IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7778798081 138>
Автор
Порака
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 01:41
Испруженава рака ме асоцираше на една хаику песна. Истата е на српски бидејќи ако се преведе би се изгубила структурата.

Руко, луко љубави.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 14:42
Ти нудам
експлозија од звуци и слики
со облаци споени
каде седум розеви слонови
среќа некаде носат
додека патот поплочан
од морски ѕвезди светка
по кој одат
сите оние мисли кои лебдат
возвишени и чисти
сите оние ѕвезди водилки
на различни страни
кои не растргаа
често сомнеж носеа
во чадот се споија
кога изгореа
во утрото изненадено
кога небесниот свод
се растури
во експлозија од бои и звуци.
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 14:44
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 14:46
 големо%20гушкање   големо%20гушкање   големо%20гушкање
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 21:03
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Ти нудамексплозија од звуци и сликисо облаци споеникаде седум розеви слоновисреќа некаде носатдодека патот поплочанод морски ѕвезди светкапо кој одатсите оние мисли кои лебдатвозвишени и чистисите оние ѕвезди водилкина различни страникои не растргаачесто сомнеж носеаво чадот се споијакога изгореаво утрото изненаденокога небесниот сводсе растуриво експлозија од бои и звуци.
maestrooooo
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 04:02
Не вреди кога си искрен
уште помалку
кога некому ќе му се повериш
онака со срце и душа
а тој си игра само
со твоите чувства
оти он си зацртал
во главата своја некоја цел
и кога ќе ја достигне таа цел
ееееееееее...тогаш....
Оди сликај се....
готово е со слатките зборови.
Интересот за тебе му опаѓа
како к*р после добар секс
и нема абер за станување.
Тогаш си само уште една
глупача на овој свет
и можеш да им се придружиш
на оние кои тој онака
ноншалантно,слаткоречиво,
како што само тој умее
ги дигнал на пиедестал,
за веднаш потоа
да ги закопа длабоко во земјата
како да никогаш и не постоеле
во неговиот живот.
Браво.....честитки.
Заслужуваш.....
Медал за идиотизам.
Венец за слаткоречивост.
Круна за шармирање.
И нобелова награда...
за најголем број
на сркршени срца.
БРАВО!!!


Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 10:50
  големо%20гушкање   големо%20гушкање   големо%20гушкање  ... ona sto nema da ne suredi ne pravi posilni

Изменето од zbunet - 25.Март.2009 во 10:51
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 22:26
Шума густа
од голи женски нозе
на ветрот се нишаат
очи искривуваат
дал да гледа или не
без да биде виден
а тие парадираат
изазиваат
со колкови нишаат
кој ќе ги има
ќе ги има
кој ќе ги нема
ќе гледа
без виден да биде
ќе зборува што виде
нема шанса за мудар молк
дадено не му беше
на тој дадено што му беше
уште ќе бара
топло иде
ќе расцвета шума од голи нозе
за сите ќе има
насмевка што се ниша
и за него има
што виде
а невиден беше.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 23:24
ПЕЧАТ

Како волчица на полноќ
завива во тебе
моето задоцнување
да ставам печат на споменарот
на твојата последна надеж ,
што ти, од залашка,
љубов ја нарече...

Тропаат стравовите
во долгите ходници
на осаменоста,
додека го бараш
во огледалото на полната месечина
одразот на последниот среќен миг
што јас, од сожалба,
го опточив со седефот
на моите емоции...

Акустично одѕвонуваат минутите
во пештерата на твојата немоќ
да го запреш истекувањето
на неостварениот сон
со боја на испарување
на едно izmisleno лето...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 00:13

Се сеќавам на денот кога прв пат те видов..мечтаење ахх..таа сферна силуета во облик на џиновски кокосов орев нема никогаш да ја заборавам. Исто така и твоите фудбалерски нозе, чии мускули посебно ме фасцинираат..капитенче мое љубов ахх да, моментот кога се запознавме мечтаење дали го памтиш моето судбоносно "шццц!" свиркање, по што следеше твоето судбоносно "што сакаш бе сељак!" лутина..сеуште во ушите му ѕуи тој милозвучен баритон не%20слушам... се сеќаваш ли што беше следно? "еј женска, колку е саат?" кул...хаха заборавајќи дека десно од мене очи ќе ми истераше огромниот ѕиден часовник...сепак слатко се насмеавме смеењесмеење..ок ти малку претера, изгуби рамнотежа и тресна на земја газење%20од%20смеење.. го привлековме вниманието на цел перон, но никој не беше важен, бевме важни само јас и ти љубов...ти подадов рака да станеш бидејќи не можеше сама...ах тие полски раце со длабоко вржани отисоци на лопата, метла и профи сукало. Никогаш нема да го заборавам и твојот силен стисок, поради кој морав да си го видам мојот железничар на кој иститот ден му беше и роденден забава ај јас изумив, но ти ме извади..прасенце мое љубов

Не се сеќавам што друго си кажавме, најверојатно имам кратка амнезија од маестралниот, велелепниот, вошебниот,  влажниот, мрсниот, лигавиот, гадниот, бљак бљак бакљ пардон.. бакнеж кој следеше потоа :back:. Ах до ден денес ја памтам таа арома на добро зготвен таратур кој излегуваше длабоко од твојата уста... знаев дека си добра домаќинка, затоа и кога ги одлепивме усните веднаш следеше моето судбоносно "сакаш да се мужиш со ја?", по што следеше твоето збунето "Да не е малку рано, штотуку се запознавме"...тука падна на мојата финта "те сретнав пред неполна минута, но чинам те познавам цела вечност"...хмм се чудам како ми поверува...но не ми беше гајле за тоа после твоето "да", кое исто така го повтори и на матично, по што си ги ѕвекнавме главите :love2:  и пред попо :pop: хаха се сеќаваш ли како те штипкав по салцето додека овој мафташе со кандилото смеење....како и да е, нашата бајка заврши со појавата на мистериозниот водоинсталатер :mist: 
Немој да ме лажеш дека го баравте имбусот во задното седиште од неговата кола, бидејќи СЕ видов лутина па уште и жешко ти било во декември па си морала да се соблечеш :nerv: за малку и ќе ме убедеше, но забавата прекина кога го извадив поклонот од татко ти, хаха двете сабји за кои татко ти на шала рече "се надевам нема да се разведете со овие смеење"...но татко ти рече и прорече...:duel:.
"Водоинсталатерот" изгуби, но залудно тага...ти си отиде со неговиот асистент :motor:
Како и да е, Перо хаусмајсторот ми кажа дека висиш по форуми :kafe: затоа и го постирав овој пост тука, со надеж дека ќе го прочташ и ќе ми реплцираш на него..и ќе ми се вратиш гицо моја најмила на цел свет плачење
Те сака твојот возљубен Трпе од с.Добрејци сршено%20срцебакнеж
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 05:22
Не ми е потребан песна
за да ти кажам
колку те сакам.
Не ми требаат зборови
кои ќе свдочат
за мојата љубов.
Не се потребни букви
за да сватиш
што мене ми треба.
Ми требаат твоите усни
со нив да вдишам љубов
и да ти ги вратам
пак назад полни
со поголема љубов
од претходно.
Ми требаат твоите раце
да ги вкрстам со моите
и да се бараат по раменици
и во прегратка да се сретнат.
Ми требаат твоите прсти
нежно солза да избришат
хоќни кошмари да растераат
и мирен сон да донесат.




Изменето од butterflyM55 - 26.Март.2009 во 05:24
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 05:46
Сокриј ме во мирисот
на пролетта која доаѓа.
Најди ме во блесокот
на молњата на летниот дожд.
Чувај ме во соновите
кои ти се нижат во ноќите,
кревки од самотијата
која те покрива.


Сокриј ме во солзите
на утринската роса
која наросува природа
со своето доаѓање.
Пронајди ме во бакнежите
на дождот кој го носи
новороденото утро,
позлатено од сончев сјај.


Сокриј ме во прекршените
ветувања на твојата душа,
која длабоко во себе ме крие.
Пронајди ме во воздишката
која ти се искрадува од уста
кога помислуваш на мене
во самотијата на денот.


Чувај ме во приказната
која има среќен крај.
Сокриј ме во твојата
топла и нежна прегратка.
Единствено што те молам
немој,никако немој
да ја сокриваш љубовта.

Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 08:37
ЦВРСТ МИ Е ЧЕКОРОТ


Цврст ми е чекорот, сеуште,
- црвена дабовина од црв неначната


Камен по камен
пат изѕидан
- цврста калдрма...


Ги пуштив сите птици на сонот
од кафезот на славопојките.


Ниту боја,
ниту облик
- небото на вистината
си ја јаде сопствената димензија...


Жено,
Змијо,
Божице,
нека пиштат гревовите
со крвта на дедовците пренесени
- проклетство наследено.


Ждрапање до ждрапање
- крцкаат коските на последните илузии...


Цврст ми е чекорот, сеуште
- никој не ја нашол песната над песните...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2009 во 11:01
Има начини
има желби
кои извираат
за досадно да не биде
само сакаш
и тоа е се.
Еден подсмев
во наведната глава
ќе се претвори
покајничка
само сакаш
и тоа е се
за гордост скриена
како поплава да избие
сето она измислено што бидна
го можеме и сами
да сакаме само треба
и тоа е се.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7778798081 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.