|
Дневник - во малку поинаква форма... |
Внеси реплика | страница <1 678910 22> |
Автор | |
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Коцкар” Се насмеав на
својата упорност, Со милост да
гледам во твоите коцкарски раце, Да чекам да ја
испуштиш паричката, Без да и
завидувам, Затоа што лизга
низ твоите прсти .... Го видов одразот
во огледало, Коцкарско лице и
наместена насмевка, Ирнонична а толку
своја, Горделиво
наместена на твоите усни, Не и љубоморам, Затоа што ги
допира и пие .... Црна кошула и
мирис на машкост, Разлеан по
твојата кожа, А јас од другата
страна на масата за рулет ... Не се предавам, Нема да зачекорам
во пресрет на блискоста ... Коцкарот си најде
коцкар, Ќе играме до
вечноста, Секој на својата
страна од масата, Моето црвено
против твоето црно ... И влогот “Се Или Ништо” , Не значи крај, Само нов почеток
... Ново вртење ....
на кругот .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Твој сон. Мој сон
Јас сум ноќта и ден е твојот пат. Те испраќам в зори, те очекувам во самрак, а не се наши ни ноќта ни денот, само нивниот краток допир е нашата кратка средба, нашиот треперлив миг, кога се претопуваат мојот сон, твојот сон - и тогаш, во тој сон еден со друг се имаме а сепак....се немаме.... разбудени сонуваме... |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Двонасочен МОНОЛОГ” “Пак
си зборуваш?” …. Се слушнав себеси
како се прекинувам, На половина
мисла, недокажани зборови, Двонасочен
монолог ... Морам да ја
пофалам издржливоста, Како без да
покажеш слабост слушаш, Пред да прифатиш,
пред да присвоиш, И без збор да
изустиш, Го прогласуваш за
свој ..... Глас .... еден,
монотон .... Како долга
емисија на радио, Која ја слуша
само оној кој зборува .... Моите монолози се
достојни за почит, Сликаат слики низ
зборови, обични реченици, Опипливи и на
дофат на твојата рака, Ги сакаш нели? Иако се долги и
досадни како руски класици, Ја имаат онаа
убавина која ја имаат тие... Има само една
разлика .... Јас цртам со
боите на мојата душа .... Затворени во
обични зборови, Врзани во форма
достапна за разумот ... Како египетски
хиероглифи, Чија убавина ја
рушиме со обичен превод ... И што ако е само
Монолог ... Двонасочен е ....
а сепак само мој .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЧЕКАЊЕ ... Те вдишувам и издишувам, Како причина, како
потреба, Осмели се и
наречи го навика, Моето дишење во
замена за она што си ти. Неконтролирано,
скоро избезумено, Мисла која
повторува една иста црта, Како да слика и
пресликува еден ист лик, Сон или сениште,
јас го нарекувам љубов. Закопан предизвик
под ѓубрето на вистината, Како депонија на
желби и копнежи, Човечки и
приземни наречени грев, А јас одамна ги
презирам милостивите светици. И кој – кого довикува
и мами, Едниот со
затворени очи а другиот во светлина, И двајцата во
расчекор тргнати еден кон друг. Двајца за танго и
црвен фустан на свилена кожа, Допир на раце без
ветувања за бакнеж, Со лоша музика во
позадина за губење ритам... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“ПРЕСУДА” Господа
поротници, Пак по којзнае кој
пат- мојот случај пред вас, Ќе обвинувам и ќе
бранам, Со затворени очи
и отворено срце... Разумот ќе го
ставам како сведок без покритие, Фактите кои ги
носи, во моја лага, Ќе го замолчам со
љубов на нељубениот, Во неизвалкана
постела со скриени мисли. И шепотот на
усните ќе го предизвикам, На вик и вресок
кој ќе расече нови рани, За да не се знае
жртвата која ќе крвари, Да неможе да се
посочи сторителот со прст. И ледот и
топлината за да се извлече признание, Се веќе испеана
песна, стара, Многупати повторена
и научена, А кажаното
останува исто и непроменето .... Казна и награда,
иста, доделена без пресуда, Не е воопшто
битно кој како ќе ја доживее, Доживеаното
останува, непреживеаното замина, Затоа секој
останува сам... на својата страна .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАЗЛИКА .... Одбери, Фатаморгана на
среќа во песок претворена, Жедна и бедна
пустина на душа бездушнику, Па изгради замок
со сопствени раце без капка вода, И моли го ветерот
никогаш да не помине покрај него. Одбрав, Тага распослана
која не ја заборава душата, Ја одмива со
солено море собирани солзи, Бисери нанижани
на грлото како стражари, Граничари
кои ги враќаат назад во изворот. Остани, На врело сонце со
копнеж за дождливи ноќи, Од див оган во
пепел претвори се, Да се помешаш во
заматено сивило со неколку капки, Па да се сокриеш
и да станеш невидлив. Заминав, По патот на
талкачите за почасно место, На огадени
тротоари и смрдливи мостови, За раскошна
прекривка од сино небо, И две раце широко
отворени и празни. |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислиш дека знаеш. Тогаш се разоружуваш и живееш како се да е во најдобар ред. Со време, повеќе и не обрнуваш внимание на работите. Стануваш доверлив....Што уште можеш да поскаш? Животот ти се насмевнува, среќата исто така. Љубиш и тебе некој те љуби. Можеш да си ги оствариш соништата. Се' оди како подmaчкано и благословено.... Потоа, без никакво предупредување, небото ти се урива врз глава. И кога еднаш ќе се превртиш на грб, забележуваш дека животот, целиот живот-со своите подеми и падови, маки и радости, ветувања и разочарувања, се држи на една тенка, непостојана и невидлива нишка налик н пајажина. Oдненадеж, секој звук те плаши и почнуваш да не веруваш во ништо. Се' што посакуваш е да ги затвориш очите и да не мислиш на ништо.
|
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Благородни” Плукни и светни
си го поубаво оклопот сјаен, За туѓи воздишки
и мојот одраз во него, Како сочувана
слика во рамка од сребро, Заледено време
отидено во неповрат .... Се насмеав како
на искривено огледало, Еднаш ќе го видиш
за да му се потсмеваш цел живот, На сопствениот
одраз со благородна насмевка, Онаа цинична,
искривена а толку посакувана. Загноени рани кои
смрдат на гадост, Прекриени со
свилена кошула со извезена желба, И црвен тефтер со
цртички на неписменост, Зар некој ја брои
колатералната штета? Гордоста нема
цена ниту лик за титула закачена, Па може лесно да
се изгуби како златник во искинат џеб, А просјачењето е
забрането со закон непишан, Еднаш кажан ,
ветен и запомнет засекогаш.... Прескокни ме со
лажна к*ртоазија, Благородна и
човечка како Дарвинов сведок, Па голтни и
подголтни со суво грло, Жедно за вино со
вкус на јагоди во пролет.... Изменето од Blue Scarlet - 13.Мај.2011 во 23:43 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"КУЛА"
Пак ќе ги редам картите една врз друга, И ќе им се восхитувам на мирните раце мои, Не на својата упорност да се изгради кула, Наивно и детски ќе си играм со чувствата .... Па ке ги редам срцињата едно до друго, Црвената боја подалеку од црната, Ќе се преправам дека сум уништувач, Со однапред подготвен план за уривање... И пак ќе почнам од почеток за да се изморам, И да почнат да ми се тресат рацете од умор, Па да побарам мир во празна постела, Без сон да ја осознавам темнината .... Многу демони и самовили скриени на таванот, Сите мои драги гости и верни пријатели, Носат мирис на крв и полско цвеќе, Израснав босонога газејќи го по трнливи ливади .... Ќе продолжам да ги пружам усните на незнаеното, Ќе шепотам дека умеам да сакам и сакам, И ќе знам дека ноќта сето тоа ќе го прекрие, Ќе го премолчи и сокрие за да го сочува само за мене.... Кому му треба моето лудило кое ме тера во бес, Кога сум подготвена да ја распарам и сопствената кожа, За да откријам дали темнината има крај, Или ќе продолжам пагански да и се поклонувам... И да, ќе си ги редам картите секоја вечер една до друга, За да ја завршам мојата кула до утрото и првиот зрак, А следната ноќ пак ќе почнам одново ..... со истите карти .... Сите на број ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТИ СИ МОЈОТ БЛУЗ ....
Зависник, На чад од цигарите кој го вовлекувам што подлабоко, Со полузатворени очи во црна темница, Уживам во задоволството кое ме убива, Па што дека, сите задоволства имаат своја цена ..... Си играм со голтката црвено вино, Се предизвикувам себеси да ја задржам подолго, Така вкусот ќе трае се додека не го проголтам, Ќе го разлеам на душата а чашата ќе остане празна.... И кој ли ќе ме знае зошто главата ја спуштам, На перница од добар блуз кој се топи со ноќта, Кога знам дека така само ќе го растерам сонот, А тебе ќе те мирисам од далеку и само ќе те гледам... Ќе се обидам да ја надојам душата со црвенило, Иако утре ќе се разбуди уште пожедна, А во главата ќе продолжи да ми звони блузот, Цел ден како потсетник на ноќта помината .... Зависник, Кој никогаш нема да се осмели да се откаже, Од болката која се вовлекува во душата и ја растегнува, Од љубовта која никогаш нема да те опие, Секогаш ќе биде премалку, недоволно .... А блузот, доволно е еднаш да го засакаш, Еднаш да се навлечеш на него, И ќе продолжиш да го сакаш и бараш секогаш, А ти си мојот блуз, Го знаеш тоа нели? |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАСТАНИ ....
Остави ме клекната на колена, Кога во мислите ти се предавам во целост, Глува тишина без зборови и обвинувања, Отргнати воздишки без бакнежи и милувања... Остави ме сама во камено бели ѕидини, Да слугувам на ноќта со своите бели раце, Па да продолжи да ме штити од сонцето, За да останам бела со мирис на млеко ... Повикај ги дождовите во слава на животот, Да одмијат грев во прво лице – еднина, Можеби и ќе се обидам да останам чиста, Со илјада безобразни и грешни мисли.... Кој може да суди и осуди? Воздишки без милувања, Бакнежи без допири, Љубов која талка и не застанува ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СОНУВАЈ ....
Не сонувам за акварели од помешани бои, Без ред и крај за бујна фантазија, Па да можам во нив да видам одсликана желба, Која не сум смеела да ја изговорам гласно ... Сонувам за остри црти, одлучни и јасни, Кои го расечуваат платното храбро, Па белото го претвараат во црнила од линии, Од кои ти доаѓа да плачеш ..... И никој несака да ги види, да подзастане, Уплашени погледи и изговори за излез, Како будење од детски кошмар И добро позната реченица како утеха: Се ова е само сон, помина и заврши .... Јас несакам да побегнам од темнината на моето платно, И со љубов ќе продолжам да го гледам, Со уште поголема љубов ќе сечам парчиња од него, Ќе ги залепам длабоко во душата .... Едно покрај друго за да биде зачувано засекогаш ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Патувачка желба“
Мириса на дожд без капки и облаци, Мириса на копнеж од далеку, Патувачка желба како театар без актери, И долг пат по темнината, по темни сокаци .... Попатно ќе ги пребројувам ѕвездите, За да не ги слушам тешките чекори зад мене, Слепо ќе го следам крикот по свиоците, И ќе потпевнувам неразбирливо .... Ќе ја плетам и расплетувам црната коса, За да оставам трага од невидливи мириси, На расцветана цреша во рана пролет, Да се стопи со прашината на патот ... Нема траги од умор на моето лице, Ветрот ги брише нежно и кога удира јако, А срцето уште ми стои високо во грлото, Преселено како потстанар .... Ми требаш како утринска роса, Којa може да ја симне нечистотијата, Да ја згасне и смири прашината, И да ги омекне распуканите усни .... Ќе продолжам да те барам ...... Изменето од Blue Scarlet - 23.Мај.2011 во 11:43 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој може да ја разбере ..... Кој може да ја разбере, Кога плаче и проколнува,блуднички се соблекува, Кога кошулата и паѓа и останува разголена пред тебе, Заслепувачка бела светлина која несакаш да ја гледаш .... Кој може да ја разбере, Кога се смее на цел глас и трча босонога, Палаво те мами и те довикува да ја дофатиш, И пак бега и се крие по темници за тебе непознати .... Кој може да ја разбере, Кога црвенее и се бунтува, вика и навредува, Дивее како оган разгорен на суво поле со летен ветер, Гори и пеплосува со истиот жар со кој умее да љуби .... Кој ли може да ја разбере,
Кога седи со часови на подот во аголот на собата, Безживотно, без да се помрдне и трепне, Кревањето на градите ја оддава – да, жива е .... И зошто е битно дали некој ја разбира, Таа е и жена, и дете и мајка ..... Издраснала, се преродила и родила, Љубов во болка никната за да биде запаметена, Украс како златен синџир на стар часовник, Времето ќе продолжи да се врти во круг заедно со неа .... Изменето од Blue Scarlet - 25.Мај.2011 во 02:24 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Внеси реплика | страница <1 678910 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |