|
Италија ... |
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сонуваме за летување на италијанското крајбрежјеБезвременската убавина на италијанскиот крајбрежен град Амалфи на југо-запад ги одушевува бројните туристи и трагачи за совршено место за одмор. Планинските клисури се спуштаат сè до морето и создаваат еден магнетски привлечен пејзаж каде што може да го пронајдете вашето место под сонце. Суперлативите кои најдобро го опишуваат овој дел од Италија ги препозна и УНЕСКО, кој го прогласи местото за заштитена светска градина. Токму на ова место се наоѓа еден идеален хотел, Санта Катерина, кој е изграден на неколку минути возење од градот. Историјата на ресортот е исто толку импресивна како и неговото природно окружување. Оригиналната конструкција е направена уште во 1880 година, а реставрацијата во 1904 година. Денес ова популарно место за одмор брои 70 соби, при што повеќето имаат поглед кон морето. Освен зелените градини, хотелот има и отворен базен со поглед кон морето, каде што бројните хедонисти може да уживаат со часови. Во хотелот има врвен ресторан каде што секојдневно се нудат медитерански специјалитети, клуб на плажа за попладневни коктели, како и богат wellness клуб за масажа или посета на сауна. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Италија е магична сама по себе. Секое нејзино катче е исполнето со посебен шарм кој освојува на прв поглед. Убава е во сите годишни времиња, но во лето е една од неизбежните дестинации за летување на туристи од целиот свет. Мирисот на морето и долгите песочни плажи се простираат по целата нејзина должина, а кој дел и да го одберете нема да погрешите. Сепак, како едни од популарните се плажите во јужна Италија каде има сосема поинаков менталитет на Италијанците од оние во северна Италија. Но и на плажите има многу повеќе забава, лудување, избор на плажи под карпи, кристално сина вода и сонце кое ве гали со своите зраци. Ако веќе размислувате за вакво летување, не ги одминувајте десетте најубави плажи во јужна Италија:
|
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:18 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во посета на прекрасното гратче Спело, ИталијаГратчето Спело, познато и како Хиспелум, се наоѓа во Умбрија, Италија. Античкиот град во областа Перуџа фасцинира со неговата извонредна архитектура, компресирана во мал простор. Густата мрежа од мали и тесни улички е детерминирана, пред се, од средновековните градби на Спело. Каде и да одите, ќе завршите на некое убаво место. Туристичките водачи дури и препорачуваат да се изгубите низ уличките на Спело – на тој начин можете вистински да го доживеете духот на гратчето. Локалните жители важат за многу гостољубиви и секогаш спремни за разговор, но и да ви помогнат со навигацијата низ ова прекрасно место. Погледнете и сами како изгледа уникатното село, богато со архитектонско наследство од Романската, Средновековната и Ренесансната ера. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
23 работи кои не смеете да ги пропуштите кога ќе ја посетите Италија.Понекогаш од премногу убавини може да заборавите клучни и суштински работи, па затоа вреди да си ја понесете оваа листа со себе следен пат кога ќе отпатувате до Италија. Затоа што овие 23 работи не смее да ги пропуштите кога сте веќе таму:
Изменето од Valerija - 28.Октомври.2015 во 08:06 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Италија - земја во која одново ќе се пронајдете себесиИталија – земја на убавите жени, виното, тестенините, модата и што уште не. Има нешто апсолутно магично во неа кое никој не може да го објасни. Оваа магична држава има моќ да ве замисли додека се шетате низ древните улички по тосканското сонце, со сладолед од страчатела во раката. Дали има нешто поубаво во животот од тоа? И навистина, има ли? И сами знаете зошто треба да ја посетите, но дали знаете кои се придобивките од нејзиното посетување? Во земја каква што е Италија, можат да се случат многу непланирани нешта – па затоа многу-многу не се потпирајте на вашите планови. Ресторанот во кој сакате да јадете може ненадејно да затвори, можеби ќе чекате ред за да купите карти за Милано кои ги резервиравте 3 месеци претходно само за да сфатите дека сите луѓе пред вас се обидуваат да се качат на истиот воз затоа што тој е последниот. Италија не функционира по ничиј часовник, освен по сопствениот – а тоа може да биде многу фрустрирачки за сите кои се опседнати со планирање и точност. Но, знаете што? Фала му на бога што постои. Ти благодариме Италија затоа што нѐ потсетуваш дека ние не сме центар на светот и дека без разлика колку мислиме дека го заслужуваме, убавиот живот најдобро се живее без очекувања.
За разлика од другите европски јазици, учењето и зборувањето на само неколку клучни италијански фрази може да ги восхити дури и оние најнервозните продавачи. Токму затоа што италијанскиот јазик ретко се зборува надвор од нејзините граници, локалните жители ќе бидат восхитени од странецот кој се обидува да го зборува нивниот јазик, отколку да го побара тоа што му треба на англиски. Вашиот италијански може да биде катастрофа, но срамежливиот обид скоро секогаш е добредојден и придружен од благодарна насмевка, слатка смеа и нежна корекција, ослободувајќи ве од стравот дека звучите смешно. На сите ни е потребно малку охрабрување за да се соочиме со стравовите и да престанеме да се грижиме околу совршенството и да пробаме нешто. А Италија е најдобриот избор за тоа.
Ако не одвоите барем 5 минути да пробате буфала моцарела полиена со маслиново масло и свежо исечкана пиперка, тогаш многу пропуштате. Пропустот кој Италија го има со временската точност го надополнува со прецизноста на вкусови кои се наоѓаат во наједноставните состојки. Понекогаш не ви е потребен луксуз – доволно ви е да видите бакарни парички како тонат во водата од фонтаната, мирис на лимони кој ве придружува додека се шетате во топлото попладне, звукот на тишината додека седите на некоја убава клупа... во Италија ќе научите важна лекција околу тоа колку малку ви е потребно за да бидете навистина среќни. А, ако не можете да го научите тоа таму, дали навистина можете да го научите на некое друго место?
Како што шетате низ музеите, градините, палатите, а дури и низ малите селца, сѐ подобро ќе го сфатите вашето место во светот. Денес, историјата не е само предмет кој ви е потребен за да матурирате, туку служи за да ве потсети каде пиете кафе, каде повикувате такси и што постоело претходно. Низ камените улици ќе го слушнете ехото од нераскажани приказни, ќе ја почувствувате тежината на мермерните столбови кои ја носат тежината на годините. Во Италија ќе научите да ја цените историјата и да развиете трпение за старите работи. Таа ви дава шанса одблиску да го видите она што претходните векови го оставиле во наследство, учејќи нѐ дека сите приказни на луѓето се споени. Каква трага сакате да оставите? Кој сакате да бидете кога ќе се вратите дома?
Кој сака да гледа Фејсбук кога шетате низ прекрасните улици на Рим? Додека се возите со брод или кајче по езерото Комо? Кога го гледате прекрасното изгрејсонце во Бари? Шармот на Италија се крие во запирањето на времето – или можеби тоа поминува без да забележите. Сите треба повеќе да се восхитуваме на убавините околу нас, наместо да зјапаме во екраните 24/7. Затоа, оставете сè да се одморите и да се детоксицирате од работните обврски, да забавите со животот и одново да ја пронајдете смислата на сопствениот живот. Накратко, ќе сфатите дека животот е едноставен, во Италија – и на сите други места во светот. Хранете се добро. Љубете лудо и секогаш семејството и пријателите нека ви бидат на прво место. Патувањето до Италија ќе ви даде јасна перспектива врз вашиот живот, а перспективата е најдоброто нешто од кое можете да почнете ако сакате да бидете подобра личност. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Се подготвувате за Италија? Ова се неколку поими кои треба да ги знаете за да не се разочарате со хранатаНе е сериозно како ресторан, поформално е од остерија, но траториа е најчестиот облик на место во Италија каде ќе можете да јадете нешто вкусно, домашно и за ниска цена. Немојте да се изненадите доколку наидете на мени со неколку основни поими, за сè што Ве интересира обратете се кај келнерот. Прашајте и за домашното вино кое редовно го нудат. ОстеријаМесто каде се служи вино и едноставна храна како тестенини, риба и месо, а каде масата ќе ја делите со непознати странци. Остерија е поефтино место од траториа, а во понудите многу често има варива. Акцентот во понудата е ставен на виното, односно ова место е еден вид на италијански паб. ФаториаКако траториа, ова место е во сопственост на семејство, а најчесто во менито ќе наидете на домашни производи кои ги подготвуваат сопствениците. Можете да наидете на еколошки одгледувано овошје и зеленчук и јадења кои се подготвуваат од нив. ЕнотекаВо зависност од видот на енотеката, овде можете да поразговарате со енолози или луѓе кои прават вино, да пробате вино и да уживате во чашата со едноставна закуска. Пред да го посетите, проверете го работното време и дали треба да се најавите пред да пристигнете. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:36 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Venecija |
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |