|
Српска пропаганда и окупација на Македони |
Внеси реплика | страница <1 56789 33> |
Автор | |||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МАКЕДОНЦИТЕ ГО ИЗГРАДИЈА ИДЕНТИТЕТОТ БЕЗ АЛЕКСАНДАР Интервју: Нада Бошковска, професор на Универзитетот во Цирих Пишува: Виктор Цветаноски Вардарска Македонија била најневралгичното подрачје на Кралска Југославија. Зошто тогашната власт на нејзина територија држела околу 13.000 жандари, повеќе отколу во останатиот дел на државата? -По создавањето на Југославија во 1918 година границите се' уште не биле безбедни. Во дваесеттите години од минатиот век во Македонија, во разни краишта ситуацијата била немирна. Во Западна Македонија имало албански качаци, а во источниот дел навлегувале четите на ВМРО и вршеле напади, на пример, на колонисти. Југославија не била сигурна дека политичкиот поредок по војната е дефинитивен. Разни групи имале разни претстави за иднината на Македонија. Еден помал број македонски емигранти во Бугарија се залагале за приклучување на Македонја кон Бугарија, а повеќето сакале Македонија да биде протекторат на Лигата на народите или на една од големите сили; во самата Македонија имало очекувања таа да добие автономија. За да задушат секакво спротивставување и да го осигурат политичкиот статус кво, властите ја преплавиле Македонија со војска, жандармерија, четници, граничари. Во средината на дваесеттите години од минатиот век нивниот вкупен број изнесувал 35.000. Од 17.000 жандари на Кралството СХС, 12.000 се наоѓале во Македонија. Во 1928 година, во целата држава на 674 жители доаѓал по еден жандар, а во Македонија на 102 жители. Истовремено, народот бил задолжен да учествува во борбата против четите на ВМРО, а селаните морале да ги чуваат пругите. |
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Над 1.000 жители од Тиквешијата платија со живот за време на Тиквешкото востание, дигнато во предвечерјето на Втората балканска војна. „Тиквеш остана гол и пуст, место славеи и косови, по војната се слушаа само утање и гракање на чавките“, ќе забележат хроничарите што ќе го посетат оваа место по големите колежи. Тиквешкото востание било дигнато на 19 јуни 1913 година. Овој крвав настан македонските историчари до пред петнаесетина години не го истражуваа, сметајќи дека востанието е организирано од Софија со цел да се направи бунт во заднината на непријателот. Тие го определуваа како „врховистичка провокација“, востание дигнато во интерес на бугарската кауза, а цената ја платил македонскиот народ со многу жртви. Бугарските историчари, пак, според веќе познатите нивни ставови, востанието го прогласуваат за бугарско и го определуваат како вооружен протест на македонските Бугари и нивен стремеж за слобода и обединување со Бугарија. Д-р Зоран Тодоровски не се согласува ни со едната ни со другата оцена. Тој вели дека востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен протест на населението против новиот српски окупатор веднаш по Првата балканска војна во Македонија. „Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО“, пишува Тодоровски во својата книга за востанието издадена од Музеј-Галерија Кавадарци. Тој притоа ги цитира зборовите на Пане Поп Коцев, кој во своите спомени вели: „Тоа мало востание ние го направивме без никаква помош од кого и да било“. Востанието било предизвикано од репресивните мерки што ги спроведувала новата окупаторска власт во Македонија по победата над Турците. Меѓу другото, таа започнала насилна асимилација врз населението. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант на Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикал градските првенци и им се заканил со зборовите: „Вие сте стари Срби, Бугарите ве асимилираа. Сега, кога ние сме веќе тука, ќе си бидете повторно Срби...Ако не ја исполните наредбата, веднаш ќе ве испотепаме сите“. Српската власт своите намери почнала и да ги остварува со воведувањето на српскиот јазик во црквите и со отстранување на архијерејскиот намесник на градот. Учителите и поповите кои не ја прифаќале србизацијата, власта ги отпуштала од работа и ги апсела. Така, револтот од ден во ден растел се' повеќе, не само кај првенците на градот, туку и кај обичните жители. „На ваквиот револт не останале индиферентни ниту врховистичките кругови на ВМОРО, кои ставајќи се на страната на бугарската државна политика биле мошне заинтересирани за промените во Тиквешката област. Користејќи ги насилничките окупаторски мерки на српската власт, тие се обидувале да му внесат уверение на населението преку своите емисари дека српската власт е привремена и дека набргу ќе дојде до бугарско ’ослободување’“, пишува д-р Тодоровски, укажувајќи на тоа дека и бугарската држава и комитите кои во тоа време целосно се ставиле на страната на Софија, биле заинтересирани да се дигне востание во тој крај. Во Тиквешкото востание учествувале и врховистички и санданистички чети и војводи. Предводник на санданистите бил Мишо Шкатров, мошне популарен и сакан од народот. Според д-рТодорски, околу него се собрале сите видни револуционери и активисти во Тиквешијата, припадници на разни политички движења и идејни струи на ВМОРО. Највлијателна била групата на централистите предводени од Пано Имирлиев. Во востанието се вклучиле и комунистите предводени од првиот социјалдемократ во Кавадарци, Ристо Михов. Групата чорбаџии кои биле најблиски до „сарафистите“, ја предводел Тасе Бошков, кој подоцна станал кмет на Кавадарци. Тодоровски нагласува дека, и покрај различните интереси, несогласувања и борбата за престиж меѓу овие три главни групи во минатото, врз основа на авторитетот на Мишко Шкартов тие се обединиле. Единствено Шкартов имал спорови со месниот војвода Дончо Лазаров, кој инаку бил приврзеник на Тодор Александров. Бројот на востаниците изнесувал околу 1.000, од кои 200 луѓе биле обични граѓани кои зеле пушка в рака, а другите комити од четите на ВМОРО. Првите денови востаниците постигнале голем успех. Кавадарци било ослободено седум дена, од 19 до 26 јуни, кога на општинската зграда се веело новоизработеното тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни било одржано и свечено собрание на кое била избрана и градска управа од 12 видни кавадарчани. Револуционерниот штаб очекувал да им притекне на помош Четвртата бугарската армија која се наоѓала од левата страна на Вардар. Меѓутоа, помошта неда стигнала. Бугарската армија се повлекла поради новосоздадената ситуација. Се повлекле и четите на ВМОРО кои се вклучиле во борбите по наредбата што стасала од централата. Така, востаниците останале сами да се справат со српската војска и башибозукот и брзо биле поразени. Тогаш започнал крвавиот поход по тиквешките села. Василие Трбиќ, тогашен командант на таканаречениот „Вардарски одред“ собрал околу 200 просрпски ориентирани доброволци од Велешка и Прилепска околија, а под негова команда се ставиле и четите на Јован Бабунски и Јован Долгачот. Истовремено, по наредба српскиот началник на Кавадаречкиот округ, Душан Николиќ, потурчениот Албанец Јаја-ага вооружил 250 Турци башибозук и му се ставил на располагање на Трбиќ. Навлегувајќи во тиквешките села, башибозуците на Јаја-ага извршиле невидени ѕверства, безмилосно пресметувајќи се со недолжното население. Немало место во кое не биле извршени мачења и ликвидации. Биле силувани многу жени, пљачкосување и запалени многу куќи и дуќани. „И покрај гарантирањето ’во име на крал Петар‘, српските власти во Кавадарци уапсиле и врзале на кол во центарот на градот повеќе од 150 граѓани. По 30 часа заврзани на жешкото тиквешко сонце, и без вода, тие биле одвлечени надвор од градот, кај месноста Полјаната, заедно со уште 50 други кавадарчани, односно вкупно околу 200 души, и стрелани“, подвлекува д-р Тодоровски. Петар Камчев кој учествувал на трибината што се одржала во 1993 година го пренесува потресното сеќавање на д-р Методи Боцев за стрелањето на неговите вујковци Диме и Тодор Гроздановски. Кога Јаја-ага дошол во Кавадарци татко му на Методија Ило Боцев, заедно со Ристо Грозданов се скриле на таванот на куќата на Грозданови. Кога еден дел до четата на Јаја-ага се доближила до куќата, тие преку отворот на ќерамидите истрелале неколку к*ршуми и притоа убиле еден, а неколкумина четници раниле. Веднаш потоа слегле од таванот, а да не бидат видени со оружје пушките ги скриле, едната во бунарот, а другата во каците и побегнале во куќата на Чемерци. „Насетувајќи дека ќе се случи нешто лошо, бабата ми Султана, заедно со другите жени од куќата како и децата решиле веднаш да побегнат и да се засолнат. Жените се скриле во една турска куќа во непосредна близина на нашата, денес истата е сопственост на Тодор Мурџев-Тотката. Машките деца немале право да се кријат во турска куќа, па затоа моите вујковци, браќата Диме и Тодор Грозданови, се скриле во куќата на Ристо Грозданов“, пишува Камчев. Единствено во куќата останала прабабата на Камчев. Веднаш по истреланите к*ршуми настанала голема паника во редовите на Јајата, а четниците го опколиле целото маало за да ги пронајдат извршителите на убиството. Кога четниците предводени од Јајата влегле во куќата на Грозданови таму ја нашле старицата и започнале безмилосно да ја тепаат и измачуваат за да каже каде се кријат тие што пукале врз нив. „Кога го видел тоа мојот помлад вујко Диме, на возраст од 17 години, како безмилосно ја тепаат неговата баба, од голема жал излегол од скривалиштето и им кажал на четниците дека комитите побегнале, но дека видел каде го скриле оружјето, со што мислел дека ќе ја спаси баба си. Тој ги однел кон бунарот каде што била едната пушка и кај оставата каде што била скриена другата, без да знае дека таму се скрил неговиот постар брат Тодор, на возраст од 19 години“, раскажува Петар Камчев за трагичниот крај на своите вујковци. Четниците на Јаја-ага започнале физичко да ги измачуваат за да кажат каде се скриени комитите кои пукале. Не им кажале ништо, бидејќи и не знаеле. Потоа ги однеле со уште 23 кавадарчани во месноста Опитно Поле на север од градот, каде што сите ги стрелале. „Кога вечерта дедо ми Ило се враќал дома, на патот го пречекал еден негов комшија и му ја соопштил страшната вест дека неговите двајца синови Диме и Тодор на најѕверски начин се стрелани од страна на четниците на Јајата. Скршен од болка и од тага, дедо ми Ило Грозданов, инаку многу здрав човек, само за неколку дена од преголема болка и од мака си извадил 18 здрави заба. За да биде несреќата поголема, неговиот најстар син Пане, кого за време на блокадата на Јајата во Кавадарци само среќата го спасила од сигурна смрт, едната година по овие настани во времето на Првата светска војна бил регрутиран во редовите на српската војска. Мојата баба Султана се упатила во неговата касарна со молба и со поголема сума на златни лири кои ги дала со цел барем едниот нејзин син да се спаси. Меѓутоа, наместо ослободување, по извесно време добиле известување дека нивниот син Павле загинал на мистериозен начин. И до ден денес неговиот гроб не се знае“, раскажува Петар Камчев. Јаја – ага и српските четници убија над 1.000 невини луѓе Д-р Зоран Тодоровски во книгата „Тиквешкото востание во 1913 година“ ќе наведе повеќе извори кои приближно ја потврдуваат оваа бројка на жртвите. Во книгата Кирил Прличев за српскиот терор во Македонија, објавена во 1917 година и заснована на податоци на Извештајот на Карнегиевата комисија за балканските војни, наведува дека во Кавадаречка општина вкупно биле убиени 195 души, а силувани 15 жени. Само во Кавадарци биле убиени 25, а во селата Ваташа 37, Бохула 45, Сирково 26 души итн. Во Неготинска општина биле убиени 331, а 488 куќи биле изгорени. Само во Неготино биле убиени 117 души, а во селата Прждево 37, Бистренци 39, Бесвица 28, к*ријата 20 итн. Поголема е бројката што ја соопштуваат некои сведоци и учесници во Тиквешкото востание. Блажо Видов тврди дека вкупно во Тиквешијата биле убиени повеќе од 1.200 души, од кои во Кавадарци 363, во Неготино 263 и во Ваташа 89. Во Кавадарци биле изгорени над 60 куќи, а во Неготино една третина од вкупниот број куќи во градот. Најмногу настрадале селата Мрзен Ораовец, Фариш, Глишиќ, Ваташа, Марена, к*ријата, Палик*ра, Рибарци, Манастирец и Шивец каде што имало и најмногу изгорени куќи. Според Васил Сеизов, вкупно во Тиквешијата биле изгорени повеќе од илјада куќи, околу 500 души, мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени, околу 750 куќи во Неготино биле опожарени, а вкупно во Неготинска општина биле убиени околу 500 души, од кои само во градот Неготино 280 души. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A5DBEB05FF201B4AAA895133FEC849EE Изменето од macedon_alex - 08.Јули.2009 во 21:45 |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се си испомешал, ама најверојатно не знаеш за тој настан затоа и така зборуваш. Уште пред да дојдат Бугарите, односно дури и пред да дојдат Германците во Македонија, Србите колонисти сфатиле "колку е часот" и почнале да бегаат во Србија. По нив, во возови се наоѓале и нивните работи. Кај Мичурин, Македонците, знаејќи дека Србите ги нема повеќе, ги запрале возовите, земале се што имало, потоа празните возови продолжиле за Србија. И истите тие подоцна ( моите определен рок живееле таму ) биле антибугарски насторени, затоа што кога мојата фамилија криела дезертер од Бугарите ( Македонец од Охрид ) тие сите знаеле и никој не не кажал на Бугарите. |
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Српските училишта кои биле отворени во Македонија пред се биле за асимилација на Македонскиот народ, секое утро кога влегувала учителката во училницата, децата морале да викаат: - “Добро јутро улитељице, ово је Србија и ми смо Срби!“, сите Македонски попови биле ликвидирани, оттргнати од црквите и во нивна замена се донесени српски попови бидејки народот преку црквата најповеќе била манипулирана. Што се однесува за цар Душан, и тие српски митови и легенди мора еднаш засекогаш да се отргнат. Една работа е јасна, Османлиите навлегувале во Византиска земја а не српска, како што сака делија да шири дезинформации, многу е краток периодот на српското владеење на балканот така да со иронија може да се чита “српската историја“... исто како сега Турчинот да каже дека се им припаѓа ним бидејки имаат подолг период на владеење на балканот... пусти небулози.. Точно е дека постои српска пропаганда во Македонија, но на начин на користење на емоциите преку религијата, и наводен братски народ. 90-те работев во Белград, знам точно како србите говореа за нас и какво мислење имаат, еве еден дел од нивното размислување: Aleksandar Macedonski je u stvari car Srpski Preci su mu iz Pomoravlja Potiče iz antičkoga bratstva koje je naseljavalo prostor Temnića, odnosno obale u gornjem toku Velike Morave Aleksandar Veliki (356-323 p.n.e) bio je najveći osvajač i vojskovođa Staroga sveta. Sin Filipa úú i učenik Aristotelov, Aleksandar je ujedno i najveći od careva bogate antičke srpske istorije. Piše: Miroslav Dimitrijević Buggyman, ако нешто сакаш да пренесеш на јазик различен од македонскиот овде, тогаш тоа се прави со линк, односно тука ќе поставиш две-три реченици, а за понатамошно читање ќе оставиш линк. Македон_алекс Изменето од macedon_alex - 09.Јули.2009 во 14:17 |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
„Во дваесеттите години од минатиот век, за да ја контролираат Македонија властите се потпирале врз репресивниот апарат кој бил огромен. Инвестиции тогаш имало во школството, со цел населението да се воспита во „коректен“ национален дух, значи да се посрби. Македонците ги прифаќаат понудите во сферата на школството, народот бара училишта, гимназии, и сам вложува многу труд и гради училишта, раководејќи се од девизата „поарно да има српски школи отколку никакви“, но посрбувањето не успева. Напротив, младата елита која целосно поминува низ српските школи развива автономистички и македонистички ставови. Во втората половина на триесеттите години од минатиот век, кога политичкиот живот е малку послободен, се залага, на пример, за признавање на македонскиот јазик и на својата народност. Во 1937 година студенти на Филозофскиот факултет во Скопје бараат катедра за македонски јазик и литература.“
МАКЕДОНЦИТЕ ГО ИЗГРАДИЈА ИДЕНТИТЕТОТ БЕЗ АЛЕКСАНДАР Интервју: Нада Бошковска, професор на Универзитетот во Цирих Пишува: Виктор Цветаноски Boldiranoto e za da M_A vidi deka terminot makedonistichki ne se koristi samo vo Bugarija. |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За Тиквешкото востание:
The organisers had planned to start armed resistance against the oppressors after the Bulgarian Army had begun operations in the region. Значи организаторите соглосували да jа отпочнаат борбата после навлегувањето на Бугарската воjска. The Serbian army unit in Negotino was attacked and forced out from the town, Kavadarci and Vatasha were liberated soon after. The rebelions set up a provisional Bulgarian government in these settlements. Во востанието учествале четите на Христо Чернопеев(од Ловешко), Петар Чаулев(од Охрид), Петар Jуруков(од Карлово).За жал бугарската воjска немала можност да премине Вардарот во поткрепа на востанието. On June 25, after realising that help from the Bulgarian army would not be coming soon, the rebels moved out from the liberated towns. In the following days the Serbian army brutally suppressed the uprising and terrorized the Bulgarian population in the rebelling regions. Кога станува jасно дека помошт нема да доаѓа скоро,востаниците се повлекуваат од ослободените градови. Во следните денови српската воjска брутално го тероризира бугарското население во востанатите реони. Тиквешко востание Изменето од lav4eto - 11.Јули.2009 во 17:49 |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Незнам што да речам за овој твој став!? Додуша знам, но ќе треба да се самобанирам! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересно, но сепак една работа треба секому да му е јасна, која секоја индивидуа на тоа се повикува а тоа се човековите права. Ако 1991 година, Македонскиот народ ОДЛУЧИ да биде независна, суверена земја, со преку 80% гласови на граѓаните на Р. Македонија, колку и да има книги како твојата, се побива со волјата на народот и баш токму правото на избор, слободната мисла... За мене лично, историјата не игра, ни во најмала рака, голема улога во некакви си пропаганди, дали се тоа Српски, Бугарски, Грчки, Албански...(а постоеле такви пропаганди) што за мене таа тема е ирелевантна но сепак е достапна за полемика. Пропагандите и денес постојат низ Македонија, од истите народи и истите странски влади, дали со помал (србите) или со поголем (Бугарите) итензитет, како и Грчката и Албанската.. Секој од нас треба да си признае за такво нешто а не да негираме некој од нив поради Х причини и лични емоции. Постои српска пропагандна машинерија во Р.М., погледнете ја Сител телевизија и весникот “Вечер“, ако тоа не се продолжена рака на српската пропаганда, тогаш што е?(така јас МИСЛАМ) Сепак е народот тој кој ке одлучи што е исправно а што не.... |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Едно мора да се энае и да се почитува - дојденците се гости овдека,ги пуштаме по сопствена добра воља эа да има конструктивна дебата - во секој момент кога ова гостопримство се элоупотребува и темите се користат эа потпирање на раэно раэни соседни пропаганди,кога Македонскиот народ,јаэик,култура и историја се негираат поради истата сесоседна пропаганда тогаш ние Македонците мораме да се одбраниме и да ставиме крај на ваквата элоупотреба. Мислам дека сум јасен,эа повеке во правилата на форумот эа да биде појасно |
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Edna rabota na sekomu treba da e jasna... Propagandata vo OVOJ DEL OD MAKEDONIJA bila vrsena od Srbija, AMA SAMO NA ONIE KOI TEZNEELE ZA BUGARIJA... Zatoa ne e cudno sto site od niv bile tamu prakani...
Dodeka od druga strana PRAVITE Makedonci nikogas, ama bas nikogas ne bile vo nikakvi losi odnosi so Srbite... I onoj Cernozemski koi nekoi go velicaat za Makedonec e cist B`lgarin... Ete za takvite ko nego vi zboram... Site tie bile proteruvani vo Bugarija... Zosto ne bile vo Albanija proteruvani...??? |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Била вршена пропаганда и многу насилства од Кралска Србија, кон сите Македонци. На сите им биле менувани презимињата, некои биле насилно мажени-женети во Србија итн. Се додека имаш вакви тврдења а нема докази, за разлика од тебе јас приложив за Ченто, Брашнаров, Страшо Пинџур ( баба му жива ја гореле Србите за да каже каде е )) или ти што остануваш само на некакви добри односи и слично. Пак ќе ти кажам, прашај ако имаш некој постар во Мичурин како Србите биле испратени од Македонците, пред да влезе германската војска во Македонија, значи многу пред бугарската. |
|||
DelijaSkopje
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ima dokazi samo deka preziminjata bile menuvani od "IC", vo "SKI", dodeka nema dokazi kako na nekoj od "SKI" mu go promenile vo "IC"... Toa se samo glupi tvrdenja... Daj mi dokaz deka nekoj na "IC" porano bil na "SKI"...??? I na kraj kraeva, ne se site Srpski preziminja na "IC"... I prezimeto netreba nisto da znaci, bidejki nie sme isto so Srbite... SLOVENI...!!! E sega sto pokasno se stvorila Makedonska nacija OK... Toa e FAKT, ama poteklo si e poteklo... Изменето од DelijaSkopje - 16.Јули.2009 во 14:51 |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Внеси реплика | страница <1 56789 33> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |