|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 596061 |
Автор | ||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СИНГАПУР Уапсен Дан Тан, мозокот на сите „местенки" во фудбалот!Сингапурската полиција објави дека го уапси, Тан Сет Енг, популарниот Дан Тан, мозокот на сите наместени средби во фудбалот. Во голема полициска акција уапсени се вкупно 14 лица, меѓу кои е и осомничениот лидер на обложувачката мафија која е виновна за сите местенки во светот. Еуропол во февруари годинава соошти дека група од Сингапур е поврзана со стотици наместени натпревари во целиот свет, вклучително и средби од Лигата на шампионите како и квалификациски мечеви за пласман на СП. Деветмина од уапсените добиле право да се бранат од слобода и се пуштени со кауција, а петмина се во притвор. Според сингапурските закони, осомничените можат да останат во притвор и до една година. E ај сега да видам реклами со местенки , блогови со сигурни типови и бла бла слични глупости |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јаневски промовиран во новиот клуб: Мојата работа во Монс започнува веднаш
Се уште актуелниот македонски селектор Чедомир Јаневски попладнево официјално беше промовиран како нов тренер на клупата на белгискиот прволигаш Монс Берген. Без информација до Фудбалската федерација на Македонија, како што за ЕКИПА изјави претседателот Илчо Ѓорѓиоски, со која се уште е под актуелен договор до крајот на квалификацискиот циклус, Јаневски како што самиот нагласи на официјалната прес-конференција во Берген од денеска му започнува работата во Монс.
„Меѓу 1989 и 1995 година живеев во Белгија. Мојот син е роден тука. Ја чувам мојата куќа во Бриж. Секогаш кажував дека сакам да се вратам во Белгија, па сега ја искористив можноста која ми се укажа. Ја почитувам досегашната работа во овој клуб досега. Мојата работа, пак, започнува веднаш штом го завршам ова интервју“ – истакна Јаневски на денешната прес-конференција во просториите на Монс. Како што пренесува официјалната интернет страница на Монс, Чедомир Јаневски веќе го раскинал договорот со ФФМ за селекторската позиција по што веднаш може да се стави на располагање на новиот клуб. Со тоа што, претстојниот натпревар на Монс против Бриж на 29.септември во белгиското првенство ќе го следи од трибините.
Но, претходно претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски потенцираше дека нашата федерација нема официјална информација директно од Јаневски за такво нешто, поради што и не може да се даде било каков одговор во овој момент. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МАКЕДОНИЈА VS. ЦРНА ГОРАНа последното рангирање според ФИФА, репрезентацијата на Македонија се искачи на 84-та позиција, а 31 место пред нас е Црна Гора, репрезентацијата која е доказ дека големината, историјата и парите не се многу важни за добри фудбалски резултати. Поголемите држави треба да се подобри во фудбал затоа што имаат повеќе фудбалери и поголем избор, но репрезентацијата на Црна Гора е пример дека тоа не е така. Репрезентацијата која пред две години беше и на 16-та позиција е доказ дека не треба да се вадиме на тоа дека сме мали, немаме голема фудбалска историја, немаме пари, немаме фудбалска инфраструктура и дека лигата ни е тапа. |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Две вести:
Андреш Виљаш Буљаш доби отказ во Тотенхем. Шимуниќ доби забрана од 10 утакмици играње за Хрватска заради усташкиот поздрав. Конечно нешто позитивно и од ФИФА... |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Новески најдобар фудбалер за 2013. годинаПризнанието Новески го заслужи со своите настапи во дресот на бундеслигашот Мајнц и за македонската репрезентација. Фудбалерот на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски беше избран за најдобар во домашното првенство. Ниту еден клуб не доби награда за најдобра екипа за минатата година, а најдобар тренер е Благоја Милевски од Вардар. Претседателот на Работнички, Драган Поповски е најдобар фудбалски работник за 2013. година, а тимот од Дебар маало го доби и Фер-плеј признанието. Јован Костовски со 22 постигнати гола е најдобар стрелец во изминатото првенство. За најдобар млад фудбалер е прогласен Марјан Радески од ФК Металург, најдобар тренер во младинска категорија е Александар Васоски, а најдобра екипа во младински фудбал е ФК Металург. За најдобар стрелец во младинските категории е прогласен Мартин Христов, членот на Македонија ЃП. Најдобар фудбалски судија за 2013. година е Димитар Мечкаровски. Наградата за најдобра фудбалерка заслужено и припадна на Наташа Андонова. Најдобар стрелец во женски фудбал е Елена Јаковска, а најдобар тренер во женски фудбал е Астрид Мерко, тренерот на Ас Јунајтед и селектор на селекцијата до 19 години. Најдобар футсал играч во Македонија за 2013 е Драган Петровиќ, додека најдобар тренер во футсал е Зоран Лекиќ, двајцата од Скопје 2011. Наградата за животно дело му припадна на поранешниот македонски селектор, предводникот на првата фудбалска генерација по осамостојувањето, Андон Дончевски. |
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Португалската фудбалска легенда Еузебио почина на 71-годишна возрастЕузебио е роден во Мозамбик во 1942 година, додека земјата беше португалска колонија, а за репрезентацијата на Португалија одигра 64 пати и постигна 41 гол. Поранешниот напаѓач на Бенфика постигна 9 погодоци во 1966 година на Светско во Англија, 4 од нив против Северна Кореја. Во светот познат како еден од најдобрите фудбалери во историјата, тој има постигнато вкупно 733 погодоци во 745 професионални натпревари. Изминатава година, Еузебио беше лекуван во болниците неколку пати со третмани за неговото срце, како и проблеми со дишењето. Познат по неговата брзина и вештите дриблинзи, Португалецот беше именуван за Европски фудбалер на годината во 1965 година. Го освои Европскиот куп со Бенфика во 1962, а изгуби од Манчестер Јунајтед во финалето на Вембли во 1968. Еузебио ќе остане запишан во историјата со 10 клубски титули и 5 португалски купови во неговите 15 години поминати во португалскиот клуб, а беше Најдобар стрелец на Португалија дури 7 пати. вечна му памет на човекот
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Штета
Министерството за внатрешни работи за К*рир ја потврди сообраќајќата во која загина поранешниот македонски голман, а сега директор на репрезентацијата Петар Милошевски.Според информациите од МВР синоќа околу 23:35 часот на патот Крива Паланка – Куманово, на клучката кај населбата Карпош се случила сообраќајка во која загинал поранешниот голман на фудбалската репрезентација Петар Милошевски. Имено, сообраќајката се случила кога мини комбе марка „УАЗ“ управувано од 62-годишниот Ж.Б. од кумановско Мaлотино, кое се движело од Куманово кон Крива Паланка, директно се судрило со автобомил марка „Пежо“ во сопственост на ФФМ кое било управувано од страна на Илчо Ѓорѓиоски, претседател на федерацијата и кое по судирот излетало од патот, а кое се движело во правец од Крива Паланка кон Куманово. Во сообраќајката на лице место загинал Петар Милошевски, додека Илчо Ѓорѓиоски се здобил со полесни повреди. За тешката сообраќајка говори и фактот што повредените биле тешко извлечени од автомобилот. Заедно со Милошевски и Ѓорѓиоски, во автомобилот се наоѓале уште две лица, а неофицијално се работи за Зоран Зафиров од ФФМ и Рахила Илиева. Тие двајца заедно со возачот на мини комбето Ж.Б. се здобиле со тешки повреди и се пренесени на Клинички, но според информациите се надвор од животна опасност. |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Појма немам за какви квалификации играа синоќа Србија и Албанија, ама она што го направија на натпреварот не е само фудбалска провокација и навивачки срам. Во право е Дачиќ: Да се вееше знаме на голема Србија во Тирана, веднаш ќе заседаваше Советот за безбедност на ОН-За мене е централно прашање како ќе реагираат ЕУ и УЕФА, затоа што ако некој развееше знаме на голема Србија во Приштина или Тирана тоа ќе беше на дневен ред на Советот за безбедност. Особено е спорно тоа што сето ова го направи братот на премиерот на Албанија, кој требаше да ни биде гост. Ова е политичка провокација- вели Дачиќ. |
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете Кики по третпат ја доби златната топка, не можам да кажам дека не е заслужено но јас искрено навивав за Мануел Ноер ќе беше убаво прв пат наградата да ја добие голман.
|
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕВЕ како гласале, ако некого го интересира (како мене )
|
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
на Кики му вреди само Ирина Шајк...
Идивиди модераторската секција вака гласаше: 5 поени - Азар 3 поени - Меси 1 поен - Крос |
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никогаш не ми бил посебно драг како играч...
Но на страна од фудбалот,за потегов симнувам капа. |
||
Внеси реплика | страница <1 596061 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |