер по вкус и сервирајте.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:04
ТОРТЕЛИНИ СО ВКУСЕН БЕЛ СОС

За љубителите на тортелини еве еден рецепт кој можеби не сте го пробале, а е доста лесен и вкусен.

Потребно:

 250 г тортелини
 200мл павлака за готвење
 10г путер
 50г шунка, свински врат или пршута
 70 г сирење или кашкавал
 2 триаголници зденка
 Сол, бибер и оригано


Подготовка:

 Во тенџере на оган ставете вода да зоврие, па ставете ги тортелините да се варат. Откако ќе се сварат процедете ги и почнете со подготовка на сосот.

 Сувомеснатото исецкајте го на коцкички, па малку пропржете го на растопениот путер. За 2-3 минути додајте ја и павлаката за готвење, сирењето и зденката. Се посолува и се зачинува со бибер и оригано.

 Промешајте на тивок оган 2-3 минути додека се згусне сосот, па потоа прелијте го врз сварените тортелини.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:07
КРЕМ ТЕСТЕНИНИ СО ГРАШОК И СЛАНИНА

За љубителите на тестенини еве уште еден вкусен и интересен рецепт.

Мерките кои се дадени се за подготовка на 3-4 оброци.

Потребно е:

 500 г тестенини
 250 г свеж или замрзнат грашок
 450 г сланина
 1 помал кромид
 2 чешниња лук
 1 помало гранче рузмарин
 1 лута пиперка
 2-3 свежи листови жалфија
 250 мл павлака
 Маслиново масло
 Сол, бибер
 Пармезан за послужување


Подготовка:

 Сварете ја тестенината и грашокот во две посебни тенџериња. Откако ќе се сварат тестенините процедете ги и тргнете ги настрана.

 Во меѓувреме во тава на оган загрејте 2-3 лажици маслиново масло. Додајте го ситно сецканиот кромид и листовите сланина, па пржете 2-3 минути.

 Додајте ги и рузмаринот, сецканите листови жалфија, лутата пиперка на која сте ѝ ги извадиле семките и сте ја исецкале на коцки, и сите состојки заедно измешајте ги.

 Во тавата додајте ја и павлаката, намалете го огнот и гответе уште 2-3 минути. Потоа додајте ги тестенините и грашокот и посипете со пармезан.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2014 во 13:49

ПОТПЕЧЕНИ ШПАГЕТИ

18

Состојки:
 едно пакување шпагети
 3-4 колбаси
 100 грама печурки
 главица кромид
 ¼ лажичка лут црвен пипер
 3 шољи пире од домати
 половина шоља вода
 1 лажица маслиново масло
 шоља пармезан
 2 јајца
 шоља рикота
 2-3 шољи моцарела

Подготовка:

1. Во тенџере на оган загрејте вода во која ќе ги варите шпагетите. Колбасите насечете ги на кругчиња и пржете ги во тава на средно силен оган. Кога ќе бидат готови извадете ги на салфета. Во друга тава ставете малку масло па додајте го исецканиот кромид и печурките. Динстајте повремено мешајќи. Кога кромидот ќе омекне додајте го црвениот пипер, пирето од домати, водата и колбасите. Намалете го огнот и гответе 10-15 минути.

2. Шпагетите сварете ги ал денте ( да бидат малку тврди) бидејќи со печењето подоцна уште повеќе ќе омекнат. Сварените шпагети процедете ги и измијте ги со ладна вода. Во сад измешајте го маслиновото масло, пармезанот и јајцата.

3. Рерната загрејте ја на 180 степени. Во огноотпорен сад нанесете малку масло на дното, потоа ставете малку од подготвениот сос. Врз сосот ставете половина од шпагетите, па пак ставете сос. Така додека не ги потрошите сосот и шпагетите. На крај одозгора ставете ја рикотата и моцарелата.

4. Садот покријте го со фолија и печете 40 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 20 минути. На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 13:46

ТЕСТЕНИНИ СО ПИЛЕШКО

9

Состојки:

пилешко бело месо, исецкано на мали коцки
тестенини (со било каков облик)
4 јајца
1 павлака
мешан сув зачин
малку путер
кашкавал
сол, бибер
маслиново масло

Подготовка:

- Исецканото пилешко месо пропржете го малку на маслиново масло.
- Во солена вода сварете ги тестенините. Кога ќе бидат варени исцедете ги од преостанатата течност и додадете ги во тавата во која го пржевте пилешкото месо. Измешајте убаво.
- Изматете ги јајцата со павлаката, мешаниот сув зачин, сол и бибер.
- Тестенините и месото ставете ги во подмачкана со путер земјана тава. Одозгора прелијте со смесата од јајца и павлака и убаво измешајте.
- Одозгора рамномерно изрендајте го кашкавалот.
- Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени малку да се потпече од горе и да добие убава румена боја.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 18:53

Тофу „лазања“ и песто


09


Состојки потребни за маринада:

  • ¾ шолја маслиново масло
  • 6 ленити кора од лимон, плус 1/3 шолја свеж лимонов сок
  • 3 чесиња од лук, толчени
  • Сол и свежо мелен црн бибер, по желба

Состојки потребни за песто:

  • ½ шолја семки од бор, мелени
  • 1 мало чесне лук
  • 2 шолји свеж босилек
  • ½ шолја маслиново масло
  • Сол и бибер, по желба

Состојки потребни за „лазањата“:

  • 1 пакување (околу 400 грама) тофу, исечено по должина на тенки парчиња
  • 5 до 6 тиквички, исчистени и исецкани по должина на тенки парчиња
  • Маслиново масло за премачкување
  • Сол и бибер, по желба
  • 2 средни домати, исецкани на тенки парчиња
  • 18 големи листови од босилек

Чекор 1

Спремање на маринадата: Загрејте го маслото во мала тава, ставете ги парчињата од кора од лимон и лукот, оставте да се запржи и отсранете од огнот, оставете да се олади. Истурете го сокот од лимон. Посолете со ½ лажичка сол и ¼ лажичка бибер.

 

Чекор 2

Спремање на песто: Истурете ги семките од  бор и лукот во блендер и блендирајте. Додајте го босилекот и процесирајте, по тоа додајте масло и посолете со сол и бибер, блендирајте додека не се добие компактна смеса за песто.

 

Чекор 3

Загрејте ја скарата. Наредете ги парчињата тофу во фолија за печење и затворете ги., ставете нешто тешко на нив (две конзерви е доволна тежина), оставете така 20 минути.

 

Чекор 4

Премачкајте ги парчињата од тиквички со масло и посолете ги. Испечете ги на скара и од двте страни додека не омекнат, околу 8 минути. Отсранете ги од скара и прелејти со пола од маринадата.

 

Чекор 5

Истата процеура повторете ја и со парчињата од тофу и прелејте ги со преостанатата маринада. Оставете да се оладат парчињата.

 

Чекор 6

Поставете парчиња од тиквичките во поплиток сад, препорачано во правоаголна форма, премачкајте со песто и наредете парчиња тофу над тоа, посолете. Поставете ред од доматите, посолете. На крај ставете од листовите од босилек. Повторете ја истата процедура два пати. Се служи ладно на собна температура.



Изменето од Valerija - 09.Јули.2014 во 18:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2014 во 21:23

ЗАПЕЧЕНИ ТОРТЕЛИНИ СО МОЦАРЕЛА

01

Потребно е:
500 гр тортелини (полнењето е по вкус)
300 гр моцарела
250 мл пелати
100 гр путер
150 гр гауда

Подготовка: 
- Тортелините сварете ги според упатството на ќесичката.

- Тавата за печење премачкајте ја со путер и ставете ги сварените тортелини. Прелијте со доматен сос и ставете ја моцарелата, исечкана на коцки. Од горе, ставете ја изренданата гауда.

- Останатиот путер распоредете го од горе и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени, додека убаво да се запече кашкавалот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2014 во 17:48

Лазањи со боркула

Состојки:

  • Пакување кори за лазањи
  • 800g брокули
  • Сол
  • Бибер
  • 200g кашкавал

За бешамел:

  • 100g путер
  • 100g брашно
  • 1 l млеко
  • Лажичка сол

Подготовка:

Брокулите измијте ги, исечкајте ги и сварете ги. Корите за лазањи подгответе ги според упатството.

Растопете го путерот, додадете го брашното и истурете 1/3 од млекото додека не добиете густа смеса. Преостанатото млеко додавајте го постепено. На крајот, посолете и оставете да се олади.

Во плех за печење редете го тестото за лазањи, брокулите, изренданиот кашкавал, па прелијте го сосот. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот.

Кратко потпечете во рерна, не повеќе од 10 минути.

podgotvete-3-lesni-brzi-ruceci-gotovi-za-20-minuti-03.jpg



Изменето од Valerija - 16.Август.2014 во 17:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2014 во 17:49

Макарони со туна

Состојки:

  • 300-350g тестенини
  • 300g туна
  • Неколку листови зелена салата
  • 3 средни домати

За сос:

  • 1 лимон
  • 50ml маслиново масло
  • Сол
  • Бибер
  • Магданос

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Парчињата туна исцедете ги од маслото и помешајте ги со тестенините. Додајте ги листовите зелена салата исечкана на резенки и парчињата домати. Зачинете со сосот од лимон и масло, добро измешајте и послужете.

podgotvete-3-lesni-brzi-ruceci-gotovi-za-20-minuti-02.jpg


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2015 во 00:48
ne ja sakam mnogu
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 21:33
4

Потпечени њоки

Состојки:

500 гр њоки

200 гр моцарела

60 гр пармезан

450 мл сос од домати

1 лажица маслиново масло

малку лук (исечкан)

свеж босилок

малку сол

Подготовка:

1.Подготовка на сос: Во подлабок сад за готвење ставете го сосот од домати заедно со маслиново масло, лук, босилок и малку сол. Гответе на тивок оган околу 20-тина минути. Во сосот додадете 150 грама моцарела и мешајте додека не се растопи.

2.Во меѓувреме сварете ги њоките според упатството на пакувањето, додајте ги во претходно зготвениот сос и нежно измешајте ги.

3.Целата смеса префрлете ја во плех за готвење (керамичка тава), одозгора наредете ја преостанатата моцарела и посипете со пармезан.

4.Печете во загреана рерна околу 10-тина минути.

5.Декорирајте со свеж босилок. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 21:35
4

Лазањи со месо и домати

Состојки:

200 г мешано мелено месо

1 кромид (ситно сечкан)

1 лажица путер (околу 20 г)

1 лажица брашно (околу 20 г)

300 мл млеко

малку вегета, сол, црн пипер и оригано

1 пачетче лазањи (користевме домашни и свежи лазањи купени на зелен пазар)

Подготовка:

Во сад на оган, растопете го путерот, додадете го брашното и мешајте пола минута. Внимателно сипете го млекото, зачинете со вегета, бибер и оригано и оставете го на оган уште неколку минути се додека не ја добие потребана густина..

На малку масло за готвење и сипете го ситно сечканиот кромид. Оставете го малку да се запржи и додадете го меленото месо. Зачинете по желба, додадете го излупениот и ситно исечкан домат и оставете го неколку минути на оган да крчка.

Садот во кој ќе ја печете лазањата намачкајте го со малку масло за готвење. Ставете ред од домашните свежи лазањи (ние ги купиме на зелен пазар, на тезгата каде се продаваат кори и кадаиф, многу се повкусни и поевтини).

Врз лазањата сипете од белиот бешамел сос, ставете од меленото месо, наросете малку рендан кашкавал и повторно ставете ред од лазањата. Постапката повторете ја уште четири до пет пати (во зависност колку ви собира во садот за печење).

Врз последниот слој лазања, ставете од преостанатиот бешамел сос и нарендајте слој кашкавал.

Лазањата печете ја во загреана рерна, на 220 степени околу 15 до 20 минути или се додека кашкавалот не порумени. Оставете ја неколку минути да се олади, виљушката во раце и кркајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2015 во 21:35

Паста со печурки и спанаќ

Потребни состојки:

  • 4 лажици маслиново масло
  • 300 грама исечкани печурки
  • 200 гр свеж спанаќ
  • 3 печени црвени пиперки (може и од тегла)
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица црвен оцет
  • 250 грама варена паста
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка бибер

Начин на подготовка:

Во сад на оган ставете малку вода и додадете го маслиновото масло. Потоа додадете ги печурките и пржете додека убаво да ги карамелизирате. Откако ќе го направите тоа можете полека да го додавате спанаќот.

На страна во блендер ставете ги пиперките, лукот, оцетот и посолете. Смесата што ќе ја добиете додадете ја во печурките и спанаќот. Повторно пропржете малку и на крај ставете ја готовата паста.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.