Испечати | Затвори го прозорот

Италија ...

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23871
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 16:13
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Италија ...
Постирано од: zamislena
Наслов: Италија ...
Датум на внесување: 15.Јануари.2011 во 09:26
Италија ....  Италијани ....  Италијанки ..........

za-italija-italijanite-italijankite-povekjeШпагети, мафија, романтика, гласн зборување, музика, згодни мажи – вака најчесто се опишува Италија и италијаните. Дали овие стереотипи се вистина?

 Италија е прекрасна земја вредна да се посети и секако ќе ве изненади.

za-italija-italijanite-italijankite-1

1. Италијанците сакаат паста и секој ден јадат шагети, тортелини и макарони.
-  Вистинито! (најчесто). Понекогаш јадат и почесто.

2. Италијанците имаат традиционална култура врзана за кафето и претставена преку Старбакс. 
-  Не е точно! Старбакс нема врска со италијанското каде. Италијанско кафе е еспресото, но никој не го вика така. За нив е само кафе.

3. Пицата е измислена во Италија.
-  Можеби точно, можеби не. Многу извори велат дека модерната пица е измислена во Њујорк од страна на италијански имигранти. Но, постои  приказна http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/6624-picata-hrana-za-siromasnite -   која најверојатно разјаснува сè.

4. Италијанците се жртви на модата.
-  Точно! Без многу коментар – чисто и перфектно стилски вклопено. Никогаш нема да видите италијанци облечени спротивно од модните правила.

5. Италијанците често велат: “mamma mia!” “va fan culo!”.
-  Точно!

za-italija-italijanite-italijankite-26. Сите италијанки се згодни и убави како да излегле од насловна на Вог.
-  Најчесто погрешно! Да, има многу згодни девојки, но ништо повеќе отколку било каде во светот.

7. Италијанците се како французите.
-  Грешно. Начинот на кој зборуваат и се однесуваат е уникатен и својствен само за нив. Тие зборуваат гласно, го користат телото без разлика дали се на улица или на состанок.

8. Мафијата е вистинска и опасна.
-  Точно. Италијаните не се горди, но мафијата навистина постои особено на Сицилија. Не секој италијанец е мафиозо па затоа внимавајте да не ги навредите.

9. Италијанците се многу романтични.
-  Точно! Тие навистина уживаат во романтика. Италијанец никогаш не би оставил девојка да оди сама дома. Таму уште се негува идеалот за мачо тип.




Коментари:
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Јануари.2011 во 12:43
Пицата е измислена во Стариот Рим (не во ваков вид). После оргиите од страна на богатите, најчесто на големи округли парчиња тесто или леб ги ставале остатоците од храната (месо и сл.) и им ги давале на посиромашните. среќа
 
Абе овде само за Италијанци пишува. изненадување А за Италијанки камо? плазење Освен тоа дека се просечни... што не би се сложил. Во Италија сигурно има процентуално многу повеќе убави девојки отколку во на пример.... Англија... плазењеголема%20насмевка


Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 16.Јануари.2011 во 00:25

Venecija Italija

-------------
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 16.Јануари.2011 во 23:30
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Пицата е измислена во Стариот Рим (не во ваков вид). После оргиите од страна на богатите, најчесто на големи округли парчиња тесто или леб ги ставале остатоците од храната (месо и сл.) и им ги давале на посиромашните. среќа
 
Абе овде само за Италијанци пишува. изненадување А за Италијанки камо? плазење Освен тоа дека се просечни... што не би се сложил. Во Италија сигурно има процентуално многу повеќе убави девојки отколку во на пример.... Англија... плазењеголема%20насмевка
сите велат различно за пицата, јас знам дека факт е дека Марко Поло ги има донесено дел од јадењата кои денес во Италија се сметаат за национални, како на пример шпагетите кои водат потекло од источно азиските земји


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 17.Јануари.2011 во 03:08
прекрасна земја.... малку скап**ка,... но прекрасна

Рим дефинитивно вреди да се посети.... за малце ќе паднев од столчето на автобусот кога првпат ја видов куполата од Ватикан.... тоа е нешто.... извонредно се почувствував толку малечка.... страшно чувство.... само гледаш згради, згради, згради,... и наеднаш БАМ.... куполата..... wow/x10

Венеција вреди да се види,.... со сите тие каналчиња, гондоли.... кој сака романтики терање,.... вистинско место....

единствено место на кое што лично мене не ми се допадна беше Фиренца.... толку одвратно мирисаше на ѓубре.... а и ни истурија кофа вода од една тераса




-------------


Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 14:33
Originally posted by BisernA BisernA напиша:


единствено место на кое што лично мене не ми се допадна беше Фиренца.... толку одвратно мирисаше на ѓубре.... а и ни истурија кофа вода од една тераса
Ве слушнале кога сте рекле дека ви мириса градот на ѓубре па биле испровоцирани можеби, а можеби стварно мирисало на ѓубре па сакајќи да покажат дека се грижат за хигиената сакале пред вас да покажат дека тие секогаш миат сè со водa. А можеби некој од минувачите се пожалил дека со денови не се истуширал па...


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 19.Јануари.2011 во 03:18


Италија е убава земја, има што да се види. Е на некои места има и ѓубришта и несреденост, исто како и кај нас па дури и повеќе. намигнување Наполи летово ќе се задушеше во отпад.

Повеќето од погорните стереотипи се само тоа - стереотипи. Италијанците се темпераментен народ, по менталитет ни се слични: живи, бучни, галамџии, љубовџии, романтичари, мајкари голема%20насмевка

Си имаат своја легенда и преданија за пицата: потекнува од Наполи, од сиромашните граѓани кои се прехранувале најчесто со тесто премачкано со сос од домати и малку моцарела, ако се има...

П.С. Инаку ако некогаш го слушнете она va fan culo!” од некој италијанец, да знаете дека е тешка пцовка... голема%20насмевка





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 12.Февруари.2011 во 19:45
 
....намигнување.....
 
Италијанките важат за едни од најпривлечните жени на светот. Не станува збор дека сите имаат специфична природна убавина, но тие- едноставно зрачат.
 
Во што е нивната тајна?

1. Најважните личности треба да ги сакате најмногу. Секое утро потсетете се колку сте значајни и колку е важно да се сакате себе си. Започнете го утрото полни со самодоверба. Италијанките знаат дека кога е во прашање убавината, привлечноста започнува од внатре.
2. Немојте да јадете салата, ако ви се јадат тестенини. Следете го својот вкус и желба и немојте премногу да се воздржувате затоа што ќе бидете незадоволни, а со тоа и несреќни. Секако, не треба да јадете се што би ви е при рака, туку умерено, но јадете го она што ви се јаде.
3. Немојте да чекате пролет за да ги издепилирате нозете. Без оглед на годишното време, секогаш бидете уредни. Депилирајте се, средете ги веѓите, направете пилинг, негувајте ја кожата со хидратантни средства...
4. Купете квалитетен градник. Градник кој ви стои совршено е секогаш добра инвестиција. Го носите секој ден, па никогаш не чини премногу. Долната облека секогаш треба да ви биде привлечна, за да се чувствувате добро во сопствена кожа.
5. Да, облечете го тоа! Ако видите нешто што ви се допаѓа, а страв ви е што ќе кажат другите за вашиот избор, заборавете на туѓото мислење и облечете го она што ви прави мерак! За да им се допаднете на другите, мора прво да си се допаднете себе си. Подобро е да го следите сопствениот вкус, отколку туѓото мислење!
 
......Црно Бело ......


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Февруари.2011 во 10:56

Зошто Венеција има канали

 

Чудно е чувството кое го има човекот кога се наоѓа во градот во кој повеќето главни улици се канали! За разлика од другите градови, улиците на Венеција, каналите, потоеле и пред да биде играден градот.

Венеција е изградена на калливо земјиште на кое постеле повеќе од 100 островчиња во залив на Јадранското море. Сите куќи се изгредени на столбови забодени во кал. Во градот навлегуваат познатите канали на Венција.

Во овој град, сообраќајот се одвива со чамци или пешки. Во стариот дел на градот не е дозволен сообраќај со автомобили или камиони. Постои голем број на тесни улички и мали мостови кои ги спојуваат каналите. Секаде се гледаат чамците наречени „гондоли“. Гондолиерот ја движи гондолата на задниот дел со големо весло.

Венеција е многу стар град. Пред да дојдат Хуните и нивното поминување низ Италија, во средината на V  век, живееле луѓе на малите островчиња. Подоцна се основале 12 градски општини на вода и тоа било почетокот на создавањето на држвата „Венеција“, во која постепено се развивал градот кој денес се вика ВЕНЕЦИЈА!

Денес Венеција е еден од најпознатите Европски центри, важно пристаниште и незаобиколен град за сите романтични луѓе



-------------


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Март.2011 во 13:53


Може некому ќе му се најде...плазење

http://www.kafepauza.mk/kafe-na-denot/kako-da-si-narachate-kafe-vo-italija/ - Како да си нарачате кафе во Италија?


Кога нарачувате кафе во Италија, секогаш имајте ја на ум неговата цена. Во многу кафе барови на преубавите улички во Италија, едно капучино може да чини четири пати повеќе од капучиното што ќе го нарачете и пиете во некој обичен бар.

Како%20да%20си%20нарачате%20кафе%20во%20Италија?

Италијанците нивното кафе го пијат набрзина, во бар, пред да отидат на работа, оставајќи ги масите празни за туристите.

Ако сакате да го прашате келнерот кое кафе да го нарачате, бидете подготвени, откако ќе ви го даде кафето да му оставите пристоен бакшиш.

Ако сакате да нарачате еспресо во Италија, треба само да побарате „кафе“ и запомнете: треба да го испиете брзо. Еспресото не е кафе кое се пие голтка по голтка, туку треба да се испие во две до три голтки, најмногу.

Кафето не се служи самостојно, туку се служи после некој оброк, со исклучок на појадокот. Секое кафе кое следи после појадокот, не треба да има ни капка млеко, а оние кои нарачуваат капучино после 11 часот, често се исмејувани од страна на вистинските Италијанци.

Како и да е, постојат најразлични видови кафиња кои можете да ги нарачате и кои се вкусни.

Како%20да%20си%20нарачате%20кафе%20во%20Италија?

Еве листа на кафиња кои најмногу се нарачуваат во Италија:
.
  • Еспресо (Espresso) – познато како Caffe во Италија, се служи во шоља со 88 мл кафе, силно по својот вкус и со бронзена пена
  • Допио (Doppio) – двојно еспресо
  • Ристрето (Ristretto) – кафе кое е поконцентрирано од еспресото и се прави со помалку вода
  • Лунго или Американско кафе (Lungo or Caffe Americano) – спротивно на ристрето, еспресо кое се прави со повеќе вода
  • Макијато (Macchiato) – еспресо кое е „обележано“ со пена од млеко на врвот
  • Корето (Corretto) – еспресо кое е „коригирано“ со коњак или друг 60-процентен алкохол
  • Капучино (Cappuccino) – еспресо со млечна пена, кафе кое содржи еднаков размер на млеко, кафе и млечна пена
  • Капучино ск*ро (Cappuccino scuro) – капучино подготвено со помалку млеко и карактеристична темна боја
  • Капучино кјаро (Cappuccino chiaro) – капучино подготвено со повеќе млеко (не повеќе од количината на млеко во кафе лате) и карактеристична светла боја
  • Кафе лате (Caffelatte) еспресо подготвено со повеќе млеко од капучиното и со малку млечна пена. Во Италија се пие за време на појадокот.
  • Лате макијато (Latte macchiato) запенето млеко кое е „обележано“ со доза еспресо кафе.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 13.Март.2011 во 21:21
 
 
 
 Мене ќе ми се најде ....  наскоро .......трепкање
 
 ..
 
Капучино кјаро (Cappuccino chiaro)..........е ова ме бендисува ....голема%20насмевка


-------------


Постирано од: fiore
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 02:58
Za picata.
Na casovi po italjanski dobiv informacija deka:
prvata pica se vikala fokaca(i denes ja ima vo Italija) i sluzela kako cinija za serviranje na hrana,koja podocna so ostatocite vo nea ja jadele siromasnite.

A picata Margarita e napravena vo cest na kralicata Margarita koja pobarala od najpoznatiot pica majstor,da napravi tradicionalno jadenje pica.Vo nea gi ima boite na italijanskoto zname:
crvena - domaten sos
bela - mocarela(sirenje za pica)
zelena - bosilok(zacin karakteristicen za italijanskata kujna)


Постирано од: fiore
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 03:04
Za cappuccinoto.
Imeto go dobilo po monasite Cappucci.Najverojatno po bojata na nivnite obleki koja bila ista so bojata na ovoj vid cafe.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 03:11


Убаво си слушнала за пицата а и за фокачата (focaccia), еве како изгледа:




Обично тесто, од брашно и маслиново масло, попрскано со малку рузмарин одозгора, ама е многу вкусно намигнување



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: fiore
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 03:58
Da vkusno e


Постирано од: zajluben
Датум на внесување: 14.Март.2011 во 22:46
Italija. Edna od zemjite koi mi ima ostaveno najgolem pozitiven vpecatok.
Ja obozavam istorijata na drzavata, hranata, mentalitetot na lugjeto i vkusot za dobar nacin na zivot.
Verona, Venecija, Rim i Milano se definitivno mesta koi moram povtorno da gi posetam, iako bi sakal da pominam i niz drugi mesta.

Ednostavno, prekrasno si pominav i navistina bi sakal da odam pak.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 15.Март.2011 во 18:16
 
 
  ..........Венеција  .....мечтаење.........
 


-------------


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 15.Март.2011 во 23:28
E sea, Venecija... dosadna e vekje...

Najdi nesto od Komo i ezerata okolu, pa togas komentiraj ako mozes...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 15.Март.2011 во 23:29
da ne snimas film tamu marko голема%20насмевка

-------------
vivi


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 15.Март.2011 во 23:34











-------------
Incredible Blue


Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 16.Март.2011 во 22:24
Italijaaaaaaaaмечтаење.......pica so bosilok,kapucino,a u pozadina .........pesnite na Umberto Tozzi........Tu,Ti amoтрепкање


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 16.Март.2011 во 22:34
Дефинитивно никој не би останал рамнодушен на таа убавина,
едноставно те плени да се вратиш повторно...
сите градови што ги посетив си имаа некоја посебност, различни секој
на свој начин...а и Италјанците се баш љубезни и гостопримливи...ех
колку ми се свежи сеќавањата ко вчера да беше...си шеташ низ Рим и
од блиското кафуле одекнува http://www.youtube.com/watch?v=DlOO-EkdTCM -
едноставно не може да не ја сакаш Италија !


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Март.2011 во 00:49


Многу вљубеници во Италија. голема%20насмевка

Еве еден корисен и http://www.italia.it/it/home.html - официјален туристички сајт за Италија . Кој планира да патува може да му се најде, има секакви информации.
А има и добри фотки да се видат.
намигнување




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 30.Март.2011 во 21:32

Roma,Trastevere...
Сокаци поинакви од остатокот на Рим.
Пиење Chianti bessi на скали дури слушаш гитарска музика на некој од плоштадчињата...
Трастевере-навечер,обавезно ако одите во Рим!

-------------
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy


Постирано од: zena77
Датум на внесување: 31.Март.2011 во 11:25
[:D/] [:D/] da prekrasna e...,ama pazete ako setate so stikli ke imate i mnogu bolki vo nozete,...pazete od kradcite vo metroto vo rim...ima mnogu cigancinja sto kradat,ke si ostanete bez pasos i bez peri kako jas,,,..nemozev ni do ambasada da pojdam....


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 05.Април.2011 во 21:33
 
намигнување.......
 
Градските татковци на Венеција добиле одлична идеја којашто секому ќе овозможи да го посети ова мега популарно туристичко место. Патувањето можете да го започнете веднаш. Сè што треба да направите е да кликнете http://maps.veniceconnected.it/ - ТУКА и ќе се најдете во Венеција каде што ќе можете да уживете во бројните убавини.

Основа за виртуелното патување е пловидба по венецијанските канали со гондола. Кога ќе Ви здосади пловењето, можете да ја напуштите гондолата и да го разгледате центарот на градот. Исто така, на страницата се достапни и другите венецијански туристички знаменитости.


-------------


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 30.Април.2011 во 18:05

http://img233.imageshack.us/i/att949155.jpg/">

 



-------------


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 20:51
Венеција
Патувајте%20во%20Венеција,%20прекрасни%20слики%20од%20италијанскиот%20град...%20%20
Венеција е град во северна Италија, познат по туризмот и индустријата. Главен град на регионот Венето, со население околу 272.000 жители (попис 1 јануари 2004). Заедно со Падова, градот припаѓа на Падова, Венеција метрополитенска област (со население од 1.600.000)

Името потекнува од античкото племе Венети, населено во регионот во Римско време. Историскиот град бил престолнина на независни градови-држави. Венеција е позната како „La Dominante“, „Serenissima“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Град на маските“, „Градот на мостовите“, „пловечки град“, и „Градски канал“.

Луиџи Барзини за „Њујорк тајмс“ го опишува како „несомнено најубавиот град изграден од страна на човекот“. Венеција е, исто така опишана од Тајмс Онлајн како еден од најромантичните градови во Европа.

Градот се протега на 117 мали острови во мочурлива венецијска лагуна, по должината на Јадранското Море во североисточниот дел на Италија. Морската лагуна се протега по должината на брегот меѓу устието на реката По (југ) и Пијаве (север).

Проценката на населението е 262.000 жители и ја покрива целата популација на комуната на Венеција, околу 60.000 во историскиот град на Венеција (Centro storico), 176.000 во Terraferma (копно), главно во големите frazioni of Mestre and Marghera; и 31.000 живее на другите острови.

Република Венеција била главна поморска моќ за време на средниот век и ренесансата, како и простор за крстоносните војни и битката кај Лепанто, како и важен центар на трговијата (особено свила, жито и зачин трговијата) и уметностите во 13 век до крајот на 17 век. Ова е венеција, градот се богати преку поголемиот дел од својата историја. Исто така е познат по неколку значајни уметнички движења, особено од периодот на Ренесансата. Венеција има одиграно значајна улога во историјата на симфониската и оперската музика, а тоа е родното место на Антонио Вивалди.

  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_01.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_03.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_02.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_04.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_05.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_06.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_07.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_08.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_09.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_10.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_11.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_12.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_13.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_14.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_17.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_18.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_19.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_20.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_22.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_23.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_24.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_25.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_26.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_27.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_28.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_29.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_30.jpg">
  • http://www.korzo.mk/images/stories/patuvanja/venecija/Venice_21.jpg">

 

клик на сликите...за поголем форматмечтаење



-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 04.Мај.2011 во 23:55
Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:



... а тоа е родното место на Антонио Вивалди...



... minus.

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 05.Мај.2011 во 00:00
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:



... а тоа е родното место на Антонио Вивалди...



... minus.

И на Марко Поло де..

-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 14.Мај.2011 во 13:33
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

 
намигнување.......

 

Градските татковци на Венеција добиле одлична идеја којашто секому ќе овозможи да го посети ова мега популарно туристичко место. Патувањето можете да го започнете веднаш. Сè што треба да направите е да кликнете http://maps.veniceconnected.it/ - [COLOR=#810081 - ТУКА[/COLOR - и ќе се најдете во Венеција каде што ќе можете да уживете во бројните убавини.Основа за виртуелното патување е пловидба по венецијанските канали со гондола. Кога ќе Ви здосади пловењето, можете да ја напуштите гондолата и да го разгледате центарот на градот. Исто така, на страницата се достапни и другите венецијански туристички знаменитости.


Zamislena...za virtuelnata mapa imas grrrrande blagodarnost!
Za 2 nedeli odam Venezia i ova posebno mi se najde!
Grazie!

-------------
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 14.Мај.2011 во 21:20
zaratustra ...Иди Види .... па врати се  и кажи
како си помина ......среќа


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Ноември.2011 во 16:21

Мост со такви необично и тажно име, еден од многуте мостови над каналите во Венеција.

Затворениот мост е направен од бел варовник и има прозорци со камени решетки. Се наоѓа над реката на Палатите и ги поврзува старите зандани со собите за испрашување во Палатата на Дуждовите. Погледот од Мостот на Воздишките бил последниот поглед на Венеција кој го гледале осудениците пред да бидат затворени или погубени.

На ова место многу луѓе за последен пат во животот погледнале кон синото небо и воздивнале за слобода. Така и го добил името - Мост на Воздишките. Овој мост станал пример за уште неколку вакви затворени премини кои служеле за преместување на затвореници.

Денес овој мост е уште една од многуте туристички атракции кои можат да се видат во преубавата Венеција.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Ноември.2011 во 16:25
Риалто

alt

Најстариот мост над Големиот Канал во Венеција е мостот Риалто. 

alt

Изграден е во 1181 година, а првото име му било Мостот на Монетите, бидејќи во тоа време во близина се наоѓала ковачница за монети.

alt

Првиот мост бил изграден од дрво, но после неколку уривања, во 1503 година венецијанските власти одлучиле да го изградат мостот од камен.

alt

Но тој бил изграден дури во 1591 година, дизајниран од Антонио да Понте, а бил многу сличен со дрвениот мост кој го заменил. 

alt

Иако многумина не се согласувале со дизајнот на овој мост, тој денес стана една од најдобрите архитектонски икони на Венеција.

alt



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Ноември.2011 во 17:04

Амалфи

alt

Амалфи е мало гратче и во провинцијата Салерно во Италија.

Амалфи лежи на почетокот на длабока клисура, опкружено со драматични карпи и крајбрежни сцени. Во минатото Републиката Амалфи била важен поморски трговски центар. Во 1920 – те години Амалфи бил многу популарна дестинација за британската аристократија. Главните одлики се средновековната архитектура, главната катедрала и крајбрежјето.








-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Јануари.2012 во 06:39
11-21.02.2012 kje se odrzi karnevalot vo Venecija.
Ako nekoj ima sredstva i zelba, preporachuvam da go posetite.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 09.Февруари.2012 во 19:14
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052-zamrznata-venecija-kako-od-bajkite" rel="nofollow -

Градот на каналите – Венеција оваа зима заради ниските температури се претвора во „градот на мраз“. За прв пат после 20 години Венецијанската лагуна е замрзната.


Вапорето (такси на вода) едвај се движи низ полузамрзнатите канали. Гондолите се покриени со снежна покривка.

Сепак туристите се упорни и не одолеваат на прошетка со гондола низ каналите.

И покрај студот и мразот, Венеција изгледа како од бајка.

zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-1
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%201&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-1.jpg#slika1" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-2
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%202&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-2.jpg#slika2" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-3
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%203&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-3.jpg#slika3" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-4
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%204&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-4.jpg#slika4" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-5
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%205&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-5.jpg#slika5" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-6
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%206&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-6.jpg#slika6" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-7
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%207&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-7.jpg#slika7" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-8
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%208&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-8.jpg#slika8" rel="nofollow -
zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-9
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/11052?naslov=Слика%209&slika=/images/stories/2012/02/zamrznata-venecija-kako-od-bajkite-9.jpg#slika9" rel="nofollow -  



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 10.Февруари.2012 во 23:11
Летово миризбата  низ каналите  беше  неподнослива ...
верувам дека сега  со  замрзнувањево ...ќе биде исчезната .....замисленост


-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 06:15
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

11-21.02.2012 kje se odrzi karnevalot vo Venecija.
Ako nekoj ima sredstva i zelba, preporachuvam da go posetite.


.............
....

Најпопуларниот европски карневал, оној во Венеција, годинава се одржува од 11 до 21 февруари. Десет дена целиот град ќе ги „крши“ сите општествени правила и норми, а на обичните граѓани ќе им даде шанса да идат дел од една друга стварност, онаа на гротеската, да се изгубат во бројните прослави меѓу илјадниците ареликини и панталони


 

 

Историјата на карневалот во Венеција

Најстариот документ кој се однесува на карневалски прослави во Венеција потекнува од 2 мај 1268 година со кој на луѓето под маски им е забрането на практицирање игри и прослави до раните утрински часови, со цел да се прекине моралниот пад на тогашните жители на Млетската Република. Маските и ноќните прослави станале неизоставен дел од секојдневнието на граѓаните.

На 13 август 1608 е издадена одредбата со која носењето маски во текот на целата година претставува сериозна закана за Републиката и за да се избегнат последиците од неморалното однесување, секој граѓанин можел да носи маска исклучиво во текот на карневалските денови и на службени приеми.

 

 

Казните за непочитување на овој закон биле драстични – мажите добивале по две години затвор, 18 месеци веслање на млетските галии и уште 500 лири казна. Жените, пак, биле претепувани и исмејувани пред јавноста на плоштадот „Свети Марко“, а по сето тоа им бил забрануван и влезот на територијата на Млетската Република и биле обврзани да плаќаат 500 лири во тек на 4 години.

Во 1776 е воведено правило за заштита на „семејната чест“, па на сите жени им бил забранет влез во театрите ако на себе не носат маска и наметка.

Сите овие одредби низ столетијата довело до постепен прекин на традицијата и дури во 1979-1980 карневалот е обновен од страна на група уметници и ентузијасти. Дневно во Венеција за карневалот доаѓаат и над 30 илјади посетители, каде секојдневно сѐ до полноќ се случуваат паради на гондоли долж каналот Гранде до плоштадот „Свети Марко“.

 

 

Карневалските маски

Венецијанските маски потекнуваат уште од античко доба, но во периодот на Млетската Република граѓаните најчесто сакале да се маскираат во рибар, ловец, астролог, доктор, селанка, пекар, месар или од ликовите на ‘комедија дел арте‘ – Арлекин, Колобина, Пулчинела, Брамбила, итн.

Маските можат да бидат изработени од кожа или во оригиналната техника papier-mâchéно денес најчесто се изработуваат од гипс и се рачно цртани и украсувани со камења и пердуви.

Трите вида најпрепознатливи маски се баута, морета и ларва.

 

Баута е маска која го покрива целото тело, нема отвор за устата и е позлатена. Може да го покрива само горниот дел од лицето до образите.

 

Морета е овална маска со црно кадифе и тил која најчесто ја носта жени. Оригинално потекнува од Франција, но за брзо време станала популарна во Венеција, бидејќи ја истакнува женската убавина.

 

Ларва е позната и како маска волто е бела и е најтипична венецијанска маска. Изработена е од фини ткаенини кои се идеални за танцување.

 

Луѓето кои ги создаваат маските се mascherari. Најраното споменување за нив е од 10 април 1436. Маските ги изработувале од гипс, а при сликањето им помагале уметници т.н. targheri кои ги сликале лицата на гипсената површина. „Claudia Pandolfo“, една нова фабрика за маски од Венеција, своите производи ги извезува во Јапонија и Германија. Тие сметаат дека италијанската влада треба да ги забрани евтините имитации од пластика и гипс, со што ќе ги заштитат производителите на маски во Венеција како занает кои тајните ги носи со себе веќе стотици години.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 12.Февруари.2012 во 12:36

http://www.youtube.com/watch?v=d4NdfY4aJMc" rel="nofollow - Dreaming In Italy


Младиот уметник Matthew Brown снимил фантастично видео за натпреварувањето Digital Diary, кое го промовира туризмот во светот. Сите на натпреварувањето биле воодушевени од  прекрасните сцени на недопрената природа и убавина на Италија.

Видеото е монтирано 48 часа пред натпреварувањето.

„Ја искористив прекрасната нумера на Reida Willisa, таа одлично се вклопи во целокупниот амбиент. Не спиев тие 2 дена, бев возбуден морав да го направам ова видео, морав зошто си ветив себеси сега или никогаш“ – истакнува Brown.

И според очекувањата ја доби првата награда.





-------------


Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 22.Февруари.2012 во 13:43
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

<p style="vertical-align: line; font-size: 11px; outline-width: 0px; outline-style: initial; outline-color: initial; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; margin-top: 1em; margin-right: 0px; margin-bottom: 1em; margin-left: 0px; border-top-width: 0px; border-right-width: 0px; border-bottom-width: 0px; border-left-width: 0px; border-style: initial; border-color: initial; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; text-align: justify; "><span ="Apple-style-span" style="font-family: 'Lucida Grande', 'Lucida Sans Unicode', Arial, Verdana, sans-serif; font-size: 26px; line-height: 50px; "><font ="Apple-style-span" color="#0066ff">Амалфи</span>

<p style="vertical-align: line; font-size: 11px; outline-width: 0px; outline-style: initial; outline-color: initial; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; margin-top: 1em; margin-right: 0px; margin-bottom: 1em; margin-left: 0px; border-top-width: 0px; border-right-width: 0px; border-bottom-width: 0px; border-left-width: 0px; border-style: initial; border-color: initial; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; text-align: justify; ">alt

<p style="vertical-align: line; font-size: 11px; outline-width: 0px; outline-style: initial; outline-color: initial; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; margin-top: 1em; margin-right: 0px; margin-bottom: 1em; margin-left: 0px; border-top-width: 0px; border-right-width: 0px; border-bottom-width: 0px; border-left-width: 0px; border-style: initial; border-color: initial; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; text-align: justify; "><strong style="vertical-align: line; outline-width: 0px; outline-style: initial; outline-color: initial; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; margin-top: 0px; margin-right: 0px; margin-bottom: 0px; margin-left: 0px; border-top-width: 0px; border-right-width: 0px; border-bottom-width: 0px; border-left-width: 0px; border-style: initial; border-color: initial; "><span style="vertical-align: line; font-size: 14px; outline-width: 0px; outline-style: initial; outline-color: initial; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; margin-top: 0px; margin-right: 0px; margin-bottom: 0px; margin-left: 0px; border-top-width: 0px; border-right-width: 0px; border-bottom-width: 0px; border-left-width: 0px; border-style: initial; border-color: initial; ">Амалфи е мало гратче и во провинцијата Салерно во Италија.</span>

<p style="vertical-align: line; font-size: 11px; outline-width: 0px; outline-style: initial; outline-color: initial; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; margin-top: 1em; margin-right: 0px; margin-bottom: 1em; margin-left: 0px; border-top-width: 0px; border-right-width: 0px; border-bottom-width: 0px; border-left-width: 0px; border-style: initial; border-color: initial; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; text-align: justify; "><span style="vertical-align: line; font-size: 14px; outline-width: 0px; outline-style: initial; outline-color: initial; padding-top: 0px; padding-right: 0px; padding-bottom: 0px; padding-left: 0px; margin-top: 0px; margin-right: 0px; margin-bottom: 0px; margin-left: 0px; border-top-width: 0px; border-right-width: 0px; border-bottom-width: 0px; border-left-width: 0px; border-style: initial; border-color: initial; ">Амалфи лежи на почетокот на длабока клисура, опкружено со драматични карпи и крајбрежни сцени. Во минатото Републиката Амалфи била важен поморски трговски центар. Во 1920 – те години Амалфи бил многу популарна дестинација за британската аристократија. Главните одлики се средновековната архитектура, главната катедрала и крајбрежјето.</span>







<div id="isChromeWebToolbarDiv" style="display:none">


Летово одам на Costiera Amalfitana, конкретно во едно селце Conca dei Marini, измеѓу Амалфи и Позитано. Ќе останиме 10тина дена(резервиравме апартмански смештај виа интернет), планираме да поминиме се што може да се види во околината, вклучувајќи го Неапол, Помпеја, Херкуланум, Везув и секако цела costiera Amalfitana i Sorentina(одиме со колата, преку Бриндизи)!
А со господ напред на враќање можно е и 2-3 дена Apulia, на `штиклата`, но тоа зависи како ќе истераме финансиски...
Ако некој бил, нека кажи некоја добра мисла.


-------------
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy


Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 22.Февруари.2012 во 13:51
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

zaratustra ...Иди Види .... па врати се  и кажи
како си помина ......среќа

Ти борчам `извештај` од лани, sorry, многу бев одсутен!

Еве понекоја фотка од Венеција и околината

Лидо

Поглед одозгора...

Бурано

Мурано, пиле кога не пее...

-------------
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy


Постирано од: hristina3
Датум на внесување: 01.Март.2012 во 17:39
prekrasna zemja sakom nekogas da ja posetam


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 03.Март.2012 во 00:39
 Венеција од птичја перспектива


Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 13.Март.2012 во 19:14
ne znam sto ocekuvav...znam deka ne me fascinira nesto posebno...Venecija... nekako siva i bez dusa.... ubava,ne velam ne... samo, ete...nesto ne ja bendisav mnogu...



-------------

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 28.Март.2012 во 20:59
Почувствувајте ја магијата на Италија ( Тоскана )

Тоскана е еден од најголемите и најубавите региони во магичната Италија. Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата...


...убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно. 

Фиренца важи за еден од најромантичните градови на светот. Преубавите катедрали, комплетната архитектура во градот, можноста да прошетате низ уникатните палати како и да чуете дел од италијанската музика претставува вистинско неповторливо искуство.

Сиена е позната по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил.

Овој град бил изграден како римска колонија во времето на императорот Август.

Сиена е позната по натпреварот со коњи познат како Палио, кој се одржува два пати годишно, на 2 јули и 16 август. Се работи за коњска трка во која учествуваат по десет претставници од сиенските квартови или таканаречените контради (итал. contrade). Победничкиот кварт ја прославува победата со банкет до раните утрински часови.

Тосканскиот крај е познат и како срцето на италијанска кујна. Тоскана ја нарекуваат и земја помеѓу морето и падините поради својата положба и климатски особености. Кујната е генерално рустична и едноставна со многу ароми и зачини, базирана на она што го дава земјата. Нема помпезни јадења, кои тешко и мачно се приготвуваат.

Доколку сакате да ја почувствувате вистинската магија на Италија, топло ви препорачуваме да ги искористите Велигденските или првомајските празници и да отпатувате во Болоња, Фиренца, Пиза, Сиена, Верона, Венеција.

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-1

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-2

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-3

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-4




-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 07.Април.2012 во 12:40
На викенд во Фиренца
 

Доколку сте расположени и со желба за посета на места во кои ќе го почувствувате духот и карактерот на средновековието, каде што уметноста и општествениот живот од секогаш оделе заедно и го обликувале карактерот на целиот град, тогаш Фиренца е местото за вас.

Доколку се решите да ’тркнете‘ до Италија, а целта не ви е да берете грозје по тамошните лојза, туку оние пари кое сте ги заштедиле да ги искористите за задоволување на вашите (веќе некое време) потиснати синеастичко естетски потреби, а истовремено имате и ’фетиш‘ кон средновековните градби кои од секоја своја пора исшуштаат миризба на мистика и езотерии, тогаш прошетката низ Фиренца може да ја започнете од палатата Davanzati.

Куќичкава е исто така позната и како Фјорентинска куќа на антиката (Casa Fiorentina Antica) – и тоа не значи дека овде имало здружение во кое се играл мал фудбал од кое неколку века покасно се оформил денешниот фудбалски клуб Фјорентина – туку едноставно станува збор за неодамна реставрирана куќа на богатото локално семејство со име Florentine од 14 – от век. Овде, во внатрешноста на куќата се наоѓа внатрешен двор со скалила кои што ве носат кон одаите на Пауните и Папагалите, во кои се уште се наоѓаат оригиналните слики на ѕидовите, додека во бањите се истите такви фрески, со сцени од францускиот романтизам и уште еден куп други ствари од ваков тип.

alt

Значи: доколку во себе имате жичка на некрофилија, ова е иеално место за задоволување на вашите влажни соништа. Палатава е отворена секој ден од 8:15 наутро до 13:50, освен недела и некои си таму понеделници (прво, трети и петти во месецот, или нешто во тој стил).

Доколку пак ви се погоди да патувате околу 24 Јули, огнометите кои се приредуваат во градов, во име и чест на заштитникот на градот Свети Џон, ќе можете да присуствувате на спектакуларен огномет, кој што доколку сте типичен стереотипен турист, лесно може да ви стане и најдоброто доживување во животот. За некое од најдобрите места за посматрање, обезбедете си место на Ponte Vecchio.

Но доколку патувате во овој период од годината, а немате некоја посебна желба да ги гледате местата во кои своевремено Микеланџело блудничел, секако добро ќе си поминете низ бутиците на Фиренца. Зошто, па зарем таму не е скапо, би рекле? Е да, но во овој период од годината имате такви попусти на зимска гардероба, а избор каков што може да ви направи Солун да ви изгледа како прошетка по Шутка. Затоа, не мислете му ја доколку сте шопингохолик, ова е вашата Мека. За по некои си 20 – тина евра ќе можете да изнакупувате парчиња облека за кои во Скопје (дури и да ги најдете) ќе треба да платите барем по една просечна македонска плата.

alt

Исто така, доколку сте полни со негативна енергија која што сакате да ја извадите од себе, секоја втора сабота или недела во Фиренза имате одлична можност за тоа. Кога игра домашниот фудбалски тим на свој терен, секогаш можете да се придружите на тифозите и да направите некое добро ’испуцавање‘ со истите такви на гостинскиот тим. Чак што више и дапаче: овде летаат ножеви, бакљи и слични работи со кои можете да осакатите некого како од шала.

Затоа навистина, не мислете му се многу, доклку на сметката имате барем некои 500 евра, влегувајте во воз и правец Фиренца. Нема да пожалите, по што и да сте отишле да барате!

alt

alt

alt

alt



Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Септември.2012 во 22:47
Искја - шармантниот италијански остров


Искја е најголем остров во Неаполскиот залив и многумина сметаат дека е поубав и од Капри. Искја е вулкански остров кој е долг 10, а широк 7 километри. Планината Монте Епомео го дели островот на два дела. Јужниот и западниот дел се карактеризира со топли и суви ветрови од Африка и кактуси. На северниот дел ќе најдете типични медитерански дрва како бадеми, маслинови дрвја и винови лозја. Мирисот на лимон се чувствува низ целиот остров, додека цвеќињата и бујната вегетација се издигаат на вулканското земјиште.

Иако Искја е прилично населен остров каде што доаѓаат милиони посетители, островот сеуште има напуштени плажи и заливи, а неговата внатрешност претставува празна пасторска идила.

Посетителите најчесто доаѓаат поради термалните извори и вулканските третмани со кал. Островат е исто така богат со историја поради многубројните инвазии во минатото. 

Мирните прошетки во природа, убавите плажи и медитеранската храна го прават овој остров вистински рај.


































-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Септември.2012 во 22:52
Шармантниот италијански град Соренто

Сместен на тераса која гледа на преубавото крајбрежје на Амалфи, Соренто е шармантен стар град на југот на Италија. Неговата локација е одлична, изграден на природни тераси и ридови нуди неверојатен поглед на  Неаполскиот залив. Погледот од терасата каде што е сместен градскиот парк, Белведере, нуди преубав поглед на Везув и островот Капри и е одлично место за одмор и релаксација.

Парковите, вилите, дрвјата со лимони, портокали и маслинки, живописните тесни улички, одличната клима, привлекуваат голем број на туристи во текот на целата година. 

Шармот на Соренто е во неговата рустична едноставност. Интересни занаетчиски работилници распоредени низ средновековните улички и мешавината од локални жители и туристи во центарот му даваат посебен шарм на градот. Шетајќи низ тесните улички ќе забележите долги сенки распослани по нерамната калдрма од надвиснатите балкони и тераси кои речиси ќе ви ја допрат главата. Низ уличките ќе видите распослани алишта кои се сушат на попладневното сонце. Карпите покрај крабрежјето на Соренто и луксузните хотели привлекуваат голем број на познати личности. 
























-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Септември.2012 во 17:13
Комо - едно од најубавите и најшарматни езера



Посетете го градот Комо, кој е стар повеќе од 400 години и кој нуди преубави цркви и историски споменици. Селото Белаџо сместено на јужниот брег на езерото, претставува познато прибежиште за богатите од овој дел на Италија. Тремецо и Чернобио се дом на на некои од најелегантните вили, како што е Вила Карлота, позната по својата ботаничка градина.Езерото Комо е место кое нуди мир, одлична кујна,  планини со снег и богата култура. Лоцирано во сенка на Алпите и на само еден час оддалеченост од Милано, лесно може да се види зошто езерото Комо е популарно место за посетителите повеќе од 100 години. На брегот на езерото се наоѓаат мали села со преубави вили.


Со неговата драматична околина и убава клима, езерото претставува идеално место за патувања со брод и лежерни прошетки. Без оглед дали сакате добра храна, пешачење во природа, шопинг или историски знаменитости, езерото Комо ќе ве воодушеви во секој поглед. 
































-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Септември.2012 во 17:25

Еееее Комо голема насмевкаљубов


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Септември.2012 во 17:29
Ми прави мерак и Сирмионевоздивнување

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 27.Септември.2012 во 21:59


-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 27.Септември.2012 во 22:09
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Еееее Комо голема насмевкаљубов


..еее де,Комо де....воздивнувањемагија...само уште еднаш да го видам...осетам....

мечтаење



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 08:25
Манарола – Чинкве Тере

Манарола е второ најмало село од петте села кои го сочинуваат Чинкве Тере. Неговите куќи во уникатни бои се наоѓаат на ивица на карпа над Лигурското море. Малото пристаниште на Манарола има рампа за бродови, разнобојни куќи, како и место за пливање. Иако тука нема да најдете вистински плажи, ќе најдете совршени места во околината за да уживате во длабоката вода. 








-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 14:58
Ова се најромантичните градови во Италија

Во некои делови од Европа постои изрека дека посетата на Италија може да ја спаси дури и најголемата криза во врската на еден пар.

Сите оние кои ја посетиле Италија ќе ви кажат дека во некои градови навистина може да се одмрзнат и најладните срца.

Романтичната Венеција, топлината на Рим се некои од причините што оваа земја е во обликот на љубовта.

Ова е листата на најромантични градови во Италија:

Фиренца – ден или ноќ во о вој град постојано има неверојатна атмосфера.

http://cdn.popara.mk/wp-content/uploads/2012/07/firenca.jpg?9707a5" rel="nofollow">firenca

Фиренца

Венеција – градот на водатата, мостовите, карневалот и најважно љубовта.

http://cdn.popara.mk/wp-content/uploads/2012/07/venecija.jpg?9707a5" rel="nofollow">venecija

Венеција

Лече – тесните улици, барокната архитектура и многуте цркви е она што го прави овој град посебен.

http://cdn.popara.mk/wp-content/uploads/2012/07/leche.jpg?9707a5" rel="nofollow">leche

Лече

Милано – катедралата во Милано е без соменвање, една од нјубавите цркви кои некогаш биле изградени и совршено го претставува духот на градот.

http://cdn.popara.mk/wp-content/uploads/2012/07/mialno.jpg?9707a5" rel="nofollow">mialno

Милано

Рим – Џузепе Гарибалди знаел од многу одмана: „Рим е градот за кој вреди да се умре“. Истото ова може да се примени и за љубовта, љубов за која вреди да се умре.

http://cdn.popara.mk/wp-content/uploads/2012/07/rim1.jpg?9707a5" rel="nofollow">rim


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 26.Септември.2013 во 01:55
Средновековниот италијански град Спело

Сместен во Умбрија, во централниот дел на Италија, Спело е најшармантниот град во овој регион. Неговата локација ќе ви понуди преубави глетки исполнети со лозја и маслинови дрва. Неговите средновековни ѕидови кријат голем број на цркви од истиот период, ресторани и кафулиња кои нудат вкусна локална храна, вински барови и бутици.   Што го прави овој италијански град толку шармантен? Можеби се неговоте кривулести улички поплочени со камен, кои водат до порти зад кои се крие богата историја. Можеби е пладневната мистериозната тишина откако жителите ќе се повлечат во своите домови. Можеби е моментот во кој можете лесно да се замислите себе си како чекорите по истите овие улици пред стотици години. Што и да е „тоа“, повеќе се забележува во Спело, отколку на било кое друго место. И ако сето ова не ви е доволно, Спело е познат по L'infiorata или Фестивал на цвеќето, кој се одржува секоја година. Листови од цвеќиња буквално го прекриваат целиот град. Љубовта кон цвеќињата продолжува во текот на целата година, каде што жителите на овој град ги редат улиците, нивните скалила и тераси со цвеќиња.














-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 02.Октомври.2013 во 00:02


Como..Italy

posle vakva ubavina koga ke dojde nekoj talijanec ovde kaj nas...i da trubi deka uziva vo ubavinite na nasata zemja...treba eden kUtek da mu se mavne ...da ne ne dupat u zdrav mozok.не 



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Октомври.2013 во 00:14
газење од смеење.........да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 25.Ноември.2013 во 21:38
8 градови во Италија кои мора да ги посетите

Ах, таа Италија! Земјата каде храната е вкусна, архитектурата инспирира, уметноста остава без здив, а луѓето се совршено елегантни. Постојат многу интересни италијански градови, но погледнете кои се оние осум, кои едноставно мора да се посетат.

1. Милано

Во Милано, модата, уметноста и дизајнот се начин на живеење. Тука се бутиците на Гучи, Прада, Версаче, Армани, Долче и Габана, кои несомнено го прават Милано еден од најдобрите градови за шопинг во цела Европа. Покрај модата, Милано е исто така познат и по оперската куќа, Ла Скала, а и како дом на едно од најпознатите уметнички дела – Последната вечера на Да Винчи. Кога ќе се изморите од шопингот, одморете се во околните кафетерии и ресторани во делот Навиља, познат по богатиот дневен и ноќен живот.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

2. Неапол

Неапол е еден од најголемите италијански градови и се смета за најважен во јужниот дел на Италија. Градот е сместен под вулканот Везув. Во средниот век бил град-држава, а сега е најмногу познат по производството на пица и развојот на архитектурата. Тој е прекрасна мешавина од симпатични споредни патчиња, масивни зданија, мали пицерии и фини ресторани. Сообраќајот во Неапол, повеќе наликува на град во Југоисточна Азија, но и тоа е дел од неговиот шарм. Иако нема плажа, возењето по брегот Амалфи, особено ноќе, е една од најубавите глетки во светот.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

3. Болоња

Болоња е еден од необичните, средновековни италијански градови и дом на најстариот универзитет во светот. Овде ќе најдете високи кули, импозантни зданија и отворени плоштади. Поради големиот број студенти, во Болоња владее вистински младешки дух. Ова е култен град, кога станува збор за храната. Добро познатиот Болоњезе сос е неизбежен дел од сите ресторани и таверни.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

4. Џенова

Џенова веројатно е најпотценет италијански град од страна на туристите. Се наоѓа во Северна Италија и воедно е главен град на регионот Лигурија. Џенова изобилува со високи згради во впечатливи бои, стрмни патишта и шармантни споредни улички, кои повикуваат да бидат истражени. Секако, тука е и познатото крајбрежје, каде застануваат луксузни бродови, модерни јахти и чамци и каде се ужива во вкусен сладолед или лимончело.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

5. Фиренца

Фиренца е светскиот центар на ренесансата. Моќната династија Медичи, поставила одлични стандарди и принципи, според кои подоцна, уметниците и архитектите успешно се воделе. Богатата уметност и архитектура се главното обележје на овој град. Тука спаѓаат Дуомо, галеријата Уфици, камбанаријата Џото и плоштадите. Прошетајте низ елегантните улици, влезете во некој традиционален ресторан и воодушевувајте ѝ се на Фиренца со чаша Кјанти вино.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

6. Верона

Верона е уште позната како „Рим во мало“. Градот има богато античко наследство, кое датира од 13-от и 14-от век. Верона е четвртиот најпосетуван град во Италија. Најпривлечни за туристите се Римската арена, каде можат да гледаат опера на отворено, куќата на Јулија и величествените цркви.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

7. Торино

Торино има прекрасна локација на ридовите на Алпите и одлични музеи, шопинг центри и места за јадење. Ве обзема уметничко чувство додека чекорите среде античките згради, барокната архитектура и пешачките патеки. Доколку сакате да го почувствувате италијанскиот амбиент, без многу врева, тогаш ова е вистинското место за вас. Торино е истовремено романтичен и современ, модерен и традиционален.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

8. Рим

Кога станува збор за Италија, Рим не може да се изостави. Град со огромна историја и богато античко наследство. Римскиот Колосеум сѐ уште се смета за една од најневеројатните згради во светот. Историски зданија, аристократски дух, модни бутици и ноќни клубови. Со еден збор, Рим е вистински жив музеј, чии експонати се улиците, зградите, античкото наследство и секако, луѓето. Град кој треба да се посети.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите http://www.pinterest.com/pin/create/button/?url=http%3A%2F%2Fwww.kafepauza.mk%2Fzanimlivosti%2F8-gradovi-vo-italija-koi-mora-da-gi-posetite%2F&media=http%3A%2F%2Fwww.kafepauza.mk%2Fwp-content%2Fuploads%2F2013%2F11%2F8-8-gradovi-vo-italija-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk_.jpg&guid=BbCtSWJdcEkn-7&description=%D0%9A%D0%B0%D1%84%D0%B5%20%D0%BF%D0%B0%D1%83%D0%B7%D0%B0%20%C2%BB%208%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%98%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%B8%20%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B0%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5" rel="nofollow -



Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 23:28
15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка


1. Атрани

Лоциран на Амалфијската обала, овој град е најмалиот град во јужниот дел од Италија. Оваа убава општина беше дури и прикажана во реклама за автомобилот Fiat 500. 

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

2. Кастелсардо

Лоциран во Сардинија, Италија, овој средновековен град во кој живеат околу 5.000 жители се состои од колоритни згради, кои имаат прекрасен поглед кон Средоземното Море.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

3. Вогоња

Со население од помалку од 2.000 жители, оваа извонредна општина е окружена со цела низа планини и неколку окрузи. Замокот Висконти прикажан на фотографијата, е изграден во 1344 година.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

4. Алберобело

Познат по своите специфични куќички со ѕидан конусен кров, Алберобело е живописно гратче, лоцирано во италијанскиот регион Пуља. Некои од куќичките градени од сув камен (без употреба на малтер) се означени со симболи, што ги прави многу атрактивни за туристите.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

5. Неиве

Гратчево со население од над 3.000 жители, изгледа како совршената дестинација за набљудување на зајдисонцето.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка


6. Монте Изола

Со површина од само 13 квадратни километри, Монте Изола е назначен за најголемиот езерски остров во Италија.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

7. Колета ди Кастелбјанко

Ова античко село е целосно изградено од камен и се верува дека било основано за одбрана од  http://en.wikipedia.org/wiki/Saracen" rel="nofollow - Сарацените  во XIII век. Некои од куќите имаат црвени или сини врати, кои го прават овој град уште пошармантен.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

8. Вернаца

Вернаца е еден од градовите кои влегуваат во состав на Чинкве Тере. Во него живеат околу 1.200 жители и е познат како едно од најверодостојните рибарски села на италијанската ривиера. Исто така, нуди „убиствено“ добра глетка.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

9. Отранто

Градот кој некогаш бил познат по одгледувањето коњи, денес има околу 6.000 жители и нуди прекрасен поглед кон кристално бистрите води. Значајна глетка за ова место е Кастело Арагонезе, замок кој е изграден во 1485 година.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

10. Глоренца

Глоренца или некаде познат и под името Глурнс е гратче лоцирано во северниот дел на Италија и во него живеат помалку од 1.000 жители. Интересен е фактот дека повеќето од неговите жители зборуваат германски јазик.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка



11. Доца

Доца е позната по нејзиниот фестивал за насликани ѕидови, кој се одржува на секои две години. Артисти од целиот свет патуваат до овој град, за да го остават својот белег на зградите.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

12. Полињано-а-Маре

Оваа општина во јужна Италија е лоцирана на Јадранското Море и има популарна плажа. Тука исто така има и хотел кој се вика „Grotta Palazzese“, кој има ресторан во пештера, и кој сите коишто го посетиле, го препорачуваат како атракција која вреди да се види.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

13. Малчезине

Малчезине се наоѓа на источното крајбрежје од езерото Гарда и на околу 120 км од Венеција. Живописната глетка и погледот кон езерото го прават овој град вреден за посета.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

14. Кориналдо

Кориналдо е препознатлив по неговите добро сочувани ѕидови од XIV век, како родно место на светицата Марија Горети од римокатоличката црква и по популарниот фестивал за Ноќта на вештерките, кој се одржува секој октомври.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

15. Боза

Овој грандиозен мал град е нареден со згради обоени во свежи бои и палми, а во него живеат околу 8.000 жители. Поголемиот дел од економијата на ова гратче, е обезбедена од агрикултура и риболов.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 01:05
Венеција повторно е поплавена. Баш денес гледав слики, се смета дека е најголемата поплава во последниве 22 години. Нивото на морето пораснало за 115 цм. Од 1993 година до 2002 Венеција била поплавена повеќе од 50 пати, но најголемата поплава до сега била забележана на 4.11.1966 година кога водостојот бил 194 цм над нивото на морето.



rsz_rialto-woman_


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Февруари.2014 во 10:55

Тоскана, една преубава област од Италија: со многу зеленило, ридчиња со стари замоци, архаични куќи, богата историја и многу добро вино.среќа





ht








-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 14:54
Се за карневалот во Венеција

Карневалот во Венеција оваа година ќе се одржи од 15 февруари до 4 март. Проучете како овие денови да ги поминете во преубавиот италијански град на најдобар можен начин.

Венеција за време на карневалот ќе се ослободи од зимската атмосфера и ќе стане град на маски, боја и добро расположение, како што традицијата налага. Според сликите од 18-ти век кои ги сликале Пјетро Лонги и Габриел Бела, може да се заклучи како луѓето го доживуваат овој карневал. Сепак, јасно е дека не е за секого.


Венеција во тоа време обично е пренатрупана со туристи, а цените за сместување вртоглаво растат. За оние на кои тоа не им пречи, овој карневал е единствена прилика да се види Венеција во сосема поинакво светло.

Кога да одите на Карневалот?
За волја на вистината, тие кои ја посетуваат Венеција на средина од првата недела од карневалот, може воопшто да не сфатат зошто овој настан е толку популарен. Имено, тогаш и нема толку многу интересни активности, ако го исклучиме лизгањето на Кампо Сан Поло и неколку помали манифестации кои се одржуваат во помалите улички. Меѓутоа, ако ви е потребно возбудување, посетете го овој карневал за време на викендите, особено оној последниот.


Веќе неколку години во Венеција се практикува по малку американизираната зомби прошетка на 15 февруари во 16 часот од Затере до Пескерие, во близина на мостот Риалто. За да се придружите на „зомбијата“ на бродот, треба да резервирате место преку мејлот zombiewalkvenezia@outlook.it


Клучни датуми
Volo dell’Angelo (лет на ангелите), кога победничката од натпреварот за убавина се вози на жичарницата од Трга, се одржува на 23 февруари. Изборот за најдобар костум обично се одржува на истото место, а најдобриот костим на денот се бира два пати дневно од 22 февруари, додека големото финале за најдобра маска на карневалот е закажано на 2 март.


Каде да се сместите за време на карневалот?
Пронаоѓањето на сместување по поволна цена за време на карневалот може да биде особено „невозможна мисија“. Во овој момент, доколку ви е битна цената, морате да го планирате заминувањето за 2015 година. Меѓутоа, ако сепак сакате да одите во последен момент, најдобро би било да се сместите во некои од градовите во близина на Венеција кои имаат добра сообраќајна поврзаност со карневалскиот град. Се разбира, тоа не може ниту приближно да биде романтично како Венеција, но затоа е далеку попристапно. Освен тоа, одличен избор се и местата долж крајбрежјето североисточно, како на пример градот Лидо ди Јесоло.


Карневалот: Историја на маски
Склоноста на жителите на Венеција да се кријат позади маски е легендарна: строгиот систем на класите во комбинација со слабите можности сиромашните да се дружат со богатите, ја направиле анонимноста посакувана во овој отсекогаш пренатрупан град. Во 13-тиот век во Венеција бил донесен закон со кој било забрането носење на маски за време на коцкањето. Подоцна станало и нелегално да се носат маски во манастирите или за време на религиозните фестивали.


Алтернативи
Ако сета таа гужва во Венеција ви изгледа малку претерана, регионот Венето нуди бројни алтернативи, вклучувајќи величенствена поворка на бродови за време на последниот викенд од карневалот, како и помал карневал во Верона кој има долга традиција – се организира без прекин секоја година од 1531 година.


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 09:42

Магијата на Италија


Image result for photos of РИМ


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 09:43

Image result for photos of РИМ




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 09:44

Италија одблизу


Image result for photos of РИМ

Related image


Image result for photos of РИМ


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 09:46

Тоскана – гордоста на Италија



Тоскана е можеби најпознатиот регион во Италија, кој се наоѓа во северозападниот дел од оваа медитеранска држава. Тоскана е позната по прекрасните пејзажи, архитектурата, богатата историја, уметноста и постојаното влијание врз високата култура.

Тоскана се смета за родно место на италијанската ренесанса. Таму се родени бројни личности кои оставиле длабок печат во историјата на уметноста и науката. Овој регион од Италија е познат во целиот свет поради одличните вина, а во него се наоѓаат голем број исклучително важни музеи. Дури шест локалитети во Тоскана се прогласени за културно наследство под заштита од УНЕСКО, а во целиот регион има преку 120 природни резервати, поради што бројот на туристите се зголемува секоја година.


Image result for photos of ТОСКАНА



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 13:07
Италија, земја на вкусови

Италија отсекогаш била синоним за „добра храна“, нудејќи непогрешлива комбинација од вкусови, мириси и ароми. Покрај тоа што Италија  има една од најпознатите кујни, таа исто така нуди неверојатна разновидност на различни регионални јадења и рецепти.

Патување низ италијанската гастрономска култура, во потрага по антички рецепти, автентични продукти,  како и едноставната храна инспирирана од класичното италијанско готвење и иновативните креации е нешто што не смеете да го пропуштите. 

Светски реномираните производи како пармезанот „Parmigiano Reggiano“, шунката „Parma“ и “San Daniele“, оцетот „Aceto balsamico“ од Модена, „Pesto Genovese“ од Кампанија, како и белиот тартуф се само дел од симболите на Италија. И како може некоја да ја заборави пицата и тестенините, универзалните обележја на Италија?

Не смееме да ги заборавиме вината, благородните амбасадори на италијанската гастрономија во светот. Античките грци ја нарекувале италија „Енотрија“ поради производството на исклучителни вина. Задоволството да дегустирате вино во родната околина е бесценето. Пробајте Chianti или Brunello di Montalcino во Тоскана, Prosecco di Valdobbiadene во Венето, Lambrusco во Емилија Ромања или некои од сицилијанските вина. 

Италија нуди голем број на вкусови кои мора да се пробаат и кои го предизвикуваат апетитот, очите и срцето.




























-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 16:50

POSITANO – ВОЛШЕБНАТА РОМАНСА НА ИТАЛИЈА

Ви претставуваме италијанска приморска населба, која станува сé попопуларна туристичка дестинација…

Романтичната населба Positano е уникатно место кое мора да се посети !!! Всушност, станува збор за мало село, односно комуна која се наоѓа на брегот Амалфи. Убавата клима, идиличната поставеност на куќите и останатите објекти… целото место предизвикува воздишки и заслужува особено внимание… Додека сончевите зраци се на хоризонтот, ова место ги празнува блескавите бранови… Кога ќе падне мрак и кога целото ова место ќе светне – настанува експлозија од емоции…

Тешко дека ќе можете да ѝ одолеете на оваа убавина !!!


Image result for photos of ПОСИТАНО ИТАЛИЈА



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 16:59

Има уште многу вакви прекрасни местенца.
Едно од нив е Cinque Terre, во Лигурија.
Зоната е прогласена за национален парк и под заштита на УНЕСКО.




















-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 17:04

АРБЕЛОБЕЛО, ИТАЛИЈАНСКИОТ МОЗАИК ОД УНИКАТНИ ЖИВЕАЛИШТА...


Image result for photos of АРБЕЛОБЕЛО
Image result for photos of АРБЕЛОБЕЛО

Image result for photos of АРБЕЛОБЕЛО


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 17:20

VERNAZZA, ИТАЛИЈА – МИСТЕРИОЗНОТО МЕСТО КОЕ ЌЕ ВИ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ

Vernazza е град во  северна Италија, едно од местата кои го сочинуваат регионот Cinque Terre. Oва е местото во кое нема сообраќај и градот кој ќе Ви ги отвори очите. Зошто ??? Зошто овде ќе ја имате вистинската прилика да почувствувате дека животот е убав, без да бидете зависни од секојдневните политички случувања и без да бидете „ во чекор со последните случувања “…

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-216.jpg" rel="nofollow">1 (2)

Во превод, овој град значи мајчин град, што можеби е некоја случајност, поврзана со фактот дека местово дава некоја чудна енергија што Ви го сменува животот. Ова место е и признато како светско културно наследство на УНЕСКО. Денес, главен извор  за приходи, овде, е туризмот. Како сведоштво за старата традиција на риболов, производство на вино и маслиново масло, денес повторно се одржуваат значајни манифестации кои прават овие вредности да заживеат.

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-414.jpg" rel="nofollow">1 (4)

На 25 Октомври 2011 година, овој град беше погоден од поројни дождови, масивни поплави и лизгање на земјиштето, предизвикувајќи огромна штета. Градот беше евакуиран и континуирано продолжи вонредната состојба. Сепак не згаснува можноста дека ова место повторно ќе биде безбедно и ќе го менува Вашиот живот, позитивно…

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-512.jpg" rel="nofollow">Falling Tide - (Vernazza, Cinque Terre, Italy)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-611.jpg" rel="nofollow">1 (6)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-712.jpg" rel="nofollow">1 (7)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-814.jpg" rel="nofollow">1 (8)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-913.jpg" rel="nofollow">1 (9)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-1014.jpg" rel="nofollow">1 (10)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-1210.jpg" rel="nofollow">1 (12)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-137.jpg" rel="nofollow">1 (13)

http://popara.mk/wp-content/uploads/2012/04/1-147.jpg" rel="nofollow">1 (14)

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 08:35

МИЛАНО, ИТАЛИЈА ВО МАЛО

NaslovnaMilano

На патот кон Милано веројатно ќе пројавите желба за шопинг, фудбал и опера, но само еден поглед кон Дуомо катердаралата и веќе ќе бидете воодушевени. Милано се смета за модна престолнина и центар на гламурот и фудбалот, но немојте да го потцените како историски град, бидејќи има што да се види.

Пред се, посетата на Милано не е комплетна ако не ја посетите операта. Уживајте во прекрасните звуци на познатите композитори како Моцарт, Росини и Верди, познатиот Скала.

Во Милано, постојат десетици средновековни цркви да се откријат и прекрасен замок Сфорцеско, кој е нешто најдобро што Милано може да го понуди, Нереалниот Дуомо, градската катедрала на која има над 3500 статуи и која е најдобриот пример на готската архитектура. Ова гигантско уметничко дело е преплавено со статуи од светлуцав бел мермер. Доколку се качите на нејзиниот врв пред вас ќе се појави спектакуларниот поглед кон градот. Изградбата на оваа катедрала е започната во 1386 година, а завршена е во 1805, бидејќи Наполеон сакал да биде крунисан како крал на Италија.

milano01

Можеби неможе да се натрпеварува со Рим, Фиренца или Венеција, но сепак Милано има што да понуди, а тука треба да се спомене пред се “Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Неколку уметнички и историски музеи можете да ги посетите и да обрнете особено внимание, за тоа ќе ви треба еден ден. „Brera” е најдобрата уметничка колекција која можете да ја видите во овој град, која вклучува 700 години уметничка историја и има дела на Рафаел “Венчавката на Марија и ЈОсиф“,на Микеланџело, Белот и Каналет. Историската библиотека Амброзија, ги чува нацртите и записите на Леонардо да Винчи.

milano03

Место каде се раѓаат модните трендови. Се рзбира неможете да отидете во Милано, а да не направите барем еден шопинг на улицата Монтенаполеон. Познатите модни бутици се подеднакво интересно направени како и најдобрите музеи. Миланските бутици и продавници се меѓу најдобрите во светот. Прошетајте низ улиците Дела Спига, Сант Андреа и Манкони и откријте ги најдобрите марки во светот, од Армани, Долче и Габана, Валентино, Версаче. Ги има илјадници бутици, а секој може да си најде нешто по свој вкус.

milano02

Милано може да понуди различни видови инспиративни ноќни забави за сечиј вкус. Вечер помината во Миланската скала е врвно искуство за љубителите на операта и балетот. За друг вкус пак постои познатиот фудбалски стадион Сан Сиро. Ако пак сакате да воздивнете од градската врева одете до градината Публичи, каде оваа голема зелена оаза има фонтани, споменици и статуи и претставува одлично место за одмор и уживање.

milano04



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 08:38

ТОСКАНА, ИТАЛИЈА

toskana

Тоскана е еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северо-запад се граничи со Лигурија, на север со Емиља-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Површината која го зафаќа овој регион на Апенинскиот Полуостров е 22.997 км², а името произлегло од првите жители кои ја населувале таа зона, Етрурците или Туски, кои му ги дале на регионот првите форми на територијална организација. По нив, регионот бил завземен од страна на Римјаните а по паѓањето на Римската Империја, Тоскана паднала под власт на Готите, Лонгобардите и на Каролинзите. Во средновековниот период биле основани независните општини кои не издржале под превласта на Фиренца со која управувало семејството Медичи.

Ligurien_Korsika_Toskana_Elba

Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет.


Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно.

toskana-2007-35



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 08:39

ВЕНЕЦИЈА, ИТАЛИЈА

Venice-Gondola1

Венеција е една од најважните туристички дестинации во светот, поради тоа што градот е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот. Во градот доаѓаат во просек 50.000 туристи дневно. Во 2006 година, тoj беше 28-ми меѓународно нajпосетeн град во светот, со 2.927.000 меѓународни пристигнувања таа година.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Туризмот е главен сектор на Венецијанскaтa индустрија уште од 18 век, кога беше еден од главните центри за големата турнеја, поради неговиoт убав градски пејсаж, уникатност и богатото музичко и уметничкo културно наследство. Во 19 век, стана модерен центар за богатите и славните, кои често престојувале или вечерале во луксузните објекти како Даниели Хотелот или Кафе Флориан. Тој продолжил да биде модерен град во раниот 20 век. Во 1980 година, Карневалот во Венеција беше оживеан и градот стана еден од главните центари зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, културни, филмски, уметнички и музички продукции.

VENEZIA 3

Денес постојат голем број атракции во Венеција, како што се базиликата Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко. Lido di Venezia е исто така популарна меѓународнa луксузнa дестинација, која привлекува илјадници актери, критичaри, познати личности и луѓе филмската индустрија.

Venezie Venecija

Сепак, популарноста на Венеција како главна туристичка дестинација во светот предизвика неколку проблеми, вклучувајќи го и фактот дека градот може да биде многу пренатрупан на некои периоди од годината. Некои тоа го сметаат за туристичка замка, а од другите како „жив музеј“. За разлика од повеќето други места во Западна Европа и во светот, Венеција стана широко познатa по своите елементи на елегантна рушевина.

arco_venezia

Kомпетитивноста на странците што сакаат да купат дом во Венеција направи цените да се зголемат толку многу што голем број од жителите се принудени да се преселат во попристапни области како Венето и Италија, собено Местре.

 

VenecijaItalija



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Април.2014 во 11:05

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/21627-posetete-go-srceto-na-italija-toskana" rel="nofollow - - Посетете го срцето на Италија – Тоскана


Ако имате потреба да ја нахраните душата со патување во скоро време, а се уште немате одлучено каде, еве една туристичка дестинација во Европа која ќе ве опие со својата убавина и експлицитна италијанска кујна.

posetete-go-srceto-na-italija-toskana-01

Добрата страна е што од скоро имаме и евтини летови до Италија, па во комбинација со авион и воз, брзо и едноставно може да стигнете до оваа дестинација.

Што мора да посетите додека сте таму?

Тоскана е поделена на девет провинции кои подеднакво го одземаат здивот.

Не пропуштајте да го посетите главниот град - Фиренца, култната Пиза, средновековната Сиена, палатите и возвишените катедрали, фонтаните, тврдините, плоштадот del Kampo, гробницата на семејството Медичи, идеалниот Ливорно и мистичната Лука.

Што да пробате од италијанската кујна?

Тоскана е срцето на италијанска кујна. Традиционално, од 19 до 28 април се одржува познатиот фестивал на храната и виното, кој привлекува голем број туристи од целиот свет - Castagneto Carducci.

Задолжително пробајте ги вкусните пецива Lambredotto, палачинките со костени Necci, неверојатниот гулаш од свежи риби и по малку од сите мистични зачини кои може да се најдат свежи на пазарот.

Со храната не заборавајте да се напиете од најпознатите вина во светот Carmignano, Chianti, Chianti Classico, Brunello di Montalcinо - вино и храна е комбинација која ги активира сите ваши сетила кога сте во Италија.

Покрај традиционалните италијански пици и тестенини, дозволете си барем два вида сирење и чаша бело сортно вино во некој од преубавите ресторани.

posetete-go-srceto-na-italija-toskana-02

Што да понесете со вас?

Совршена комбинација која нема да зафаќа голем простор во вашиот куфер, е портокалова комбинација, сандали, голема чанта, очила за сонце, впечатлив накит и моден додаток за коса, како што се цветовите или шапките.

Овој стајлинг ќе ве натера да се соедините со духот на незаменливата Тоскана.

posetete-go-srceto-na-italija-toskana-03



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2014 во 22:22

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/23309-vasata-sledna-destinacij-portofino-italija" rel="nofollow - - Вашата следна дестинација: Портофино, Италија

Сега е вистинското време да побегнете од секојдневието и да уживате во убавините на слаткиот живот, или како што тие би рекле „dolce vita!“

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-01

На помалку од 40km од Џенова, Портофино е сокриен во националниот парк со неверојатно бистра вода. Некогаш важело за рибарско село, но во 1950 година започна неговата популаризација.

Денес, Портофино е синоним за италијанскиот гламур, преполн со луксузни вили во сопственост на Армани и Долче и Габана.

Непосредно пред почетокот на летото не пропуштајте да го посетите овој италијански природен бисер, затоа што во шпицот на сезоната цените се вртоглаво високи.

Кога еднаш ќе отпатувате таму, морате да ги обиколите некогашните рибарски колиби кои сега се претворени во ексклузивни бутици, но мора и да испловите по водите по заоѓањето на сонцето.

Не бидете мрзеливи, шетајте низ прекрасните градини, а не ја пропуштајте ниту посетата на San Fruttuoso, до која можете да стигнете со брод или пешки.

Тука ќе пронајдете црква која датира од 7 век и ќе имате извонредна можност за вкусен ручек на терасата на ресторанот „ Da Giovanni.“

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-02

Ако немате можност да престојувате во него, задолжително барем разгледајте го „Belmond Hotel Splendido,” кој е еден од најдобрите во цела Италија.

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-03

Вечерајте во ресторанот „Liguria“ ако сте љубители на песто и фокача, а во „Chuflay” доколку планирате романтична вечера со домашни специјалитети.

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-04

Не заборавајте да понесете пакување песто сос за дома!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јули.2014 во 16:08

http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/24367-mediteransko-opustanje-na-jugot-na-italija" rel="nofollow - - Медитеранско опуштање на југот на Италија


Сместен во некогашната тврдина со поглед кон море, луксузниот хотел Don Ferrante кој се наоѓа во малечкото местенце Монополи, Бари нуди уживање и опуштање со мирис на солена вода и божури.

mediteransko-opustanje-na-jugot-na-italija-01.jpg

Хотелот располага со 10 соби, сите уредени во медитерански стил и опремени по најмодерни стандарди, сопствен ресторан, рајска градина и прекрасен базен.

Најголема атракција која привлекува по неколку стотици туристи дневно се каскадните скалила со поглед кон море.

На најголемата од нив, гостите можат да уживаат во медитеранските специјалитети подготвени во ресторанот кој е сместен во некогашното складилиште за оружје од 16-ти век.

Don Ferrante е оддалечен на само неколку минути од најубавите италијански плажи и локали кои го заокружуваат пријатното доживување.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Октомври.2014 во 21:08

УБАВИНИТЕ НА ИТАЛИЈА

5

< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1412222815222" name="I0_1412222815222" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fubavinite-na-italija%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.AHMRz54syrk.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Ft%3Dzcms%2Frs%3DAItRSTNeilZtZkJqZtx68_JIBTZ3K2-JVA#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1412222815222&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=40404558" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;">
http://popara.mk/2014/patuvanja/destinacii/ubavinite-na-italija/" rel="nofollow -

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fubavinite-na-italija%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Италија е прекрасна земја со богата култура што ја прави одлично место за фотографирање.


http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fubavinite-na-italija%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Ноември.2014 во 06:37
Бурано - Италија 




















-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Февруари.2015 во 00:19

http://en.wikipedia.org/wiki/Genoa" rel="nofollow - Џенова , град - музеј. На секој чекор историја, еден куп замоци, катедрали, тврдини, музеи. Има толку многу да се види, што времето секогаш е кратко. Роден град на Кристифор Колумбо, Николо Паганини и уште многу други значајни историски личности.

Родната куќа на http://it.wikipedia.org/wiki/Casa_di_Cristoforo_Colombo_%28Genova%29" rel="nofollow - Кристифор Колумбо т.е. она малку што останало од неа, сега музеј. И Porta Soprana, веднаш до неа:







Палатата San Giorgio веднаш на старото пристаниште до аквариумот, која некогаш била затвор и во која затворски денови има поминато и Марко Поло.








Катедралата San Lorenzo:





Palazzo Ducale, некогашно седиште на античката Република, сега музеј:




 

Piazza De Ferrari, ама сликана од неубав агол, без споменикот на http://it.wikipedia.org/wiki/Piazza_De_Ferrari" rel="nofollow - Џузепе Гарибалди :




Една од атракциите е пиратскиот брод http://en.wikipedia.org/wiki/Neptune_%28galleon%29" rel="nofollow - Нептун,  во старото пристаниште. Вистинскиот брод од филмот “Пирати“ на Роман Полански, отворен за посети. Само не даваат да се пука од топовите.голема насмевка




















-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 25.Февруари.2015 во 00:41

И најголемата атракција за децата (и не само за децатаголема насмевка) - http://www.acquariodigenova.it/en/" rel="nofollow - Аквариумот . Втор по големина во Европа, со големи базени со делфини на отворено, како и на 8 метри под морското ниво, со пингвини, фоки, ајкули, па и крокодили и најразлични видови риби и морски свет.

Делфините се нешто неповторливо.љубов




















-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Април.2015 во 08:59

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/30884-10-raboti-od-koi-ke-se-razocarate-koga-ke-ja-posetite-italija-za-prv-pat" rel="nofollow -

Пица, тестенини, еспресо, кожни чанти, историски знаменитости, катедрали и многу порции превкусен џелато се дел од работите кои туристите очекуваат да ги затекнат во Италија.

10-raboti-od-koi-ke-se-razocarate-koga-ke-ja-posetite-italija-za-prv-pat-01.jpg

Додека истражуваме за земјата која сакаме да ја посетиме многу често ги занемаруваме информациите за локалното население, а всушност тие се срцето и душата на една земја.

Патувањето во Италија ќе ви остане во сеќавање како прекрасна авантура, но пред да ги спакувате торбите, мора да ги имате предвид овие 10 работи.

1. Вревата е често неподнослива

Кога на странците некој ќе им спомне Италијанци, првата асоцијација секогаш е вревата. Постојаната, сеприсутна, заглушувачка врева. За туристите, кои првпат се во Италија секое излегување од хотелот е авантура сама по себе кога ќе се најдат на улиците полни со луѓе кои разговараат, викаат, се караат гласно по телефон, свират додека возат...

Имајте предвид дека ѕидовите во Италија се прилично тенки, па може да се случи заедно со соседите, и вие да гледате, односно слушате телевизија. За жал, решение за овој проблем нема, но знајте дека со време ќе се навикнете и на најголемата врева и викотница.


2. Јадењето е составено од неколку различни порции

Не очекувајте јадењето да ви биде послужено одеднаш. Традиционалниот италијански оброк е составен од најмалку три различни порции.

Менито се состои од антипасто, вид на предјадење составено од салама и мариниран зеленчук,прими пиати (рижото, тестенини или њоки), главното јадење е секонди пиати кое може да се служи со или без конторно - зеленчуков гарнир. Оброкот се завршува со десерт кој најчесто е турамису, панакота или џелато.

На странците им е чудно да јадат тестенини без месо, прилози и салата, но во Италија порциите не се служат заедно.


3. Појадокот е лесен и сладок

Типичниот италијански појадок колационе се состои од филџан топол пијалак како кафе, капучино, топло чоколадо или црн чај и слатко печиво како бриош леб, кроасан или колаче. Ако сте навикнати на обилен (и солен) појадок, најдобро би било да појадувате во хотел.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-1

4. Гестикулациите се задолжителни

Италијанците не би биле Италијанци кога не би гестикулирале со раце. Туристите тешко ја забораваат глетката на група Италијанци кои гласно разговараат додека рацете им летаат наоколу.

Гестукулацијата Италијаните ја наследиле од далечното минато кога грците дошле да го колонизираат Непал. Тогаш Италијанците почнале меѓусебно да комуницираат со гестови за да не ги слушнат непријателите и така почнала традицијата која сè уште постои во италијанската крв.

Сакате да научите како невербално да комуницирате со Италијанците? Ако нешто ви се допаѓа, спојте ги прстите и бакнете ти. Некој ве нервира? Поминете со задниот дел од прстите нагоре по вратот и преку брадата. Но, сепак, внимавајте со последната гестикулација, Италијанците се многу темпераментен народ.


5. Децата се главни

Странците за многу кратко време забележуваат дека на Италијанците семејството им е на прво место. Децата им се најважни во животот, тие се смислата на нивното постоење.

Децата во Италија имаат поголема слобода од нивните врсници низ светот и им се дозволува да прават сè што сакаат во јавност. Тие се добредојдени во сите ресторани, дури и во најелитните, и никој не е изненаден од глетката на разиграни деца кои се бркаат околу масите додека гостите јадат.


6. Италијанците возат како луди

Размислете двапати пред да седнете зад волан во Италија и осигурете се дека ќе може да возите покрај лудите (иако вешти) италијански шофери. Да, тие нема да држат растојание, постојано ќе се обидуваат да ве претекнат и воопшто нема да ги почитуваат сообраќајните знаци. 

Сè ова е сосема нормално во Италија и затоа воопшто не изненадува податокот дека секоја година последователно ги прогласуваат за најлоши возачи во цела Европа.

Ако сè уште сакате да изнајмите автомобил во Италија, возете со самодоверба и научете неколку италијански пцовки, верувајте дека ќе ви требаат.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-2

7. Личен простор, што беше тоа?

За Италијанците сосема е нормално да застанат блиску (односно да се „залепат“) до личноста со која разговараат, како и тоа постојано да го допираат соговорникот за рака и дланка. Што се однесува до Италијанците, близината и телесниот допир се задолжителен дел од вербалната комуникација.


8. Продавниците затвораат на пладне

Однапред планирајте си го денот со внимание бидејќи во Италија продавниците затвораат во периодот од 12:30 до 15:30. За разлика од шпанската „сиеста“, Италијанците не спијат туку времето го користат да одат дома, да зготват нешто и да одморат пред да се вратат на работа.


9. Кафето има различна цена во зависност дали ќе седите или стоите

Додека сте во Италија, искористете го времето да уживате во неповторливиот вкус на вистинското еспресо, капучино, макијато, кафе лате, кафе фредо... Кафето во Италија се пие во посебен „кафе бар“ но немојте овие италијански барови да ги поистоветувате со нашите во кои се точи алкохол.

Тука ќе влезете, ќе најдете слободна каса, ќе платите, ќе и се придружите на колоната бучни Италијанци и кога ќе дојде вашиот ред, ќе порачате кафе.

Ќе забележите дека најголемиот дел од мештаните стојат додека пијат кафе, тоа е сосема нормално во Италија. Но, ако сте навикнати да седите додека пиете кафе бидете подготвени дека ќе мора да доплатите ако сакате да ве сместат на некоја од масите.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-3

10. Италијанците доцнат, и тоа многу!

Нешто што многу ги изненадува туристите е сознанието дека Италијанците, кои важат за многу динамичен народ, всушност се многу опуштени. Обидете се да не се фрустрирате додека чекате, но Италијаните се озлогласени по тоа што многу и постојано доцнат.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Мај.2015 во 08:36

Сонуваме за летување на италијанското крајбрежје


Безвременската убавина на италијанскиот крајбрежен град Амалфи на југо-запад ги одушевува бројните туристи и трагачи за совршено место за одмор. Планинските клисури се спуштаат сè до морето и создаваат еден магнетски привлечен пејзаж каде што може да го пронајдете вашето место под сонце. Суперлативите кои најдобро го опишуваат овој дел од Италија ги препозна и УНЕСКО, кој го прогласи местото за заштитена светска градина.


Токму на ова место се наоѓа еден идеален хотел, Санта Катерина, кој е изграден на неколку минути возење од градот. Историјата на ресортот е исто толку импресивна како и неговото природно окружување. Оригиналната конструкција е направена уште во 1880 година, а реставрацијата во 1904 година.


Денес ова популарно место за одмор брои 70 соби, при што повеќето имаат поглед кон морето. Освен зелените градини, хотелот има и отворен базен со поглед кон морето, каде што бројните хедонисти може да уживаат со часови.


Во хотелот има врвен ресторан каде што секојдневно се нудат медитерански специјалитети, клуб на плажа за попладневни коктели, како и богат wellness клуб за масажа или посета на сауна.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 24.Јуни.2015 во 05:58

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/31926-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto" rel="nofollow - 10 најубави плажи во јужна Италија (фото)



Италија е магична сама по себе. Секое нејзино катче е исполнето со посебен шарм кој освојува на прв поглед. Убава е во сите годишни времиња, но во лето е една од неизбежните дестинации за летување на туристи од целиот свет.

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-01

Мирисот на морето и долгите песочни плажи се простираат по целата нејзина должина, а кој дел и да го одберете нема да погрешите.

Сепак, како едни од популарните се плажите во јужна Италија каде има сосема поинаков менталитет на Италијанците од оние во северна Италија.

Но и на плажите има многу повеќе забава, лудување, избор на плажи под карпи, кристално сина вода и сонце кое ве гали со своите зраци.

Ако веќе размислувате за вакво летување, не ги одминувајте десетте најубави плажи во јужна Италија:

1. Torre lapillo, Porto Cesareo (Lecce, Puglia)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-1.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-2.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-3.jpg


2. Marina di pescoluse (Lecce, Puglia)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-4.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-5.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-6.jpg


3. Baia di leranto, Massa Lubrense (Napoli, Campania)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-7.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-8.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-9.jpeg


4. Capo Rizzuto (Crotone, Calabria)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-10.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-11.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-12.jpg


5. Marina Piccola da via Krupp, Capri (Napoli, Campania)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-13.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-14.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-15.jpg


6. San Nicola Arcella (Cosenza, Calabria)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-16.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-17.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-18.jpg


7. Tropea, Vibo Valentina (Calabria)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-19.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-20.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-21.jpg


8. Calette di Maratea (Potenza, Basilicata)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-22.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-23.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-24.jpg


9. Cala Bianca, Cliento (Salermo, Campania)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-25.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-26.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-27.jpg


10. Baia dei Turchi (Ortanto, Puglia)

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-28.jpg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-29.jpeg

top-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto-30.jpg



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Јули.2015 во 09:22
Polignano a Mare: Еден од најубавите градови кои некогаш сте ги виделе



Еден од најубавите крајбрежни градови во Италија крие една мала, но дефинитивно магична плажа. Овој град е дом на луѓе од праисториски времиња, а до ден денес успеал да го задржи својот шарм. Камени улици, мирни плоштади и мистични морски пештери буквално ве повикуваат да дојдете во Полигнано.


Темните пештери околу градот биле дом на луѓе уште во неолитско време. Подоцна го освоиле Германите и со него владееле многу семејства се` до 19-ти век.




Денес, Ред Бул ги користи околните карпи за одржување на своето натпреварување Cliff Diving World Series, а за тоа време градот го посетуваат туристи од сите делови на светот.


Под градот се наоѓа плажа која се наоѓа на елитната листа на Coste dei Trulli – скапи плажи кои ги задоволуваат високите стандарди во квалитетот на водата и животната средина.



Ако мислевте дека да се дојде до овој град и оваа плажа е проблем, се лажете. Во соседниот град има меѓународен аеродром, а оттаму автобусите возат луѓе до градот на секој час во текот на целиот ден. Но, најдобрата опција е да земете рент-а-кар и да уживате во глетките додека се возите кон ова место.


Без оглед на тоа за кој превоз ќе се одлучите, на вистински пат сте затоа што ова место вреди да се види!




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Јули.2015 во 23:06

Во посета на прекрасното гратче Спело, Италија


Гратчето Спело, познато и како Хиспелум, се наоѓа во Умбрија, Италија. Античкиот град во областа Перуџа фасцинира со неговата извонредна архитектура, компресирана во мал простор. Густата мрежа од мали и тесни улички е детерминирана, пред се, од средновековните градби на Спело.

Каде и да одите, ќе завршите на некое убаво место. Туристичките водачи дури и препорачуваат да се изгубите низ уличките на Спело – на тој начин можете вистински да го доживеете духот на гратчето. Локалните жители важат за многу гостољубиви и секогаш спремни за разговор, но и да ви помогнат со навигацијата низ ова прекрасно место.

Погледнете и сами како изгледа уникатното село, богато со архитектонско наследство од Романската, Средновековната и Ренесансната ера.

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy

Streets of Spello – the Most Exciting Hike in Ancient Town, Italy



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Октомври.2015 во 08:05

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/35183-23-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija" rel="nofollow - 23 работи кои не смеете да ги пропуштите кога ќе ја посетите Италија .

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-001.jpg

Понекогаш од премногу убавини може да заборавите клучни и суштински работи, па затоа вреди да си ја понесете оваа листа со себе следен пат кога ќе отпатувате до Италија.

Затоа што овие 23 работи не смее да ги пропуштите кога сте веќе таму:

1. Возете се со бротче по крајбрежјето на Амалфи. Останете ноќ или две во шармантното селце, Позитано кое е како излезено од разгледница.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-01.jpg


2. 
Разгледајте ги колоритните куќи во Изола ди Бурано.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-02.jpg


3. 
Пловете низ Blue Grotto пештерата во Капри, каде има магично сино светло кое се рефлектира во водата.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-03.jpg


4. 
Шетајте низ калдрмата на Cinque Terre и истражете ги малите околни селца.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-04.jpg


5. 
Пробајте таљатели ал рагу, со болоњезе сос, во Болоња.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-05.jpg


6. 
Возете се со бротче околу езерото Como, едно од најубавите во Италија.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-06.jpg


7. 
Свртете круг низ лавиринтот од урнатини на Римскиот форум.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-07.jpg


8. 
Ако имате можност, скијајте по терените на Доломитите. Попатно истражете го и селцето Cortina d'Ampezzo.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-08.jpg


9. 
Уживајте во највкусната пица во светот во Неапол.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-09.jpg


10. 
Пловете по Lago di Garda, најголемото италијанско езеро.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-10.jpg

11. Искачете се на врвот на Етна во Сицијлија, највисокиот и најактивен вулкан во Европа.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-11.jpg


12. 
Вратете се назад во времето и истражете ги урнатините  од храмот Конкорд и театарот на Таормина во Сицилија.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-12.jpg


13. 
Мирно прошетајте низ тивките и спокојни ренесансни градини Villa d'Este во Тиволи.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-13.jpg


14. 
Изгледајте настап во La Scala, светски познатата оперска сала во Милано.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-14.jpg


15. 
Наточете чашка вино директно од лозјата во Тоскана.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-15.jpg


16.
 Нурнете се во природните бањи Saturnia во Тоскана, каде топлите извори постојано течат слободно.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-16.jpg


17. 
Фрлете паричка во фонтаната Trevi, и легендата вели дека сигурно повторно ќе се вратите во Рим.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-17.jpg


18.
 Истражете го средовековниот град San Gimignano, обиколен со тврдина во Сиена.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-18.jpg


19. 
Уживајте во сонцето и песокот на некоја од плажите во Римини.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-19.jpg


20.
 Ѕирнете ја познатата тераса на Јулија во Верона.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-20.jpg


21. 
Пловете со гондола низ каналите на Венеција.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-21.jpg


22. 
Искачете се на врвот на Duomo во Фиренца за спектакуларен поглед на градот.

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-22.jpg


23. 
И јадете џелато... Насекаде!

23-raboti-koi-ne-smee-da-gi-propustite-koga-ke-ja-posetite-italija-23.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Февруари.2016 во 08:04

http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/38233-italija-zemja-vo-koja-odnovo-kje-se-pronajdete-sebesi" rel="nofollow -

Италија – земја на убавите жени, виното, тестенините, модата и што уште не. Има нешто апсолутно магично во неа кое никој не може да го објасни.

italija-zemja-vo-koja-odnovo-kje-se-pronajdete-sebesi-01

Оваа магична држава има моќ да ве замисли додека се шетате низ древните улички по тосканското сонце, со сладолед од страчатела во раката. Дали има нешто поубаво во животот од тоа? И навистина, има ли?

И сами знаете зошто треба да ја посетите, но дали знаете кои се придобивките од нејзиното посетување?

1. Ќе научите да се пробиете низ хаотичниот свет

Во земја каква што е Италија, можат да се случат многу непланирани нешта – па затоа многу-многу не се потпирајте на вашите планови. Ресторанот во кој сакате да јадете може ненадејно да затвори, можеби ќе чекате ред за да купите карти за Милано кои ги резервиравте 3 месеци претходно само за да сфатите дека сите луѓе пред вас се обидуваат да се качат на истиот воз затоа што тој е последниот.

Италија не функционира по ничиј часовник, освен по сопствениот – а тоа може да биде многу фрустрирачки за сите кои се опседнати со планирање и точност. Но, знаете што? Фала му на бога што постои. Ти благодариме Италија затоа што нѐ потсетуваш дека ние не сме центар на светот и дека без разлика колку мислиме дека го заслужуваме, убавиот живот најдобро се живее без очекувања.


2. Ќе се чувствувате подобро поради милозвучниот јазик

За разлика од другите европски јазици, учењето и зборувањето на само неколку клучни италијански фрази може да ги восхити дури и оние најнервозните продавачи. Токму затоа што италијанскиот јазик ретко се зборува надвор од нејзините граници, локалните жители ќе бидат восхитени од странецот кој се обидува да го зборува нивниот јазик, отколку да го побара тоа што му треба на англиски.

Вашиот италијански може да биде катастрофа, но срамежливиот обид скоро секогаш е добредојден и придружен од благодарна насмевка, слатка смеа и нежна корекција, ослободувајќи ве од стравот дека звучите смешно. На сите ни е потребно малку охрабрување за да се соочиме со стравовите и да престанеме да се грижиме околу совршенството и да пробаме нешто. А Италија е најдобриот избор за тоа.


3. Ќе ги забележите секојдневните нешта

Ако не одвоите барем 5 минути да пробате буфала моцарела полиена со маслиново масло и свежо исечкана пиперка, тогаш многу пропуштате. Пропустот кој Италија го има со временската точност го надополнува со прецизноста на вкусови кои се наоѓаат во наједноставните состојки.

Понекогаш не ви е потребен луксуз – доволно ви е да видите бакарни парички како тонат во водата од фонтаната, мирис на лимони кој ве придружува додека се шетате во топлото попладне, звукот на тишината додека седите на некоја убава клупа... во Италија ќе научите важна лекција околу тоа колку малку ви е потребно за да бидете навистина среќни. А, ако не можете да го научите тоа таму, дали навистина можете да го научите на некое друго место?


4. Ќе ја гледате историјата на еден поинаков начин

Како што шетате низ музеите, градините, палатите, а дури и низ малите селца, сѐ подобро ќе го сфатите вашето место во светот. Денес, историјата не е само предмет кој ви е потребен за да матурирате, туку служи за да ве потсети каде пиете кафе, каде повикувате такси и што постоело претходно. Низ камените улици ќе го слушнете ехото од нераскажани приказни, ќе ја почувствувате тежината на мермерните столбови кои ја носат тежината на годините.

Во Италија ќе научите да ја цените историјата и да развиете трпение за старите работи. Таа ви дава шанса одблиску да го видите она што претходните векови го оставиле во наследство, учејќи нѐ дека сите приказни на луѓето се споени. Каква трага сакате да оставите? Кој сакате да бидете кога ќе се вратите дома?


5. И најважно, ќе заборавите да го проверувате телефонот на секои 5 минути

Кој сака да гледа Фејсбук кога шетате низ прекрасните улици на Рим? Додека се возите со брод или кајче по езерото Комо? Кога го гледате прекрасното изгрејсонце во Бари? Шармот на Италија се крие во запирањето на времето – или можеби тоа поминува без да забележите. Сите треба повеќе да се восхитуваме на убавините околу нас, наместо да зјапаме во екраните 24/7. Затоа, оставете сè да се одморите и да се детоксицирате од работните обврски, да забавите со животот и одново да ја пронајдете смислата на сопствениот живот.

Накратко, ќе сфатите дека животот е едноставен, во Италија – и на сите други места во светот. Хранете се добро. Љубете лудо и секогаш семејството и пријателите нека ви бидат на прво место. Патувањето до Италија ќе ви даде јасна перспектива врз вашиот живот, а перспективата е најдоброто нешто од кое можете да почнете ако сакате да бидете подобра личност. 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2018 во 17:28

Се подготвувате за Италија? Ова се неколку поими кои треба да ги знаете за да не се разочарате со храната

Се подготвувате за патување во Италија и сакате да пробате од највкусната храна? За да не лутате по градот, а воедно и да не останете гладни, во прилог прочитајте кои места треба да ги посетите пред да огладнете. Односно, треба да се одлучите помеѓу траториа, фаторија или остерија. Ова се поимите кои треба да ги научите за да не се разочарате со понудата за храна.

Траториа


Не е сериозно како ресторан, поформално е од остерија, но траториа е најчестиот облик на место во Италија каде ќе можете да јадете нешто вкусно, домашно и за ниска цена. Немојте да се изненадите доколку наидете на мени со неколку основни поими, за сè што Ве интересира обратете се кај келнерот. Прашајте и за домашното вино кое редовно го нудат.


Остерија

Место каде се служи вино и едноставна храна како тестенини, риба и месо, а каде масата ќе ја делите со непознати странци. Остерија е поефтино место од траториа, а во понудите многу често има варива. Акцентот во понудата е ставен на виното, односно ова место е еден вид на италијански паб.

Фаториа

Како траториа, ова место е во сопственост на семејство, а најчесто во менито ќе наидете на домашни производи кои ги подготвуваат сопствениците. Можете да наидете на еколошки одгледувано овошје и зеленчук и јадења кои се подготвуваат од нив. 

Енотека

Во зависност од видот на енотеката, овде можете да поразговарате со енолози или луѓе кои прават вино, да пробате вино и да уживате во чашата со едноставна закуска. Пред да го посетите, проверете го работното време и дали треба да се најавите пред да пристигнете.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:14
Drone shot of #Venice, #Italy #italytravel #amazingplacesintheworld #dronephotographyideas #droneconcept#photoideas


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:15
Venecia Italia



Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:16

Venecija

Venice by Air


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:16
Venice Italy


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:19
Chioggia Venezia Veneto


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:21
Venice Italy


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:22
#lsleofskye:    Venice Sunrise                                                                                                                                                                                 More


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:22
Been there, done that ;-) <3 Venice


Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Октомври.2018 во 10:23
Venice, Italy C. L. Fluker, Travel Designer, CruiseOne 1-866-680-3211



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk