|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 6465666768 86> |
Автор | |
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аладин,мислам дека погрешно си ја сватил марија магдалена.Електронаска комуникација понекогаш е малце некако несодветна за некои изрази..но тоа е.Ќе се навикнеме
П.С Темата за џамија и за црква на плоштадот е повеќе политика него прашање на религија. Ја лично сум за Црква да се направи некаде во Аеродром или Ново Лисиче каде живеаат доста луѓе без никаков храм.Отколку да има 4 цркви во радиус од 1-2 км квадратни. Па уште кога ги видов полтроните од некој локален штаб на една од нашиве партии кои бараат друга црква СПРОТИ планираната просто црева ми се превртеа! Изменето од ahmar1 - 17.Февруари.2010 во 12:26 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секоја чест ahmar1
- затоа нека изградат Бурманли џамија зашо у општина центар нема муслимани - а и греота се да немаат џамија...
ееее па и тииии.... зашто ти е Црква - не мора!!!! Секоја чест!!!!! |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toee mesto na islamskata zaednica postoela dzmija , ie urnata vo 1927
zatoa se bara dozvola za negovo gradenje koga vladata predlozi gradba na crkvaa , islamskata zaednica uste epoglasna za gradenje na dzaija onamu kade bila i bez gradba na crkvaa islamskata zadenica ke si go bara mestoto kade bila burmali dzamija toaa e istorisko mesto na ivz |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За Папата педофилијата е грозоморно злосторство
ВАТИКАН - Папата Бенедикт им порача на ирските бискупи на разговорите за кризата околу скандалот со педофилија, дека сексуалното злоставување на деца од страна на свештеници е "грозоморно злосторство" на кое мора решително да одговорат, соопшти вчера Ватикан. Во изјавата, издадена на крајот од дводневните средби, Ватикан, исто така, соопшти дека ирските бискупи му ветиле на папата дека се залагаат за соработка со граѓанските служби во истрагите за скандалот. "Светиот татко смета дека сексуалното злоставување на деца и млади луѓе не е само грозоморно злосторство, туку, исто така, претставува тежок грев што го навредува Господ и го повредува достоинството на човечката личност создадена во неговата слика", се вели во изјавата. Папата Бенедикт, 24 ирски бискупи и високи претставници на Ватикан се состанаа како реакција на шокираноста во Ирска поради Извештајот на Марфиевата комисија, односно обвинението за секусално злоставување на деца од страна на свештеници. Во извештајот, објавен во ноември, се вели дека црквата во Ирска "обсесивно" прикривала случаи на злоставување на деца во надбискупската диоцеза Даблин од 1975 до 2004 година, и водела политика "не прашувај, не кажувај". (Ројтерс |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тетратка,ја убаво реков дека темава е за политика а не за религија токму по вакви емотивни реакции. Како прво ја не реков дека не сакам Црква туку реков дека ИМА ПОСООДВЕТНИ ЛОКАЦИИ за црква. Ја живеам во населба со 10.000 луѓе каде според пописот се изјасниле 97 % како православни а имаме само една ИГРЧКА која личи на црква и е таму зашто двајца наркомани и се фрлиле од згрдата спроти паркот и сега овие станариве од страв и од лош КСМЕТ( а башка и многу лошо делува за имиџот на згрдата) сакале к*рБАН да колат ама на крај рекел па ај црквичка ќе напраиме. И МПЦ-ОА нема ништо со таа карикатура од храм. Па уште и палат свеќи,фрлаат пари у фонтаче на кое има гол ренесансен ангел кој мафта со криља. Е сега ја на моето дете нема да му давам да пали свеќи(од каде се свеќите и каде идат париете никој не знае) и да ја рачуна таа пародија за црква туку сакам ВИСТИНСКИ ХРАМ да се отвори во кој ќе има клир и ќе се служи литургија. Е сега нека ми извинат властодржците и некои попалени невладини -"градители на цркви" само за у центар( а кои никој жив не ги видел на литургија!)ако речам дека не сакам црква таму бидејќи веќе има ТРИ на километар квадратентуку во мојат населба каде нема ниедна! И ја послем сум предваник а овие претходниме ко мали деца се натпреваруваат кој има поголем(храм-џамија) и зашто камбанарија или минарето е толку високо .. е сега ќе видат они на нас..мајстории!! скелињата кревајте уште повисоко!! Од мене- не благодарам! Изменето од ahmar1 - 18.Февруари.2010 во 12:14 |
|
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Помирување“ бара пет цркви пред Сарај Пет цркви да се направат на западниот излез и влез во Скопје, побара вчера од Владата Граѓанската иницијатива „Помирување“.- Ако во Општината Сарај има пет џамии, треба да има и пет цркви. На ова подрачје постојат пет џамии: во Сарај, во Кондово, тие на Водно кај Букович и Грчец. Затоа, потребно е и да има ист толкав број цркви, затоа што ова е влезот во град Скопје, град кој претежно е христијански - вели Саше Лозанов, претставник на граѓанската иницијатива. Тие посочуваат дека ја поддржуваат изградбата на црква на плоштадот, а не се согласуваат со иницијативата за подигање на Бурмали џамија. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Горна Белица никогаш немало џамијаПаноски Петер кој има 85 години 40 ги поминал во Горна Белица. Како некогаш изгледало неговото родно место ни покажа на слика направена во 1923 година. Не памети дека некогаш тука имало џамија. Од 300 –та семејства кои живееле во оваа сега викенд населба, се сеќава на 5 албански фамилии кои одамна се иселиле од Горна Белица.
И неговиот пријател 80 годишниот Балкоски Живко своето детство го поминал во Горна Белица. Таму учел и се школувал, но немал соученици Албанци. На местото каде што се поставени темелите за изградба на џамија бил предвиден спортски објект. Добил и име Тоше Проески – објаснуваа од месната заедница која го добила правото за користење на земјиштето. Од советот на општината Струга велат дека сега не е време за изградба на џамија. Со струшкиот муфтија Ферат Полиси не се сретнавме. Не одговори на нашите јавувања. Пред 2 дена за Канал 5 изјави дека местото било муслиманско со албанско потекло. Тврдењето рече можел да го поткрепи со слика. Не го најдевме и човекот кој го поддржуваат во изградбата. Бил во Швајцарија, каде работел. Свој аргументи понуди и Паско Кузман. Ќе бара привремена заштита за да изврши археолошки ископувања. Денеска Горна Белица која е на 2 километри од границата со Албанија беше под снег. Не се стигнуваше до местото каде се поставени темелите за нова џамија. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa koj ve zapiraa neka se napravat no ne vladata da investira nearodot neka gi napravi kako sto nie damiite si gi pravime , nas vladata ne ni pomaga |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Г.г. Стефан става потписи секаде
Во колку матни зделки е вклучен првиот човек на Македонската православна црква Билјана Јовановска Архиепископот Стефан во повеќегодишен континуитет ја вовлекува Македонската православна црква во матни зделки со деловни партнери кои завршуваат в затвор, а нему не му фали ниту влакно од главата. Нема дилеми дека на поглаварот не му е тешко да го стави својот потпис и на договори со лица со сомнително минато, а ова го потврдува и последниот скандал во кој е извалкано и името на Црквата, не по нејзина вина повторно. На 24 март минатата година, г.г. Стефан склучил договор со извесен Мајкл Темелков или Мајкл Тема, тогаш 22-годишен готвач од Австралија за реновирање и користење на хотелите „Изгрев“ и „Бисер“ во кој требало да вложи 83 милиони евра! Договорот бил уредно склучен, заверен кај нотар, дури потписите ги ставиле и на анексот за заедничка долгорочна деловна соработка, но се случил ли некој обрт на пари, знаат само архиепископот и Тема. Непишаното правило да се провери бонитетот на лицето со кое се влегува во ваков дил, особено кога тоа некој го прави од позиција на архиепископ, дедо Стефан и овој пат не го испочитувал. Најблаго речено, чудно е зошто поглаварот не се запрашал - кога и каде едно толку младо момче можело да заработи толкав капитал, кој и за австралиски прилики е енормно голем. Да не говориме дека морал да провери со кого има работа и не станува ли, можеби, збор и за пари кои само требало да бидат испрани преку фирмата АУСТЕМ ДООЕЛ увоз-извоз с. Калишта, Струга, која нашинецот од Австралија ја формирал со цел преку неа да вложи 83 милиони евра во хотелите „Изгрев“ и „Бисер“. Индикативно е што и за оваа афера владиците на МПЦ, како што тврдат, немале поим. За финансиски тешката зделка архиепископот не ги информирал и работите, ако се цени според потписот што го ставил на сите документи (речиси под секој член од договорот!), ги туркал сам иако покрај неговото име пишува - Македонска православна црква (Македонска архиепископија, Скопска православна епархија и манастирот „Света Богородица“ - Калишта). Со други зборови, ја искористил функцијата зашто во сите посочени институции или делови на МПЦ е одговорен лично поглаварот Стефан, кому во договорите му фигурира и световното презиме Велјановски. Тоа дека дискрецијата им била исклучително важна потврдува и член 5 од анексот во кој пишува: „Овој анекс-договор е составен дел на основниот договор и тој ќе претставува деловна тајна помеѓу договорните страни и не може ниту една страна да го користи, објавува, ниту да го покажува на други лица“. Од ова, логично, произлегува прашањето - чуму толкава таинственост ако работите се чисти, ако г.г. Стефан бил убеден дека прави зделка, која е за благосостојба на МПЦ? Одговор на ова и на многу други прашања не можевме да добиеме, бидејќи од кабинетот во Архиепископија никој не креваше слушалка. Наводно, во првата недела од постот архиепископот не комуницира со јавноста. Меѓутоа, ако се има предвид фактот дека поглаварот никогаш не дал ниту една конкретна изјава за ниту една матна финансиска зделка во која бил вклучен, почнувајќи од Говрлево, па до дуплото купување на струшките хотели „Изгрев“ и „Бисер“, кои и овој пат се во игра, речиси сосема е сигурно дека и сега ќе го избере молкот. Освен тоа што поглаварот со Мајкл Тема склучил договор за двата хотела да му ги даде на 40-годишно користење, а доколку семејството биде заинтересирано, можел да се продолжи за уште 40 години, во целата прикаска се интересни и неколку финансиски „детали“. Во улога на бизнисмен, првиот духовник на МПЦ во договорот со Тема ги утврдил и износите од закупнината која требало да изнесува 150.000 евра годишно, со право на корекција согласно со тековната инфлација. Посебно било прецизирано исплатувањето од чистата добивка на работењето на хотелот „Изгрев“ да изнесува 20 отсто, а од „Бисер“ 30 отсто нето-добивка по оданочување. Дел од дилот се и помошните манастирски и стопански објекти и градежно неизградено земјиште, сопственост на манастирот „Св. Богородица“ - Калишта. Двете страни - поглаварот Стефан и Тема многу работи договориле на хартија, и тоа прилично прецизно. Според анекс-договорот, во хотелот „Изгрев“, со површина од 8.500 квадратни метри и земјиште од 45.000 квадрати, за комплетно реновирање и уредување на дворот и на околината Тема требало да вложи 22 милиона евра. Во хотелот „Бисер“, за реновирање и уредување на дворот била договорена инвестиција од 7,5 милиони евра, потоа 3,5 милиони евра за помошните и стопанските објекти на манастирот, а на површина од 12.000 квадрати требало да се изгради нов хотел со 300 соби, со висока категорија и сето тоа би чинело 32 милиона евра. За пристаништето и за придружните објекти, како и за бродот за екск*рзии и крстосувања, била договорена инвестиција од 1,8 милиони евра. Во црковниот комплекс требало да се изгради и затворен базен од еден милион евра, но и спортски терени за сквош и тенис, сала за фудбал и кошарка, спа-центар, кафетерија, тушеви... и сето тоа за 5 милиони евра. Митрополитот Петар, кој е администратор на Австралиско-новозеландската епархија, во која би требало да припаѓа и Македонецот од Волонгог Мајкл Тема, во изјавата за нашиот весник вели: „Како надлежен за таа епархија, доколку станува збор за лице кое доаѓало во нашите цркви во Австралија, би требало да го знам, но ниту сум чул ниту сум се запознал со човекот кого го посочувате. Со архиепископот Стефан никогаш не сум разговарал за него, немам ни сознанија дека бил тука, а камоли дека потпишувале некаков договор“. Иако финансиите би морало да одат преку Архиепископскиот управен одбор, во кој членуваат архиепископот и владиците Кирил, Тимотеј и Агатангел како и други лица, вчера и оттаму молк. Поточно, на прашањето дали АУО бил запознат со договорот меѓу поглаварот Стефан и Мајкл Тема, г. Тимотеј кусо ни одговори: „Не се сеќавам дека официјално некој не' информирал“. Индикативно е што обемната документација за договорот меѓу поглаварот и нашинецот од Австралија до македонските редакции (и до „Утрински весник“) е испратена по пошта од Скопје, но и на приватни и-мејлови на новинари од лица од дијаспората. Во целата сторија без друго е најважно што се крие зад оваа матна зделка, која г.г. Стефан ја криел и од собраќата-архијереи, небаре МПЦ и нејзините објекти се негова сопственост, но интересно е и кој би можел да биде испраќачот. Некои од владиците, опоненти на архиепископот, нашинци кои имале причини да го разоткријат Тема, кој поради криминалните дејства и бројни инциденти ии' бил познат на полицијата, а сега е в затвор или, пак, некој трет кој сака да и' наштети на МПЦ во преговорите со СПЦ? Но, кој и да е испраќачот, добро е што излезе аферата во јавноста, бидејќи крајно време е и кај нас да се случи паѓање на маските. Со години ни се случуваат мегафинансиски афери во кои учесник е и архиепископот и двајца негови блиски соработници, а разврска нема. Духовниците остануваат чисти и покрај неофицијалните тврдења од истрагата за хотелите „Изгрев“ и „Бисер“, во која нивните содружници - браќата Миладинови и куп други добија десетици и десетици години затвор, дека вмешаноста на врвот на МПЦ била евидентна. Криминалот и духовноста не одат заедно и крајно време е некој да ја понесе одговорноста за финансиските и за сите други штети што и' се нанесени на Македонската православна црква. Само три недели од устоличувањето, новиот српски патријарх Иринеј се фати во костец со криминалните дејства во својот двор. Призренско-рашкиот владика Артемие експресно е тргнат од раководењето со епархијата, а според најавите, метлата ќе проработи и во многу други епархии на Српската православна црква. Како пример дека духовниците мора да се определат и да изберат - Господ или нечисти финансиски зделки. (Б. |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
19.02.2010 15:54
Дали џамијата во Прилеп, која беше запалена во 2001-ва, повторно станува објект за меѓуетничка тензија. Муслиманските верници, поголем дел од селата околу Прилеп, беа спречени од локалната самоуправа да извршат петочна молитва. „Ова не е провокација, ние до сега се молевме во куќи, сега сопствениците на тие куќи се вратија од странство и ние сега нема каде да се молиме“, вели еден муслимански верник. „Јас ја прашувам државата да каже зошто во Прилеп не ни е дозволена молитва“, вели Сабит Абдураманоски, оџа. Ставот на Општината е џамијата да се реконструира само како споменик на културата-музеј, без извршување верски обреди, а нова џамија да се изгради во населбата Тризла, каде единствено има муслиманско ромско население. Сметале дека настанот е организиран од муслимански верници кои не живеат во Прилеп. Обредот бил спречен бидејќи местото пред џамијата било било јавна површина-парк, а не место за молитва. Сабит Абдураманоски „Друга џамија ќе се гради во местото каде што живеат муслиманите, во населбата Тризла, и нема никаков проблем, со Ромите ние сме живееле како браќа и ќе продолжиме да живееме како браќа“, изјави Илија Димоски, Локална самоуправа Прилеп. На крајот тензијата се смири, но муслиманите велат дека не се откажуваат од изградбата на џамијата како верски објект, не сакале музеј. „Доколку во најскоро време не се изнајде решение ние го повикуваме Ријасетот и од Реис Улема повеќе да не учествува во работата на меѓурелигискиот совет и да не учествува на претстојната меѓународна конференција за меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог која треба да се одржи во Охрид“, истакна Мухамед Велиоски, член на муфтијството. Останува отворено прашањето дали џамијата во Прилеп ќе се решава на повисоко државно ниво. Messenger: sekogash kazhuvaj go izvorot na informaciite, ( vesnik, radio, televizija, informativna kukja) i datumot na vesta. Изменето од Messenger - 19.Февруари.2010 во 22:46 |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
18.02.2010 19:26
ДУИ да ја напушти Владата и да ја бојкотира работата на Парламентот. Невладината „Реалитети“, повика на граѓанска непослушност кај Албанците, ако Владата не се согласи во центарот на Скопје да се гради Бурмали џамија. Паднаа тешки зборови за Владата на Груевски и за албанскиот политички блок. „Многу ми е жал и јас имам емоции, бидејќи албанскиот политички фактор и опозицискиот и оној во владата се ѓубриња. Оваа влада не е функционална и ако продолжи вака, ние ќе ги викнеме сите граѓани на непослушност, не само на бојкот, туку и да не плаќаат даноци. Ова е една екстремна мерка, но е потребна. Не може кога некој ти доаѓа и ти пука со к*ршум, ние да зборуваме за мир. Зборовите на дипломатите се напишани со златни букви, дека екстремизмот на едната страна го храни екстремизмот од другата страна“, вели Ваљон Беља. Претставници од ИВЗ и од неколку невладини организации се собраа околу макета на Бурмали џамијата. Рекоа дека верскиот објект ќе никне во центарот на Скопје, без разлика дали ќе добијат одобрение за градба. Уште еднаш побараа премиерот да свика итна средба со партиските и верските лидери за да се надмине актуелната состојба. Дебатата ја следеше претставник од ОБСЕ. Тој молчеше, додека учесниците ги носеа заклучоците на трибината под име „Злосторство над исламската религија и култура“. Во исто време, само на друго место, уште една дебата за контроверзниот проект, овојпат на институтот Евробалкан. За дел од присутните игнорирањето на муслиманите потсетува на времето пред Рамковниот договор, а за други пак, проектот се претвора во мултиетничко лудило. „Со една таква леснотија да ги игнорираш сите тие луѓе во културна смисла и да го прогласуваш центарот на главниот град , за ексклузивна културна спој на античките т.е. во величење на актуелната власт, според мене е скандал апсолутно рамен на оној од 1990 та до 1998 година“, изјави Никола Гелевски „Политиката се вмеша во темата црква-џамија, ако имаме црква мора и џамија итн. Некои веќе рече дека живееме во еден вид мулти етничко лудило, а не во мулти етничка хармонија“, рече Ефтим Клетников Гелевски ја напушти денешната дебата, навреден што организаторот и професорот Саркањац му забележаа дека наместо со аргументи, тој дебатира со етикети. Проектот Скопје 2014 продолжува да бранува Messenger: sekogash kazhuvaj go izvorot na informaciite, ( vesnik, radio, televizija, informativna kukja) i datumot na vesta. Изменето од Messenger - 19.Февруари.2010 во 22:46 |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Две лица загинаа откако минаре на 400 години стара џамија се урна во Мароко
19.02.2010 - 21:02 | Свет Минарето на 400 години старата џамија во градот Мекнес, на 140 километри југозападно од престолнината на Мароко, Рабат, се урна и уби две лица. Според извори од локални болници уште најмалку 40 лица биле ранети при инцидентот. - Под урнатините се затрупани најмалку 80 лица, а во моментот војници се обидуваат да ги извадат, изјавил очевидец за западни медиуми. Минарето се урнало за време на големата петочна молитва, за која во џамијата биле собрани околу 300 лица. Стари објекти во старите квартови на мароканските градови се уриваат доста често, но уривањето на минарињата е многу ретка појава |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Калуѓерка од Австралија ќе биде прогласена за светица
Коментари (0) 20.02.2010 14:45 Ватикан Папата Бенедикт XVI објави дека Мери МекКилоп ќе биде канонизирана заедно со две калуѓерки од Италија и еден монах од Квебек, кој ќе биде првиот светец од оваа канадска провинција. МекКилоп, позната по својата работа за помош сиромашните деца, но и по својата бунтовност, веќе е национална икона на Австралија. Првата фаза за прогласување на светица МекКилоп ја поминала во 1995 година, кога Папата Јован Павле Втори ја беатификувал признавајќи дека како прво чудо, калуѓерката излечила жена болна од леукемија. Австралиската калуѓерка, која починала во 1909, својот живот го поминала помагајќи им на сиромашните |
|
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
|
Внеси реплика | страница <1 6465666768 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |