IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2014 во 08:49

Направи сам: Топло пончо за 2 минути


Пончото оваа сезона е главен тренд кој задолжително треба да го набавите, или ако сте доволно креативни, сами да го изработите.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-01.jpg

Потребен ви е еден поширок шал, остри ножички, игла и конец.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-02.jpg

Започнете така што ќебето ќе го преклопите на половина, ако сакате пончото да е подеднакво и од предната и од задната страна. Или, можете предниот дел да го направите малку пократок од задниот, изборот е ваш.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-03.jpg

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-04.jpg

Обележте ја средишната точка на преклопувањето и исцртајте линија колкав што сакате да биде отворот на вратот и рамениците.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-05.jpg

Исечете ја обележаната линија. Со игла и конец (или машина за шиење, ако имате) порабете го засечениот дел.

Тоа е тоа! Вашето пончо е готово. Облечете дебел џемпер, тесни фармерки и високи чизми и подготвени сте за ново модно појавување!

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-06.jpg

Овде откријте неколку тренди идеи како да го носите вашето ново пончо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2014 во 17:55

НАПРАВИ САМА: ТРЕНДИ АЛКА СО ЛАСТИЧИЊА ЗА КОСА

5

Скоро секоја постојано носи барем едно ластиче за коса во себе, ако не и повеќе. Еве еден мал направи сам проект со кој ластичињата би се вклопиле во вашиот секојдневен стајлинг.

Потребно ви е:

– ластичиња за коса

– синџирчиња

– клешти

Измерете отприлика колку долго синџирче ќе ви треба за една белезица. Алките на двата краеви од синџирчето отворете ги со помош на клешти и прицврстете ги на ластичето.

belezica2

Ластичето свиткајте го така да на едната страна да биде само синџирчето, а на другата ластичето за коса. Вашата нова белезица е готова.

belezica1

Направете неколку вакви алки во различни бои, бидејќи најдобро стојат кога се повеќе во комбинација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 21:23
Направете сами лак за коса


Да, точно е. Можете сами, дома да подготвите лак за коса кој ќе биде направен од потполно пириодни состојки, кои со сигурност ги имате дома.

Потребен ви е еден лимон, и две шолји вода. Исцедете го сокот од лимонот и ставете го во водата. Ставете го да врие, се додека не изврие половина од течноста. Оставете ја течноста да се излади, па ставете ја во шише со распрскувач. Ако лакот ви е премногу леплив, ставете уште малку вода и 0,03 дл алкохол.

Вака подготвениот лак може да го користите две недели, доколку го чувате во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2014 во 21:43

Мелем за здрави нокти


За да си подготвите заздравувачки мелем за ноктите, неопходно е да користите природен пчелин восок, како и маслиново масло, кое ќе придаде природен блесок на плочката на ноктите. Жолчката од јајце, која се додава кон оваа смеса, служи за збогатување со витамините А и Е.

За да може мелемот најефективно да ги заздрави вашите нокти, намачкајте ја кожата на прстите околу нив и останете така цела ноќ.

Пожелно е да ставите памучни ракавици, кои ќе ја заштитат вашата постелина и ќе допринесат за омекнување на кожата.

Мехлем за здрави нокти

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2014 во 21:42

Направете сами одлична маска за длабинско чистење на порите


Речиси не постои жена која не се сретнала со проблемот запушени пори.

Тоа е неизбежен и природен процес. Темните дамки на вашето лице се само остаток од себум и мртвите клетки на кожата. Можеби не изгледаат најубаво, но за среќа, запушените пори може да се исчистат со една едноставна маска која можете да ја направите дома.

Потребни ви се:

– 1 лажица желатин

– 2 лажици вода

Постапка:

Желатинот и водата измешајте ги помала стаклена чинија и ставете ги во микробранова печка на 7 секунди. По седум секунди смесата треба да стане мазна и доволно густа да се лепи за вашата кожа. Маската нанесете ја на претходно исчитена кожа. Почекајте да се исуши ( околу 20 минути), а потоа маската едноставно “одлепете” ја од лицето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2014 во 21:36

Како самите да си направите дезодоранс?


Сите ние знаеме дека состојките кои ги има во дезодорансите и другите препарати за таа намена содржат голема количина на штетни состојки кои на крајот може и да доведат до комплицирање на нашето здравје. Но, високите температури едноставно ни наложуваат да ги користиме.

Обидете се самите да си направите дезодоранс кој нема да ви наштети.

Потрбно ви е:

–       250 мл водка

–       50 гр суви цветови од лаванда

–       50 гр свежи листови од цветот на роза

–       10 капки етерично масло од лаванда

–       10 капки етерично масло од роза

Водката сипете ја преку цветовите, а потоа ставете ги етеричните масла. Оставете нека отстои 3 недели, а потоа исцедете ја течноста и ставете ја во стаклено шише со распрскувач.

Наместо лаванда може да користите и тенки парчиња од кора од лимон или портокал, во тој случај заменете го и маслото од лаванда со масло од агрум.




Изменето од Valerija - 04.Октомври.2014 во 21:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2014 во 22:14

Магијата на рузмаринот: Направете регенератор за мрсна и тенка коса


Рузмаринот содржи состојки кои се лек за организмот. Во кујната го користиме како зачин, а во козметиката се користи како состојка за шампони и масла за тело.

magijata-na-ruzmarinot-napravete-regenerator-za-mrsna-i-tenka-kosa-1-

Тенката коса станува мрсна за брзо време, се лепи за кожата и тоа не изгледа воопшто убаво, туку неуредно, а за сето тоа да се спречи косата мора да се зајакне.

Рузмаринот ја прави косата сјајна, ја храни и ја зајакнува, а освен тоа тој одлично се бори против првутот и паѓањето на косата.

Ако и вие имате проблем со тенка коса, како и коса која брзо се мрси, тогаш пробајте ги овие 2 рецепти кои ќе ви дадат совршени резултати:

1. Регенератор за тенка и мрсна коса

Состојки:  

  • 1 кафена лажичка рузмарин
  • 1 супена лажица камилица
  • 1 супена лажица коприва
  • 100 ml вода
  • 1 супена лажица јаболков оцет

Подготовка:

Помешајте ги билките и прелијте ги со врела вода, а потоа додајте го јаболковиот оцет и оставете ја смесата да постои 10 минути и исцедете ја. Откога ќе ја измиете косата, со процедената течност масирајте ја косата и немојте да ја плакнете. Наместо камилица и коприва, можете да употребите мајчина душица во еднаква количина.

magijata-na-ruzmarinot-napravete-regenerator-za-mrsna-i-tenka-kosa-2

2. Лековито масло за мрсна и тенка коса

Состојки:

  • 40 ml рицинусово масло
  • 20 ml маслиново масло
  • 10 g рузмарин
  • 10 g листови од коприва

Начин на подготовка:

Сите наведени масла помешајте ги, а билките ставете ги во посебен сад со заоблено дно и полијте ги со маслата. Промешајте ја смесата и оставете ја да постои 2 дена затворена, а потоа исцедете ја. Нанесете на скалпот и кожата на главата, а потоа замотајте со фолија или најлонска кеса и оставете ја смесата да делува 2 часа. На крај, темелно измијте со шампон, а вашата коса ќе стане сјајна и здрава. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 22:39
За целосно заздравување на косата Направете домашна маска од кокосово
    Домашна маска од кокосово масло

Најважно е да ја користите точната количина на состојки, а доколку не сакате кокосово масло, тогаш постои алтернативно решение.

Време е да им кажете збогум на испуканите краеви!

Ова домашна маска за коса длабински ќе ја нахрани и ќе спречи понатамошно оштетување, кршење на влакната.

Најголема предност е тоа што маската се прави само од две лесно достапни состојки. Се што ви е потребно е мед и кокосово масло, а доколку ја почитувате точната количина, ќе добиете одличен лек за вашите испукани влакна.

Осве што претставува еликсир за косата, ова маска има преубав мирис, кој ќе се задржи и после миењето.

Доколку не го сакате мирисот на кокосово масло, пробајте некоја од следните алтернативи според типот на косата.

За кадрава коса одлично е бадемовото масло, за густа и јака коса маслиново масло, а за многу оштетена коса масло од авокадо.

Многу е важно кога ја миете косата тоа да не го правите со врела вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 22:33
devojka-i-cvece-1399740336-35552

Направете сами-маска од мед и краставица ги брише борите!

Ви носиме рецепт за едноставна маска која е делотворна во акумулација на знаците на стареење.

Линиите и борите можете лесно да ги отстраните на потполно природен начин.

Потребно ви е : Една краставица и една лажица мед.

Неолупената краставица исцедете ја. Изгмечете ја во блендер и процедете го сокот. Добиниот сок  помешајте го со една лажица мед. Смесата нанесете ја на исчистено лице и оставете ја 15тина минути. Исперете ја со млака вода, а по тоа на лицето нанесете хидрантна крема.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2014 во 08:27

Брз и едноставен: Направете сами гламурозен пилинг од ружи и ванила


Латиците од ружата може да ви помогнат за да направите неверојатни производи за нега. Ништо не може да го замени, ниту надмине мирисот на ружите, особено кога се во прашање производите за нега на телото.

brz-i-ednostaven-napravete-sami-glamurozen-piling-od-ruzi-i-vanila-01

Уште кога ќе помислите на комбинација од ружи и ванила, знаете дека се случува некоја магија која опива.

Но, тоа не чини цело богатство и не мора да одите во козметички салон, туку сè можете да си направите сами во домашната кујна.

Потребни состојки:

  • ½ чашка шеќер
  • 3 супени лажици бадемово или кокосово масло
  • 1 стапче ванила
  • 10 капки есенцијално масло од ружи
  • 1 лажичка масло со витамин Е
  • Латици од две мали ружи со вашата омилена боја

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и кратко миксајте. На крајот додадете ги латиците и мешајте неколку секунди, додека латиците сè уште се гледаат. Тоа може да го направите и рачно.

Оставете го кратко да отстои, додека вие се туширате, а потоа слободно премачкајте се и уживајте во мирисот и свиленкастата кожа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 20:00

Направете спреј за коса од морска сол

Сигурни сме дека вам со природно кадрава коса ви недостасува морето само поради летната фризура која сте ја имале бидејќи постојаното сте биле изложени на морската сол. Еве начин да добиете дефинирани локни и пред да одите на одмор. 

Подготовка: Ставете 200мл вода да зоврие, па прелиете ја врз лажица сол, измешајте добро да се истопи. Ставете во боца со пумпа. И вашиот спреј е готов!

Употреба: Нанесете го спрејот на мокра коса. Со прстите добро втриете насекаде. Нанесете и на коренот. Оставете косата природно да се исуши.



Изменето од Valerija - 20.Јули.2014 во 20:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 19:59

Нaправете сами средство за отстранување на шминка!

Ви недостасува млако или било какво друго средство за отстранување на шминката, сакате да бидете сигурни кои состојки ги содржи или едноставно сакате да заштедите пари…

Ние имаме решение за вас: направете сами “make-up remover”!

Потребно ви е:

-малку вода,

-лажица и половина детски шампон (кој не ги надразнува очите)

-мала лажица кокосово или маслиново масло

Во сад измешајте ја водата, бајби шампонот и избраното масло, добиената смеса префрлете ја во соодветно шише и користете ја за отстранување на шминката.

Пред секоја употреба, растресете го шишето, за состојките повторно да се измешаат. Малку од смесата ставете на памук и со неа отстранете ја шминката.

А доколку користите водоотпорна маскара, пред употреба на ова средство, отстранете ја за почеток со помош на неколку капки маслиново масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 11:27

Освежете ја вашата гардероба со чипка

Мошне едноставна декорација за облека но многу ефектна. Денес ќе ви покажеме како да ја освежите гардеробата со аплицирање на чипка. Најдобро тоа да биде околу вратот или пак на долниот крај од блузата или маицата.

Процесот е мошне едноставен, погледнете како изгледа:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2014 во 11:21

ДОМАШЕН КРЕМ ОД РЕН КОЈ ГИ ТОПИ МАСНИТЕ НАСЛАГИ ОД СТОМАКОТ

8
Благодарение на овој рецепт, многу жени намалувале по 1 см од обемот на струкот на ден. Овој мелем ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот и ја подобрува функцијата на мозокот, памтењето, слухот и видот.

Потребни состојки:

125 г. свеж рен 3 непрскани лимони (сосе кора) 3 лажици мед Начин на подготовка:

Во блендер иситнете 125 грама рен. Земете ги лимоните, расечете ги, извадете им ги семките и заедно со кората ставете ги во блендерот и миксирајте заедно со кашата од рен. Потоа додајте уште 3 лажици мед и сето тоа добро измешајте го. Чувајте го мелемот во затворена тегличка во фрижидер. Земајте по една мала лажичка од мелемот, два пати на ден со оброк. Користете го мелемот 3 недели и гледајте како ви се намалува обемот на струкот.

Својства на ренот:

Ренот изобилува со витамин Ц, Б1, Б6, Б2, калиум, железо, калциум, магнезиум, фосфор… Тој освен како вкусен додаток во исхраната, се користи и како лековито средство.

Посебно е добро кога се конзумира со мрсна храна бидејќи ѝ помага полесно да се свари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот, па затоа најмногу им се препорачува на дијабетичари. Тој исто така го стимулира создавањето и развојот на корисни бактерии во цревата.



Изменето од Valerija - 20.Јули.2014 во 11:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.