|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 7374757677 138> |
Автор | |
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прости ми ако можеш,
за вчера,за денес,за утре... За тоа што ти досаѓам со своите хирови, со моите глупости, со мојата себичност. Прости ми ако можеш, за се што кажав непотребно. За се што направив неисправно, за тоа што плачам за тебе, за тоа што ми стои тука кога сум лутка без причина. Прости ми ако можеш, што не сум таква кава ме замислуваше. Замисли ме пак, ќе бидам се што сакаш. Извајај ме онака како ме замислуваш, ќе е што ти треба. Кажи ми кога сум лоша, кога ти сметам, кога те нервирам... Само не оставај ме. Те молам прости ми и остани мој. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе се сторам дожд.
Ќе те топам со моите течности. И не мада посакаш чадор ниту ќе бараш место за да се скриеш од капките кои ќе те допираат. Ќе се сторам сонце. Ќе те исушам со моите зраци. И нема да посакаш капа ниту ќе бараш лад за да се изладиш од топлината која ќе ти ја пружам. Ќе се сторам ветер. Ќе те милувам по целото тело. Нема да посакаш палто ниту топла соба за да се затоплиш оти ќе уживаш во дивоста и задоволството кое ќе го имаш. Ќе се сторам постела. Ќе водам љубов со тебе на сон и на јаве. Нема да посакаш да дојде утро, ниту сонце да сетиш од среќата која ќе ти ја подарам. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I RUN AWAY
You took your love away Too fast Left no chance to say Look back Now I know the truth- It makes it easier, Maybe when time goes by, I'll understand Let's pretend that I've moved on And I'll tell myself That life goes on without you- Open my eyes and look deep inside, I run away You threw it all away So blind Pushed me far from you and your life Now I know the tears Wont relieve the loneliness Maybe when time goes by I'll understand it Let's pretend that I've moved on And I'll tell myself That life goes on without you- Open my eyes and look deep inside, I run away |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште колку ли само
ноќи ќе минат без тебе. Полни со сонови страсни, полни со тебе. Уште колку ли само утра ќе ме будат без тебе. Со перница прегрната наместо тебе. Уште колку ли само денови ќе минат без тебе. Со исчекување празно и надеж за утре. Уште колку ли само време ќе мине без тебе. Кога ќе те допрат раце, и да се стопат тела во екстаза силна, да остават печат и траги од нас. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Понекогаш
темнина ме покрива понекогаш сакам да ме нема кога ми е тешко насмевка да ти измамам макар што и да правел кога не можам ни очи да ти пронајдам од мене избегани на мене намуртени. Тешко е да спознам каков беше тој за кого фантазираше како девојче каква си и сега на кого ти заличив во првиот почеток од нашето постоење. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прагматична и итра
лисица права знам што си брза како молња и очи мои за тебе спори се ти си она што сум сакал да бидам па се откажав па среќа имав па те најдов тебе се надополнив мои две десни раце си. Да љубиш знаеш многу пати повеќе од што сум да ме гледаш и полниш до рани зори не ти треба сон мене ми го даваш ме чуваш онака како не сум знаел себе си ниеднаш. |
|
леа
Нов член Регистриран: 24.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Твоите однапред пресметани насмевки
поткопаа темели. Се нишам. Боли. Слободно оди продавај ја твојата љубов во наводници на другата страна на пазарот. |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Велат
после дождот сонце иде. Која ли будала го измислила тоа се прашувам. Ако е така, каде ли е моето сонце? Кој ли ќе ги тргне облаците сиви, кои само ме киснат и месово свежо во гнилеж го претвараат. Велат после солзи,смеа доаѓа. Море кој идиот го кажал тоа се прашувам. Ако е така каде ли е мојата насмевка? Кој ли ќе исуши очиве, и зошто лицево од солзи се згрчило? И само црта стисната од слатки,медени усни останала. Кој ли ги измислил, кој ли ги кажал тие невистини маме му е... негово!!! |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нов ден ме буди
утро сончево,убаво, а јас ненаспана недоспана. И ноќва сонот не ми дојде на гости. Пак тие истите, старите гости-мисли царуваа во мојот ум. Залудно талкам, залудно будна сонувам, залудно се надевам на тебе. Ти го немаш тоа време кое мене ми треба. Ги немаш ти тие мали, ситни минути,кои мене живот ми значат. Единствено останува очи да бдеат со денови,со ноќи да се надеваат и да плачат. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И утрото не е утро
ако не ме разбуди твојот лик. Не ме слуша телото не сака да стане без тебе. И денот не е ден ако не ми го разубавува твојата насмевка. Не ме слушаат очиве не сакаат да гледаат ден без тебе. И ноќта не е ноќ без твојот глас, без твојот допир, без твојот бакнеж да ме заспијат. Не ме слуша умот не сака да сонува сон без тебе. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Stojadin Lord
Сениор Регистриран: 30.Јуни.2008 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Rom i Jul
Zar osuda tolkava vredi
zasto vo grlo jabolko ni sedi?! Zar ljubovta nasa za osuda vredi
samo zatoa sto jabolko vo grlo ni sedi? Jasn sm svuj je u dva reda napisano,
jer Sekspir sm ja iz opajskog kraja Biblija ti sv'j vezu neku nema
jasna je tuj vaja tema: Ne frlajte so kamen po ljubovta nasa gresna ne sudete gi ovie dve bradati lica nasata ljubov vo memlivi nuznici se krie zasto vo gradi masko srce ni bie. Klozeti, vizbi, belezani meani skrisni
tamu se ragaat nasite ljubovni snista, ne sudete luge, nefrlajte so kamen, zar se toa vredi zasto vo grloto Jabolko ni sedi Javete se vie mracni, bradati, nesreknici,
pisete po nekoj red tuka, neka glasot nas se cue neka riknat 300 baritona deka i nie mustak tug ljubime i deka ista postela delime. Javete se vie nesreknici pisete red so vlaknestite race zar ljubovta nasa za osuda vredi samo zatoa sto Jabolko vo grlo ni sedi? Ne gorete me so pcovki zeski ne gnasete ne so iminja zenski, ne crtajte dela sramni po nasite tarabi selski, zboruvajte, pozdravete ne koga na pazar vecera slozno si birame, i koga raka pod raka kon ljubovno gnezdo si se sobirame... Den ke dojde, nasata ljubov plod ke rodi detule od nas vljubeni mazi ke se oplodi... Od tvoite zborovi moj mil Jul vo srce mi se zariva najostra kama ne te davam, ti moj ljuben do veka ke bides tajnite nasi otrovni samo ti znaes da gi skries. Samo ti mozes od otrov med da storis moj mil Jul, ti doveka moj bariton vo utra ke bides. Tvoite vlaknesti race-najmeka volna Tvojot mustak ostar-crn biser vo mugrite moi. Oh, Jul,te sakam do krajot na grevot samo ti go gasnes vo mene ljubovniot zed, samo ti znaes da tancuvas ko pepurtka licna ocite tvoi strast lacat pa za toa i vredi, so zborovi gnasni site da ne macat... Изменето од Andjelina - 18.Август.2010 во 00:18 |
|
u mojoj kozi najbolje disem....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Помеѓу љубовта и честа
дали можеш да знаеш поважно што е кога е тешко од нив било кое да зачуваш како твое. Корисни сме за оние што не ги сакаме бесполезни за оние што ги сакаме на оние животот што ни го гнијат целосно се подаваме на оние што причина ни даруваат за насмевка честа ако има време по нешто им даваме потрошено е често на залудни времиња и надежи лажни кои не се наши. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тој беше
таа беше, ние бевме на пауза меѓу две вечности да надокнадиме за она време кога не бевме и нема да бидеме а се штедевме како секогаш да ќе бидеме бар во добар завршен збор во некое мирно претпладне шепот каде струи за оној што беше ни се чини се помалку не има оние кои заедно тргнавме како вчера да беше и беше. |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....pepeeeee
.....Maestro
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
Внеси реплика | страница <1 7374757677 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |