|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 678910 23> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КРСТОСНИЦА На автопатот на мислите ти стоиш како крстосница - сите патишта кон иста цел ги узмеруваш |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МИРИСОТ НА СОЛЗИТЕ
Кога ветрот го бои воздухот Со жолтиот мирис на узреаните дињи Од тезгите во пазарот Jaс упорно го премолчувам вкусот На резбите од твоите длета Во кората на летните ноќи , И раскажувам сказни од небило До не се случило... Колку да му ја затворам устата на срцето Што сака нешто да каже. Сепак, ниедна миризба не е толку впечатлива Како миризбата на твоите солзи... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОЛИТВА
На син ми Мики Ти си мојата молитва: утринска, вечерна, пладневна... Во секое време (па и во сонот) на радост што мириса, што ги блажи горчините на црните снегови, таму, по осоите на душата, со музика блажена кај што ги топи и низ жилите набуени реки растекува - реки осветени, со мирото на копнежот миросани, реки од светлини расклокотени - реки од сни неодсонувани... Ти си мојата молитва… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕЛАНКИ
Ги донесоа некои ветришта од некаде и невекаде - изделкани деланки од нечија презаситеност: деланки без срце деланки без живот деланки со избледени приказни за детелинки со четири листа Друг ветер ги подзеде на секаде ги разнесе - деланките во очај очи тажни што си испиле. Остана сал мирисот на приказните за детелинките со четири листа... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РОКАДА
Те нареков „моја несреќна Пенелопа“ но јас бев само твој шашлив Дон Кихот и од сенките на твоите солзи создавав змејови за да ги убијам со меч од триста насмевки... Одисеј и Дулчинела се среќни ликови во една сосема друга приказна, во која времетио е оковано со клинци од неистек а поетите немаат право на шенген визи |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МИРИСОТ НА ЗАБОРАВОТ
Ми ги украдоа емоциите - без нив не можам да те љубам, И срцето ми го украдоа - без срцето не можам да те допрам, Сега душата, ене, ми ја крадат - без неа си роза без градина моја РОЗО бела со мирис на заборав... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НИШАН
Го кренав превисоко ншанот на зорот -те промашив... ох колку близу си била... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НА КРАЈОТ
Ги изодив сите патишта на зборот од ваму до таму од таму до онаму... Никаде крајот не го видов Те сретнав тебе - занемев... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА НЕДОЈДЕНИТЕ
од циклусот „ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА“ Са каква дума ќе ве дочекам Со какви очи ќе ве погледнам Завештанието ако го продадам... За дочек, старите наши, кога слатко немале, најзлатната дума од под јазик ја ваделе... Им пиеле стрвно очи црните пци на уморот и пак во нив сонце чувале гостите да си ги добросат... И можеле – лута пиперка со ракија да мезат а муабетот, чиниш, медовина од уста ко да им течел... Од брег до брег смртта ја растргале и пак ништо не продале, и пак сонот го чувале... Од каква ли книга се описменивме та не знаеме завештанието да го прочитаме.... Са каква дума ќе ве дочекам со какви очи ќе ве погледнам завештанието ако го продадам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕВАЖНО ВАЖНО
Што е важно дали е неважно неважното важно за важната неважност Што е важно дали е важно кога важното секогаш е неважно а важни се неважните важности Што е важно дали е неважно кога ништо друго не е важно освен да бидеш важен поет за неважна публика со кратка важност... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦРНИ НАРЦИСИ
крв моја е или твоја не е важно умираме обајцата со мирис на омраза во крвта црни нарсциси во кафезот на смрдливите хиени... крв... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАЛУДНО
(од циклусот „Вистинска лага“ ) Бледнееме- и сенките имаат повеќе боја во себе кога шумолат ноќе во огледалото на езерото Со изморени чекори одам од една до друга мисла за тебе - ме управува навиката... Ништо нема зад вратите на вистината, вистината никогаш не ја спознавме... Залудно ги отвораме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЖИТИЕ
од циклусот „вистинска лага“ Во мојот свет огледалата се огледуваат во лицата и имаат вљубен поглед кога се будат Ветрот оптегнува виолинска жица помеѓу два момента на отсутност на вистната. Во мојот свет патот секогаш е пократок за една мисла а мислата има две скриени должини на недорек... Бессоницата ги буди црните танчерки на стравот од една до друга воздишка на отечените утра... Во мојот свет мракот ја бакнува светлината и се обојува со звуците на задоцнетите чекори на среќата... Не развлекувај ја границата на мојот свет за да влезеш во него како ограбувач на оскрнавени лешеви... И би крај, ден последен ( според светиот Адофон |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХОЛОГРАМСКА ПЕСНА
Јас сакав да ги обележам патиштата по прериите на земскиот рај со имињата и датите на најголемите победи, во твоите очи што ги извојував без меч, тебе поинтересно ти беше да вадиш имиња за птиците на твоите стравови од некои чудни книги без корици, колку да ги имаш по азабучен ред... А знаевме, обајцата, на крајот, сепак, ќе не победи мислата дека сите победи и сите стравови се холограмски одраз од некое време што други го живееле пред нас... Актерите нкогаш не се играат самите себе во сопствената приказна... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |