IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 21:41

Ореви за црвени крвни зрнца

Плодот од оревите содржи незаситени масни киселини, Б витамин и многу минерали: цинк, сулфур, јод, фосфор, магнезиум. Таквиот состав го поттикнува производството на црвените крвни зрнца, го јакне срцето, одбранбената сила на организмот, а се користи и како средство против цревни паразити и камен во бешиката. Дури и пациентите кои имаат заболен црн дроб и не поднесуваат маснотии, без проблеми може да јадат ореви во умерени количества.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 21:41

Омекнете го месото со киви

Кивито содржи ензим кој помага во разградувањето на протеините, па ако ставите неколку тркалца од ова овошје на месо на 10 минути пред печењето ќе биде многу помеко.
Пушачите би требало во што поголеми количества да јадат киви поради големото количество на витаминот Ц (на 100 г има 250 милиграми витамин Ц), зашто ја подобрува циркулацијата и штити од воспаленија. Треба да се има на ум дека кивито, како и другото егзотично овошје, може да предизвика алергии, особено кај децата помлади од 5 години

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 03:13

Пиперката - храна и лек

Пиперката кај нас е мошне омилена храна. Без ајвар, пинџур или печени пиперки не може да се замисли домашната зимница. Повеќе се јаде преработена отколку свежа, но таа е добра за нашето здравје, а често е и вистински лек. Таа ги содржи витамините Б1 и Б2, но е еден од главните извори на витамин Ц.
Ако пиперката е помесната, посочна, поголема, позрела и поцрвена, тогаш има и повеќе витамини и провитамини и е полековита. Во зелената пиперка има помалку витамини и кетонски соединенија, а во црвената има повеќе каротен.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 03:25
Ароматично масло

Во 300 мл маслиново масло ставете 1 дафинов лист, 4 чешниња лук, 4 лути пиперчиња, 1 лажичка сол и 2 лажици шеќер. Сето тоа добро измешајте го и оставете го да отстои, т.е. додека шеќерот и солта не се стопат. Ова масло е одлично за разни салати со лут вкус.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 23:32
Со риба и житарки полесно се дише

Стручњаците од националниот институт за здравје во Холандија изнесоа податок дека децата кои користат доволно количество на интегрални житарки и риби се во помала опасност да заболат од астма. Тоа е резултат од истражувањето спроведено врз 598 деца меѓу 8 и 13 години во кое се испитувала структурата на исхраната и ризикот од добивање на оваа болест. Покрај тоа, констатирано е дека кај помалите пациенти кои веќе имаат проблеми со дишењето, овие продукти влијаат да се ублажат тешкотиите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 23:33
Дали знаете?

* Дека сувото овошје е природен засладувач кој може да се мери со медот.
* Дека покрај шеќерот со сувото овошје земате и изобилство на минерали, растителни влакна и дел од витамините, кои овошјето ги содржи во свежа состојба.
* Дека сувото грозје, сувите сливи и сувите кајсии се мошне богати со железо.
* Дека поради сето тоа сувото овошје помага во отстранување на заморот, во лекувањето анемија, запек и многу други пречки поврзани со варењето на храната и претставува драгоцена состојка во исхраната на децата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 13:39

Совети од кујната

* Компирите, како дел од задолжителниот зеленчук, обично ја заматува супата. Затоа компирите варете ги одделно.

* Трагата од загорено јадење на дното на тенџерето никако не отстранувајте ја со нож или со некој цврст предмет. Остатоците од загореното јадење најдобро ќе ги отстраните ако во тенџерето сипате млаку вода и малку шеќер, па сето тоа ќе го проварите на тивок оган. Потоа, во тенџерето сипајте малку ладна вода и уште малку проварете ја. На крај ќе биде потребно само тенџерето да го измиете со млака вода и крпа.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2011 во 04:20

Мали совети во кујната

* Непријатниот мирис од карфиолот ќе го отстраните кога со него ќе варите парче тврд леб или земичка завиткани во платнена вреќичка. Карфиолот лесно се распаѓа за време на варењето. Затоа, добро е да се врзе во чиста. Ќе остане убав и бел ако во водата во која го варите ставите малку млеко (половина филџан на два литра вода).
* Краставиците ќе останат подолго време свежи и цврсти ако ги завиткате во влажна хартија.
* Младиот компир најлесно и најбрзо ќе го исчистите, а притоа нема да добиете темни дамки на рацете, ако го ставите во ќеса од груба ткаенина или во вреќа и додадете полна рака сол. Треба да ја заврзете ќесата и да ја триете со двете раце како кога месите тесто.
* Треба да се знае дека од зеленчукот, само компирите се ставаат во студена вода, па потоа се варат, додека зелката, кељот, спанаќот и другиот зеленчук се ставаат во вриена вода.
* За зеленчукот да ја зачува убавата зелена боја, не ставајте капак на тенџерето во кое го варите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 15:31

Совети од кујната

* За да може во исто време да бидат варени мал и голем компир, треба да го избоцкате големиот компир со чепкалка на повеќе места.
* Печените компири ќе бидат повкусни и ќе имаат поубава боја ако пред печењето ги испрпелкате во малку брашно.
* Пирето од компири треба да се меша со топло, а не со студено млеко. Тогаш ќе има поубава боја и нема да се направат грутчиња.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:52

5 интересни податоци за доматот

Домат

Одгледани во домашна градина, купени на пазар или во супер маркет, доматите се вистинско уживање во овој пролетен а особено во летниот период. Свежи или во конзерва секогаш даваат посебен шмек како главен продукт во салата или како додаток во јадењето кое го подготвувате. Во шопска или во грчка салата, наредени во ордевер или така, сечени на парчиња со малку сол, доматите секогаш ќе ве освежат и ќе ве направат да се чувствувате супер што сте ги изеле. Еве супер пет податоци за доматите:

  1. За доматите во минатото се мислело дека се отровни, бидејќи токсичен алкалоид бил најден во стеблата и ливчињата.
  2. Зготвениот домат содржи ликопин (светло црвен каротен кој се наоѓа во зеленчуци и овошја во црвена боја, како папаја, морков, лубеница) и се смета за храна која го превенира ракот на простата.
  3. Надвор од Валенсија, Шпанија, во селото Bunyol, секоја година во последната среда од месец август, се одржува фестивал во борење со домати, La tomatina. Некои од правилата при борење со домати се: забрана за носење конзервирани домати во шишиња, не смее да се носат маички, доматите пред да се фрлат треба да бидат смачкани, после звукот на втората петарда, борбата престанува.
  4. Доматите мора да се наводнуваат почесто, бидејќи во случај да не се наводнат неколку дена, тие се сушат веднаш.
  5. Првата супа од домати е направена во 1872 година
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:33
 

5 начини квалитетно да го употребите оревот

Ореви

Оревите се едни од растенијата кои се многу богати со протеини. Богати се со влакна, витамин Б, магнезиум, витамин Е. Од сите јаткасти производи, оревите се најбогати со омега 3 масло, важно за намалување на лошиот холестерол и заштита на срцето.  Еве 5 супер начини за употреба на оревот во секојдневната исхрана:

  1. Наместо да грицкате колачиња, соленки или чипс, скршете неколку ореви и изедете ги за ужина
  2. Наместо да ставите месо или некој месен производ во салата, тостирајте неколку ореви на тава, исецкајте ги и попрскајте врз салатата.
  3. Феферонките во пица, можете да ги замените со половинки ореви.
  4. Наместо сланина и јајца, за појадок, јадете неколку ореви кои ќе бидат совршена протеинска замена.
  5. Даваат супер крцкав вкус во секое јадење, особено се одлични во свежа овошна салата, каде наместо да ставите шлаг, една рака ситно сецкани ореви ќе дадат посебен и уникатен вкус на целото освежително доживување.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:49

Совети од кујната

* Доматите лесно ќе ги излупите ако ги потопите во вриена вода и веднаш ги извадите.
* Пресоленото јадење можете да го спасите ако му додадете еден свеж компир или едно парче леб. Тие ја апсорбираат вишокот сол.
* Крофните или другите пржени колачи ќе бидат многу поубави ако во тестото сипате малку пиво.
* Силните мириси лесно продираат во јајцата, па затоа никогаш не чувајте ги до магдонос, лимон или до други продукти со јаки мириси.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 13:51
 
Да се спаси загореното јадење:

Препечен стек или ќофтиња.
Изгорениот дел отсечето го внимателно со остар нож и повторно испечете го месото во свежо масло.
Супа, сос, варен зеленчук или пилав можат да се спасат, ако се тргнат од шпорет и ако се истурат од тенџерето: се што не е залепено за тенџерето се префрла во чист сад, но претходно не смее да се гребе од дното на загорениот сад. Мирисот од загорено може да се прикрие со кари во прав, цимет, прелив, сок од портокал или со мек оцет. Кој не сака да гребе по загореното јадење веднаш во садот или тавата тура врела вода. Се додава средство за миење садови и така се остава да стои цела ноќ. Следниот ден изгореното лесно се отстранува од дното на садот со сунѓер.
 
                                                     

Белката од јајце не се стврднува
Сето јадење треба да се префрли во чист сад, се додаде малку сол и сок од лимон и внимателно се работи понатаму. Ако сето тоа не помогне, помага едно: повторно да се употреби друго јајце.

Зеленчукот е преварен
Без оглед на тоа дали е карфиол, брокула или репка; премногу варен зеленчук има добар вкус во чорба со прелив или кокосово млеко во пире, како крем- супа, или подготвено како пире со малку путер и млеко.

Збрчкана кора на пудингот
Тоа не мора да се случи: врз сеуште врелиот пудинг се посипува шеќер или горната површина се покрива со фолија.

Топчиња
Сосот,пудингот или тестото од палачинки се нанесува со соодветна цедилка. Пудингот треба уште еднаш да го подготвите со мешање, инаку нема да биде тврд.

Колачот се лепи на тавата
Тавата треба да се излади со влажна крпа. Потоа лесно ќе може да го извадите колачот.

Колачот е пресув
Колачот треба да се боцне неколку пати со дрвени стапчиња. Сок од портокал и шеќерен сируп се мешаат и се прскаат врз колачот. Смесата се ароматизира, на пример, со малку рум  или ликер.

Колачот е премногу темен
Ако колачот е подзагорен темните места се отстрануваат целосно и на колачот се нанесува шеќер во прав и глазура.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 13:52
Мајонезот не е добар


Измешајте во друг сад една свежа жолчка од јајце со неколку капки масло и малку сол во вид на крем и потоа додајте го на кремот. За да не се случи ништо неочекувано, сите додатоци извадете ги најмалку 15 мин. порано од фрижидер и оставете ги да се загреат на собна температура.


Сосот е премногу течен


Едно до две лажици нишесте за јадење измешајте со малку студена вода, турете го во сосот и варете го со мешање. Ако може да има и неколку калории повеќе: 1 лажичка брашно и една лажичка путер, потоа измешајте ги.


Заборавено предгреење


Или загревајте го повеќе на воздух или оставете го колачот во студена рерна и продолжете го времето на подготвување за 10-15 мин.


Пресолено


Ако има премногу сол во супата или во чорбите, можете да ставите еден компир кој ќе ја прими солта: парченцата компир се варат неколку минути заедно со супата, се вадат и се додава малку вода или млеко. Во премногу солен гулаш или пресолена болоњеза се мешаат неколку парчиња домати. Пресолените сосови се отстоплуваат со додавање вода, млеко или прелив и се зачинуваат со малку шеќер. Пресолената салата се меша со коктел од домати исечени на половина,парчиња пиперки или ситно сечкана репка. Многу пресолениот зеленчук се тура во сито и, ако е потребно, малку се измива. За да се надомести загубата на витамини, зеленчукот се послужува со големо количество на свежо сечкани зачини.


Прелуто


Малку обично или кокосово млеко, една лажичка јогурт или парчиња од домати и малку шеќер ја намалуваат лутоста на карито.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.