|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 6465666768 97> |
Автор | ||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
3. Raskazete ni podetalno kako pominuva eden monaski den vo manastirot za da mozat nasite vernici poblisku da se zapoznaat so monaskiot zivot. - Monaskiot zivot nadvoresno gledano e ednolicen i zdodeven, no sustinata na toj zivot e vnatresna i skriena od okoto na svetovniot covek. Sekoj manastir si ima svoj tipik (pravilo na zaednickoto bogocentricno ziveenje), iako vo osnova tipicite na opstezitelnite manastiri mnogu ne se razlikuvaat. Nie go prifativme asketsko-isihastickiot tipik na poveketo svetgorski manastiri. Spored nego se stanuva rano nautro i se sobirame na sinaksis, kade starecot (duhovniot otec) kazuva pouki za molitvata, a potoa se povlekuvame sekoj vo svojata kelija (soba) vo mir i tisina na brojanica da ja kazuvame kratkata Isusova molitva "Gospodi Isuse Hriste, Sine Bozji, pomiluj me, gresniot (gresnata)" ili samo "Gospodi Isuse Hriste, pomiluj me". Po toa nekolkucasovno kazuvanje na molitvata se sobirame na liturgija vo crkva - Bozestvena Liturgija sluzime sekoj den i se pricestuvame so Svetite Tajni. Potoa mal odmor, pa trpeza, i po nea se zafakame so svoite sekojdnevni manastirski poslusanija. Vo tekot na denot povtorno se povlekuvame vo kelija (vo zavisnost komu koga vremeto i dolznostite na poslusanieto mu ovozmozuvaat) zaradi ispolnuvawe na licnoto molitveno pravilo, no i za da osvoime uste malku vreme da Mu se pomolime na Boga vo osamenost. Popladne se sobirame vo crkva na Vecerna bogosluzba, po nea imame vtora trpeza, malku odmor, a rano navecer povtorno vo crkva na t. n. Malo povecerie go citame akatistot kon Presveta Bogorodica sto mu e posveten na svetoto Blagovestenie. Po ova denot zavrsuva i sekoj si odi vo svojata kelija za da prodolzi so molitvata i da se odmori. Gledate, navidum monaskiot zivot e mozebi zdodeven, no srzta na toj zivot e vnatre vo srceto, kade sto ima tolku neosvoeni prostori, sirocini i dlabocini, za cie osvojuvanje (preobrazuvanje kon Hristos i kon bezuslovna ljubov za nasiot blizen) i dvaeset i cetirite casa vo denot na monahot mu se malku. Zaradi opstiot covekov pad naseto srce e zarobeno od strastite i zatvoreno za Boga, a nasiot um pomracen za bezgranicnite Bozji tajni. A monahot se oddeluva od svetot i se povlekuva vo manastir za da moze, preku molitven trud i poslusanie kon svojot starec i duhoven otec, da napreduva vo cistenjeto na srceto od strastite i vo prosvetluvanjeto na umot so blagodatta Bozja do sostojba na "obozenie" i na "sovrsen maz" (vo merata na rastot Hristov), do duhovni visocini na "sozercanie" i nasladuvawe so nesozdadenite Bozji energii, koi okoto na svetoven covek ne moze da gi vidi i na um na svetoven covek ne moze da mu dojdat (1 Kor.2,8). Изменето од Опитен - 22.Ноември.2008 во 10:33 |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неколку часовно кажување на таа иста молитва?!?!?! И тоа само претпладне? Колку повеќе читам, колку повеќе осознавам за „теолошките тајни“, се поголема одбивност ми се создава. Цел ден да се повторува истата молитва?! Незнам кој (каков) грев прават тие, кога по цел ден се молат? |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аман бре, Златниче, до вчера ќе ни ја оправаше Библијата, а сега не знаеш ни зошто човек се моли? Треба пак да читаш се од почеток. Лелеееее, 2000 страници...Еххх, мајка ми цел живот ми повторува исти та исти работи, ама само затоа што ме љуби. |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Приметуваш ли една разлика? Твојата мајка тебе постојано ти повторува некои исти работи, а не ти нејзе! Кој е поголем во дадениов пример, ти или мајка ти? Спореди го ова со бог и верниците (монасите). Ова е само една од разликите во нашите гледишта по однос на теологијата. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jа забележуваш ли мојата поента? 1. Не си ја прочитал Библијата како што треба 2. Ако некого љубиш, не ти е тешко да повторуваш нешто. Молитвата е врска со Бога, јас си го љубам и не ми е ни здодевно ни тешко да се молам, туку ми е многу пријатно и се чувствувам смирено. Што е поентата на твоите коментари? Очигледно, никогаш не си доживеал што е тоа молитва, па затоа од неискуство кажуваш твои неосновани тези. Почни да се молиш, ќе видиш колку е убаво чувството |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ја сфатив твојата поента, само очигледно ти не сакаш да ја разбереш мојата. 1. А како треба да ја читам библијата за да биде „како што треба“? Дали некогаш си се запрашала зошто сум атеист? Или поточно од кога сум атеист? Уште пред првото читање на библијата (во седмо-осмо одд.) влегов без некои предиспозиции, без некои предубедувања кон истата. Дури напротив, тогаш бев под влијание на теолошките верувања на луѓето од мојата околина (родители, баби, соседи), кои беа верници Како ја читав, во мене се повеќе се јавуваа некои нелогични работи, некои бессмислени и ограничувачки работи ... Ај, си реков, вториот пат (средно училиште) ќе ми биде појасно. И по четвртото-петото читање (на факс и потоа) само ми се потврдија првично стекнатите мненија за истата. И затоа (некој ќе се чуди на ова, но верувај ми така правам), на сите препорачувам, доколку сакаат да не веруваат во бог, да ја прочитаат библијата. Да, малку е контраверзно, но така е. 2. Споредбата со повторувањето на некои работи од страна на твојата мајка (како впрочем и секоја друга мајка) не е на место, бидејќи твојата мајка тоа повторување го прави од љубов кон тебе. Значи, во случајов (условно земено) за тебе мајка ти претставува бог. И таа (значи богот) повторува, а не ти (верникот). А во случајот со молитвите на монасите, тие постојано му ги повторуваат истите молитви на бог. Значи тие му кажуваат колку го сакаат, ама овој (бог) не разбира или не слуша! Или се „изживува“! Не гледам друга причина зошто „исто те исто“ да се повторува неколку часа? Нели е доволно само еднаш да се каже молитвата? Дали бог не се задоволува само со еднаш? И, ако веќе 3-4 саати кажуваат иста молитва, од каде знаат дека тоа е доволно за бог да им ја прифати? Зошто не го прават тоа 5-6 саати. Или 10 саати? Дали бог им дава некој знак кога е доволно или тие самите си знаат? Дали ти на своето момче (или сопруг) постојано му зборуваш дека го сакаш? Или тој тебе? И на крај, да, се имам молено. Не еднаш. Но, се молам на вистински нешта - на луѓе, а не на нешто апстрактно - на бог! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сега ќе бидам малку поостра, и те молам да не ми замериш на тоа. Одговорот е: гордост и суета со непросветлен разум да се сфати нешто Божествено! И што е уште потрагично, не е работата до тоа дали тебе ти е нејасна или јасна, туку ти не сакаш да ја сфатиш, затоа што до сега колку пати ние нешто ти објаснувавме како е, а ти тераш инает - демек повеќе знаеш од верниците како треба да се протолкува. Тоа го забележувам и со атеистите од другите форуми. Не само што јавно кажуваат дека не веруваат во Бог, туку и се трудат да докажат дека во Библијата го нема учењето за Света Троица, што е апсурд над апсурдите.
Со ова само го потврдуваш моето. Бај д веј, јас од искуство ти кажувам дека не е здодевно и е многу убаво да се молиш, а ти од неискуство ми велиш дека не е така. И ова е апсурдно, не мислиш? |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А каде јас кажав како библијата (или нешто друго) треба да се толкува? Нели ти беше таа која ми рече дека неправилно сум ја толкувал библијата (или поточно, не сум ја читал како што треба)? И, ако некој размислува без ограничувања, самиот ќе сфати дека штом во некоја работа (па макар таа била и библијата) има оставено простор за секој индивидуално да си толкува од негов аспект - ќе има „инает“! Притоа, секако ќе признеш, тој не е едностран! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти се потпитраш на твоето неискуство, додека јас на долговековното докажано искуство на свети луѓе |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аааа, со докази! Е штом е така, тогаш е во ред! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Гледаш колку е убаво кога разумот проработува. Не за џабе рекле нозете да ни се пружени до каде што ни е чергичето |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Losho
Нов член Регистриран: 20.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne chudi se na toa i ne misli pogreshno. Ne se chudi shto monasite uspevaat da go drzat umot koncentriran vo molitvata po nekolku chasha, a jas i ti ni dve 2 sekundi ne mozeme da se koncentrirame. Sv.ap. Pavle ni preporachuva da se molime neprestajno, odnosno nashiot um postojano da e koncentriran vo molitvata i vo dobroto, a o.Gavrol, chie e intervjuto, doaga od Vodochkiot manastir kade, za tvoja informacija, monasite stanuvaat vo 2.30 chasot rano nautro ili docna navecherm, kako sakash, koga nie se naogame vo najsladok son ili pak, za vreme na vikendite, se zamarame so suetata i zadovolstvata od ovoj svet, tie so svojot um prebivaat pri Boga na nebesata i se molat za site nas. I otec Gavril veli deka, cel zivot na monasite im e koncentriran vo molitvata odnosno kon Boga. Isusovata molitva e kratka i lesna za koncentracija i se povtoruva ne da mu dosadime na Boga, tuku za da mozeme da bideme so Boga. Monasite so seto svoe srce i dusha go sakaat Boga i zatoa i postojano se molat. Tie i koga rabotat neshto vo svojot um neprestajno ja kazuvaat molitvata. Ti tvrdam, nema neshto poubavo od toa da sme so Boga. Molete se za mene greshnata. |
||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бегство од обврски и неспремност да се суочи со светот
|
||
Внеси реплика | страница <1 6465666768 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |