![]() |
|
|
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 81> |
Автор | |||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
||
Македоне, не ти се обраќам на ЛП, а јавно, ако сакаш избриши го.
По твој совет инсталирав Фирефокс и сега читам се` од МАКЕДОНСКАТА БИБЛИОТЕКА. Во пребарувачот бил прблемот. |
|||
![]() |
|||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() |
||
Незнам како го кажал, но гледам како е напишано, односно како ти или Пејо Јаворов го имате прикажано. Во секој случај како е прикажано наликува на еден од источно македонските дијалекти. Изменето од Platenik - 22.Јули.2010 во 13:48 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
||
Јасно Платеник.
Да видиме и Пат што ќе каже. Сега можам да ги читам спомените на Мартулков, па види/Македон/ што ми направи впечаток. ![]() Зошто Алексо Мартулков го праша само македонскиот народ, а зборува и во името на одринскиот народ? Изгледа ми што овој комунист или социјалист има некакво империјалистичко однесување кон одринскиот народ. Или ламти за туѓи територии? Уште Македонија ја немало, а тој сака да ја прилапа и одринска Тракија. Социјалист ли бил или империјалист? Нешто е многу контрадикторен. |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() |
||
Гоце Делчев сигурно е говорил на обичните селанци на илинденскиот диалект. Штом постои илинденска азбука, ке постои и диjалект на коj се е говорила таа азбука: Илинденска азбука или азбуката што се користела за време на Илинденското Востание е азбука што ја користеле македонците за разни огласи, наредби, начела или устави. Азбуката е создадена врз база на развојот на македонскиот јазик, поточно се користеле само буквите што постоеле во македонскиот јазик во тоа ниво на неговиот развој. Поголем број на букви од црквономакедонската азбука биле избришани и престанале да се користат, најчесто букви од грчко потекло. Исто така треба да се забележи дека во азбуката е вметнат и мекиот знак иако не се користел. Азбуката е идентична со официјалната азбука на Бугарија од реформата на Марин Дринов во 1878 година до реформата во 1945 година. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
||
Мартулков пишува и за Одрин,затоа што одринска Тракија истотака била јаболко на раздорот, а судбината на тој регион често била поврзана со конфликти во кои како засегната страна се јавувал и македонскиот народ. |
|||
![]() |
|||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() |
||
Каснакоски, нешто не гледам некои добро познати букви од старата азбука....Ако ме разбираш што сакам да ти кажам ![]() Мала помош: Во сите филмови, романи, раскази за Делчев кај нас, тој зборува на литературен македонски, за што нормално, нема теоретски шанси да било така. Јас мислам дека во филмот „Мера според мера“ е донекаде блиску погодено како тој, и воопшто сите револуционери зборувале. се гледа дека тие што го правеле филмот ги проучувале македонските говори. Родното кукушко наречје на Делчев е блиско до гевгелиско-дојранско-валандовското, ако не се лажам, а кое што пак е многу блиско со радовишкото и струмичкото а кое што пак е оддалечено од охридското или прилепското исто колку до говорот на некое Банту племе во Африка, веројатно така си мислат некои од Бугарија. Всушност и си мислат, сум спорел со такви ![]() ![]() Еве и една друга споредба- во Македонија сите го зборуваме литературниот македонски, и го употребуваме најчесто во официјални пригоди, ама во неврзан говор сите говориме на нашите родни дијалекти, и што мислиш, ни треба ли преведувач можеби? Појди во некој студентски дом во Скопје и ќе ги слушнеш сите можни дијалекти и поддијалекти. И уште нешто, и во вашата наука за јазикот има посебна тема македонски говори- што мислиш, зошто? ![]() Изменето од Pat - 22.Јули.2010 во 14:51 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
||
Пат, не се работи тука за зборување дома или обичен разговор со селаните.
Ако треба да се зборува на собрание, каде се употребуваат зборови кои не се карактерни за секојдневната реч, како ќе зборуваш ти? Дали митинзите во вашата Република политичарите ги одржуваат своите говори на дијалект? |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() |
||
Богатството на Македонскиот јазик се баш дијалектите и да тие секогаш и секаде се користат бидејки колку и да сакаш литературно да зборуваш она едно или две зборчиња кои ги збориш од мал со тој свој акцент ке излезат на виделина
![]() |
|||
![]() |
|||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() |
||
А што мислиш, дали тие митингувале како што прават политичарите денес, или го организирале населението за востание? Многу нелогично ми изгледа Делчев на пример да отишол во Кавадарци, и на луѓето да им зборувал на литературен бугарски. Во училиштето во Штип, да, сигурно се држел до егзархиската програма во училиштето. Јас сега не го разбрав Чоли, дали има податок дека Делчев зборувал на литературен бугарски со обичниот народ, или тоа го заклучува само поради тоа што така прочитал кај Јаворов. Јаворов си е од Бугарија, а со оглед на тоа што тој е и литературен деец, нормално е дека ќе пишува на литературен бугарски. А кажи ми сега ти на мене, во која дружина членувал Делчев, заедно со уште Петар Попарсов, Христо Матов, Ѓорче Петров, Андреј Љапчев, Иван Хаџиниколов и други, и по што е позната таа дружина, ти текнува ли? ![]() Изменето од Pat - 22.Јули.2010 во 19:19 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() |
||
Денеска бев напишал еден по д'лаг пост по темата .... но струjата спре. И тoj се затри. Както и да е... Ме мрзи да се повтарам, но пак ке речем: податоци за jазикот на Делчев употребуван во средбите со населението во неформалните срешти има. Утре ке видим каде беа. А сега за размисал: Да речем на едно општоселско собрание говорат еден подир друг Делчев и Jаворов. Вопросот е: на каков език се е водил разговорот? Да не би Делчев да е говорил на Кукушки диалект а после Jаворов да е говорил на Чирпански? (Чирпан е родното место на Jаворов). Двоицата са издавали еден хектографски весник "Сводоба или см'рт". Како е ставало тоа - може да си види од тука: Како минуваше времето Изменето од чоли - 22.Јули.2010 во 20:02 |
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() |
||
Како да ја решиме загатката??????????????
Многу лесно нека ги покажат весниците Македонска лоза,Вардар,Локвата и Вињарите,За Македонските работи итн. А да можи и сите весници на Вмро од 1893 до 1903 година. ![]() ![]() ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
||
Дали членувал таму? Од писмените документи, писма од Гоце до различни луѓе, не знам дали ги виде, нема ништо од тоа на што мислиш. Дури во едно од писмата напишал ШЕ /може да е ракописна грешка/. Јас не можам да си представам да зборвам пред повеќе луѓе на револуционерна тематика и да зборвам „по селски“. Ако сакаш да кажеш нешто потака, треба да ги користиш и соодветните термини. Зошто да зборува за такви работи на еден начин, а да ги пишува литературно? Што му пречи да пишува као што говори? |
|||
![]() |
|||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() |
||
Каснаковски и Чоли, ќе се извлекуваме ли сега? Чоли ја имаше истакнато таа реченица со поголем фонт и со црвена боја, дека Делчев со обичниот народ секогаш зборувал на литературен бугарски, божем да постигне некаков ефект. Епа кога така некој би правел, би го постигнал токму спротивниот ефект, исто и тогаш, исто и сега. Да не зборувал и со татко му и мајка му на литературен бугарски? Знам, сега ќе ми посочите некои од писмата, па и денес некои пишуваат писма, имејл и смс пораки на литературен македонски, затоа што се научени на таа конвенција преку образовниот процес, арно ама, пишан говор, и устен, т.е. жив говор, не е исто, и никогаш нема да биде. На пример, како што кажа и Буги, вака на интернет, во писмена форма, јазикот на секој од нас изгледа горе долу исто, ама кога би се ставиле сите во живо, дури тогаш ќе се увидат разликите пред се во изговорот на одредени согласки и самогласки, како и акцентирањето исто така.
Па тука е и психолошкиот момент. На пример, кога јас би бил Делчев, мене би ми било срам на некој гевгеличанец кој што има практично исто наречје како и моето, место „нема“ да му кажам „нјама“, место „мера“- „мјара“, сешташ ли се какво ти говорја? ![]() Друга работа, тогаш немало телевизија, радио и интернет, и ретко кој бил писмен, како очекувате обичниот народ да ги знаел дијалектните форми да кажеме од црноморието, или особено оние русизираните, или пак направо руските изрази? А дека Делчев бил член на Лозарите, па еве тука И на крај, вие навистина и го имате тој проблем во Бугарија, за вас дијалектите се нешто селско, и имам впечаток дека кај вас полека се губат, ама кај нас не е така. Кај нас сите сме горди на своите дијалекти, и кога некој провинцијалец во својата средина зборува литературно го постигнува токму обратниот ефект- го сметаат за сељак, или пак за искомплексиран. А и не само во својата средина, на пример, не верувам дека некој на пример од Куманово би му зборел на некој од Гевгелија македонски литературен. Попрво кумановецот би се обидел да зборува гевгелиски, или обратно, по принцип на сообразување. А како пример за тоа од минатото, земи го примерот со Лозарите, Мисирков, или пак цитатот од Шапкарев. Има вие уште многу да учите за Македонците ![]() Изменето од Pat - 22.Јули.2010 во 22:29 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() |
||
Конечно нешто добро од тебе.Супер си кога сакаш ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 6566676869 81> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |