|
Поддршка за А1 Телевизија? |
Внеси реплика | страница <1 7475767778 84> |
Автор | ||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
меси не си ме разбрал ти нешто убаво, ако сме сите еднакви пред законот, зошто тогаш Велија го апсат само?
извини, ама изговорот дека велија е само уште еден криминалец и по случајно ст го фатиле жив, не вреди пет пари, кога знеме сите отворено дека другите наши познати телевизии кои толку мило се обраќаат до владата со својата чесност и чистина, си го држат истиот криминал за кој е осуден Велија... не, никој тука не сака Велија да биде слободен (тоа само Велија си јаде нешто бурек бидејќи не му одговара зандана) туку сакаме да се испоапси све живо и диво, кога веќе збориме за борба против криминалот, а не тука некој да ми врши селекција кого следен да уапси таква демократија бара народот, а не демократијата која ја бара Велија и за која збориш ти, нема врска тоа... тоа го збориме, повеќе од очигледно е дека Велија е голем криминалец, ама подеднакво е очигледно зошто е уапсен а ако не сака владата да си ги апси сопствените мегафони, барем не не апски никој, кога веќе сите сме еднакви пред законот |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
...na koj bre si nashol da mu kazuvash?...na ''glasnikot''?
....pa toj be ...slepo se drzi do definiciii i pravila ,
...a, izgleda,....i zaboravil kaj e toj, a...kaj sme nie!
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Toa ne e nikakov argument. Neuapsuvanjeto na drugi kriminlci ne go osloboduva onoj kriminalec koj go uapsile. Nikogash nema da mozhe da se uapsat site kriminalci za da mozhe posledniot da se pravda i da se vadi so izgovorot "ama zoshto me apsite tokmu mene, a ne onoj drugion?" Toa e isto kako da te sopre soobrakjaeec poradi prebrzo vozenje i ti da mu kazhesh "ama zoshto mene me sopre i me kaznuvash za prebrzo vozenje koga site vozat prebrzo?" Vakvata "logika" raboti samo vo Makedonija. Poveli kaj mene javno da kazhesh vakov biser, pa kje vidish kako kje pominesh. Изменето од Messenger - 10.Јули.2011 во 04:43 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ниеден аргумент не е аргумент Неапсењето на другите само покажува дека не се застапува интересот на државата и на народецот оти ако еден се апси (и арно се прави) заради неплаќање данок значи дека треба и другите од истиот калибар за кој народот гледа како постапува исто како уапсениот-овој запослува смокипакувачи, другите саламотрошачи (место плата де). Никој не вели сите да се уапсат-ама ако може некоја судска службеничка за некои пишливи 3 000 денари (и Велија за некои 9 за некои 1 милион) тогаш ред е и оние за кој е јавна тајна дека работат не законски-ама бацуваат гз на оној што треба па никој не ги чепка. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zabegan, ако ова беше изговор, ќе беше издигнат на степен на закон во секоја држава. Бранителите на луѓето кои се гонат за сторено казнено дело немаше да бараат постоење олеснителни околности или нешто слично, туку ќе го истакнеа како приговор ова кое ти го напиша и веднаш обвинетиот ќе беше ослободен. |
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
значи треба ли да повторам по 1000 пат ВЕЛИЈА НЕ Е НЕВИН И ТРЕБА ДА БИДЕ ЗАТВОРЕН
ама Велија не е уапсен поради некои 9 милиони, туку дека на некој му е трн во око во моментов... тука е проблемот, може да глумиме наивни и да викаме ура на апсењето на криминалец, ама не можам да викам ура кога знам дека истиот криминал е на големо пуштен да дивее по државава, само воден од други луѓе очигледно е од многу аспекти, еден е на пример што Велија сега го апсат, како од вчера да станал криминалец, бог да чува а да не го спомнувам па целосното работење на МВР, од кога знам за себе, селективно се апселе луѓе, секогаш за личните интереси, дали на политичари, на вработени во МВР или пак разни моќни поединции, сеедно... битно е дека секогаш нечии лични интереси биле и ако продолжи вака, ќе бидат, пред интересите на правниот систем и законите во државава дури и откако МВР ќе си ја заврши својата работа, судовите, па и другите државни институции ја продолжуваат истата приказна и затоа, неверојатно е колку нервира, кога некој ќе ти вергла колкав криминалец бил Велија и како правдата била задоволена со неговото апсење и дека целата акција била чиста од заговори ко солза и Македон и Messenger, ќе ве замолам малку порелно да ги дискутираме темиве, тоа што го велите вие е во ред и е точно, но секогаш кажувате за тоа како требало да биде и каква е иделната ситуација, никогаш на форумов не се дискутирале во контекст на реалниов свет околу нас |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
кажи ми дали воопшто има некаква логика, полицаец да те казнува заради некоја банална глупост која нема врска со безбедноста во сообраќајот, а истовремено некој да вози по градот ко манијак и не дај боже да испогине некој што се постигнало со тоа, ништо! само полицијата си прибрала пари, а некој истурил црева на сред асфалт... епа извини, ако така работи безбедносниот систем на сите држави во светот, тогаш ја порадо би живеел во анархија |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пријателе, си ги измешал многу работите. Ако дојде до тоа што велиш ти, нема полицијата да се занимава многу со виновникот, колку што тоа ќе треба да го прави обвинителството, истражниот судија и евентуално Кривичниот суд. Тоа веќе е кривично дело и не е во доменот на полицијата да одлучи дали ќе те казни или нема. Кога станува збор за прекршок, полицијата го казнува тоа што пред себе го гледа, а не се обидува да собира докази, да се консултира со обвинителот и се друго што го прави кога станува збор за кривично дело. Полицијата истотака не може да лишува од слобода, како што бараш ти, ако за тоа нема соодветни докази, потребен налог од судот. Дури и полицијата да го стори тоа, доволно ќе биде истражниот судија да смета дека нема место за поведување истрага против лицето. Кога е прекршов во прашање, поинаква е ситуацијата и самата постапка. Таква е правдата, сакале ние или не. Точно е дека Македонија, за жал, не може да се пофали со примена на правото онака како што можат развиените западни демократски држави, но од некаде мора да се почне. Свесен сум дека некои нешта можеби не се онакви какви што треба да бидат. Но, пак ќе кажам. Правдата и законите, кои одредуваат што е правилно, се такви какви што се. И верувај ми, подобри и не можат да бидат, затоа што навистина, не постои подобар начин да се постигне правдата. Знам дека за многумина ова е непоимливо, комплетно разбирам што сакаш да кажеш, но, верувај ми, без законите, онакви какви што се, правдата тешко ќе се постигне, затоа што позади сите овие нешта, кои законите ги гарантираат, се кријат мошне значајни човекови вредности, кои истотака се дел од она што се нарекува владеење на правото и праведност. Не би сакал сега да те заморувам со два класични случаи од областа на кривичното право, едниот од Германија, другиот од САД, каде би ти докажал што значи правдата гарантирата од законите, затоа што не е ниту место, а ниту темата е за тоа, иако го доловува токму концептот за правда, онаков каков што треба да биде, без постоење на човековите чувства во тој концепт. За многумина луѓе тој начин на кој функционира сето тоа е страшен, јас целосно разбирам кога луѓето подзинуваат кога некој им ги објаснува тие случаи но, без таквиот начин, нема правда. П.С. Ако сакаш да доловиш што значи да се живее во систем во кој нема да постои државата, гледај го филмот Blindness (Слепило). Мошне јасно ќе ти ја долови ситуацијата на човештво без држава и закони. |
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
добро, не ми е јасно, значи поддржувате селективно апсење?... или пак
можеби нешто не ми е јасно тука... не ми е јасно зошто воопшто да постои
такво нешто, кога воопшто нема никаква придобивка од него
зошто државата и народот да бидат заштитени од еден криминалец, а од друга страна во државата да дивее некој друг и тоа на големо (а збориме за тоа неговиот криминал да е добро познат меѓу пошироките маси и лесно достапен на полицијата)...тоа е исто како никогаш воопшто да не го уапсиле едниот, исто како воопшто да не уапсиле никој... и џабе ќе збориме за функционирање на правните системи и полицијата на државата, кога кај нас тие не постојат, постои само криминал, мито, корупција, владеење на сирова и сурова моќ и лични интереси, штета што јас, како обичен граѓанин, не можам да дебатирам со примери, но тоа е јавна тајна и барем секој втор граѓанин на државава го вкусил тоа црнило, не е дека работите не се онакви какви што треба да бидат, туку дека апсолутно се е отидено во мајчину и сме на кратки чекори од тотално безредие и можеби има многу такви примери низ светот и тоа во најразвиените демократии, но тука збориме за нас... а ако збориме за низ светот, правото никогаш не се докажало како веродостојно за одржување на правдата, преку правото илјадници психопати се пуштени на слобода преку судски процеси, а осудени се голем број на невини луѓе... никогаш правните системи не ја одржале правдата на ниво, тоа се само приказни за мали деца и утехи дека живееме во слободен и праведен свет... ама тоа е веќе можеби забегување во друга дискусија |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не може државата на секој сомнеж да реагира. Едноставно, мора да има цврсти докази дека нешто навистина се случува, за да почне да се движи механизмот на гонење на некое лице. Односно, мора да има основи на сомнение, па полицијата да реагира, односно да поднесе кривична пријава до обвинителството. Обвинителството, откако ќе види дали навистина има основи на сомнение, ќе одлучи дали има место за гонење на лицето, или нема. Toa e цел механизам, кој се активира во точно определена постапка. Во Македонија, ако некој смета дека тој механизам некаде откажал, има можност тоа да го изрази преку неговиот бранител. За жал, кај нас навистина затајува судскиот систем, тоа го утврдува и меѓународниот фактор. Во право си кога го критикуваш, знам како функционираат тие нешта кај нас, но, не си во право за констатацијата дека или сите ќе се апсат, или никој. А ако некој никогаш не го откријат? Зарем некој ќе се вади со тоа дека е апсен, додека друг не е откриен? Стапката на криминал не може да се доведе до 0.00%, тоа е факт. Односно можеби и може, во Советска Русија, еден период чинам дека го довеле приближно до нула. Ама тоа бил периодот кога биле уништени 30 милиони животи.
Како што и ти кажав, имаш концепт за правда кој е добар, но е идеалистички и нефункционален во пракса, затоа што правдата има и една друга страна, која мора да се погледне. Целосно ја разбирам твојата реакција и навистина, таа е мошне човечка. Јас истотака реагирав, се додека не се запознав со малку посуровата страна на правдата и какви се димензии истата може да добие. Ама правдата подразбира отсуство на чувства, независно какви и да се тие. А за тоа не секој човек е подготвен. Затоа на ова и нема да одговорам, како што кажа, одиме во друга насока, а и не сакам искрено да ти го наметнувам и другиот дел од монетата, особено ако знам, како што кажав и погоре, дека луѓето од такви дискусии не излегуваат среќни. Изменето од Македон - 11.Јули.2011 во 02:26 |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ako e taka, togash posle toa se stava tochka. Tolku. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I najdolgiot pat se pochnuva so eden chekor. E sega, jasno mi e deka najmnogu go boli onoj na koj kje stapne toj chekor, no vo zhivotot e taka. Kalimero bi rekol "E nema pravda neli?" Rabotata e shto ima pravda i tokmu zatoa nekogo go zdoboluva i plache - zoshto go strefile tokmu nego namesto nekoj drug. Toj ne plache oti e nevin, tuku mu e krivo shto namesto nego ne fatile nekoj drug, pa ne mozhe i natamu da krade. No toa e sosema vo red. S'e se pochnuva so eden chekor. Ponatamu stanuva polesno, posigurno, poseopfatno i podobro. Treba vreme dodeka rabotite slegnat na svoeto mesto... onaka kako shto treba. Do togash kje se odi chekor po chekor i kje ima mnogu plachkovci. Ama ako, drug nachin nema. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
I onoa shto najmnogu mi pagja vo ochi e shto se zhalat onie lugje koi imaat nekakva asocijacija so SDSM.
I nivnoto zhalenje ne e za nishto drugo tuku poradi chuvstvoto deka gubat svoj aset, instrument na svoeto glasnogovornishtvo, pa smetaat deka so toa drugata strana dobiva nekakvo nekorektno predimstvo vo sporedba so niv. Rabotata odi do tamu shto tie bi se slozhile so realnosta na zatvoranjeto na biznisite na Ramkovski, vkluchuvajkji ja duri i A1 televizija, ako istoto se napravi i so nekoi biznisi od sprotivnata strana ?!?! Ili bi zastanale prostum i ne bi dozvolile funkcioniranje na zakonot zatoa shto toa bi gi pogodilo nivnite partijski interesi. Demek zakonot i pravdata vo drzhavava go zamisluvaat kako nekakvo pole na spogodbi i reciprocitet ili opcija koja mozhe da ja iskluchat i izbrishat vo sekoj moment ako ne im odi vo prilog?!?! Изменето од Messenger - 11.Јули.2011 во 03:23 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ne!
Ili ne ti e jasno ili ne sakash da ti bide jasno. Vo drzhavata ne se zashtituva nitu eden kriminalec, no ne mozhe site krimnalci da bidat otkrieni, dokazheni kako takvi, uapseni i osudeni.
O, kolku pogreshno !!! Spored ova izlaga deka ili treba site odednash da bidat uapseni ili deka nikoj ne treba da bide uapsen dodeka prvin ne go upasat najgolemiot kriminalec vo drzhavata i ne go osudat na smrt ili dozhivotna robija. Zakonot i pravdata ne rabotat taka, ne mozhat da rabotata taka, i fala Bogu shto e tokmu taka, inaku ne kje mozhevme da se razmineme od sekakvi mozhni kriminalci koi kje bea na sloboda bidejkji najgolemiot od niv ne e uapsen. Pa duri i da ne uspeat da go osudat toj najgolem kriminalec, sepak ne znachi oti zakonot i pravdata ne funkcioniraat i deka site drugi treba da bidat na sloboda.
Povekje ili pomalu taka e nasekade vo svetot, ne samo vo Makedonija. A toa e zatoa shto ne postoi idealen zakon i idealna pravda, kako shto nema nitu idealni lugje. Odlichen primer za toa e sluchajot so O.J.Simpson. Jasno beshe kako den deka toj e ubicata, no poradi slabiot drzhaven obvinitel i silniot advokatski tim toj beshe pushten na sloboda. Dobar primer za toa se i DNA naodite vo SAD koi potvrdija preku sekoe somnenie oti vo ovaa drzhava sudski bea egzekutirani desetici nevini lugje. Seto toa shto go naveduvash deka postoi vo Makedonija postoi nasekade vo svetov. Изменето од Messenger - 11.Јули.2011 во 03:22 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Внеси реплика | страница <1 7475767778 84> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |