IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 55>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 15:12
Интересна директива од книгата на Димо Хаџидимов - стр.154-156 од ПДФ фајлот на АндоновБале.





Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 21:20
Комити од ВМОРО со бугарската воjска во ослободениот Кукуш-1913:
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 11:02
Големата светска војна (1914-1918) е причина за многу несреќи и пакости на сите оние кои учествуваа во неа. Последиците ги почувствуваа, не само победените држави и државите победнички, туки и оние кои беа неутрални, а Македонија, по оваа војна останува поробена и распарчена.

При определувањето на судбината на Македонија гласот на нејзиниот народ не се слуша, ниту пак се почитува неговата волја при прогласувањето на програмата за траен мир во светот.

Програмата за крај на војната ја прогласува претседателот на Америка и станува прифатена од големите сили на Спогодбата. Бидејќи Македонија од тоа останува незадоволна, нејзината борба за слобода продолжува, се додека не се извојува автономното управување на трите дела распарчени меѓу Србија, Бугарија и Грција.

Само обединета т.е. цела, независна и автономна Македонија можела да влезе во склоп на Југословенската држава како рамноправен член на една федерација, под услов Србите да го прифатат федеративното уредување во новата држава. Внатрешната организација во желбата да оствари автономно управување за Македонија без револуции и војни, решава да ги подржи сите партии и здруженија од Македонија, како и политичките партии од другите области на СХС, кои се залагаат за федеративно управување во Југославија.

Поради ова, биле повикани сите членки симпатизери на Организацијата да работат на точно оределен начин: најнапред народот се повикува да излезе на општинските избори и да го даде гласот за оние кои ќе ги заштитуваат интересите и правата на населението. Кога станува збор за изборите, за основачкото народно собрание, сите избирачи треба да гласаат за најдостојните месни водачи, кои живеат тука и се иницијатори за конституирањето на основачкото собрание. Во случај, ако српската шовинистичка власт попречи и не даде да се изберат за пратеници- месни водачи, тогаш гласот треба да се даде за комунистите, под услов да се залагаат за федеративно управување и применување на договорот за малцинства. Иницирано е да се поднесат барања до владата во Белград, со преписи до советот на општеството на народите и до полномошните министри на сев. Американски Соединети Држави, до Англија, Франција, Италија, Јапонија и др. за враќање на училиштата на месното население, и за спроведување на образованието на македонски јазик, како и за применување на ‘‘Договорот за заштита на малцинствата во СХС”. Со барањата, се врши инсистирање да се приклучат и турските, влашките и другите малциства, онаму каде што ги има.

Сеуште големата војна не е завршена, Руската Советска Република води војни на сите страни, а исто така таа е против примена и почитување на насилничките договори кои биле изработени во Париз. Турците од Тракија и Анадолија водат војна со Грција, со Англија и Франција. Освен Русија, и Турција била незадоволна од пропишаните насилнички и неправедни договори за мир на победените држави, а незадоволството се шири и кај држави членки на државите победнички.

Нестабилната политичка положба во светот, влева верба кај македонските патриоти и надеж дека со вредна работа и сплотеност може да се стигне до успех - да изгрее сонцето на слободата над нашата поробена татковина Македонија.

Македонија под бугарска власт
Писмо за подршка на ВМРО

На 4 април 1923 година, Тодор Александров испраќа писмо до водачот на округот, околиските војводи и нелегалните групи на организацијата, со кое дава подршка на ВМРО во Македонија, додека Македонија е под бугарска власт.

По завршувањето на Нишките српско-бугарски преговори настануваат немири кај тамошното население, поради заканите од српските воени единици да влезат на бугарска територија и да прогонуваат. Уште една закана претставуваат разбојници федералисти, кои заедно со портокаловите гардисти предводени од Паница, П. Ангелов и други, да навлезат во границите на Македонија и да разоруваат заедно со Србите.

Притисоците од земјоделската влада да објави воена состојба во Пиринска Македонија и одложување на пратеничките избори, се уште една закана за немири на населението. За да се успокои населението и да се запази престижот и угледот на ВМРО, Тодор Александров бара да се преземат неколку сериозни мерки.

Српски воени единици кои се синоним на ропство и зулуми, а кои преминуваат повнатре од бугарската граница, треба да се уништуваат од нелегалните групи на организацијата. Акцентот е ставен и на разбојниците т.н. “федералисти” кои, како е наведено, безмислосно да се уништуваат ако тргнат натаму.

Ригорозни мерки треба да се спроведуваат и врз “портокаловите гардисти” кои разбојнички ограбувале и вршеле тортури врз незаштитеното население.

Во случај, земјоделската власт да донесе конечно решение за објава на воена состојба во Пиринска Македонија т.е. во Петричката област и да ги одложи тамошните избори , тогаш треба да се консултира, односно, да се прифати мислењето на тамошното население, околу одлуките: дали треба да се плаќаат даноци и да се исполнуваат наредбите на “бугарската влада” која ги лишува од изборното право.

За овие мерки на претпазливост е известена Бугарската влада, а исто така е навремено предупредена да не допушта минување на српски единици, ниту пак да праќа “портокалови гардисти”.

Во писмото се вели дека мерките кои се наведени треба строго да се почитуваат и дека тие кои поради малодушност, небрежност или од други причини не ги почитуваат наредбите, ќе бидат казнети со смрт.



Жаклина Петровска
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 13:26
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Српски воени единици кои се синоним на ропство и зулуми, а кои преминуваат повнатре од бугарската граница, треба да се уништуваат од нелегалните групи на организацијата. Акцентот е ставен и на разбојниците т.н. “федералисти” кои, како е наведено, безмислосно да се уништуваат ако тргнат натаму.

Ригорозни мерки треба да се спроведуваат и врз “портокаловите гардисти” кои разбојнички ограбувале и вршеле тортури врз незаштитеното население.

Жаклина Петровска


И КАКО РЕЗУЛТАТ ДОАЃА ТВОЕТО „ЌУСТЕНДИЛСКО ВОСТАНИЕ“
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 13:29
ВМРО можеби и навистина би бил она што требало да биде доколку не се појавела групацијата која била нарекувана ако не се лажам , врховисти , групација која за жал и ден денес го има главниот збор во таа организација преку МПФ ( Македонски патриотически фронт ) размислување 
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2009 во 14:16

Марко Лерински

Георги Иванов Ѓуров (бугарски: Георги Иванов Гюров,) , познат како Георги Геројски (бугарски: Георги Геройски), Марко Лерински или Марко војвода (бугарски: Марко войвода), е бугарски офицер и револуционер, војвода на ВМОРО.


Георги Иванов е роден на 20 јуни 1862 година во Котел, тогава Османлиската империја. Во 1883 година пристапува на воена служба во Кнежеството Бугарија. Зема учество во Српско-бугарската војна и за пројавената храброст е удостоен со медал и повисок чин. Неговите другари заради тоа го нарекуваат Геројски.

Во 1895 година ја напушта армијата и влегува во редовите на Врховниот македоно-одрински комитет и зема учество во четничката акција од 1895 година и опожарувањето на Доспат. По неуспехот на акцијата се враќа во армијата како подофицер.

Во 1900 година се поврзува со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, кои го привлекуваат во ВМОРО и го испраќаат како војвода во Леринско, каде го зема псевдонимот Марко. Во истот време во Македонија влегуваат и Христо Чернопеев, Атанас Бабата, Михаил Апостолов – Попето. Благодарение на воената подготовка на Марко војвода и на неговите организациони способности, неговата чета станува училиште за подготовка на четници и војводи за целата револуционерна организација. Марко го претвора Леринско во:
      "...еден реон кој е пример во секој однос. Работници ентузијасти, стегнати организации, дисциплинирана чета и во полната смисла на зборот агитационо-организаторска. Сето тоа беше дело на котленецот Марко..."

Марко Лерински е првиот кој предложува да се подигне сеопшто востание во Македонија и Одринско. Војводата дејствува во Костурско, Воденско, Леринско и Битолско со Гоце Делчев, Пандо Кљашев, Васил Чекаларов и Лазар Поп Трајков до почетокот на 1902 година.
Toj ја организира првата чета во Битолскиот округ, во чијашто агитационо-организаторска работа се поведе правилно и паралелно со бојната обука. Арамии како Коте не можеа да ја поднесуваат војничката дисциплина во неговата чета. Но незлонамерните прости луѓе и интелигентните, физички неподготвени и незапознаени со војното искуство, имаше на што да се научат кај Марко. Строг кон себеси, ограничувајќи ги потребите до самоизмачување, со железна тврдина при поднесување на незгодите, Марко дејствуваше над другите главно преку сопствениот пример. Тој ги научи своите прости другари да се занимаваат до прекумерен умор со обука и им ја насочи амбицијата да ги обучуваат од нивна страна селаните, особено младите, потполнувајќи го со содржина нивното празно време по селата и во планината. Дури неговото источно наречје, во кое тој не внесуваше ниту еден локален збор, направи влијание над необразуваните четници и побистрите селани. Кај таков издигнат и искусен началник не беше тешко за учителите да ја поднесуваат положбата на прости четници и да ги добијат за кратко време најнеопходните познавања и пракса, за да можат и самите да командуваат чети. Многумина костурски четници ги добија од Марко првите вежби со пушка. Под Марковото влијание се прероди и Митре Влаот, кој веќе го познаваат нашите читатели. Дине Кљусов, подоцнежен војвода, Печо Настев, гимназијалец, војвода за време на востанието, Кице и Дине Абдураманов се најблиските воспитаници на Марко од Леринско. Кај Марко се учеа и учителите Методи Патчев од Охрид, Славко Арсов од Штип, како и писателот Христо Силјанов.

По предавството на локални гркомани, Марко војводата загинува во борба со турски војски во леринското село Пателе (денеска Агиос Пантелејмонас, Грција) на 13 јуни 1902 година. На местото на Марко се поставени војводите потпоручник Георги Папанчев и Дине Кљусов.

     
Спомен плоча во Котел.
Марко Лерински

Изменето од lav4eto - 06.Ноември.2009 во 20:42
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 22:55
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 23:39
http://www.makedonika.org/sarafov3.GIF
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 19:40
Акад. Блаже Ристовски
“Столетиjа на македонската свест” , Скопjе, Култура, 2001


Стр. 33:
“Вистина, барем досега расположивите официjални документи на Македонската револуционерна организациjа директно или индиректно декларираат, иако недостатно jасно артикулирана , главно бугарска национална свест на истакнатите револуционери. Исто така тие, како Eгзархиски воспитаници и службеници, го користат бугарскиот како и своj литературен jазик и не ни размислуваат за сопствена посебна македонска црковна хиерархиjа, а имаат свое официjално надворешно претставништво само во Софиjа и ги користат услугите само на бугарските митрополити и трговски агенти во Македониjа.
Не треба да се подзаборава ни ординарниот факт дека Организациjата, во согласност со диецезата на Бугарската Егзархиjа, го вклучи во своjот организам и немакедонското Одринско, иако нашата наука како да го пренебрегнува тоj ноторен белег што малку подоцна се инфилтрира и во името на самата Организациjа. При сето тоа како да се нема предвид и несомнениот факт дека МРО (Македонската револуционерна организациjа) произлезе всушност од “лозарството”, кое во основата беше национално македонско и тое “сепаратистичко движење”, но и тоа дека Бугариjа беше единствената држава што го поддржуваше ова движење, па и бугарските влади директно успеваа да се мешаат во работите на Организациjата. Нашата наука како свесно да подзамижува пред тие општопознати факти.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:12
А што е чудно тука
Кон врв
scorpius Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 65
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај scorpius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:34
Navistina nisto cudno nema
Se e jasno
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 09:04
Стр. 34-35:
"Исто така упорно се игнорира вистината дека раководството на ТМОРО всушност не успеа да изгради комплетна и комплексна македонска национална програма. Расположивите организациони акти и документи наполно jа пренебрегнуваат таа неопходност. А дека тоа не е случаjно потврдува и жестокото спротивставување на раководството на ТМОРО на идеологиjата на Македонското научно-литературно другарство во С.Петербург (на Димитриjа Чуповски) токму поради неговата наполно изjаснета македонска национална програма. Треба наjпосле погласно да се рече дека книгата на Крсте Мисирков, иако по инспирациjа од бугарските надлежни фактори, jа гораат во Софиjа македонски деjци и неjзиниот автор жестоко го тепаат исто така македонски софиски “револуционери” Исто како што беше и Димитриjа Чуповски фатен и со пиштол изгонет од Велешко (1905) имено од “централистичкиот” воjвода на организационата чета – само затоа што во моментот готвеше почва за отварање училишта на македонски jазик."

Стр. 36:
“И не може да не се нагласи дека вината за таквиот резултат (Бук*решкиот договор и распарчувањето на Македониjа) во голема мера паѓа и на МРО што остана без македонска национална програма и што во целото време се држеше за рака со само една од пропагандите, а во суптилниот период на воjните и завоjувањата се стави во услуга на еден од завоjувачите".



Изменето од lav4eto - 05.Ноември.2009 во 10:45
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 11:42



Јасно пишува Македонски училишта

пак да не е нешто нејасно
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 11:53
Сепак тоа го пишува еден од великаните ваши-значи jaсно признава за бугарската национална свест на револуционерите од ВМОРО; за бугарскиот jазик коj го користеле сите;за тоа што базата им била нормално во Софиja и за поткрепата на бугарските влади.
И затоа што НЕМАЛЕ македонска национална програма и прогонувале и тепале тие, кои сакале училишта на македонски jазик.
Значи Чуповски, Пулески, Мисирков и другите се поединци,кои немале никакво влиjание и авторитет врз мнозинството од македонското населениjе.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.