|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 6566676869 146> |
Автор | |
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Места во тебе
Си се прашала ли некогаш зошто се будиш уморна кога ноќите кај него ги преспиваш? Подочниците ти се бескрајни циклуси од модар приказ, образите ти се свенат јоргован обесен на жичена ограда. Си се прашала ли некогаш зошто не погледнуваш кон небото, кога деновите со него ги минуваш? Нозете ти се лелеави таласи што месечината кон море ги враќа, мечтите ти се испустени монаси во немоќ и од Бога раце што креваат. Си се прашала ли некогаш зошто те лаже, зошто не ти верува, зошто погледот од тебе го крие, зошто ти премолчува вистини, зошто ти го заборава роденденот, зошто не ти пишува... Мила, има места во тебе што фалусот не може да ги допре. |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...odlichna serija...za site bravo...
|
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Quentin, prodolzi!!! Obozavam da gi citam! Ednostavno so eden zbor! PREKRASNO!
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
FOR A ROSE
So tripping thought pure beauty read in study of that which, past poets said give definition ? ... fear to tread ! as giving some confuse i said... And in conclusions I heard poor start for the body read had stolen heart and rang the words of those great man challenges , illusive most taken... As with the best comes much eternal and owned in manner most paternal to take and stir from normal view so ferment fascination for you... And should said text be for a rose you'll find within deeper repose deeper still the words equation in the merry melds an elation. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алхемија
Кога ме зароби Не ми кажа за моите права. А требаше, како на филм: „Сè што ќе речеш Ќе биде употребено против тебе.“ Кога ме маѓепса Не ти кажав за твојата моќ. А требаше, За да знаеш навреме. „Јас ќе бидам тоа Што ти ќе го направиш од мене. И ти ќе бидеш тоа Што јас ќе го направам од тебе.“ Кога ме напушти Не ти кажав ... А требаше. „Јас од тебе направив јавач на змејови. Ти од мене направи Камен.“ И се препна. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Thanks seka за поддршката
Рециклирање На списокот безнадежни, со гордост прв се потпишувам. Безброј стихови посакувам, со волшебни рими да ми ја измерат тагата што долж лицето се слева, како очајнички пост скриптум од проштално самоубиствено писмо. Ноќва демони ме опипуваат по телото, да видат дали сум дозреан да ги следам. Но, душа опипаа детска и мисла пренаивна за возрасен ум. Ме испратија во чистилиште, каде дождовите со киселини се мрестат. Тие ќе ги разложат бистрите погледи и искрениот насмев. Светов ќе ме обезличи. Светов мислите на хартија ќе ми ги собере и ракети од досада ќе си прави. Светов душата ќе ми ја испрати на рециклирање. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Imeto mi lebdee nad ispukani usni,
nad groznicav pogled kon nebo napregnato sto gleda, ne ke li prepoznae vo nekoja ptica ubavina sarena tolku potrebna, slobodna i gorda od oblaci so koi se druzi. Kapka vo oblik na srce me promasuva veterot narecen " Iljada baknezi " me zaobikoluva, se guskam sebe si so podgrbavenost, se slavam sebe si so gozba negibnata i gosti nepokaneti. Lesno bese da se zasaka tesko bidna da se odrzi, scevo zakani mi praka deka ova tempo ne e dobro, deka volku ne sakal nikoj |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
PASSION Oh... give me back the passion... But the passion I sorely miss... |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SONOT NA MOJATA MLADOST
Kako sto proletta doaga od senkata na zimata Kako sto sonceto se krie zad sekoj oblak Kako sto zvezdite na neboto se rasposlani vo nekoja nelogichna simetrija taka dojde i sonot na mojata mladost... ...Ljubovta prva... nekaneto ko dozd sred vedar den kako sneg vo Juni kako utro neosamnato. Tivko i nechujno na krilata na angelite milozvuchno i slatko pristigna so prvata utrinska zora...i taa... ...mojata prva ljubov... Zabraneti plodovi magichni dopiri zborovi od srce kazani sramezlivi pogledi i se toa za prv pat kako son ubav...kako... ...kako...sonot na mojata mladost da e jave sega.... |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ad absurdum
Строго затворен е кругот во кој можности се раѓаат да изградиш сопствен Пантеон со тули на умеење. Малото парче небо под кое Цеца е парадигма ги вшмукува "изродите" што го презираат а нивното исчезнување го правда со егзорцизам. Красноречиви созданија што мислат дека човек се станува со костум и кравата, везден ги ставаат на берза воздухот, езерата, црквите, соништата... Еден ден и на сонцето ќе му забранат да изгрее оти секој ќе сака да има приватна ноќ, во својата приватна соба, на својата приватна пустина... (сочинета од милион зрнца самотија). |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Cekanot na Tor vo miote race vibrira
dodeka od planina pravam gong da oznacam edna ljubov, da izlekuvam edna bolka povrzana so se sto postoi i sto ima zaednicki zig. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е тло по кое чекореле боголуѓе, а јас само твоите стапки ги следам. Ова е небо што не скржави снегови, а јас од твојот студен поглед не се откажувам. Што мислиш мила, дека ангелите не водат љубов? Од болка до болка се тетеравиме, соништата ги забораваме, а за нештата што ги пропуштаме се тешиме дека не ни биле судени. Уште ли мислиш дека ангелите не водат љубов? Собираме поштенски маркички од писма што никогаш не ги испраќаме, бараме адреси и убави погледи на места што не ги населуваме вистински. Погледни ги расфрланите облачиња. Ангелите пак ја растуриле небесната постела. |
|
blagorodna
Сениор Регистриран: 16.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 568 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova je nasa zemja
ova mi je tatkojna ovde je sve sto ima ja Makedonija.... |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ем блага, ем родна, браво, ова е најискрената песна за Македонија.
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 6566676869 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |