|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 7273747576 86> |
Автор | |
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жртвите разочарани од извинувањето на папата22.3.2010
Тие велат дека се незадоволни што Бенедикт Шеснаесетти во своето писмо не ја признал одговорноста на Ватикан за педофилијата на свештеницитеЖртвите на сексуалното насилство во Ирска се незадоволни од извинувањето на папата Бенедикт Шеснаесетти за педофилијата на свештениците во католичката црква во Ирска. Папата завчера во пасторално писмо нагласи дека чувствува срам и каење и додаде дека свештениците што силувале деца ќе одговараат пред Бог и суд.
- Вие претрпевте големо страдање и искрено жалам поради тоа - порача папата во своето писмо, во кое тој најави дека Ватикан ќе спроведе формална истрага во ирските бискупии, верски училишта и манастири што се вмешани во скандалот и изрази подготвеност лично да разговара со жртвите и на тој начин и лично да го изрази своето жалење. Но жртвите се разочарани од писмото на папата зашто Ватикан не ја признал одговорноста за злосторствата и не побарал оставка од поглаварот на католичката црква во Ирска, кардиналот Шон Брејди. Маев Луис, од едно од здруженијата на жртвите, изјавила дека навредлив пропуст е и тоа што папата не им се извинил на оние што се обидувале да ги пријават злосторствата кај црковните власти, но кои биле шиканирани поради тоа. Католичката црква во Ирска се најде на удар поради повеќедецениско прикривање на сексуалното малтретирање деца, поради кое четворица бискупи поднесоа оставки, а црквата јавно им се извини на жртвите. Во извештај, што го поддржа и ирската влада, се наведува дека католичката црква во Ирска, а особено даблинската надбискупија, ја прикривала педофилијата меѓу свештениците од 1975 до 2004 година, наведува МИА.
|
|
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес е Велики Четврток - во Христовата Православна Црква се читаат Страдалните Евангелија. Кој можете од 17:00 часот до не знам кога вечерва - одете!
|
|
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vrvnite sveshtenici vo Jemen se protiv zabranata za mazhenje na maloletni devojchina. Tie organiziraa protesti so koi baraat da ne se zabrani mazhenje na maloletni devojchinja, koi ponekogash se stari i samo 9-10 godini, zatoa shto za toa ima potkrepa i potvrda vo K'uranot. Googlajte pod Yemeni + Women + Child + Brides + Protest. Изменето од Messenger - 03.Април.2010 во 18:26 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодатниот оган слезе над гробот Господов Во 13.07 часот, после кратката молитва (која траела само 7 минути) на Ерусалимскиот Патријарх Теофил и неколку десетици илјади поклоници, собрани во храмот и низ тесните улички околу него, Благодатниот оган повторно слезе над гробот Господов во храмот на Воскресението Христово во Ерусалим. Светиот оган од година во година се спушта над камениот гроб, на којшто било поставено телото Господово после симнувањето од Крстот.Симнувањето на Благодатниот оган го симболизира излегувањето од гробот на Вистинската Светлина, т.е. Воскресението Христово. Првото спомнување за чудото на благодатниот оган имаме уште во 4 век, но сигурни сведоштва се од 9 век. Најраниот опис ни е оставен од латински поклоник – монах Бернард. Во 867 година тој го опишува тоа што се случило, на што самиот тој бил очевидец:„На Велика Сабота, во навечерието на Пасха, на утринското црковно богослужение во храмот на Гробот Господов, кога се пее „Кирие елеисон – Господи помилуј“ – слегува Ангел и ги запалува кандилата што висат над Гробот Господов. Патријархот го раздава тој оган на епоископот и на крај на целиот народ, за да може секој да си запали од тој оган во својот дом...“ Двери БГ Известувањето од REUTERS |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве уште неколку фотографии од симнувањето на Благодатниот оган во Ерусалим на гробот на Господ Исус Христос оваа година
Извор: LIFE Изменето од Maran Ata - 06.Април.2010 во 06:55 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Велигден во Св.Јован Бигорски
Меѓу исклучителната природа во срцето на Мијачијата крај Радика, опстојува манастирот Св. Јован Крстител, изграден од Бигор го има својот прекар Бигорски. Плени со иконостасот изработен пред двесте години од врвниот Петре Филиповски-Гарката и неговата тајфа. Во галеријата има икони, насликани во 12-от, 13-от и 19-от век. Тука е иконата и на Св. Јован, за многумина чудотворна и исцелителна. Манастирот со години е жив, со монашко живеење во него. Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020та година, а во 16-от век бил разурнат од страна на Отоманската власт и од целиот комплекс останала само малата црква. Од помениците се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743та година од страна на јеромонахот Иларион, кој бил првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Посетуван од христијаните, но и од луѓето кои се со друга вероисповест, за сите Бигорскиот манастир претставува исклучително светилиште. Минатата година на крајот од септември, манастирот доживеа нова катастрофа, избувна пожар и изгоре стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, непроценливата библиотека и монашките живеалишта. Причината е дотраената електрична инсталација. Се прибираат донации за уништеното да биде повторно изградено. Гостин во вестите на А1 е игуменот на манастирот, Отец Партениј. Што ќе се случува вечерва во манастирот? -Во моментов ги слушате прекрасните песнопленија составени од светите отци, кои претставуваат оплакување на Христос во гробот, бидејќи денес Црквата не потсетува на се она што благиот, предобриот Господ го направи за спасение на човечкиот род, како се понижи со крстната смрт, беше положен во гробот и со тоа да ја победи смртта. Со смртта Христос ја победи смртта и со тоа на сите оние кои веруваат во Христа им дарува живот вечен. Овој ден испраќа порака на мирот, на љубовта на простувањето, бидејќи Христос и од крстот испрати прошка за сите оние што правеа злодело на овој ден, затоа денес секој христијанин треба со скрушеност да си спомнува за сите овие настани, да се моли на Бога и да се уподобува на својот спасител, кој е љубов, прошка, мир и радост. Повеќе од разговорот може да погледнете во видеото. Извор: А1 Изменето од Maran Ata - 07.Април.2010 во 06:46 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од најмаркантните јавни личности на денешницава - 14иот Далаи Лама - повторно пристигна во швајцарија и се сретна со претседателката на националниот совет на таа држава, г-ѓа Брудерер.
Тибетанскиот водач изрази голема благодарност за солидарноста на оваа држава кон неговиот народ. Благородните се секогаш благодарни и не ја игнорираат добрината која им се укажува! Но дали има поголема добрина од БОЖЈАТА, која - ако подлабоко загледаме - секојдневно на најразлични начини ни се дарува? Дали е благородно да го игнорираме Него? Дали игнорирањето на БОГА и Неговата добрина не создава лоша карма, за нас и нашата околина? Изменето од spiros - 10.Април.2010 во 13:47 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во контекст на претходно најавената посета на Бигорскиот манастир, а по повод венчавката на министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиевски, Премиерот на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски со сопругата, го почести Бигорското братство со своето присуство, при што ја искористи оваа можност да се запознае со текот на работите во манастирот и изградбата на новиот монашки конак Источни палат, како и да им ја изрази својата поддршка на игуменот и монасите од Бигорската обител, во возобновувањето на опожарениот Горни палат. Игуменот му заблагодари на г-дин Груевски за неговата грижа, разбирање, љубов и почит кон Бигорскиот манастир, како големо и значајно македонско светилиште, кое отсекогаш било духовен и културно-историски центар на нашиот народ. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мада многу ми е чудно што далај лама кој нели е тибетански монах се допрел до жена!! зашто будистички монах(од тибетански тип) не смее да се допре до женско,ама за шефот сигурно важат други правила Изменето од ahmar1 - 13.Април.2010 во 14:10 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Скопје започна саемот на книгата, трае од 13. до 18. април 2010. Влез за посетители од 10:00 до 20:00 часот.
Помеѓу останатите издавачи, прахристијанската заедница Универзален Живот исто така има свој штанд со книги чија содржина е примена од божествениот свет за еден подобар и поздрав живот. Покрај книгите на македонски и албански јазик достапни се и повеќе бесплатни брошури и инфо материјали. Изменето од Majkl - 14.Април.2010 во 00:09 |
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A da ne bila vencavkata koga bi otishol ???? Dali samo ministri mozat da se vencavaat vo Bigorski (mislam so site pocesti ...horovi peenje, popovi peenje - i mean whole nine yards) ili sekoj koj poska moze ??? |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првата Недела после Христовото Воскресение е посветена на опитното уверување на апостол Тома во Христа воскреснатиот, кое доказ и за идните поколенија дека Господ се воплоти од Дева Марија, прими човечко тело, ненарушувајќи ја девственоста се роди, го проповедаше Евангелието на луѓето, беше фатен, страдаше, беше распнат и по три дена воскресна од мртвите, сето тоа за спасение на човечкиот род и востановување на Христовата Црква сохранета од Светиот Дух. Службата ја водеше 86-годишниот отец Михаил. Изменето од Maran Ata - 14.Април.2010 во 14:18 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <1 7273747576 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |