![]() |
|
Православни проповеди - текстови, MP3 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 10> |
Автор | |
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Јован Златоуст: За крстот, за разбојникот, за второто Христово доаѓање и за молитвата за непријателите |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Православна вера и живот: Проповед за Откровението во Стариот Завет Проповед за Откровението во Новиот Завет Проповед за Црквата во историјата Проповед за Православната Црква денес |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Владика Николај: За верата.
|
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
|
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Miki_P,
Zamolen si da ne postirash masivni tekstovi na forumov, tuku vmesto toa da stavash linkovi kade sto se objaveni, onaka kako sto toa na ovaa trana ima napraveno Pravoslavie. Forumov e napraven za megjusebno razmenuvanje stavovi i mislenja, a dokolku ima potreba od iznesuvanje na pogolemi tugji tekstovi, togash tie se prezentiraat so linkovi. Se nadevam deka go razbirash ovoj stav i deka ponatamu ke se upravuvash soodvetno na nego. ![]() |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
|
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Miki_P ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Св. Игнатиј Брјанчанинов, Аскетски огледи
________________________________________ ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие (Битие 1:26) таинствено се посоветувал во Самиот Себе и со Самиот Себе Бог Троица пред создавањето на човекот. Човекот е образ и подобие Божјо. Бог, непристапен во Својата величина и поголем од секој образ, го покажал Својот образ во човекот, го покажал Својот образ јасно и во слава. Така сонцето го покажува својот лик во смирена капка вода. Човековата суштина, неговата најголема сила, со која се разликува од сите живи суштества на земјата, суштина според неговиот дух, е образ Божји.која е еднаков на ангелите, значи Човековиот непорочен дух е подобие Божјо, а Бог, цртајќи го со семоќната десница Своето подобие врз човекот, останува надвор од секое подобие и надвор од секое споредување. Колку е прекрасно и полно со разновидно достоинство и разновидна убавина тоа битие наречено човек?! Заради него Создателот ја создал сета видлива природа; сета таа природа е предодредена да му служи нему, сета таа природа е негова чудесна околина. Кога Создателот ги извлекувал сите останати созданија од непостоење во битие, Му било доволно тоа што ја изговарал Својата семоќна заповед. А кога посакал да го доврши делото на светот со создавањето на најубавиот, најсовршениот дел, Тој пред тоа создавање се советувал. Неизмерната материја, несогледлива и неизбројливо многулика, создадена привремено ќе кажеме конкретно и со право пред човекот, била создавање. Така земниот цар го уредува и го украсува прекрасното жиевалиште за во него да го внесе својот лик. Царот над царевите и Бог над боговите ја подготвува сета видлива природа, сè што оди со неа, сета видлива чудесна убавина. Потоа во тоа живеалиште го става, како крајна причина на сè, Својот образ. Кога го доврши светот, а пред создавањето на човекот, Бог го погледна она што го беше создал, и виде дека е добро: И виде Бог дека е добро (Битие 1:25). По создавањето на човекот, Бог повторно го погледна сето она што го беше создал, и виде дека Неговото создание е прекрасноо, целосно, совршено. И видеБог дека е многу добро сè она што го беше создал (Битие 1:31). Човеку, покажи го своето достоинство! Погледни ги ливадите и нивите, големите реки, бескрајните мориња, раскошното цвеќе, сите ѕверови и животни на земјата, сите ѕверови и риби во водата, погледни ги ѕвездите, месечината, сонцето, небото: сето тоа е заради тебе, сето тоа е предодредено тебе да ти слуи. Освен светот што го гледаме, постои и свет невидлив за телесните очи, неспоредливо подобар и поубав од видливиот. И невидливиот свет е заради човекот. Колкаво почитување искажал Господ спрема Својот образ! Колкава возвишена цел му предодредил! Видливиот свет е само подготвително предворје коешто води во живеалиштето Божјо, неспоредливо поубаво и поголемо. Тука, како во предворје, образот Божји треба да се украси со завршни црти и бои за во најгоема мера да стане сличен на својот пресвет, надсовршен Изворник, за да може со убавината и достоинството на таа сличност да влезе во онаа одаја во која Иворникот присуствува непојмливо, како да ја ограничува својата ограниченост за да се покаже себеси на Своите сакани разумни битија. Ликот на Бог Троица е човек троица. Три лица во човекот се трите сили на неговиот дух, три пројавувања на неговото постоење. Нашите мисли и духовните чувства го покажуваат постоењето на умот, но тој, така очигледен во сите форми на своето искажување, воедно останува и сосема невидлив и недофатлив. Светото Писмо и делата на светите отци понекогаш душата ја нарекуваат и дух, а понекогаш духот го нарекуваат посебна сила на душата. Таа сила на душата отците ја нарекуваат словесност или сила на словесноста. Ја делат на три поединечни сили: ум, мисла или слово, и дух. Ум тие го нарекуваат самиот извор, самиот почеток на мислите и на духовните чувства. Дух, во тоа посебно значење, ја нарекуваат способноста за духовно чувствување. Во отечките дела словесната сила, или духот, често се нарекува и ум; често со умови се нарекуваат и создадените духови. Целината го добива името врз основа на главниот дел. Самата суштина на нашата душа е образ Божји. И по падот во грев, душата останува образ Божји! И грешна душа, фрлена во пламенот на пеколот, во самиот пламен на пеколот, останува образ Божји! Така учат светите отци. Нашиот ум е образ на Отецот; нашиот збор, нашето слово (неискажаниот збор обично го нарекуваме мисла) е образ на Синот; духот е образ на Светиот Дух. Како што во Троица трите лица неслеано и неразделно сочинуваат едно Божјо битие, така и во човекот-троица трите лица сочинуваат едно битие, не мешајќи се меѓусебно, не слевајќи се во едно битие, и не разделувајќи се на три битија. Нашиот ум раѓал и не престанува да рага мисла; родената мисла не престанува повторно да се раѓа, и воедно останува родена, скриена во умот. Умот не може да постои без мисла, а ниту мисла без умот. Почетокот на умот неизбежно е и почеток на мислата, постоењето на умот неизбежно е и постоење на мислата. Исто така и нашиот дух исходи од умот и ја потпомага мислата. Токму затоа секоја мисла има свој дух, секој начин на мислење има свој особен дух, секоја книга има свој сопствен дух. Нема мисла без дух; постоењето на мислата неизбежно е проследено со постоење на духот. Во постоењето на едното и другото се гледа постоењето на умот. Што е човековиот дух? Вкупност на чувствата на срцето коишто и припаѓаат на словесната и бесмртна душа, туѓи на душите на животните и на ѕверовите. Човековото срце се разликува од срцата на животните според својот дух. Срцата на животните имаат свои чувства коишто зависат од крвта и од онаа црта на Божјиот образ којаштонервите, но немаат духовни чувства единствено ја има човекот. Човековата морална сила е неговиот дух. Нашиот ум, зборот и духот, според едновременоста на својот почеток и според своите взаемни односи, се само образ на Отецот и Синот и Светиот Дух, совечни, собеспочетни, еднакви според честа, истородни според природата, објавил Синот: Јас сум во Отецот,Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот и Отецот е во Мене (Јован 14:9,10). Истото може да се каже и за човековиот ум и за неговата мисла: умот, невидлив сам по себе, се открива во мислите; ако си ја запознал мислата, си го запознал умот кој ја произвел таа мисла. Господ го нарекол Светиот Дух Сила од висините (Лука 24:49), Дух на Вистината (Јован 14:17); Вистината е Синот. Својство на сила има и човековиот дух; тој е и дух на човековите мисли, без оглед дали се вистинити или лажни. Тој се појавува во тајните движења на срцето, и во мислењето, и во сè што човек прави. Преку човековиот дух се откриваат и неговиот ум и мислењето; духот на секоја постапка ја открива мислата со која човекот се раководи во таа своја постапка. Својот образ милостивиот Господ го украсил и со Свое подобие. Образот Божји е самата суштина на душата; подобијата се својства на душата слично на Бога, бил бесконечен, човекот Новосоздадениот образ Божји премудар, добар, чист, непропадлив, свет, далечен за секој гревовна страст, секоја грешна помисла и чувство. Вешт уметник прво ја слика формата, цртите на оној образ (лик) чиј портрет го прави. А кога точно ќе ги прикаже цртите, тој на ликот му ги дава бојата и колоритот на оригиналот, и со тоа ја усовршува сличноста. Кога Бог го создавал Својот образ (лик), Тој го украсил со Свое подобие; на Божјиот образ му е својствено да ги има сите сличности со Бога. Во спротивно, образот би бил фаличен, недостоен на Бога, не би ја исполнувал својата предодреденост, не би соодветствувал на својата определеност. Оф! Оф! Плачете небеса! Плачи сонце, плачете сите ѕвезди; плачи земјо, плачете сите суштества небесни и земни! Плачи сета природо! Плачете свети ангели! Ридајте горко, неутешно! Облечете се, како во облека, во длабока жалост. Се случи несреќа, несреќа, се случи нешто на коешто сосема му прилега да се нарече несреќа: образот Божји падна! Образот Божји уживал почитување од неограничената Божја власт како отворен, жив цвет на Божјото подобие, но тогаш го соблазнил веќе паднат ангел, и тој, мрачен, се препуштил на мислата и на духот на отецот на лагата и на секое зло. Се препуштил така што се одвоил од волјата Божја. Со тоа го изгонил од себе Духот Божји, го изопачил подобието Божјо, самиот образ го направил непотребен. Несреќата на падот живо и точно ја прикажал проповедникот: Кривото не може да се исправи, и она што го нема, не може да се брои (Проповедник 1:15). Растројството на образот и на подобието секој може лесно да го забележи во самиот себе. Убавината на подобието, којашто ја сочинуваат сите добродетели заедно, се осквернети од мрачните и смрдливи страсти. Цртите на образот ја изгубиле својата правилност, својата меѓусебна хармоничност: мислата и духот се борат меѓусебно, не сакаат да го слушаат умот, се креваат против него. Самиот тој е во постојано недоумение, во страшна помраченост којашто Го заклонува Бога и светиот, непогрешлив пат кон Бога. Ужасното измачување го следи растројувањето на образот и подобието Божјо. Ако човекот внимателно, во осаменост, долго и постојано гледа во себе, ќе се увери дека тоа измачување не престанува, дека се пронаоѓа или се затскрива, зависно од тоа дали расејаноста го ублажува малку или многу. Човеку! Твојата расејаност и твоите веселења само ја покажуваат маката присутна во тебе. Бараш да ја задушиш со трошка бучна забава и со постојана расејаност. Несреќнику! Штом ќе настапи миг на трезвеност, ти се осведочуваш дека маката, којашто си настојувал да ја уништиш со помош на расејаноста, живее во тебе. Расејаноста е нејзина храна, средство за јакнење: здивнувајќи во сенката на расејаноста, маката се буди со нови сили. Таа во самиот човек е живо сведоштво коешто му сведочи дека паднал. Со тој печат, со тоа сведоштво на падот е обележано човековото тело. Од самото свое раѓање тоа е во непријателство, во борба против сè што го опкружува, но и со самата душа којашто живее во него. Го напаѓаат семожни стихии; на крај, истоштено од внатрешните и од надворешните борби, напаѓано од болести, притиснато со страсти, тоа паѓа на сечилото од косата на смртта, макар што е создадено бесмртно, и се распаѓа во прав. И повторно се појавува големината на Божјиот образ! Таа се пројавува во самот човеков пад, во начинот на којшто човекот е извлечен од падот. Бог го прима на Себе Својот образ: станал човек, и преку Себе го извлекол човекот од падот, го вратил во претходната слава, го повел кон слава неспоредливо повисока од онаа којашто му била дадена при создавањето. Праведен е Господ во Својата милост. При искупувањето Тој Својото образ го прославил повеќе одошто при создавањето: човекот самиот не го измислил падот – него го измислил паднатиот ангел, кого што, пак, го намамила во пад завидливоста, го излажало злото, прикриено со маската на доброто. Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува. И тука повторно се гледа каков е точно образот на Богочовекот. Синот го прима човештвото; преку Синот сиот Бог Троица стапува во општење со човештвото. За да може да им биде пренесена на луѓето, нашата мисла се облекува во звуци: таа, нематеријална, се поврзува со материјата; со нејзино посредство во општење влегува духот, се јавува умот. Се воплотило Словото Божјо, Божјата Вистина – Синот станал човек. Вистината се исправила, ја очистила нашата мисла; нашиот дух станал способен за заедничарење со Светиот Дух. Светиот Дух го оживеал нашиот дух, умртвен со вечната смрт. Тогаш умот стапил во познание и гледање на Отецот. Човекот троица бидува исцелен од Бог Троица: Словото ја исцелува мислата, ја преведува од лагата, од самоизмамата, во вистина; Светиот Дух го оживотворува духот, го преведува од телесните и од духовните чувствувања во духовни чувствувања; на умот му се јавува Отецот, и умот станува ум Божји. А ние имаме ум Христов – вели апостолот (1 Коринтјаните 2:16). До слегувањето на Светиот Дух човекот бил духовно мртов, и затоа барал: Господи, покажи ни Го Отецот (Јован 14:8). А кога го примил Духот на посинувањето и го почувствувал своето синовство и оживеал со духот заради Бога и заради спасението, од дејството на Светиот Дух тој му се обраќа на Отецот како на оној кого што го познава, како на Отец: Ава, Оче! (Римјаните 8:15). Во водата на крштевањето се воспоставува паднатиот образ, човекот се раѓа за вечен живот преку водата и духот. Духот, Кој отстапил од човекот при неговиот пад, отсега присуствува заедно со човекот во неговиот земен живот, и притоа преку покајание ги исцелува раните коишто гревот му ги нанесува на човекот по неговото крштевање, и така, преку покајанието, го прави спасението можно до последниот здив. На крштевањето Духот го воспоставува и образот Божји и красотата на Божјото подобие. Таа се умножува и усовршува преку исполнувањето на евангелските заповеди. Образецот на таа красота, полнотата на таа убавина е Богочовекот, Господ наш Исус Христос. Угледајте се на мене, како што и јас на Христа! (1 Коринтјаните 11:1), објавува апостолот и ги повикува верните во себе да го возобноват и усовршат Божјото подобие и укажува на Светиот Образец на совршенството на новите луѓе, пресоздадени, возобновени со искупувањето. Облечете се во Господа нашиот Исуса Христа (Римјаните 13:14). При искупувањето на својот образ – човекот, Бог Троица дал таква можност за напредување во усовршувањето на подобието што подобието преминува во нова состојба при соединувањето на образот со Изворникот – соединување на бедното создание со неговиот сесовршен Творец. Прекрасен е, чудесен е образот Божји, тој образ од кого свети, дејствува Бог! Сенката на апостолот Петар исцелувала! Некој човек излажал пред него и наеднаш се струполил мртов, зашто излажал пред Бога! Коските на пророкот Елисеј воскреснале мртовец чие тело – поради брзањето на погребниците, исплашени пред непријателот кој наближувал – се допрело во гробот со одамна закопаните коски на духоносецот! Најблиско подобие, соединување, човекот добива – и по добивањето го чува – така што пребива во евангелските заповеди. Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод (Јован 15:4, 5). Христијанинот добива блажено соединување кога со чиста совест, очистен со оддалечувањето од секаков грев, со точно исполнување на евангелските заповеди, се причестува со светото тело Христво и со светата крв Негова, а воедно и со – соединето со нив – Божеството Негово. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него (Јован 6:56). Разумен образу Божји! Размисли: за каква слава, за какво совршенство, за какво величие те повикал и те предодредил Бог! Неспознатливата премудрост на Создателот ти овозможила од себе да го направиш тоа што сакаш да го направиш. Разумен лику Божји! Зарем не сакаш да станеш достоен лик Божји, зарем сакаш да се обезличиш, да се претвориш во лик на ѓаволот, да се спуштиш на нивото на бесловесните? Не залудно ги излеал Бог Своите блага, не без причина го создал чудесниот свет, не без потреба му укажал почитување на Својот образ така што пред неговото создавање се посоветувал, а кога образот веќе паднал, не го искупил туку така, без полагање сметка за тоа! За сите Свои дарови Тој бара извештај. Тој ќе суди како се употребени Неговите богати дарови, како е оценето Неговото вочовечување, како е оценета Неговата крв којашто ја пролеал за нас при нашето искупување. Тешко, тешко на оние коишто ги пренебрегнале добрите дела на Бога, Создателот, Искупителот! Вечниот оган, одамна запален, неизгаслив, огнената бездна подготвена за ѓаволот и за неговите ангели, ги очекува обезличените ликови Божји коишто самите себеси се направиле непотребни. Таму тие вечно ќе горат и нема да изгорат довека! Браќа! Додека сме на земјата, додека сме во предворјето на вечноста – во овој видлив свет – да се потрудиме да ги доведеме до правилност цртите на образот Божји кого што Бог го втиснал во нашите души, да им дадеме убавина, живост и свежина на нијансите и на боите на подобието, и Бог ќе види, на страшното испитување, дека сме подготвени за влегување во Неговото вечно, блажено живеалиште, во Неговиот вечен ден, во Неговиот вечен празник и славење. Да се охрабриме, маловерни! Да се придвижиме, мрзливи! Човек склон кон страсти, како и ние, кој во почетокот во својата помраченост ја гонел Црквата Божја, и кој бил противник, непријател Божји, толку многу го исправил во себе, по своето обраќање, од Бога дадениот образ Божји, до таа мера го усовршил подобието, што можел смело да каже за себе: И јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене (Галатјаните 2:20). Никој нека не се сомнева во вистинитоста на тој глас! Тој глас бил до таа мера преисполнет со сесветската вистина, до таа мера бил помаган од Светиот Дух, што на гласот на Павле мртвите воскреснувале, демони излегувале од опседнатите, демонската пророчица останувала нема, непријателите на Божјата светлина останувале без сјај во очите, незнабошците ги отфрлале своите идоли, го спознавале Христа – вистинскиот Бог, и Му се поклонувале. Амин. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |