|
Лекови од нашите бабички и лекови од природата |
Внеси реплика | страница <1 56789 18> |
Автор | ||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Едноставен домашен лек за грлоПрипрема: Наполнете една тегла со резанки од лимон, мед и ѓумбир (исто така на резанки). Добро затворете ја и чувајте ја во ладилникот додека да се формира смеса слична на желе. Употреба: Земете една супена лажица од смесата и ставете ја во шолја. Додајте зовриена вода и чајот е готов. Смесата можете да ја чувате во ладилникот и до 3 месеци. Се смета дека овој едноставен лек е навистина делотворно решение за главоболка, додека медот е признат од науката како лек за разни болести. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:19 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Јапонски бабини лековити рецептиПолошо од фаќањето настинка е веројатно самото чувство дека сте на пат да настинете. Болката во коските и загриженоста од типот „Имам премногу обврски за да се разболам“ се дополнителни фактори што можат да го забрзаат процесот и да ве упатат кон креветот. Без паника, следуваат неколку „бабини марифети“ директно од Јапонија. Се смета дека следниве домашни лекови можат да излечат речиси се, од главоболки до воспалено грло. Чај од „Умебоши“ сливи Умебоши сливите се берат во месец Јуни, па потоа се ставаат во
глинени тегли со морска сол додека да ферментираат. Се смета дека се
многу лековити.
Печен млад кромид Исечете добра порција од белиот дел од неколку стебла млад кромид.
Печете ги на ниска температура, внимавајќи да не загорат. Завиткајте го
снопот во газа и притиснете ги стеблата едно кон друго. Одвиткајте и
уживајте. Се смета дека овој лек е добар за циркулацијата на крвта, ги
смирува воспаленијата, а покрај при болното грло, помага и при затнат
нос.
Гинко ореви Плодовите на дрвото Гинко се неверојатно смрдливи и кај некои луѓе можат да предизвикаат алергиски реакции. Но ако имате пристап до нив и не сте алергични, јадењето 5 или 6 од нив ја олеснува кашлицата и го редуцира шлајмот.
Мед и дајкон Исечените парчиња од дајконот се потопуваат во мед и се оставаат 2 до 3 дена да отстојат. Создадениот сок (сируп) е ефективен супресант и ја „задушува“ кашлицата. Лотосов корен Се смета дека супата од издробен или изрендан лотосов корен, сос од
соја, ѓумбир и „arrowroot“ (брашно од корени на тропски растенија) е
еден од најбрзите лекови против настинка.
Кромид и ѓумбир Издробете четвртина кромид и малку ѓумбир. Ставете ги во шолја со
врела вода и додадете една супена лажица мед. Смесата помага при затнат
нос.
Следните два се малку чудни:
Кромид за синуси и затнат нос Како привремено решение за затнатиот нос, јапонските баби
препорачуваат да земете парче исечен кромид и да го помирисате неколку
пати, вдишувајќи што подлабоко од миризбата. Ги прочистува синусите и
краткорочно го олеснува затнувањето на носот.
Ѓумбир и маслиново масло за главоболка Против главоболка, старите дами од Јапонија препорачуваат паста од
издробен ѓумбир и масло од сусам. Пастата се нанесува на челото и
слепоочниците. Не можеме да кажеме со сигурност дека рецептите делуваат, но старите жени во Јапонија дефинитвно веруваат дека е така. Ако сте во можност, пробајте ги. Можеби не самиот лек, но љубовта и грижата при приготвувањето се лековитата магија. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:19 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Три природни лекови против воспаление на синуситеАнтибиотиците со кои се лекуваат воспаленијата на синусите може штетно да делуваат на здравјето. Ако пречесто се внесуваат во телото, тоа може да развие отпорност на нив. Синуситис е воспаление на параназалните синуси предизвикано од
бактерии, вируси, алергии… Воспалението може да зафати било кои од
назалните синуси. За среќа во природата постојат билки кои може да ни помогнат во ублажување на воспалението, а кои истовремено го намалуваат ризикот од повторно јавување на болеста. ЛукАлицинот, состојката која му го дава препознатливиот мирис на лукот , има антибиотско делување на оваа непријатна болест. ПортокалОва овошје е одличен извор на витамин C кој ја ублажува запушеноста на носот и помага во чистење на синусите. Вдишувањето на портокалот, исто така, помага во чистење на синусите. Истражувањата покажаа дека со секојдневна конзумација на портокал може значително да го намалите ризикот од воспаление на синусите. КоприваКопривите ги ублажуваат воспаленијата на синусите, вклучувајќи ја и надразеноста на очите и чешањето на носот. Ако се земе во форма на чај ја поттикнува работата на имунолошкиот систем што ефикасно ќе се бори против инфекциите. Освен тоа, го поттикнува и ослободувањето на слузта од синусите која е главен причинител за неподносливата болест. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:20 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Домашен лек против кандидаОваа упорна габа е чест жител во нашиот организам, па еве еден рецепт кој може на сите да им биде од корист, бидејќи има благотворно дејство врз целиот организам.За да го направите овој лек потребни ви се следниве состојки: 1 чаша јогурт Инструкции за подготовка: Изрендајте го морковот, лукот и ѓумбирот и се додадете во јогуртот. Додадете и цимет, и убаво промешајте. Оставете малку да отстои и конзумирајте го како салата еднаш во денот. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:21 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:22 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:24 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:23 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Лек за топење камен во бубрег и жолчкаПесокот
или каменот во бубрезите и жолчката е проблем кој се јавува прилично
често, а истиот главно е предизвикан од водата која ја пиеме и
исхраната.
Подготовка: |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Природен лек против подуен стомакДоколку често патите од надуен стомак и гасови денеска за нашата рубрика „здравје“ ви подготвувме природен сок кој може да биде идеално решение за овој проблем. Половина помал ананас Половина глава, или две дршки од анасон Две стебленца целер со лисја, Едно парче корен од ѓумбир 2-3 см. Сите состојки измешајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба за смесата да биде течна. Пијте на празен желудник додека тешкотиите не престанат. Доколку имате моќен соковник можете да исцедите и промешате сок од сите состојки и да го пиете на празен желудник додека цревната флора не се обнови. Ананасот содржи ензими кои помагаат при варењето. Целерот го спречува задржувањето на водата. Анасонот и ѓумбирот влијаат на обнова на цревната флора. Сите заедно се комбинација која може да го реши вашиот проблем. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:22 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Најефикасните лекови против киселини во желудникотНепријатното чувство во желудникот, мачнина, надуеност и кисел вкус во устата се најчести симптоми на киселини во стомакот. Киселините најчесто се предизвикани од зачинета храна, газирани сокови и алкохол, кои секако треба да се одбегнуваат, а зачестената непријатна појава може да се смири со помош на пет природни лекови. К*ркума К*ркумата станува сè попоуларен зачин, чии лековити својства го забрзуваат поминувањето на храна низ дигестивниот систем и ја спречуваат појавата на желудочните киселини. Јаболков оцет Само една лажица природен јаболков оцет помешан со 2 дл. вода, помага да се ублажат киселините. Имено, оцетот ја разредува желудочната киселина, а витамините и минералите кои се наоѓаат во јаболковиот оцет создаваат алкална средина во желудникот и ги елиминираат штетните бактерии. Оцетот, разреден во вода, се препорачува да се пие за време на оброкот и наутро на празен желудник. Босилек Банани Бананите и тоа како се пожелни во борбата против желудочните киселини. Бананата создава природна одбрана против киселини во телото, па затоа се препорачува нејзината консумација кога и да почувствувате горчина и подуеност. Изменето од Valerija - 18.Март.2014 во 13:43 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Чистење на бубрезите на природен начинБубрезите се задолжени за елиминирање на токсините од нашето тело. Во нашиот организам веќе постои природен механизам за чистење на бубрезите. Ако конзумирате доволно течности како вода или чај, тие се чистат самите. Освен тоа, бубрезите произведуваат важни хормони: erythropoietin ( го стимулира произведувањето на црвени крвни зрнца), renin (го регулира крвниот притисок) и calcitriol (активна форма на витамин D). Меѓутоа, на бубрезите понекогаш им е потребна помош, а најдобра детоксикација е со помош на лековити билки. Чистењето на бубрезите може да помогне и кај зајакнувањето на имунитетот, нормализирањето на крвниот притисок и подобрување на функциите на мочниот меур. Џумбир, смрека, коприва, каранфилче. Лубеница, сок од лимон, сок од брусница. Витамин B 2, витамин B 6 и магнезиум. - Избегнувајте цигари и претерано конзумирање на алкохол и кофеин. - одржување на крвниот притисок и шеќерот на нормално ниво. - редовно проверувајте го холестеролот. - Пијте многу вода (бар 8 чаши дневно) - Одржување на здрава телесна тежина. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:24 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Утринска чаша здравје: Зелен сок кој ќе ви ги наполни батериитеТаканаречениот „Супер 7 зелен сок“, е составен од 7 ултра здрави намирници, кои заедно сочинуваат вистинска витаминска бомба полна со хранливи влакна. Зелениот сок е одличен начин за да го започнете денот, а она што ви е потребно за да го направите е: - 2 шолји бадемово млеко Убаво измијте ги сите состојки, излупете ги и ставете ги во блендер. Матете додека се не се сомелат и соединат намирниците, и послужете веднаш, свежо и ладно. Немојте да користите соковник, бидејќи со соковникот се губи значаен дел од влакната. Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:25 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
BIBI_G_3
Модератор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
СОЧУВАЈТЕ ГИ НЕРВИТЕ СО ОВИЕ ПЕТ БИЛКИНаправете чај од неколку цветови од лаванда. Овој мирис ќе ве смири и ќе ве опушти за миг. Ќе се намали главоболката и ќе имате мирен сон. Оддамна е познато дека кантарионот се употребува како лек за депресијата. Ја зголемува концентрацијата, го олеснува спиењето и едноставно ги разбиструва мислите. Оваа билка има неверојатен смирувачки ефект. Ги смирува нервите, а исто така и надуеноста и менструалните болки. Оваа билка најчесто се користи за да закрепне организмот по голем стрес. Многу позитивно влијае на психата. Освен тоа се препорачува и за регулирање на нередовна менструација која е предизвикана од стрес. |
||||||||||
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
||||||||||
BIBI_G_3
Модератор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Чај за искашлување- 1 главица кромид - 3-4 лажици мед - сок од цеден лимон Начин на подготовка: Се сецка главицата кромид на ситни парчиња, па му се додава медот и се промешува се додека не се добие хомогена смеса. Вака приготвената смеса се остава да отстои се додека не испушти течност, ја цедите течноста па му се додава малку сок од лимон. Начин на дозирање: Се зема со лажица се додека чувствувате потреба, нема ограничување на времето ниту на дозата. |
||||||||||
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |