IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Вселена
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вселена

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 23:08
ufff,...stvarno mi olesna ,...shto ne veruvash !намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 07:14
Земјата под напад од комети

Невидлива ѕвезда можеби се врти околу Сонцето и предизвикува смртоносни комети да ја бомбардираат Земјата, истакнаа вчера научниците. Кафеното џуџе кое е петпати поголемо од Јупитер можеби е виновно за многуте изумирањата кои се случуваат на секои 26 милиони години.

Ѕвездата наречена Немезис е невидлива затоа што емитува само инфрацрвена светлина и се наоѓа на огромна далечина од Земјата.

Се верува дека Немезис орбитира во соларниот систем на растојание кое 25.000 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.

Како што се движи низ галаксијата, неговата гравитација повлекува замрзнати тела, кои подоцна се исфрлаат кон Земјата како комети. Овие комети може да предизвикаат катастрофа како астероидот кој што ги уништил диносаурусите пред 65 милиони години.

Сега НАСА верува дека ќе успее да го пронајде Немезис користејќи нов телескоп кој открива топлина и веќе започна да го скенира небото уште во јануари.

Првиот доказ за постоењето на Немезис беше бизарната орбита на џуџестата планета Седна.

Мајк Браун, кој ја откри Седна во 2003-та истакна дека таа е мошне чуден објект, бидејќи не треба да биде таму каде што се наоѓа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 16:52
И да уништиме астероид, тој пак ќе се формира
 

Најновaтa студија покажува дека разнесените астероиди би можеле повторно да се формираат во рок од неколку часа, исто како и познатиот модел T-1000 во култниот филм Терминатор 2...

Хипотетички поставено, ако замислиме астероид со големина на Општина Ѓорче Петров (околу 60км2) како лета кон Земјата и дека ударот е неминовен што би значело крај на човештвото како го познаваме. Што би можеле да направиме во таква ситуација?

Традиционалниот одговор веројатно би било „Да го разнесеме!“, но новата студија на Националната лабораторија во Лос Аламос, на Универзитетот на Калифорнија, покажува сосема нови информации околу ова.

Имено, ако астероидот се движи премногу бавно, или пак ако нуклеарната бомба нема да биде доволно силна, едноставно би се реформирал. Пренесено во некакви реални размери и бројки, тоа би значело дека астероид со дијаметар од еден километар, по експлозијата, би се реформирал за време од 2 до 18 часа.

Сепак, не е се безнадежно, бидејќи за ’тотално уништување’ без можност за реформирање, потребно е нуклеарно оружје со јачина од 900 килотони, што за среќа е во рамките на денешните хидрогенски бомби.

Но, астероидот кој ги избришал диносаурусите од лицето на Земјата бил десет пати поголем од тоа, па научниците сугерираат дека експлозија покрај астероид би било попаметен избор, бидејќи би можело да ја сврти патеката на движење. Со тоа и опасноста да се реформира би била помала, како и шансата да не снајде дожд од парчиња астероид.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2010 во 15:43
Бура предизвика речиси 4.000 молњи во Чешка

Метеоролозите беа изненадени од невообичаената снежна бура проследена со удари од громови, што ја зафати Чешка ноќта меѓу неделата и понеделникот, објавија денеска прашките медиуми.

Како што јавуваат медиумите од Прага, според метеоролошките статистики најголем број, односно околу 95 проценти, од бурите  попратени со молњи и громови се карактеристични за летниот период, а последен пат „зимска“ бура во Чешка е забележана во 2006 година.

-  Пресметавме  дека удрија вкупно 3.798 молњи. Невремето донесе и значително заладување, претходно температурата беше четири степени, а по бурата се спушти на минус два степени Целзиусови, изјави метеорологот Дагмар Хонсова.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2010 во 15:18
Големата црвена дамка на Јупитер конечно целосно откриена

Големата црвена дамка на Јупитер, која е на местото на огромна бура и може да ја проголта Земјата ги фасцинира астрономите со векови.

Научниците сега ја направија првата детална временска мапа за мистериозниот регион, благодарение на фотографиите сликани од големиот телескоп на Европската Опсерваторија.

Картата е поврзана со системот за бура и температура и на неа ги има прикажано ветровите, притисокот, составот, а посебно е истакната црвеникавата боја. 

- Ова е нашиот прв детален поглед во внатрешноста на најголемата бура во Сончевиот систем. Ние мислевме дека Големата црвена дамна е само обична дамка без многу структура, но овие резултати покажуваат дека таа всушност е екстремно комплицирана, изјави Глен Ортон, предводник на тимот на астрономи кои што ја направија студијата.

Европската опсерваторија откри дека црвената боја на Големата црвена дамка кореспондира со жешкото јадро кое се наоѓа во средината на ладната бура, која има просечна температура од -160 Целзиусови степени.

Фотографиите исто така покажуваат црни линии на рабовите од бурата, места како што гасовите опаѓаат, особено во подлабоките региони на планетата.

Дамката во една или во друга форма континуирано е набљудувана со векови, а сегашниот облик го има 160 години. Таа лежи на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер.

- Еден од највозбудливите наоди покажува дека најинтензивниот портокалово црвен дел е за четири степени потопол од околината околу него. Оваа температурна разлика може да не изгледа многу, но доволно е да ја овозможи бурата. Не само тоа, туку во другите делови на Јупитер, промената на температурата е доволна за да ги смени ветровите и да овозможи креирање на огромни облаци. Ние не можеме со сигурност да кажеме кои хемикалии и процеси ја предизвикуваат силната црвена бојам но знаеме дека таа е поврзана со условите на животната средина во срцето на бурата, изјави главниот автор Ли Флечер.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 14:11
Месечината на Сатурн личи на Pac-man

Вселенското летоло Касини коe кружи околу Сатурн направи интересни снимки од малата месечина Мимаса, кои веројатно многумина може да ги потсети на играта од 80-те години на минатиот век - Pac-man.

Со сондата е мерена температурата на површината на објектот и направена е мапа на температурните варијации кои изгледаат  како славната игра Pac-man.

Научниците не можат со сигурност да кажат поради што Мимас има такви варијации во температурата, сепак се претпоставува дека станува збор за различна текстура на површинскиот материјал.

Некои текстури можат подолго да држат топлина од други, велат научниците.

Површината на Мимас изнесува 400 километри. На површината на малата месечина се наоѓа карактеристична „лузна“, наречен кратер Хершел, и се споредува со „Ѕвездена смрт“ од Војна на ѕвездите.

Научниците исто така истакнаа дека креирањето на кратерот имало клучна улога на површината на месечината.

Вселенското летало Касини е заеднички проект на вселенската агенција НАСА, Европската агенција ЕСА и италијанската вселенска агенција АСИ. Мисијата на Касини е продолжена до 2017 години.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2010 во 01:26
Пронајдена најоддалечената галаксија

Тим составен од астронаути од Јапонија и Германија ја откри најоддалечената галаксија која од планетата Земја се наоѓа на 9,6 милијарди светлосни години, што е за 0,4 милијарди светлосни години срушен стариот рекорд.

Научниците галаксијата ја откриле со помош на телескопите Subaru и XMM Newston Deep Field, пренесува Telegraph.

Откриениот кластер на галаксија е составен од стари масивни галаксии настанати во разните фази од создавањето на Вселената.

- Со ова се докажува постоењето на кластер галаксии во соѕвездието Со ова се докажува постоењето на кластер галаксии во соѕвездието Cerus, изјави Масауки Танака, научник од Универзитетот во Токио, кој го предводеше тимот на научници од Универзитетот Kyoto и германскиот институт Max Planck.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2010 во 13:45
vikaat...bezgranichna bila,...isto kako i vo zemjava,....gluposta!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2010 во 20:29
„Хабл“ откри ѕвезда во моментот кога “проголтува“ планета

Вселенскиот телескоп „Хабл“ собра податоци за ѕвезда од нашата галаксија која полека, но сигурно „проголтува“ една од планетите во својот систем.

Жртвата на овој „огнен бакнеж“ е планетата со име „Васп-12б“ на која и преостанале „само“ уште 10 милиони години живот.

Откриена во 2008 година, „Васп-12б“ е оддалечена околу 600 светлосни години од Земјата во соѕвездието „Аурига“ и е за 300 пати поголема од Земјата.

Бидејќи се наоѓа многу блиску до нејзината ѕвезда, својата орбита ја поминува за нешто повеќе од 24 часа, а на нејзината површина температурата достигнува 1.500 Целзиусови степени, што е највисоката температура на една планета во Млечниот Пат.

Телескопот „Хабл“ се наоѓа премногу далеку од „Васп-12б“ за да може јасно да се сними моментот на нејзиното исчезнување, но податоците кои досега ги собрал овозможиле на научниците од НАСА да направат веродостојна слика за тој настан.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2010 во 12:47
Секакви чуда во вселената па и жешки вселенски усни изненадување

Вселенскиот телескоп на НАСА снимил “бакнеж“ од вселената

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2010 во 08:50
Откриена планета со опашка како комета

Вжештена планета, која се наоѓа надвор од нашиот сончев систем, неверојатно близу орбитира околу својата ѕвезда поради што нејзината атмосфера е разнесена во форма на светечка опашка на гигантска комета, соопштија од НАСА.

Постоењето на планетата и нејзината чудна опашка, која беше предмет и на некои други студии, неодамна го потврди и Hubble, вселенскиот телескоп на НАСА. Новите опсервации на гигантската гасовита планета, наречена HD 209458b, сугерираат дека силни ветрови од блиската ѕвезда ја разнесуваат нејзината атмосфера, поради што небесното тело се вжештува и добива облик на комета со опашка.

- Уште од 2003 година научниците теоретизираат дека загубената маса е истуркана во опашката, тие дури и пресметуваа како тоа изгледа. Сега ги имаме најдобрите докази за да ја поткрепиме теоријата. Го измеривме гасот кој излегува од планетата со специфична брзина, вели астрономот Џефри Лински од University of Colorado, кој раководи со студијата.

Планетата орбитира околу својата ѕвезда на далечина од околу седум милиони километри , што е 100 пати поблиску од растојанието на кое Јупитер кружи околу Сонцето. Сепак масата на HD 209458b е само малку помала од онаа на Јупитер. HD 209458b прави цел круг околу својата ѕвезда за 3.5 дена. За споредба, најбрзата планета во нашиот соларен систем Мерк*р прави цел круг околу Сонцето за 88 дена.

Поради толкавата мала оддалеченост од ѕвездата, температурата на атмосферата на HD 209458b изнесува 1.093 Целзиусови степени. Според некои претходни студии, планетата секоја секунда губи по 10.000 тони гас поради ветриштата кои дуваат од матичната ѕвезда. Еден ден сиот гас на планетата ќе исчезне, оставајќи зад себе само вжештена лава. Дури и да е така, тоа ќе трае долго, што значи ќе помине многу време пред планета целосно да биде уништена.

- Тоа ќе трае со милијарди години, пред планетата да исчезне, вели Лински.

Планетата се наоѓа на околу 153 светлосни години од Земјата.
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2010 во 19:42

ПРОНАЈДЕНА НАЈМАСИВНАТА SВЕЗДА ДОСЕГА


Астрономите ја пронајдоа досега најголемата ѕвезда. Таа има повеќе од 300 пати поголема маса од онаа на нашето Сонце и е двојно поголема од претходно најголемата забележана ѕвезда.

Тимот предводен од Пол Кроутер, професор по астрофизика на Унивезитетот Шефилд го употребувале Многу големиот телескоп, како и архивски податоци од Хабл за да изучуваат два млади кластери на ѕвезди, односно НГЦ 3603 и РМЦ 136а.

Ѕвездата Р136а1 е најмасивната досега пронајдена ѕвезда со маса колку 265 сончеви маси, а во моментот кога е створена имала маса од 320 сончеви маси.

најголемата%20ѕвезда

Со старост од околу 1 милион години, оваа екстремно голема ѕвезда e веќе средновечна и има отфрлено околу една петтина од својата маса, што е еднакво на 50 Сонца. Овие супер-тешки ѕвезди се навистина ретки и се формираат само во далечни ѕвездени кластери.Сé уште не е познато како настауваат толку големи ѕвезди.

Оваа ѕвезда, не само што е најголемата досега пронајдена туку е и најсветлата. Таа е околу 10 милиони пати посветла од Сонцето.

најголемата%20ѕвезда


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 13:55
Слушнете ги звуците на создавањето на вселената!голема%20насмевка
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2010 во 14:15
Nesto nagluv sum...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.