|
Печурки |
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брускета со печуркиINGREDIENTS
INSTRUCTIONS
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поховани печурки поради кои ќе заборавите на месотоПечурките се одлична замена за месото – без разлика дали сте вегетаријанец или едноставно сакате да одморите од консумација на храна од животинско потекло. Поховани, во сос, во салата, печени, па дури и сирови, печурките се многу вкусни, а со следниот рецепт ќе сакате да ги јадете повеќе од еднаш неделно.
Начин на подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Паштета од печурки и ореви 250 гр свежи шампињони 30 гр ореви 1 варено јајце 1/2 мала главица кромид 2 чешнина лук по прстофат мајоран и мајчина душичка 70 гр путер 2-3 лажици масло 1 лажица крем сирење по вкус сол и бибер За послужување по потреба леб по потреба младо зелено кромидче Печурките исчистете ги, измијте ги и исечете ги на ливчиња. Во тава со маслото пропржете го кромидот и лукот ситно исецкани, малку колку да пуштат мирис. Потоа додајте ги печурките, мајоранот, мајчината душичка, солта и биберот. Оставете ги да се пржат 10-на минути на среден оган додека водата испари што е пуштаат печурките. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат. Откако ќе оладат ставете ги во блендер и додајте ги останатите состојки, оревите,путерот, јајцето, крем сирењето и блендирајте додека се добие изедначена мазна смеса. Пробајте и ако е потребно додајте сол по вкус. Добиената паштета ставете ја во соодветен сад и покриена оставете ја во фрижидер најмалку 1 саат да се олади. Потоа послужете ја намачкана на леб и посипана со сецкано младо кромидче. Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќофтиња од печурки со сос (посно) За ќофтињата 500 гр свежи печурки шампињони 1 главица кромид 1 лажичка бибер 1 лажица мешан сув зачин 6-7 лажици брашно 6-7 лажици лебни трошки 2 лажички пециво 1 лажица сушен магдонос За сос 4-5 кисели краставички 5 лажици посен мајонез 1 лажичка сенф бибер, копар, сол по вкус масло за пржење на ќофтињата Ова беше нашиот неделен појадок, вкусен и лесен за подготовка, а воедно и посен. Печурките и исчистениот кромид ги сечкаме на ситно во сечко или со нож. Ги додаваме останатите состојки и мешаме додека да добиеме смеса од која ќе формираме ќофтиња. Ги формираме и ги пржиме во загреано масло. За сосот, краставичките ги сечкаме на ситно и ги промешуваме со останатите состојки. Забелешка Кога ќе ја правите смесата за ќофтиња калкулирајте со брашното и лебните трошки за да добиете мека смеса, ама од која може помеѓу дланките да формирате ќофте. Можете да користите свеж магдонос, јас немав во моментот па ставив сушен. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мусака со шампињони и буковка Состојки 3 средни компири 1 главица компир 2-3 чешниња лук 1 морков 5-6 шампињони 5-6 парчиња буковка 1 шоља бел ориз 2 јајца 2 лажици павлака Целиот зеленчук сосе печурките ги сецкам ситно и ги ставам во тава за пржење, ги пржам на маслиново и на путер, но на појак оган за да не пуштат печурките вода. Путерот нема да дозволи да изгори кромидот. И да пушти вода, што мене ми се случува понекогаш, пуштете појако и ќе испари. Зеленчукот убаво да се испржи и се додава оризот, цело време се пржи без сол и без зачини, солта ќе ја извади водата и од печурките, но и од другиот зеленчук. Откако ќе се испржи се додаваат зачините, јас додадов сосем малку сол, мешан сув зачин, шарена сол, шарен бибер, коријандер и микс за мелено месо кој го имам купено во Истанбул, ама дава неверојатен мирис на ваквите јадења кои се без месо, а треба да имаат месо. Во тавата се редат компири сечени на кругови и се истура филот, се покрива со уште еден ред компири, исто ко класичната мусака. Се залева со топла вода и се става во рерна додека да испари добар дел од водата. Водата да не изврие цела бидејќи јадењето ќе биде суво, нека има малку течности. Се матат јајцата со павлаката и се полева врз испечената мусака и се враќа да се допече уште сосем малку, да се зацрви јајцето и павлаката. Една малку поинаква мусака која се почесто е на нашето мени, долго време не сум направила со месо. Би напоменала, шампињоните не ги мијте, бришете ги со крпа намокрена малку со топла вода, а буковката попарете ја со врела вода или доколку сте скептични само зоврете ја со морска сол. Изменето од Valerija - 06.Ноември.2016 во 14:53 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шампињони со оризВо текот на динстањето постепено додавајте зачини.Не солите, зачините се доволно солени. Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пржени печурки во зачинет крем
Исечкајте го кромидот, пропржете го на масло, а потоа додадете ги сечканите печурки. Пржете 15-20 минути со постојано мешање додека течноста не испари. Додадете ги зачините и кремот. Гответе уште 5 минути. Изменето од Valerija - 27.Мај.2017 во 08:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Редена салата со печурки која може да замени цел ручекЕлегантно и подеднакво вкусно јадење, оваа салата ќе ги засени сите останати рецепти кои ги имате во тетратката. Вашите гости и домашни ќе бидат воодушевени од вкусот и изгледот на редената салата со печурки и со сигурност ќе побараат репете. Се подготвува лесно и брзо, а се јаде уште побрзо.
Потпечете ги печурките на хартија за печење околу 10-тина минути попрскани со малку масло за јадење и сол. Во подлабок кружен сад, нареде ги како што е прикажано на сликата (со „капите“ надолу). Ситно сечкaниот магдонос (или рукола, секако, по желба), посипете го врз печурките. Сварените компири ситно исечкајте (или изрендајте) ги и додадете ги врз магдоносот. Намачкајте дебел спој мајонез врз салата. Исчекајте ги киселите краставички на коцки и додадете ги во салатата, со уште малку мајонез доколку е потребно. Исечкајте го вареното месо на коцкички и додадете го како нареден слој во салатата. Претпоследниот слој се варените моркови (може да ги исечете и нив на коцки или на долги тенки ленти). Додадете мајонез доколку салатата ви е премногу сува. Последниот слој се состои од рендан кашкавал. Додадете го врз салатата и добро измазнете со лажица. Завиткајте ја салатата и ставете ја во фрижидер 2 часа. Откако добро ќе се стегне, превртете ја во поголема чинија, поделете прибор и – уживајте. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАПЕЧЕНИ ШАМПИЊОНИ СО ТРИ ВИДА СИРЕЊЕПотребни состојки: 500 гр. цели шампињони 100 гр. горгонзола 100 гр. младо сирење 50 гр. пармезан Маслиново масло Соја сос Сол и црн пипер Припрема: Исчистете ги шампињоните и остранете ги дршките. Дршките од печурките ситно исецкајте ги и испржете ги во тава со маслиново масло. Откако ќе се испржат, додајте ја горгонзолата, младото сирење и ренданиот пармезан и зачинете со сол и црн пипер. Гответе се додека сирењето не се растопи. Во меѓувреме, испечете ги шампињоните на скара, па потоа наполнете ги со филот од сирење. Ставете ги печурките во намрсена тава за печење и печете на температура од 220 степени околу 15 минути. Откако ќе се испечат прелијте ги печурките со соја сос. Добар апетит! Изменето од Valerija - 13.Март.2018 во 19:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подгответе посни печени шампињониДоколку се прашувате за тоа што вкусно и посно да подготвите за време на Велигденските пости, имаме совршена идеја – печени печурки со зачини. Одличен рецепт за кој ви се потребни само 30 минути и неколку состојки. Започнете со подготовката уште веднаш. Потребни состојки:
Во длабок сад промешајте ги заедно маслото, чешнињата лук ситно исечкани, оцетот балсамико, мешаниот сув зеленчук и сувата мајчина душичка. Ви посакуваме пријатен апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕЧУРКИ ПОЛНЕТИ СО СПАНАЌ
Состојки:
Начин на подготовка:На ладно маслиново масло, на среден оган ставете го лукот, а потоа пропржете го и кромидот. Потоа додадете го спанаќот и пржете додека не омекне. Тргнете го од оган и измешајте го со пармезанот. Шампињоните наредете ги во тава за печење, извадете ги дршките, а потоа наполнете ги со спанаќ. Ставете ги да се печат во загреана рерна, и печете додека не бидат готови. Служете ги топли. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЕЧУРКИ СО ИНДИСКИ ОРЕВЧИЊА
Sautéing (анг., од францускиот збор sauté, кој во буквален превод значи скока или исфрла, а означува метод на готвење со фрлање), е метод на готвење на храна, во кој се користи мала количина на масло во плитка тава, на релативно висока температура. Токму овој метод се користи во подготовка на овој рецепт. Состојки
Начин на подготовкаВо големо тава, загрејте половина од маслото на висока температура. Додадете го лукот и пропржете додека да испушти мирис. Потоа, додадете ги печурките расечени на половина, ставете им сол и бибер и гответе додека не станат кафени - околу 3 минути. Потоа намалете ја температурата додека не испари водата од печурките – околу 8 минути. Додадете ги индиските оревчиња и свежиот магдонос и добро измешајте. Ставете ги во голема чинија и додадете го преостанатото масло, па посолете повторно со сол и бибер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пржени печурки со лук
Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 14:38 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 16:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 4567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |