|
Враќање на инквизицијата! |
Внеси реплика | страница <1 678910 27> |
Автор | ||||
Fotina
Нов член Регистриран: 28.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ne znam samo kako Isus kje se postaveshe vo taa situacija... vprochem, kako deklarirani hristijani site go imate Svetoto Pismo, pa potsetete se.
Мислиш дека Христос ке влезеше во тепачката и ке ги раздвојуваше тепачите???? НЕ МИ СЕ ВЕРУВА!!! Па ти си тој што не го познава Христос и немаш појма што зборуваш. Не треба само да го читаш писмото брате...туку треба да го посведочиш со живот...Па потоа ќе разбереш како би постапил Христос во таа ситуација. Секој од нас убаво го посведочи...а тоа е со смирение, љубов и радост ДАЈ БОЖЕ ОВА ДА ГО СФАТИТЕ...Зошто 3 дена, на сите можни начини го објаснувам тоа, а нема кој да разбере...ЖАЛ МИ Е! |
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Старец Пајсиј вели дека телесниот човек не може да го разликува мирисот од свето миро и колонска вода. На телесниот човек главна преокупација му се луѓето и појавите. Телесниот човек тежнее и душата своја да ја направи телесна, и тој целиот станува тело. На тој начин тој станува роб на своите страсти, нив ги слуша, и нив им дава жртва.
Додека пак, духовниот човек, постојано пребива во мир Божји, во смирение и љубов. Таквиот човек Го има Христос постојано при себе. Е сега, оние кои не се крстени, го немаат печатот на Крштението, па не може кај нив ни да се пројави таа скриена благодат од Крштението. Тие и да сакаат да станат духовни, нивната духовност ќе се сведе на емоционалност и ништо повеќе. Ќе хулат на Богородица и на иконите, па и на самиот Свет Дух. А има и такви, кои се крстени, но и тие се однесуваат телесно, затоа што не знаат, или не сакаат да дознаат, дека нивното тело им робува на страстите. Тие својата волја ја сметаат за свој бог, и само нејзе и се покоруваат. Низ таа призма може да се разгледаат и настаните од саботата. Телесните луѓе гледаат политика, тепачка, силеџиство, крстоносни војни, политизирана црква. Ама, и да е така, фала Му на Бога за се! А оние кои сакаат вистински да учествуваат во Литургискиот живот внатре во Црквата (и тоа не само во недела на Литургија, туку постојано и секаде), гледаат љубов и топлина од неколкуте стотина верници кои се молеа на Бога да ни прости на сите. Се молеа и за тепачите, и за студентите и за геј, лезбо и про-абортус лобистите. Нека таа нивна молитва биде услишана од нашиот Господ Исус Христос и нека не укрепува и зацврстува во верата. Амин. |
||||
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
a zosto ne ti se veruva? kako Isus gi sopre takvite spoulaveni kako ovie na postadot koga ja kamneuvaa Marija Magdalena? neli svestenicite tamu trebase da go napravat istoto ? inaku gledam mnogu raboti ste ispomesale ovde i ne deka nestata ne se sosema jasni , tuku sekoj si zbori kako mu cini. ako nekoj kaze deka ne se slozuva so site ovie gradbi i statui koi se gradat, toj e antidrzaven element i ne e makedononec. ste zabegale malku poceke site sto taka tvrdite. |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако се следат настаните во континуитет, ќе видиш дека овие „силни“ зборови се реалност. Изградба на цркви на секој чекор, градење крстови на секој рид, воведување верска настава во световни училишта, именување на верски празници како државни, осудување и етикетирање на атеистите како еретици, комуњари, па дури и гејови, дрогираши .... недвосмислено кажува за насоката во која се движиме. Или можеби сето ова не е доволно за некој да сфати кон што води сето ова?
Толку си сигурна и стоиш зад оваа твоја изјава? Со што ми гарантираш дека нема да се случи ова? Само со „утешителни“ зборови (во кои потајно, самата во себе и ти не веруваш) дека тоа нема да се случи? Кој од „големодостојниците“ тебе или некој друг верник ќе го праша за тоа? Иди бегај!
Полжавче, верувам дека досега си имала прилика да прочиташ барем дел од неколкуте мои постови кои ги пишував на вероисповед, а кои се однесуваа на оваа тема. Таму имам речено дека, помалку или повеќе религијата е причина за избивање на секоја војна досега. Ова не е моја измислица, туку историјата го потврдува тоа. Од каде да фатиме? - Од Александар? Тој, воспитуван од мајка му Олимпија, навистина се замислувал дека е син на богот Амон и дека неговата улога на овој свет е да го обедини истиот. И, за таа цел, а по претходното религиозно убедување, сфаќање, тој убивал за да ги зближи народите. - За крстоносните војни не треба посебно да пишувам. - Хитлер се занесувал дека е чедо на Провидението, дека преку него бог сакал да ги обедини ариевците; - што се случува со католиците и протестантите? - Што е џихадот? Света војна, во која се војува против сите неверници (под кои се подразбираат сите кои не веруваат во Аллах) - Нај свежата војна на овие југословенски простори (католици, православни и муслимани) е само последна која би ја навел во оваа мое набројување. Не е фер да ги заморувам читателите со по голем список. Впрочем и во стариот завет убаво пишува дека бог постојано го води својот народ (евреите) во војни и, нормално, со негова помош тие победуваат. Но, и во новиот завет, што вели Исус? „Кој не е со мене, тој е против мене“. Треба ли посебно толкување за ова? Како поинаку да се сфати оваа негова изјава, која во целост соодветствува со основата на џихадот? И за тебе ова е доказ дека верата повикува на толеранција и разбирање? Па дајте луѓе, гледајте реално! Религијата прави само раздор меѓу луѓето. А од тоа корист имаат само одредена минорна (по број) група „светители“, т.н. „божји луѓе“!
Е за ова си во право. Да, точно, така е! Ама не само декларативно, туку тоа треба да се применува од страна на верниците, што очигледно тоа не е случај. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Златник, ти препорачувам да ја изгледаш епизодата од Саутпарк со United Atheist Aliance vs. Federation of Atheist League.
|
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Dobro e sto MPC javno se ogradi od nastanite sto se slucuvaa na plostadot. Toa trebase da se kaze javno. Isus e protiv nasilstvoto, jasno e deka toj ne protestirase protiv nepravdite na Rimjanite, koi go maltretiraa Izraelot, nikogas ne navredi nieden rimski vojnik, duri na eden rimski zapovednik mu go izleci slugata. Drugo, brate makarios , vo Biblijata ne pisuva da se molime za tranvestiti,homoseksualci, lezbejki... Znaeme deka nivniot nacin na zivot ne e ispraven spored Boga, n ne pisuva ni deka treba da se tepame so niv, nitu pak da se molime da bidat zivi i zdravi,da ostavime na Boga da im sudi za grevovite sto gi pravat. Sekoj ima slobodna volja kako da zivee, a na krajot Bog ke im presudi! |
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Братче, православните го презираат и осудуваат гревот, а се молат за тој кој го прави. Тие се болни од гревот на противприроден блуд. Не треба ли да се молиме и за тие кои крадат, лажат, клеветат, имаат лоши помисли? Та нашиот плач треба да биде за сите луѓе (од Адам, па до последниот). |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Dokolku MPC organizirano se pojavese na pr. vo ponedelnik ili naredna Sabota so prethodno uredno najaven kontra-protest, tokmu togas ce bese postignata celta! Imeno studentite od izminatata sabota koi dali bea 100 dushi, ce ispadnea smeshna grupa gradjani nasproti 1000, mozebi i 10,000 vernici! Nekoj prasa zosto sega im teknalo na studentite arhitekti da protestiraat za crkvata, a ne protestirale koga se gradese grdosijata pokraj EVN i GTC, ili koga se nagrduvase prostorot pred ARM so "spomen" kukjata? No zosto taka zajadlivo da se gledaat na rabotite? Kako bi bilo da receme: pa toa bese poslednata kapka vo casata na urbaniot haos koj vladee niz Skopje! Licno mislam da ne bese crkva tuku muzej ili restoran ce omase isto taka protest! Plostadot e plostad tokmu zatoa sto nema gradbi na nego, tuku e ramen shirok prostor za setanje i proslavi. |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Treba da se molime da dojde Bozjeto Carstvo i da dojde voljata Bozja kako na neboto taka i na zemjata. Vo pravo si, treba da go mrazime grevot a ne gresnikot. No,kolku i da se molime za niv, ako tie samite ne se pokajat i ne se obratat kon Boga, zaludno e. |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Majkl - 30.Март.2009 во 19:22 |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Браво бе Фотина! Ме доведуваш во ситуација кога незнам што да правам на оваа твоја изјава. Дали да се смеам, дали да плачам, или пак да се нервирам! Прво велиш дека сте отишле да го спречите протестот, да не дозволите некој да си го каже своето мислење (замисли, некој се дрзнал и се обидел да каже свое мислење!), а од одруга страна се прашуваш „... некој ги спречил?“
Типично македонски. И мене нека ми умре козата, ама на комшијата двете! И што мислите дека сте постигнале со тоа што ги спречивте да го кажат нивното мислење? Дали сте свесни дека со овој чин вие го постигнавте тоа што тие кои сакале да се слушне нивниот глас воопшто и не очекуваа, а тоа е одек во јавноста! Да оставевте нивниот собир да биде одржан без провокации и насилство, до сега сите ќе заборавеа дека некој демонстрирал против нешто. А овака?
1. Се декларираш како верник. А, да те прашам знаеш ли што е ова? Очигледно е дека незнаеш. Тоа е гордост. А знаеш ли што е гордоста во христијанството? Поим немаш. Затоа отиди прво кај твоите отци нека ти кажат што е тоа грев или прочитај во форумот вероисповед. Таму ќе најдеш многу убави објаснувања од верници кои со право можат да го носат тој епитет, и со кои ми е чест да дебатирам. 2. И, што мислиш, навистина победивте? Ах, да, во однос на тепањето - да, победивте, но во однос на целта на собирот ... не ќе да биде така! Самата оваа дискусија го зборува токму спротивното. Реков, овој настан одекна во јавноста многу повеќе отколку што архитектите (или како веќе ќе ги наречете) мислеа.
Гарантираш? А што ако не биде? Спремен ли си да се саможртвуваш за Христа? Но којзнае, ако навистина биде, како што велиш, може пак да ја снема! Што ќе правиш, божја воља! |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Vo Stariot Zavet najstrogo se kaznuvale homoseksualcite, tranvestitite, lezbejkite samo megju narodot IZRAEL , tie ne gi kamenuvale i ne im se mesale na drugite narodi,bidejki Izraelskiot narod bil odberen po Bozjiot sluga Avraam za vo nego da se rodi Mesijata. Moralo Izralskoto opstestvo da bide cisto i normalno , pa zatoa bile prezemani takvi strogi merki. Od toa gledame kolku seriozno Bog gleda na takvite prestapi. Sodom i Gomor bea unisteni tokmu poradi vakvite grevovi, a i nasiot svet se povekje nalicuva na Sodom i Gomor...Procitaj gi malku denesnite vesti i vidi deka razlikata megu dobroto i zloto veke i ne postoi. Se e relativno... Sekako, jas sum protiv nasilstvo i zloupotreba na stihovite od Stariot Zavet, Isus ni rece da gi ljubime neprijatelite, a Bog na krajot ke presudi...Pravdata e vo Negovite race.AMIN! |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Od VEST
На прашањето до "Прогресивен млад синдикат", организаторот на мирниот протест, зошто и покрај тоа што оваа тема е актуелна за Црквата речиси една година, тие избрале да протестираат токму меѓу двата изборни круга, добивме одговор: "Затоа што сега стигна информацијата дека во овој изборен вакуум меѓу двата круга власта ќе го искористи моментот за да стави темели на црквата на Плоштадот. Ова не е акција што почна сега, уште првпат кога се објави веста за градба, ние почнавме со онлајн-петиција против овој објект, имавме радиоемисии, блогови. Се разбира дека не е политички мотивирана иницијатива, туку е иницијатива на студентите од Архитектонскиот факултет. Ќе продолжиме и понатаму и ќе бараме секој да понесе одговорност, особено оние што повикаа на религиозна нетрпеливост и што во името на верата практикуваа насилство", вели Соња Исмаил од "Прогресивен млад синдикат". Инаку, Прогресивен млад синдикат лани на 23 јули беше организатор на трибината за владината намера да се гради црква на Плоштадот, на која присуствуваше и скопскиот градоначалник Трифун Костовски, кој е противник на идејата и ја обжали на Уставен суд. И оваа трибина тогаш беше брутално прекината од група граѓани, кои со икони во рацете упаднаа на трибината, а меѓу нив беа и група млади, кои настапија како подмладок од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот Костовски вчера го осуди насилството и ги повика скопјани "да го зачуваат разумот и да не дозволат да бидат жртви на политичката репресија и организираниот притисок на власта". Изменето од Majkl - 30.Март.2009 во 19:41 |
||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еве уште еднаш откако ќе се силува Скопје, како тоа би изгледало (демек стар стил и нов стил било грдосија). |
||||
Внеси реплика | страница <1 678910 27> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |