|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 7172737475 98> |
Автор | ||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Од 1941 до 1944 година биле од се срца,исто како што по 9 сеп. 1944 година од се срце одевте на митинзи со русите а потоа и кај Димитров или кај Тодор Живков |
||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Каснакоски, ако било задолжително, ќе имало многу повеќе од 60 000 граѓании. Сеуште не била слободна А за задолжителноста, подобро и да не говориш, во време на окупацијата многу нешта беа задолжителни, кои не ти се во прилог. И секогаш имај на ум дека меѓу тоталитаристичка Бугарија и Југославија имало разлика. Кај нас многу работи беа поразлични отколку кај вас и земјите од социјалистичкиот свет. |
||||||
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
sreka shto bea razlichni
|
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
На мене сите факти ми се во прилог. Значи не толкувањата на фактите, а голите факти. Дај ми факти, јас ќе си ги протолкувам. Ете Мунгосот ветуваше некакви сведоштва од Нова година 1942 кои се однесувале на Илинден 1941, ама ништо не покажа. Ете што знаат борците од Битола за Илинден 1941
Што имаме како факти /непотврдени/ 1.Од Ристо Трпеновски, Петар Нешковски - Пјер и други/?/, биле растурени многу летоци. 2.развивање транспарент на кој била напишана паролата „Да живее слободна Македонија“. 3.извици „Долу предателите на македонскиот народ“ Не е јасно колку биле демонстрантите. Еден транспарент го држат обично двајца, ајде да има со нив уште 3-4. Ако биле повеќе ќе напишеле барем уште еден транспарент. Не ми стана јасно дали пробугарски ориентираниот одржал говор или не или кога говорел тогаш извикувале. Имам одено на демонстрации точно тоа „Долу предателите на македонскиот народ“ не ми звучи како извикување. Нема никаква рима. Да не шушукале „демонстрантите“ во време на ПОМПОЗЕНАТА ЦЕРОМОНИЈА. И што значи церемонијата ИЗОСТАНА, исто не ми е многу јасно. Ревизија е потребна!!! |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Уште една херојска демонстрација
OSUETUVANJE CELTA NA OKUPATORSKI VLADIKA SO NARUSUVANJE NA GROBNATA TISINA, PREKU NAPUSTANJE NA CRKVATA
O |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Штом се сите "факти" во прилог, повели приложи ги, докажи да видиме за какво "ослобождение" станува збор. Јас досега докажав, покажав, наведов примери од кои дури и некои кои многу не се занимаваат со историја сфатија дека станува збор за окупација. Впрочем, нема потреба јас да докажувам, тоа е правно релугирано како окупација, сакале вие или не. Значи не сум јас институцијата која треба да докажува и покажува нешто. Tи тврдиш, ти треба да ни докажеш, ама како што гледам, сите на форумов, дури и оние кои помалку учествуваат во тоа, не ти веруваат. Не случајно дел од членовите кои учествуваа на дебатава како на пример којсумјас ти наведоа дека на секој факт да имаш очајнички обид да докажеш нешто кое не е вистинито, па и не се вклучија понатаму во дебатата.
Ниту си ги видел летоците претпоставувам, но сепак тврдиш дека "фактите" се на твоја страна. Има ли потреба да ти објаснувам каде е грешката? Јас мислам нема.
Потребно е уште повеќе да читаш, па и без ревизијата да сфатиш што значи зборот изостана. Изменето од Македон - 19.Септември.2010 во 16:25 |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македоне, нешто не ме разбираш. Каде јас тврдам дека фактите се на моја страна и која е мојата страна?
Тоа што јас го тврдам е следното 1. Македонците ја дочекале окупацијата како ослободување од српско ропство. - тоа е факт и колку и да скокаш не можеш да докажеш дека некој тагувал за српската власт /со исклучок на србоманите/ 2. На 11 октомври 1941 не започнало никакво востание, тоа си била една тѕерористичка акција на неколкумина комунисти, воспитувани во идеите на ЈКП надвор од Македонија 3. Партизанско масовно движење не се забележува во делот на Вардарска Македонија под бугарска власт до 1943 г. 4. Се појавувало незадоволство од власта - факт 5. Имало лошо однесување /вкл. и убиства/ кон противници на власта и т.н. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Каснакоски, зарем да почнам да се сомневам дека повеќемина пишуваат од твојот профил? Ајде, повторно прочитај во претходните постови што си напишал, да не мораме да се повторуваме непотребно. Тоа што јас го тврдам е следното
Македонците ја дочекале како ослободување од српското ропство, тоа е точно, но тие чекале слобода Каснакоски, а дочекале нова окупација и бугаризација, па дури тагувале подоцна и за Германците што биле заменети со Бугари, тоа и други членови ти го кажаа, а така било и во Скопје.
Тоа е симболичен почеток на востанието, иако не е прва акција, бидејќи првата акција се случила порано, од страна на Првиот скопски партизански одред. Инаку сите борци го поздравиле востанието, тоа е факт, независно од каде биле.
Можеби не било масовно, но се забележува, присуство на партизански единици во 1942 година има мошне, не случајно се и стрелањата кај Пуста Кула во 1942 година.
Незадоволство од власта и бугаризацијата, имало уште од самиот почеток. Чинам, го читавме сведоштвото на скопјанецот кој ги дочекувал ослободителите. Самиот објаснил најдобро, чекале македонска слобода, добиле смена на окупаторот.
Убиства, масовни крадења, мачења, тепања, досадувања и многу други нешта. А сето ова погоре чини окупација, а не ослободување. За разлика од сето тоа, борба против Германци во Македонија немало, германски злосторства врз македонскиот народ се само оние настанати во крајните борби, а цивили се убиени само во Берово. Крадења немало. Цркви не гореле, момини чеизи не краделе, злато не краделе, не им земале на луѓето од куќите ништо што не е дел од воена опрема. Заклучокот донеси си го сам. |
||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Како се викаше главниот на БКП за Македонија?
Каснаковски и ако го знаеш тоа кажи каква потреба имал тој од постојана комуникација со...??? |
||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македоне, заради тоа ти викам дека треба ревизија. Еден на друг форум ми тврди дека дедо му го тепале само заради тоа што се викал Александар. Кога се премацвнат сите измислени спомени и се работи со документи, тогаш може да се зборува за историја.
А дали некој од моминските чеизи некој татко на мома не го продал и ги испил парите, па кога дошле други времиња за да се претстави како жртва ги оптужил лошите Бугари? Со тебе видовме дека смрта на Циривири не е многу јасна. Има многу уште за изјаснување, но вие не сакате да излезете од шемата. Во тој однос одите со 20 г. по нас. Комунистичките митови и легенди се срушени и сега зборуваме со факти. |
||||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Имало претставник на БКП - Бојан Б`лгаранов. Е ти кажи на што мислиш. Или мислиш дека немало неопходност од комуникација помеѓу комунистите? |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
За таков случај не знам, ама знам затоа за тепани невини, согласно народната поговорка, а и знам за бугарското тепање, десет удри- едно брои. Не случајно подоцна луѓето кои беа тепани (покрај тепањето следувало и корнење коса со клешти и други садистички методи), останаа со уништено здравје засекогаш.
Случајот со моминскиот чеиз бил познат и во времето на окупацијата. Тоа е сведоштво на бугарски службеник пред македонскиот суд, не на момата.
Да, но со мене "виде" и за ѕверствата на Богданов, за тепањата, за убиствата на деца, за ѕверската смрт на Маца Овчарова, за децата во Ваташа, за убиството на детето на Пандо Масев, за масовните кражби, за палењето и грабежот на скопската црква "Рождество на Пресвета Богородица", за позирањата пред исечените глави, за ужасите во скопскиот затвор, за отсекувањето и изложувањето на главата на Невена Георгиева Дуња, масакрот кај Пуста Кула, логорите и слични други нешта. Ако треба да излезам од "шемата по бугарски терк" и да мижам пред сите докази со кои располагам и да плачам за "едниот народ, разделен од мајка Бугарија" на погрешна адреса си дојден. Слеп при очи никому не сум му дозволувал да ме прави, па ниту отсега имам намера тоа да го дозволам.
Не сме ние во чии учебници се говори за ослобождение во 1941 година, спротивно на сите други во светот. Кај нас сите мобилизирани се запишани како принудно мобилизирани, освен оние кои доброволно биле дел од контрачетите, кај вас сите се запишани како доброволци. Ние имаме документи за барање оштета и за тие нешта, признаени од тие кои треба тоа да го сторат, ама наивноста на Југославија друго стори. Изменето од Македон - 19.Септември.2010 во 17:36 |
||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
А зошто тој бил неразделен другар со Темпо!!!!!!!!!!!!! |
||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Чоли, мошне интересно, зошто Македонците би излегле на митинг во кој би ги поддржале партизанските активности, истите оние партизани насочени против бугарската окупаторска администрација? Зошто би барале поддршка за оние кои се борат против оние кои, согласно бугарското толкување на настаните, ги ослободиле? Тоа е исто како некој да бара поддршка за оние кои се обидуваат да го срушат државниот поредок, зар не? Изменето од Македон - 20.Септември.2010 во 00:49 |
||||||
Внеси реплика | страница <1 7172737475 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |