|
Господова вечера, Евхаристија, Причест |
Внеси реплика | страница <1 678910 11> |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да belichka, Христос рече да ја јадеме таа вечера за Негов спомен, затоа едно од нејзините имиња е и "Господовата Спомен Вечера".
"Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!"
(Исус Христос во Лука 22:19)
Да, но Христос исто така рече дека Тој е Лозата, а ние сме лозинките.
"Јас Сум лозата, а вие сте лозинките."
(Исус Христос во Јован 15:5) Дали тоа значи дека Христос БУКВАЛНО е лоза, а ние БУКВАЛНО сме лозинки?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да беше тоа само „спомен“ немаше да се соблазнат голем број од неговите ученици кога им велел дека тој е лебот на животот кој треба да го јадеме и дека неговата крв е нашето питие. Или ти имаш некои подруги објаснувања зошто овие се соблазниле? А каде пишува дека Телото и Крвта Христови се спомен?
Е токму тука е вашиот проблем, што немате Свето Предание. Ние знаеме што рекле апостолите, што апостолите им пренеле на своите ученици за причесната (како што се св.Поликарп Смирнски и св.Игнатиј Богоносец), и што тие им предале на своите ученици, а тие ученици на следните... Точно знаеме кој дел е во симболика, а кој е во буквала. А вие не знам од каде знаете. Ако толку знаеш, протолкувај ми што значи тоа да си ја отсечеме левата рака ако не соблазнува или да ми кажеше што означува (не знам колку пати те замолив за ова) Јуда 1: 9 А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те спречи!” Aјде, биди добар и убав како што се претставуваш и разјасни ми ја недоумицава. Изменето од Maran Ata - 07.Ноември.2008 во 01:18 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sunny, се увери сега дека православните навистина веруваат дека лебот и виното БУКВАЛНО се претвараат во телото и кртва на Христос? Maran Ata, вие само можете да сонувате дека православното предание е вистинското предание на апостолите. Многупати ви беа посочени очигледни противречности и дијаметрално спротивни учења на вашето православно предание со Боговдахновеното учење на Светото Писмо. Така што неговата веродостојност паѓа во вода уште во самиот старт.
Во Библијата јасно е објаснето дека виното не се претвора буквално во крвта на Христос, затоа што во спротивно ќе испадне дека Христос ги наведувал на грев апостолите , затоа што пиењето на крв е забрането во Библијата.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Демагогу, некако ми ги избегнуваш моите лесни за тебе прашања Протолкувај ми што значи тоа да си ја отсечеме левата рака ако не соблазнува или да ми кажеше што означува (не знам колку пати те замолив за ова) Јуда 1: 9 А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те спречи!” |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Маран Ата да се држиме на темата! Ако некој знае нека одговори, ако не знае- нека си признае.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова и те како е поврзано со темата. Ако знаете дека Христос рекол дека Неговите Тело и Крв се симболика, дај објаснете од каде знаете. Ако тоа го знаете од некаде, ќе го знаете и толкувањето на тоа што ве прашувам. Ајде АлДра, ти биди културен и објасни ни. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Maran Ata, еве од каде знаеме дека виното не се претворило буквално во Христовата крв:
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве се цитирав самиот себеси но и пред четири месеци и сега никој од вас нема одговор. |
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е да де, и тоа вас ви е некој си доказ, без да го знаете толкувањето. И обрезанието апостолите го забраниле, но сепак апостол Павле и покрај тоа го обрезал Тимотеј Дела 16:1 Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некој си ученик, по име Тимотеј, син на Јудејка, која ја прифати верата, и на татко Елин; 2 тој ученик беше на добар глас меѓу браќата во Листра и Иконија. 3 Павле посака да го земе со себе. Затоа откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин. Ев, оти немаш толкување на тоа што те прашувам за Мојсеевото тело и за отсекување на раката ако те соблазнува? п.с. греотичка сте што Христовата крв од една страна велите дека ве измила од гревовите, а од друга страна ја споредувате со крв на животно. И за срамота е тоа, ама повеќе сте за жалење. Изменето од Maran Ata - 07.Ноември.2008 во 02:09 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pocnaa da letaat iskri Samo iznesuvajte gi argumentite no so pocit bez da se vregjate.Jas sega odam da spijam, Dobra nok ....Se citame utre ako dade Gospod.
Bidete blagosloveni |
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Христос помеѓу нас!
1. Да! Буквално се претвораат, бидејќи нема апсолутно ниту една основа да мислам и верувам дека е симболика. Да беше симболика ќе ни беше јасно кажано! Од симболика не може да зависи Вечниот Живот, а Госпо ни кажа: ако не го јадете телото (а не претставата, ни замената, ни симболот) на Синот Човеков и не ја пиете крвта Негова (а не претставата, ни замената, ни симболот) нема да имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело (и повторно се повторува ТЕЛО, а не симбол) и ја пие Мојата крв (и повторно КРВ, а не симбол) ИМА ЖИВОТ ВЕЧЕН и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
Кога претходно имавме разговори со Библијските Христијани во врска со оваа тема, тие споменаа цитати во кои се забранува пиење на крв:
-----------------------------
"Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен."
(Левит 17:14) Таа заповед е повторена и во Новиот Завет...
"Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Бидете здрави!" (Дела 15:28-29) --------------------------------------
Се разбира дека едната крв и другата крв се две апсолутно различни нешта. Хемискиот состав им е различен, а и вкусот е различен. А да не зборуваме за тоа дека едното тело и крв се тело и крв на на Божјо создание, а другото Тело и Крв се Тело и Крв на БогоЧовекот. Суштински едното тело и крв се неспоредливи со другото Тело и Крв. Телото и Крвта на БогоЧовекот се надразумни, Божествени и СУШТИНСКИ немаат апсолутно никаква сличност, ниту аналогија со тело и крв на животни и луѓе!! Како СУШТИНИ се различни!! Од секој аспект гледано, крвта на животните и луѓето од една страна и Крвта на БогоЧовекот од друга страна се различни. Забрането е да се пие крвта на првите, но никаде не пишува дека е забрането да се пие крвта на БогоЧовекот, туку и експлицитно ни е заповедано “Пијте од неа сите...“. Пристапот кон Светата Евхаристија е еден, а канибалскиот пристап е друг. СУШТИНИТЕ на едното и на другото се дијаметрално различни!! Не знам како правите вакво поврзување на Телото и Крвта на БогоЧовекот кои се јадат за да се примат Божествените Вечни и Несоздадени Енергии, да се прими Божјата Благодат со тело и крв на Божји созданија кои човекојадците и непечениживотнијадците ги јадат крвнички и зликовачки . Лошо е да се биде крвник, но добро е да се учествува во Чашата на Животот.
Јас би сакал (без да бидат споменувани вратите, овците, лозата и лозинките и евентуално други споредби, туку задржувајќи се на прашањето “Света Причесна“ - САМОТО ЗА СЕБЕ) Библијските Христијани да ни објаснат од каде им е помислата и верувањето дека Светата Евхаристија е симболика? Зошто баш физичко примање на симболичното Тело и симболичната Крв? Каде има повод (разгледувајќи го само за себе прашањето на Светата Причесна), да се верува и да се мисли дека е тоа само симболика и дека тоа не е вистинското тело и дека тоа не е вистинската крв на БогоЧовекот. Дали можеби со ова Библијските Христијани прават измени во СВЕТОТО Писмо и го прилагодуваат на своите мислења и размислувања, наместо себеси да се прилагодуваат на Библијата - онаква каква што е и да се обидат да продрат и да проникнат во напишаното - онакво какво што е?
2. Не, пред Светата Евхаристија не претходи задолжителен пост. Јас не се согласувам со оние Православни служевни свештеници кои евентуално НЕ БИ ДОЗВОЛИЛЕ да се Причестам ако не постам. Еве Ви еден многу убав линк на кој систематски се пристапува на ова прашање.
Се читаме...
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не се сеќавам дека обрежанието е забрането некаде. Апостолите се договориле дека е доволно да не јадат месо принесено како жртва за идоли, да се пазат од блуд, да не јадат задавени животни и да не консумираат крв, па во продолжение следи доволно е да се придржувате до овие упатства. Апостолот павле во Посланието до Галтајаните вели вака: ,,Уште еднаш ќе ви нагласам дека секој што ќе се обреже е должен да го спроведува целиот Мојсеев Закон.’’(Гал. 5:3), што значи дека не го забранува обрежувањето туку вели дека таквиот е должен го споведува целиот Мојсеев Закон.
Патем каква врска има причеста со обрежанието? Или ,,боље ишта него ништа’’? |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хаха добар обид Maran Ata, но нема кај мене така лесно да ти помине
Апостолите никаде не го ЗАБРАНИЛЕ обрезанието, туку само водени од Светиот Дух одлучиле дека тоа повеќе НЕ Е ПОТРЕБНО т.е. нема никакво значење во Новиот Завет, но никаде не ЗАБРАНИЛЕ доколку некој сака да си се обрезе
Aldra, приметуваш ли како во секоја дебата православните прво ќе се обидат со Светото Писмо да си ги одбранат своите догми, па откако нема да успеат т.е. ќе бидат разобличени од мечот на Словото, потоа одма прибегнуваат кај нивните ткн. "свети отци"
Значи прво се обидуваат да речат "Вака вели Божјиот Збор...", за откако ќе бидат разобличени дека така не вели Божјиот Збор, да ја сменат својата кауза и да речат "Ок, но вака вели свети овој, вака вели свети оној"
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Maran Ata, иако моментално подфорумот "Вероисповед" нема модератори, тоа не значи дека треба да фаќаме кривини кога ќе се најдеме во аргументиран ќорсокак. А доколку си расположена за неврзани прашања и одговори, ајде да отвориме една тема каква што отворија deshad и maria_magdalena, само со дефинирани правила на дискусија, каде што наизменично ќе си поставуваме прашања и наизменично ќе си одговараме, без суфлери од страна. Ако си убедена во својата вера, тогаш нема да се плашиш и ќе прифатиш, а доколку се плашиш, тогаш доста фаќаш кривини на секоја тема и задржи се на топикот на дискусија.
Моментално застанавме на оваа тема.
Хемискиот состав и вкусот на крвта. Одлична поента pravoslavie .
Е сега откако те пофалил, кажи ми, дали ти некогаш си пробал вино? Дали некогаш си лизнал од капка крв од твоето тело? Верувам дека да. Е сега одговори ми: Дали приметуваш разлика во вкусот на виното и вкусот на крвта? Зарем не е виното со благо-киселкаст вкус? Зарем не е крвта соленкаста? Значи сепак имаат различен вкус.
Е сега одговори ми, каков вкус осеќаш ти кога земаш од "Христовата Крв" на причеста?
п.с. Иако pravoslavie можеби не е тука, секако ќе му биде добредојдена помош од неговите истомисленици Изменето од EvAngelos - 07.Ноември.2008 во 03:34 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Внеси реплика | страница <1 678910 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |