|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 5960616263 138> |
Автор | |
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
М И Л М О Ј Мил мој... Вечерва се е тивко, Градот спокојно спие. А,ти... Ти во ноќта беше чун Заплови по моите немирни води. Моите тајни длабини те вовлекоа, А јас го чувствував секој допир Твоето нежно клизење Ме претвори во тивок бран Ме скроти, Даде починка на моите води. Мил мој... Вечерва ќе сум засекогаш твоја, Река по која ќе пловиш Освојувач на моите сини тајни. Даница Петровска„03„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум оној
што сакаш да бидам ниту ќе бидам ниту бев а ти леткај си со паметот до небо и по него барај си принц на коњ што лета ко гулаб бел па раскажи ми грешката кај ми беше на бастун потпрена може и ќе сватам може и ќе се кајам коњ што немам па уште и да лета иако велиш дека коњ сум и со памет летам. Изменето од zbunet - 07.Февруари.2009 во 15:34 |
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
П О С Е Б Н А П Е С Н А Занесена во ветрот, прекрасна музика во ушите, ги собираш утринските мириси испотена од желби ја бараш светлината Мислата е заспана во тишина разјарена,силовна енергија се разбуди светлост во очи,душа патеки долги,светлината те води. Заспана од убавина, посебна песна, посебни стихови, ангели пеат,нова ѕвезда се роди. Даница Петровска „08„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На месечина
човекот беше прв на Марс пак ќе биде човечки е да се биде прв, втор е нечовечки бездушно и себично. Кој се радува на сребро само нечовек се прави извитоперени гримаси на нешто што насмевка би требало да биде со сила во човечко да го вметне епитети демек разбрано да биде нешто што е грдо нешто што е жално. |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Далечна мисла ме гали
како сончев зрак во рано пролетно утро. Ме буди како прво кокиче во последниот снег. Погледот од ѕидот ме наежува. Морници го ладат телото како капки утринска роса на трева млада наросена. Среќна мисла поминува како пролетен развигорец кој ги ниша гранките на дрвјата со први цутови накитени Немирен сон во мисли трепери како изворот од својот вруток се пени немирно,разиграно И телото се витка,се грчи како тело на змија околу пленот свој Желба голема,за тебе ко небо ширно,бескрајно расте,ме обзема цела. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Разиграни крилца талкаат низ просторот
леткаат наоколу до рана зора. Секој миг да го искористи до последен здив да живее да се почувствува жива. Да биде запаметено, иако е само еден ден. За некого безначаен,за неа свет. Почувствува допир на нежните крилца, нешто ја стресе, ја разигра уште толку. Убав збор,мил,од срце... Не му придаде голема важност но,утредента.... Кога повторно се роди, чувството пак беше тука. Нешто има во зборот негов. Но...Што?Неможе да свати. Сепак ја прифакја, за неа интересна,играта. Игра на зборот,игра на емоции. Лета,прелетува и пак се вракја. Крилцата назад ја водат до него. Ги шири,ги отвара до крај, без срам,без страв... Чувствува дека смее, одобрение од него има. Продолжува... Допири од неговите,погруби крила, на кревките крилца оставаат трага. Се плете мрежата полека,тивко. Се стегнува цврсто,ко јазол морнарски. Ги врзува крилцата, со крилјата негови. Сепак се нежни.И годи. Ја исполнува секој допир. и одеднаш.... Мрежата е цврста,ја стега... Нема каде да бега. Само се предава во прегратка топла. Тоа и треба.Допири,внимание,љубов... Тоа и добива.Среќна е. Иако криљата жто ја влечат се погруби од нејзините. Иако се еднобојни,сиви,темни... Сепак....Тој ја исполнува,тука е. Милува нежно со поглед,со збор Тој....Гавранот. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
......pepeeeee
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Fala Maco
|
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прекрасна песна пеперутке
|
|
Љубов и само љубов
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да те гушнам само еднаш
мислам сега доволно ќе ми биде иако знам дека малку ќе ми биде во тебе гледам големо море а за мене само капка има си мислам така оти алчен сум и гладен по тебе дај уште и секунда без тебе вечност е во тебе да влезам никогаш да не излезам знам сигурен сум дека доволно ќе биде, жими се не лажам. |
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По тебе ја трчам
со лабав од тренерки ластик велам силно - Ма врати се ! А некои таму недомаќинки со чизмички и колкови мешани велат да чујам само ја - Ма остај ја при нас ти елај си ! Држам тренерки смкнати во раце згрчено да ми опраат ластик не давам гласно велам - Аааа, како не ! А ти брзо чекориш не ме гледаш ко мачка фрчиш - Ама што сторив, па сега ! Од тренерки смкнати се сопнав долу со тресок силен не ме слушаш тепам по раце пружени со нокти налакирани да ме закачаат неќам само одиш не се вртиш како за тебе се борам ја. Изменето од zbunet - 09.Февруари.2009 во 14:49 |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледа низ прозорец празен
талка со погледот тажен. Очите го изгубиле сјајот, веке одамна го виделе крајот. А како вчера да беше, пак таа тука седеше. Со очи полни ѕвездички сјајни и безброј нивни скриени тајни. Погледот го пратеше секој миг, а пред очи и лебдеше неговиот лик. Секунда беше само мала и се се избриша како од шала. Зборовите нежни,страсни,важни, се претворија во кошмари тажни. Болката го зазеде местото и во буниште се претвори престолот. Принцеза беше само за кратко, како на сон ја љубеа усните слатко. Принцот се промени преку ноќ, ја уништи со својата силна моќ. Во пепел се стори нејзиниот сон Пепелашка се симна од среќниот трон. Само прозорецот и остана празен и приказните за сонот важен. Испушта зборови без тон, легнува празна,сама и без сон. Утре пак ќе чека пред прозорец празен ќе реди сонови без тон и поглед тажен. Но надеж таа не губи, секој ден со нова се буди. Ќе дојде принцот пак кај неа и се ќе се исполни со старат смеа. Чевличе на нога нежна ќе стави и пак среќна ќе ја направи. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сон ли е ,јаве ли е кој ќе знае да каже? Тивко тропање на врата очиве изгледа ме лажат! Го гледам пред мене стои Мигов што ли сака да ми скрои? Стојам ко скаменета цела а на образ твојата дланка врела. Ти ли си тоа? Не се лажам? Штипни ме силно,да се осигурам дали ова си ти,или халуцинирам. Го допирам,го гушкам,го стискам како мече а тој само “ДОЈДОВ МИЛО;ЈАС СУМ“-рече. Па ти си тука!ДОЈДЕ! Ах денов само да не пројде. Нека потрае долго,вечно... Исчекувањето нека остане минато далечно. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Внеси реплика | страница <1 5960616263 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |