IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали нехристијаните со добри дела ќе се спасат?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали нехристијаните со добри дела ќе се спасат?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 03:42
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Благодарам на одговорите spiros, да си жив и здрав.


Ти благодарам и јас на тебе за добрите желби, во надеж да дознаеш дека мојот живот и моето здравје е во рацете на Милостивиот БОГ, без Кого неможам нити еден здив да земам, а камоли за ВИСТИНАТА некому да посведочам!
Знам дека нашите животи во крајна линија се во рацете на Милостивиот Бог кој ни го овозможува здивот.

Прости, но неможам да не забележам - како тоа дека ти, ако толку ја познаваш ВИСТИНАТА и сведочиш за неа, незнаеш дека јас сето тоа веќе го знам, па имаш надеж дека ќе дознаам?
Originally posted by spiros spiros напиша:

И сега мислам дека треба да се дојде до клучот на прашањето : Дали нехристијаните со добри дела ќе се спасат?

Клучот и ВИСТИНАТА Совршена, потполна цела е; дека како христијаните така и нехристијаните можат единствено да се спасат преку Милоста БОЖЈА која - според верата на христијаните - се отелотвори во Исус, а не со “своите“ поносни дела!
Но што ќе биде според твоето верување ако некој нехристијанин, на пр. хиндус или муслиман или атеист не е поносен(горд) врз своите дела туку ги врши понизно?

Originally posted by spiros spiros напиша:

Затоа браќа и сестри, пријатели и сите останати, заеднички да ги завртиме своите погледи, глави и пред сё срца кон понижниот а на голгота воздигнатиот Христос и не дозволиме било што друго да нё одвои од БОЖЈАТА Вистина во Него!АМИН
Веќе речиси 2000 години христијаните ги вртат своите погледи натака но наместо спасение, низ историјата доаѓаше погубение?

Исус од Назарет во кој беше отелотворен Христос - Спасителот, предупреди во Евангелието според Матеј гл.7 стихови 24-27:

24 ”И така, секој, кој ги слуша овие Мои зборови и ги исполнува, ќе го споредам Јас со благоразумен човек,
кој ја изградил својата куќа на камен.

25 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не се разурна, зашто беше заснована на камен.

26
И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.

27 И заврна пороен дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и нејзиното паѓање беше големо.”


Значи не се спасуваме автоматски само со Божјата Милост или слушањето за истата, туку како што Исус објаснува пред се вршејќи ги делата на кои Божјата Милост упати и упатува преку Христа.


Изменето од Majkl - 09.Октомври.2009 во 03:47
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.