|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 6364656667 97> |
Автор | |
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taa sintagma e tocna za sekoja i edna rabota. Znaci i ti isto taka ne mozes da zboruvas za onie koi gi narekuvate 'izvorni' itn, se dodeka ne go probas medot. Pa taka ako odime ne ke mozes da zboruvas nisto za nikogo, bidejki koj si ti (koi sme nie) da zboruvame za nesto sto ne sme go probale? Jas ke ti kazam edna druga pouka. Eden zlatar bil poznat po toa sto koga ke mu donesele nekoj metal, so zabite go griznuval i vednas prepoznaval dali se raboti za zlato, ili za nekoj drug metal. Lugjeto se cudele i negovata slava bila ogromna, 'kakov li griz ima zlatarot, site metali da gi prepoznava po griznuvanje'. No vo starosta, zlatarot mu ja doveril tajnata na cirakot. "Ne gi znam site metali po vkus ili griz. No go znam zlatoto." Gledas Opiten, onoj koj go pronasol zlatoto, toj jasno veke gleda i prepoznava sto e bizuterija i bez da uci za site drugi lazni metali vo svetot. Zatoa ne e potrebno da se vpustame vo sekakov grev, sekoja novotarija, i se vo svetot za da znaeme sto e zlato. Bidejki 'moite ovci go prepoznavaat mojot glas', veli Hristos, odnosno hristijaninot ne mora da gi slushne site mozni glasovi, za da znae koj e Vistinskiot. |
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со ова брату само го потврдуваш моето. И разграничи малку што е НОВОТАТИЈА, а што изворно, освен ако броиш изпревртено, однапзад нанапред. Монаштвото постоело и ќе постои до крајот на вековите брату мој. Господ е голем |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
bratljube
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Novotarija brate e se sto ne e Hristovo i Apostolsko.
A monastvoto ne e nidno od dvete. A i ne sum siguren deka ke ostane, ama znam deka 'i neboto i zemjata ke pominat, no Moite Zborovi nema da pominat". Zatoa svrtete se kon Svetiot Bozji Zbor, a ne kon sekoja covecka novotarija i izmislica, bidejki seto toa e prolazno. |
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vaka mislam jas okolu monastvoto
:BOG ako sakas nie da se zatvorame vo sobi,crkvi kje rekol :Odete i zatvorajte se vo sobi i stanete monasi" ama BOG rekol"Odete i propovedajte go moeto slovo niz celiot svet pravete moji ucenici"{sorry eden zbor ako sum ispustil} taka da use na prva se gleda deka monastvoto ne treba da postoi,jas mislam deka monasite povekjeto od niv stanuvaat monasi za da izbegaat od problemite od mirot so go nemaat,megju toa ne treba da postoi monastvo kazav zosto a i ne sums rtenla vo bibliata da pisua za monastvo...imav brat vo hrista od ista zaednica samo od razlicni gradovi i on zapadna vo teska situacia oti mn cepkase vo rab so ne treba nekoas da se cepka i tolku zapdna so resi da stane monas haha ne e smesno ama i pokraj se negirase deka ne staual monas oti zapdanal vo situaciava. mojot odgovor e MONASTVO NE.pozz |
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде пак на истото. И јас во Библијата не сум видела дека некој треба да рапува, дека треба да се шета на улица со виснати панталони и пола гаѓи надвор, не сум сретнала дека треба да играме брејк денс или да се вртиме во името на Господ. Каде тоа го пишува? И јас велам за таквото „славење“ на Бог - НЕ. А да не зборуваме каков мир може да ти предизвика рапот... А и тој твој другар кој „се замонашил“ сигурно има име, нели? п.с. внимавај како судиш, зашто и тебе ќе ти се суди. Изменето од Maran Ata - 07.Ноември.2008 во 05:02 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Братче, барем си искрен. Мислам дека од порано е се објането околу монаштвото и неговото потекло и заснованост од Светото Писмо. Да не се повторуваме во тоа. Сега би сакал да потенцирам само една поента која гледам незабележливо се провира и ги брка сите работи. Ако забележувате, Господ ги дели избраните ученици од сите други.(Не по предодреденост, туку тоа е сепак личен избор, отповикување на Божјиот повик). Нели на апостолите насамо и вели дека на нив ке и бидат откриени тајните, а на другите ке и се збори преку параболи. И подоца по Неговото Воскресение не на сите им се јавува и не на сите им говори и дава да се допрат до Него и не на сите им го дава Духот Свети да разрешуваат гревои, крштеват и Проповедаат. Тоа е основањето на Неговото свештенство. Значи Господ Исус Христос само на апостолите(свештенството) им ја дал таа заповед да прповедаат, разрешуваат, крештеваат... Но нели и сите ние сме род избран и царско свештенство и тие зборови се однесуваат и за нас, но да се запрашаме сега. Зошто Господ само на своите избрани им ја дава таа заповед и кој е критериумот? Критериумот е чистото срце и просветлен ум. Без тоа ниту можеме да го имаме Христа во срцата, ниту можеме да го видиме каков што Он е. Ќе имаме само една своја искривена и неточна слика (престава) за Него, а што Он во суштина не е. Сите сме грешни и наледницви на падната човекова природа од Адама и затоа сите треба да поминеме преку „филтерот “ на прочистување. Апостолите со својата избраност да го следат Христа и сите искушенија што ги претпеле на тој пат, лека полека се очистиле и Господ затоа и ја дава Неговата просветлувачка и обожувачка благодат. Самиот нивни живот сведочи дека е така. Петар на пример. колку грешки направил пред тоа, дури и сатана бил наречен и се откажал од Христос , но откако му била дадена силата на благодатта на Светиот Дух заедно со св.ап. Павле биле најнеусташливите во проповедатта на Евангелието и ширењето на Црквата. И Јуда, на пример. Што мислете, од Бога му било преодредено така да заврши? Тогаш каде е Божјата правда? Не , Бог е апсолутен, но ние се менуваме. Јуда кога бил повикан бил спремен да појде по Него, но потоа неоткажувајќи се од себе, не чистејки се од своите страсти за да го прими Бог каков што Он е, полека отстапува и се помрачува. И затоа не бил поведен на Тавор, а заради него и останатите 8 апостоли, зашто не бил спремен, неможел да ја види Божјата сила. Но тоа му било направено за да се покае. И затоа отпаднал од Христа и неговото свештенство подоцна го зел св.ап.Матиј. И гледате и тука, пак не на сите и било дадедо да бидат на испразнетото место , туку само на еден. Значи Господ го избрал и благословил Своето свештенство, на кое и му дал власт да ја води и раководи Црквата и управува со Нејзините Свети Тајни. Но нели рековме дека и сите ние сме род избран и Цраско свештенство. Но каков што бил и критериумот за апостолите и низните ученици таков е и со нас, во спротива како може слепец да води слеп, нели и двајцата ке паднат во јама или како можеш некого да лечиш, а самиот не си излечен... Затоа треба да го поминеме тој пат на очистување на срцето од страстите, просветлението на умот и обожувањето на селовкупната човекова личност, како наш врвен повик и призвание. Бидете соврешени како што е совршен, вашиот Отец на небесата. Да бидеме искрени, во светот тоа е НЕВОЗМОЖНО. насекаде има соблазни и причини не за чистење туку за валкање и паѓање, па изатоа оние кои сакат да го задржат тој висок критериум на живот заминуваат онаму каде што ќе можат да го реализираат, а тоа се монашките зедници. таму сите живеат со тој идеал. И да скаратиме ... Сега, откако ке се поминат овие тие степени во духовниот живот, дури тогаш монахот како носител на таа Божествена благодат и немора да оди некаде да проповедат, благодатта ги привлекува луѓето. И споед историјата на Црквата најосамените монаси биле и наголеми духовници. Проверет го тоа и со современите Светогорски монаси. Но и на некои и се да бидат духовници и пастири. прости брате што те заморив со ова мое долго писмо. Христос помегу нас. Господ е голем. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, што се однесува до златарот, во право си. Тој веројатно ќе го препознае златото. Но, сигурен сум дека нема да ја препознае платината, дијамантот ... и други новотарии, кои (мора да признаеш) се поскапоцени и од златото! Мислам се разбираме, нели? |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Опитен,
Imash izvonreden osvrt vo tvojov posleden komentar koj pokriva i povekje i podlaboko od onoa sto bara obavenata tema. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Pentakostalec
Сениор Регистриран: 11.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Marana AtA jas nigde vo mojot post tebe ne te posociv a ti vo tvojot post mi sudis...jas ne rekov maran ne bidi monaskija...haha...vaka:jas ne odam nadvor so pantoloni so gakjite mi se gledaat ama od ti mesas babi i zabi zsrazlikaa do RAP do MONAS Raperot e sloboden,mu sluzi na BOG vo pesnite go slavi BOG na ulica go slavi vo BOG im zborva na luje so nikoas ne slusnale za BOG...Monasot se zatvora vo 4 zida.sekoj den toa pa toa go tepa samo vremeto nikoas ne zucnal na covek so ne slusnal za BOG... a ti direktno me napadna otie nemase so da odgovoris i te fati nervoza hehe te sakam pozz |
|
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Всушност, мнозина се поканети, но малкумина се избрани!“ (Исус, Матеј 22:14 - Стандарден Превод)
Има многу причини поради коишто Бог не би сакал да искористи кого било од нас, но не грижи се! Се наоѓаме во друштво во коешто и другите не се многу подобри. Некој рекол: „Мојсеј пелтечел. Оклопот на Давид не му пасувал. Јован Марко бил отфрлен од Павле. Жената на Осија била проститутка. Единственото образование што го добил Амос било - за кроење смокви. Јаков бил лажго. Давид имал вонбрачна врска. Соломон бил пребогат. Абрахам бил престар. Давид бил премлад. Тимотеј имал чир на желудникот. Петар се плашел од смртта. Лазар умрел. Јован бил самоправеден. Исус бил пресиромашен. Ноемина била вдовица. Павле бил убиец. Исто како и Мојсеј. Јона избегал од Бога. Маријам озборувала. Гидеон и Томас се колебале. Еремија бил депресивен и имал нагон за самоубиство. Илија бил „прегорен“ и уморен. Јован Крстителот кажувал и повеќе отколку што треба. Марта била постојано загрижена. Самсон имал долга коса. Ное се опил. Кажав ли дека Мојсеј бил лесно избувлив? Исто како и Петар, Павле... како и многу други. Сатана вели: „Не си достоен!“ Исус вели: „Па што?! ЈАС СУМ! Сатана се навраќа на нашите грешки. Бог гледа наназад и го гледа крстот. Не се потсетува што си правел минатата година. Точно, има многу причини зошто Бог не би требало да не повика. Но ако Го сакаме, ако гладуваме за Него повеќе отколку за нашиот следен залак, Тој ќе не искористи, без разлика кои сме, каде сме биле, или како изгледаме“ (Непознат автор) Можеби денешниот библиски стих би можеле да го протолкуваме вака: „Мнозина се поканети, но малкумина се покажуваат вредни за да бидат избрани“. Бог повикува секого од нас да Го следиме и да Му служиме. Ако го чекаме мигот кога ќе станеме потполно зрели, целосно заслужни, Тој не би можел ништо да заврши. Тој ќе не користи такви какви што сме доколку сме Му на располагање и сме волни да не вклучи. А, постапувајќи така, ние всушност се докажуваме како „избрани“. Молитва што сега би можел/а да Му ја упатиш на Бог: „Драг Боже, на располагање сум Ти - таков каков што сум, покриен со грди чиреви. Те молам искористи ме како дел од она што го правиш. Помогни ми да растам за да можам, со Твоја помош, да станам покорисен. Ти благодарам што ја чу мојата молитва и одговори на неа! Во името на Исус, амин.“ |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... „И кога ќе истрпиш, пак ќе дојде благодатта, пак радоста. Но, пак ќе дојде и искушението, и тагата, и стресот и напнатоста. Но, повторно борба и победа и благодарност! И така ќе биде се додека лека-полека не се очистиш од страстите и не станеш духовен, така што, созревајќи да стигнеш до бестрастие.
Но, бори се! Не барај добрите нешта да дојдат сами по себе. На пердуви не стануваш монах. Монахот треба да биде навредуван, исмеван, искушуван, да падне, да стане, да биде човек. Не во прегратките на својата мајка. Не се чуло некој да станал монах близу својата мајка. Само што си рекол „оф“, ќе слушнеш „јади, да не се разболиш“. Подвигот бара лишување. Арното нема да го најдеш во бања и во лесен помин. Тоа бара борба и многу труд. Бара дење-ноќе да Го повикуваш Христа. Бара трпение во сите искушенија и таги. Бара да го удавиш гневот и желбата (или сопствената волја).“... Свети Јосиф Исихастот |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова старец Јосиф му го кажува на свое духовно чедо. Замислете, тие подвизи се бараат од мирјаните. А колку ли повеќе ги прават монасите. Како што кажа и Опитен, не е невозможно во светот да се стекне умносрдечната молитва, и не е невозможно да се очистиме од страстите, да се задобиеме со смирение, да се поклонуваме пред сите, па потоа да добиеме и бесплатна благодат, но е многу тешко.
Монасите целиот живот го посветуваат на тоа - да му се дадат целосно на Христос, и да сведочат за Него. Откако ќе се ослободи од ропството на гревот, тој станува најслободната личност на светот, и ќе стане магнет кој привлекува многу луѓе околу себе (и нови монаси и мирјани). Додека е во подвизи, соборноста не е нарушена - Литургијата претставува врв на соборноста, а потоа не мора ни да оди по светот, затоа што светот самиот иде при него. Доста интересен пример имаме во раната Црква. Во Велс, се населувале многу пустиножители. Тие таму се подвизувале во тешки и големи подвизи. Но, подоцна, со својот живот, сведочејќи го Христос, почнале да привлекуваат и други луѓе (мирјани и монаси). Интересно е што, тие луѓе останувале покрај старците, формирајќи населби. Па така, првите населени христијански места во Велс се поради пустиножителите. Го заборавив суфиксот на крајот од имињата на селата (кажани на велшки), кој што означува: местото на старец тој и тој. Овие имиња се задржани и денеска на многу села и градови во Велс (во велшката верзија на името). |
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овде не треба многу длабока логика. Да станеш светски шапион во бокс колку треба тренинзи, лишувања, самодисциплина, напор, и најмногу од се да го слушаш учителот? Да се оди од борба во борба и кога ќе се извежбаш и стенеш спремен, дури тогаш да излезеш во ринг со најдобриот а овие оденаш, ај со мајк тајсон сега ке се бориме. Ех, зар Господ не рече дека ние не се бориме со плот и крв, туку со паднатите ангели на поднебесието. или пак ако сакаме да постанеме профори на кембриџ: Ај, ке станеме од прводеленските клупи веднаш ке седнеме на катедрата по философија на Кембриџ. И нели и учителот ги одбира поталентираните и попосветените и со нив работи посебни вешби? ЧИСТА ЛОГИКА. Ама зошто е тоа така? Затоа што никој не сака да даде труд и се помачи малку. Адамова пракса. Преку едно каснување на плодот да стане бог. Е, мили мои не оди тоа така. Гордоста, Гордоста е најголемиот проблем. Да ти се згазни по гордоста, да потече крв, пот, солзи, да стегнеш заби... |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
2. Sto Ve motivirase da se zamonasite?
- Sekogas sum se trudel i sum sakal na ona sto go pravam celosno da mu se posvetam. No, prethodno, so sto i da se zafatev vo eden moment se soo~uvav so nekakvo razocaruvanje ... Namesto sloboda i zadovolstvo od patot kojsto ovde ili onde go izbirav za svoeto izgraduvanje kako licnost i vosovrsuvanje, naogav izvesna nedovolnost, zarobuvanje i nedostatok vo prifatenata cel. Se dodeka vistinski ne poveruvav vo Boga i ne resiv celosno da Mu se predadam. (Monahot nisto ne moze da go spreci da cekori po tesniot pat na hristijansko vosovrsuvanje, samo ako so neizmenlivo silna volja i zelba postojano Mu go posvetuva svojot zivot na Boga). I tuka na pocetokot barav, se ispituvav, analizirav... Do edna vecer koga bev gostin vo manastirot na Sveti Leontij vo Vodoca, koga mojot duhovnik me povika da prisustvuvam na eden sinaksis na otcite monasi (sobir na koj se razgovara za duhovniot zivot i za molitvata). Ni zboruvase za ocistuvanjeto od strastite i od grevovite i za otvaranjeto na srceto za Boga, za neprestajnata umnosrdecna molitva... Dotogas imav procitano mnogu knigi, no toa sto go cuv taa vecer nikade go nemav procitano. Togas sfativ deka toa e ona po sto celiot svoj zivot kopneev i go barav, pa na ispoved istata vecer, so zborovite sto Mu gi rekol Sv. apostol Petar na nasiot Gospod, mu kazav i jas na mojot starec: †Kade bi mozel jas da odam sega? Ti imas zborovi za zivot vecen.# (Jovan 6, 68). intervju so igumen Gavril od manastirot na sv. Prohor Pcinski vo Avstralija |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
Внеси реплика | страница <1 6364656667 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |