|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 6970717273 138> |
Автор | |
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дрво на ридот
Јас сум дрво на ридот. Ве гледам растрчани, задишани и палави. Се тркате со гласна смеа кој прв ќе стигне да се потпре на моето стебло, а потоа ќе седнете под мојата крошна и ќе се гледате в очи, и нема да забележите дека есента дојде предвреме. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Парчиња од стакла
сеуште кармин твој на нив стои кога чашата преполнета беше зошто за утре не знам што не ме плаши кога ќе се појави само сенка една во далечина што гледа кон твоја што се губи. Лутина твоја од памет ме вади чекори од мене што заминуваат како грчеви ме тресат немој друг пат ако сакаш да ме имаш немој друг пат ако не сакаш некое утро крај труп да се будиш не знаејќи во момент прв зошто ладен сум со тебе. Изменето од zbunet - 03.Март.2009 во 19:59 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја гледав без да изговорам збор
Таа беше тажна и збунета во исчекување на нешто И пратив насмевка искрена Ја прими моментално Јас сум весел Срцето од радост ми заигрува Мигот на среќа е краток Тагата повторно ја обзеде Мистичноста на нејзиното лице се врати Се заљубив во таа нејзина мистичност одамна Но сега ми смета најмногу од се Таа мистичност е нејзиниот демон Демон кој и ја обзеде и кој и ја јаде душата,полека но постојано Ја зедов мојата насмевка и ја ставив на нејзиното лице со зборови нежни Додека ја бакнував во нејзините очи видов неизмерна болка Се јадев самиот себе си додека низ солзи ми рече дека не може повеќе Ми велеше дека сака се ова да го заврши,но не ми откри што Низ плач ме праша како издржувам со неа Како и после се ова се уште сум со неа Ќе те сакам додека сум жив изустувам за прв пат додека сме заедно Моето те сакам ја растресе цела Затрепери целата во грч Ти си мојата љубов и никогаш нема да те напуштам и реков Ме гледаше целата претворена во прашалник неверуваќи на зборовите мои Двајцата со погледи вперени еден во друг стоевме во тишина Тишината ја наруши таа Искрен ли си ме праша Се уште сум со тебе и одговорив На нејзиното лице се појави ангелска насмевка За се она што сакам да напишам понатамо,тука нема место. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...браво момче !
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Patekata do tvojot son Ja posipa so polsko cveke, Uste naroseno so rosa, Gazam po nego ,nasmeana ,bosa….. Me vodi tvojot glas vo daleçinata ….. Melodiçen ,tivok… Nema veke dvoumenje , Nema somnez, Se sto ostana e samo kopnez, za postela ,svilena ,meka i vo nea pregratka tvoja , i mesto koe mene me çeka. |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Утро се буди
со сиот свој сјај. Невини ново утро кое повикува на будење, на почеток. Нова страница од животот да се испише. Можеби нова за некого. За мене пак е онба истата. Вчерашната. Оти пак твоите очи се тие кои ме будат и денес исто како вчера,завчера... И ме заспиваат секоја вечер. Го живеам. Го спијам. Го сонувам,само овој еден и ист ден. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак ти ме будиш
од најслаткиот сон. Очи на тажно срнче продорно ме гледаат, небаре не виделе жена која се буди наутро. Се прашуваш како е можно да ги запаметам од слика,без слика. Ме прашуваш како е можно да го знам секој милиметар од твојот лик, а не сум те ни видела. А забораваш дека јас сум само едно мало,палаво девојче со сликовита фантазија. Само една мала лигла која безглаво се заљубила во тоа што си ти. Иако мислиш дека не те знам, дека не те познавам добро. Сепак грешиш. Ти си мојот појадок. Ме заситуваш за ручек. Ме сладиш како ужинка. Ме презаситуваш со вечера. И ме оставаш пак гладна. Ти си мојата ненаситност. Секогаш гладувам со тебе. Секогаш гладувам за тебе. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
......Fiks......................
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се измачуваме
со спомени од минато. Она што било или небило. Она што требало или нетребало. Што би било кога би било....? Сомнежи си будиме во душата и срцето со секакви мисли за тоа што ни претстои. Што ќе биде,ако биде/ Каде не води животот. Кои се патеките по кои треба, а можеби и нетреба да чекориме. А сосема забораваме на себе, на нашето денес. Го плачеме тоа што било, го преживуваме тоа што ќе биде, а забораваме да живееме денес. Сегашноста ја бришеме со тагата од вчера со желбата за утре... А што со денес? |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Си се запраш ли
зошто Бог не ветил смеа без солзи? Знаеш ли зошто не постои никаде пат без трње и живот без патење? Си почувствувал ли во себе некогаш радост без тага? Ако си го спознал сето тогаш го имаш клучот до сечие срце и душа и секаде ќе си добредојден. Оти само тогаш во своето срце чуваш љубов за луѓето, надеж во животот. Тие те водат напред. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам да ти кажам денес
колку те сакав вчера. Колку те љубев во мисли. Како те гушкав во сонот. Се будев во твоите очи и чекав да дојде денес. Сакам да ти кажам денес колку повеќе те сакам од вчера. Колку страсно ти пијам усни. Сега кога си тука денес пред мене неможам очи да тргнам од тебе. На сон и не помислувам само чекам да дојде утре. Сакам да ти кажам денес ќе се стопам од љубов за тебе. Усниве ќе бидат потечени од бакнежите. Телово ќе се стопи со твоето. Очиве ќе гледаат исто како ти. А сонот нема да постои... Само јас и ти... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нека креветот твој
биде лулка во која ќе најдеш мирен сон и таму че ги сонуваш најслатките сни. Нека прекривката твоја биде топла како мојата прегратка за тебе сплетена од искрена љубов створена за тебе. Нека ѕезденото небо биде ангел чувар кој ќе те чува место мене од кошмарните сонови во тивката ноќ. Нека овие стихови бидат ветување од мене ветено до тебе дека секогаш ќе те чувам во срцето свое. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Букви,зборови
разлетани на сите страни низ просторов мал. Искривени црти, закосени букви, празни зборови го преплавиле воздухот и сакаат да ме угушат. Се трудам збор да составам, реченица логична. Една нека е ама логична. Но,никако не успевам. Се е без врска,без логика без контекст некаков. Голтам полека,внимавам и пак ништо не рабирам. Кој си уствари ти што ме гушиш, воздухот што ми го земаш и не ми даваш да дишам. Несреќа ли си? Невоља ли ти е второто име? Или можеби само лага се викаш? Лаги не сакам! Несреќата веќе си ја имам,моја е. А невољи не барам. Затоа собери си се со себе ако си за тоа дојден и замини си по патот свој, кој и така само ти си го знаеш. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А зш па
и ја кандидат да не бидам а зш па и ја да не ве лажам масовни операции од срам се прават а зш па и ја да не си сторам една ? Ќе се кезам на билборд ко млад мајмун зар ја не знам ? Ќе се кезам ко блесав и рака ќе пружам демек се секирам демек за вас ми е гајле зар ја тоа не знам ? Да се правиш блесав зар ти не знаеш, а ? |
|
Внеси реплика | страница <1 6970717273 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |