IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6667686970 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 07:48
Се мачам да напишам стих
се маткам со мисли
немирни,несредени
и никако не успевам
да најдам крај
да ги средам.
И пак одново
и одново,но...
без успех.
Ништо не ми успеа
од тоа,оти
единствено успеав
без престан
да мислам на тебе.



Изменето од butterflyM55 - 25.Февруари.2009 во 07:51
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 09:06
Чекав на раскрсницата на сонот
гледајки низ просторот ѕвезден
барав сон за мене
да сонам за несонетото
за неоткриеното
за она што тајна е вечна
за секој смртник мал.
Стоев на патот млечен бел
барајки спас за сонот мој
да го спасам она малку
шо од него останало
некаде таму
во денови одминати,заборавени.
Јавам на сонот од желби
скриена од сонови јавни
кои тајна бараат да откријат
болка во око сјајно бесмртно
кое тебе те чува
во сонот важен,скриен.
Талкам низ просторот бесмртен
чекорејки смело
ко кралица горда на својот успех
а поразот го кријам
од окото будно што наслада бара
од болката моја.
Скриена од сите,од секоја ѕверка
носејки љубов само за тебе
не успеав ни во сонот
да се скријам од тебе,
од твоите очи,
од твоите прекори тешки
што рани нови направија
за да има што да барам
и ноќва во сонот на бессонието.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 12:57
Солза од око паѓа,се лизга
Поточе на образ прави
По неа друга и друга...
Се редат една по една.
Сакам да ја исплачам тагава
силно гради што ми стега.
Сакам да исплачам река
со солзиве мали бисерни.
Бистра река од солзи солени.
Силна како болкава моја.
Да однесе се лошо со себе.
Да ги измие очиве плачни.
Да го излечи телово од болка.
Да ја прочисти душава од тага.
Да отвори пат нов пред мене.
Патеката да ја обележи.
до местото свето,чисто.
Каде душите се среќни.
Очите се насмеани,весели.
А телото е силно,полно со елан.
Оти сaмо така ќе можам
да те чувам крај себе.
Без тага и болка
од времето минато
кое душава ја оскрнави
ја уништи до темел.
Ја остави пуста,празна,
полна со црнила.
Огништа одамна изгаснати
само чад оставаат.
А сонцето одамна заборавило
да ѕирне тука
длабоко во мене
каде некогаш ноќ не постоеше.
Врати ми го сонцето
ти мрачна сестро.
Оди си!Замини по својот пат!
Врати ми го сонот.
Врати ми ја среќата.
Врати ми го животот.


Изменето од butterflyM55 - 25.Февруари.2009 во 13:00
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 14:03
Во мисли те гледам
како ми се подаваш
на друго и не мислам
памет за друго и немам
ај ма дојди
и дај ми
од тебе ќеф не поминува
умен ќе бидам
како ќе кажеш
ќе направам
кај едвај те најдов
уште и да те чекам треба
не се смеј
да шекнам сакаш ?
Да кажам
што како ти стои
не знам
со облека сигурно
не те замислувам
денес не одиме никаде
така да си знаеш.
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 19:17

Se sopnuvam na tvoite zborovi,

Pagam,

Kolena raskrvareni,

teçat solzi po vrelite obrazi,

da se ispravam , no mi tezat zborovi teski

Se boram sama so sebe

se boram so tezinata,

teska znae da bide vistinata

da si……prozirna….nevidliva , beznaçajna,

Glasna tajna

Daleçna svetlina,

i pruzeni race i pak taga

i taa svetlina

daleçna ,nedostapa.

...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 22:52
Сликање со апарат

Застани срце кога ти викам
со апаратов да ми те сликам,
во романтика крај кањон речен
да ми те имам за спомен вечен.

Ајде помести се потаму, мила -
слика до пола штета би била -
да ми те фатам цела фигура
од ножни прсти до шик фризура ...

Ај уште малку поназад, така,
слика ќе биде за сто мерака ...
поарно кадро никој ќе нема,
добро е, клик! Еј! Каде те снема?!


Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 22:58
газење%20од%20смеење
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 13:54
Кога не знаев
за тебе и за мене
не знаев
колку никој не ме заслужува
од оние
за кои непотребно знаев
за кои мислев
дека не ги заслужувам.
Смешни и далечни
потонати во твоја сенка
ми покажа
колку многу не знаев
за нив
и за себе
и колку многу има
во тебе
да се осознава
не можам сеуште
толку многу очи да отворам
за да те опфатам.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 20:42


Расположена доаѓаш
предосеќам
ќе дадеш.


Изменето од zbunet - 26.Февруари.2009 во 20:52
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 21:02
Еве ти црвен килим
кралице моја
кон мојот замок измислен
само за мене и тебе
види седмо небо
а на него ѕвезди
иако е ден
разнобоен
колку сум свечен
гледаш ли
насмеан и светкам
за рака дур те водам
ни ракоплескаат
не се тие слуги
можат и без нас
но сакаат вака
за да знаат
какви кралевства да изградат
кога ние ќе им ракоплескаме
и со нив радуваме
дека еднаш успеа
и љубовта да победи.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 22:12
Како ли само ти успева
да ме држиш на врвка
и да се сладиш од страна
на мојата мака.
Како ли само знаеш
да ме ставиш пред свршен чин
да ме натераш да признаам
се што не треба.
Како ли само душа ти дава
да ме оставаш вака
и да гледаш како се кинам
од желба за тебе.
Или послатко е после
кога ќе дојдеш одненадеж
а јас те чекам ко водица слатка
па неможам да се изнапијам
од изворот твој сладок.
Послатко е кога ме држиш гладна
па после ко понадица ми идеш
во ноќта глува и ми се нудиш
а јас и не гледам што нудиш
само знам дека си ти
и со сласт те голтам.
Помило ти е кога ме ладиш
за да ме изгориш после
со твоите допири врели
и да ме жариш
со тие усни слатки
и да ме гледаш
како се топам под рацете твои
Како сладолед на сонце.
Како лед на врело тело.
Како јас во твоите раце.


Изменето од butterflyM55 - 26.Февруари.2009 во 22:13
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 22:35
Сакам да те сакам.
Да ти подарам љубов
каква не си доживеал.
Сакам да те направам среќен.
Да ти подарам насмевка
каква досега не си имал.
Сакам да ме имаш.
Засекогаш да сум твоја
Како што никоја досега не била.
Се што имам е твое.
Ти го подарувам засекогаш.
Чувај го,негувај го.
Секогаш ќе ти биде мило
што токму тебе ти припаѓа.


Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 23:04
Знам ова ми е казна
враќаш мило за драго
ама ако,не ти се лутам
ќе издржам сега.
Што не поминало
па и ова сега.
Не ми е мака
оти си заслужив.
А знам дека те копка
и знам дека не ти е сеедно
ама исто така
знам дека ке истраеш и ти
за да знам како е
како изгледа.
Ако ми е.
Нека ми е.
Си заслужив.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 23:43

Ѕвер Колекционер


Моето мило
мене ме сака
ниедна друга
а камо ли трета
паметот брлив
чат-пат му лета
за на крај сепак
на мене да слета.

Моето мило
сè живо знае
главата му е
полна со ука
научник нему
не му е рамен
ме чита како
кинески буквар.

Моето мило
е ретка ѕверка
криволовци бројни
пакосно го меркат
му местат мамки
по цел божји ден
немат поим -
тој е ловец
а тие се плен.










Изменето од filmadzijka - 03.Мај.2009 во 11:15
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6667686970 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,186 секунди.